Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

LED - EDC лампи, батерии, полначи - генерална дискусија

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.776
6.484
SK
И сега не работи лампата со други батерии?

Провери на батеријското тело да не имаш некаде краток спој меѓу + и -, или заштитната обвивка од некоја од батериите да не била оштетена. Исто е можно и премногу испразнета батерија/батериии, кога ќе се наполни да направи срања. Треба редовно да се дополнуваат литиумски батерии, а ако се држат надвор од употреба некаде 70% charge е најдобро.

Инаку ако нешто отишло на лампата, отидени се драјвер плочката и/или ледовите. Веројатно треба да има да се наваби само заменска плочка со ледови, па да ги замениш. Сам со малку лемење, или било кој електричар било каде. Апсолутно би требало да излезе поевтино од цела нова лампа.

едит: Секако не е лоша идеја да се однесе на дијагноза кај електричар. Најдобро кај мајстори што поправаат/менуваат батерии за алат и тротинети. Они обично држат и заменски 18650 батерии. Пиши ако не најдеш мајстор, ако ти треба можам да најдам контакт.
 
Последна промена:

micio

hello world
13 ноември 2007
64
84
Здраво, имам прашања околу врзување на LED паралелна+сериска комбинација со напојување.

Имено, имам диоди со спецификации:
-Power: 3W
-Forward Current: 700mA
-Voltage: 1.8-2.2V

И напојување со спецификации:
-Power: 36W
-Current: 3A
-Voltage: 12V

Планирам да врзам 5 диоди во серија, каде серијата би имала 5*2.2V вкупно 11V, јачина на струја останува 700mA, со вкупна потрошувачка на енергија од 7.7W од серија.

Наредно, да врзам 4 такви серии во паралела, со што напонот останува ист (11V), јачината на струја e 4*0.7A=2.8А, со вкупна потрошувачка на енергија од 30.8W за целото коло.

Прашањата ми се во насока; дали оваa 4*5 е добра конфигурација? Дали диодите/напојувањето би биле сусцептибилни на оштетување од греење или високи spikes? Да резимирам, имам некои познавања да направам основни пресметки со омов закон, но не доволно да проценам pros/cons на конфигурацијава пред да се комитнам со лемење на компоненти.

Дали е паметно да додадам 700mA constant-current LED driver(s)? Не знам дали има потреба од тоа? Инаку еве линк од напојувањето:
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.204
1.666
Скопје

Не знам многу многу формули и закони, али можам да ти кажам дека колку струја ќе влече диодата зависи од волтажата. Ако максимумот им е 2.2V и на таа волтажа влечат по 700mа, во твојата планирана конфигурација каде што се врзани 5 сериски, пошто напојувањето е 12V секоја ќе добива по 2.4V и ќе влече повеќе од 700ma. Што во најмала рака ќе им го намали работниот век, или брзо ќе ги реши.

Најбезбедна варијанта без многу замарање е да се поврзат по 6 во серија каде секоја ќе добива по 2V, или резистор да се стави за да се намали волтажата према нив на 11V ако се оди со варијанта 5 во серија. Ова ако е точно 12V напојувањето, пошто покрај спецификација од 12V може и да е нешто повеќе или помалку, може и да варира волтажата во зависност од струјата и квалитетот на напојувањето. Обично паѓа волтажата при зголемување на струја, но има и такви кои компензираат со бустање на волтажа по надминување на одреден праг на струја.

За резистор ќе треба да си најдеш формула, тука неможам да ти помогнам.
Исто да си планираш дека за 700ма веќе ти треба и ладење да им организираш.

Почекај, можда некој школски поткован на ова поле да ти даде школско објаснување.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.324
5.323
Скопје
hackitfree.github.io

Се слагам со колегата - само наместо резистор кој би требало да биде огромен и да зрачи и троши значителна енергија - поелегантно решение би била ефтина 5А силиконска диода која напонот ќе го редуцира за 0.7 волти . Ако сакаш 1.4 волти пад на напон - искористи две во серија . ГЛ
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно