Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

ИС Софииски

kristen885

read-only
9 декември 2023
8
4
Здраво. Примена сум на ФМИ на Софииски универзитет во Бугарија, смер Информационни системи. Не можам да барам од вас мислења и искуства од смерот и факултетот, но би сакала некој кој стварно се разбира да ги погледне предметите па доколку знае нешто да ми каже. Прашав и други ми викаат горе-долу се е опфатено, со тоа што има избор за поширок front-end, back-end, како и за роботика итн. за други работи сама ќе си ги научам со текот на времето. Е сега, најмногу ме плашат предметите од прв и втор семестар, започнувам со математиките. Не сум тапа до толку ама постои несигурност во мене, страв од тоа да не заглавам. Сите велат се учи од 0, но дали е стварно така? И вака гледајќи по предметите, каде е подобро според вас, таму или на ПИТ на ФИНКИ? Секако не барам да одлучите за мене, чисто сакам мислења да видам од постручни луѓе. Ви благодарам.
 
Атачменти

  • IMG_4754.png
    IMG_4754.png
    536,5 KB · Прегледи: 108
  • IMG_4755.png
    IMG_4755.png
    614,8 KB · Прегледи: 108

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.569
1.062
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Постручни луѓе од оние кои биле на факс пред 20 години сигурно нема...

Сепак прашањето на избор на факултет е тема која се разговара некаде отприлика подолго време а не во расказ од две минути...

Јас ако би бирал нешто би бирал да бидам или сосема близу дома Скопје како Брејнстер или ФИНКИ или некаде сосема многу далеку како MIT...

Сепак денеска е едноставно да ги најдеш материјалите кои се и на MIT што во мое време беше научна фантастика...

Прашај се следново:
Која ми е целта?
Како најбрзо до неа со труд?
Како да имам енергија за највеќе труд на што повеќе полиња?

И секако биди спремна за борба!!!
 
xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.818
12.858
Skopje
wemaxa.com

Бара мислење и ориентација за предметите не за избор на факултет,
"Примена сум на ФМИ на Софииски универзитет во Бугарија..."

Mене ми делува премногу раштрафена наставна програма без конкретна насока, мој совет - фати си насока од старт и едуцирај се приватно во слободно време ако сакаш практично апликативно знаење веднаш по дипломирање, па дипломата после користи ја за полесно вработување.
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.569
1.062
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Бара мислење и ориентација за предметите не за избор на факултет,
"Примена сум на ФМИ на Софииски универзитет во Бугарија..."

Mене ми делува премногу раштрафена наставна програма без конкретна насока, мој совет - фати си насока од старт и едуцирај се приватно во слободно време ако сакаш практично апликативно знаење веднаш по дипломирање, па дипломата после користи ја за полесно вработување.
@xenon тогаш "ако се фатила на орото" за 5 гроша, нормално е дека ќе даде 10 гроша "да се пушти"

со исклучок на првите три реченици сѐуште стојам на муабетот...

Во денешно време на толку знаење што "течи насекаде",
греота е да не знаеш што да правиш со времето,

особено кога "ти е платено" односно кога трошоците некој друг ги корегира.

доколку родителите ти се од сосема различна професија
чуствувај се слободно да почастиш некој од професијата кафе, пијачка, ручек
и секако ќе добиеш прилично добри насоки...
ако тоа го направиш со тројца различни сектораши од IT ќе добиеш и по чиста слика

Веќе кога тоа го кажавме,
Најди си "неколку" ментори, но бирај мудро

Секако родителите се на прво место,
но ако не се дел од професијата
или од местото каде сакаш да чекориш;
не е лошо а имаш повеќе ментори

Пак ќе речам....

Младиве на 18 и 20 треба да градат иднина со ова знаење кое е пред Нив
сѐ додека го користат времето за "hustle" а не за денгубење
лекција која многумина ја учат во подоцнежни години
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
@kristen885

Супер е програмта и супер е блгарскиот образовен систем. Ќе стекнеш големи знаења и лесно ќе можеш да се насочиш кон било која обаст/специфика во ИТ.
Mене ми делува премногу раштрафена наставна програма без конкретна насока,
Токму така и така треба да биде. Факултетот има за цел да даде општо знаење за одредена професија. Поточно факултетот е подлога со богати општи знаења која ќе му овозможи понатаму на студентот да се пронапѓа и остручува во конкретни области од таа професија. За конкретно учење на специфична област во ИТ за што побрзо да може да работи има еден куп курсеви.
мој совет - фати си насока од старт и едуцирај се приватно во слободно време ако сакаш практично апликативно знаење веднаш по дипломирање,
Она решила да се образува, не и е целта што побрзо да фати да работи нешто во ИТ.

па дипломата после користи ја за полесно вработување.
Еее другар Xenon, уште со социјалистички размислувања од минатиот милениум . :D Дипломата практично и нема некое значење во вработување во приватен ИТ сектор, нужна е само за вработување во админстрација. Во приватен секотр се бара практично знаење и ефикасност и има голем дефицит на кадар. Денес улогите на работодавец и кандидат за работа на интервјуата за работа во ИТ се променети. Барателите на работа се оние коиј ги интервјуираат работодавците и поставуваат услови за работа. :)
 
Supervisor

hello world
15 октомври 2008
86
24
Ако ти се седи во Скопје и се гледаш во МК тука остани.

Инаку Софијскиот универзитет Климент Охридски е во првите 300 универзитети во светот што е и пред Загребскиот. Ако прашуваш во однос на државно образование нема споредба со МК. За приватното не знам.
Од останати работи Софија во однос на Скопје условите во скоро се се неспоредливо подобри. Софија има метро+трамвај градски сообраќај додека трошоците за наем и режиски се скоро исти другите повисоки. Треба да пресметаш колку евра можеш да одвојуваш во месецот. Како недостаток е движењето од и до МК што е секако бариера.
 
Да, истото го мислев. Инаку, одењето до Софиа не ми претставува никаков проблем, пошто 2 часа ми е и до таму и до Скопје. Горе-долу трошоците се исти, дури имам слушано искуства дека многу помалку трошат него во Скопје.
Мислењето е автоматски споено:

На кој список? Пропаднато е татарското школство и продолжува да пропаѓа

Хрватите почнаа и да даваат стипендии за македонски студенти. А Словенците одамна
Хмммм, не би рекла. Хрватите може почнале, ама истите тие татари шо ги викаш, даваат стипендија на Македонци веќе неколку години у износ од 240 лева (7.550ден), и земаш стипендија за цела година, 12 месеци. А за "пропаднато", тоа е само твоја перцепција, не факт. Можеш да збориш за одредени универзитети, како што е тука Славјанскиот и таму ги има нормално. Огромен плус е што Бугарија сакале или нејќеле е у ЕУ и многу поголеми можности за жал од кај нас, но секако на крајот важно е знаењето.
Мислењето е автоматски споено:

@kristen885

Супер е програмта и супер е блгарскиот образовен систем. Ќе стекнеш големи знаења и лесно ќе можеш да се насочиш кон било која обаст/специфика во ИТ.

Токму така и така треба да биде. Факултетот има за цел да даде општо знаење за одредена професија. Поточно факултетот е подлога со богати општи знаења која ќе му овозможи понатаму на студентот да се пронапѓа и остручува во конкретни области од таа професија. За конкретно учење на специфична област во ИТ за што побрзо да може да работи има еден куп курсеви.

Она решила да се образува, не и е целта што побрзо да фати да работи нешто во ИТ.

Еее другар Xenon, уште со социјалистички размислувања од минатиот милениум . :D Дипломата практично и нема некое значење во вработување во приватен ИТ сектор, нужна е само за вработување во админстрација. Во приватен секотр се бара практично знаење и ефикасност и има голем дефицит на кадар. Денес улогите на работодавец и кандидат за работа на интервјуата за работа во ИТ се променети. Барателите на работа се оние коиј ги интервјуираат работодавците и поставуваат услови за работа. :)
Фала ти за мислењето и на одвоеното време.
Мислењето е автоматски споено:

Бара мислење и ориентација за предметите не за избор на факултет,
"Примена сум на ФМИ на Софииски универзитет во Бугарија..."

Mене ми делува премногу раштрафена наставна програма без конкретна насока, мој совет - фати си насока од старт и едуцирај се приватно во слободно време ако сакаш практично апликативно знаење веднаш по дипломирање, па дипломата после користи ја за полесно вработување.
Фала ти за твоево мислење. Дали според тебе ПИТ на ФИНКИ подобар избор? Конкретно за предметите зборам.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.107
7.791
И Хрватска и Словенија се во ЕУ, Шенген и имаат евро. И ми го почитуваат името и не биле окупатори. А погледни ги списоците на најдобрите 1.000 универзитети и спореди ги со претходните години. Татарското школство паѓа како сидро во вода. Ќе нѐ стигнат кај и да е

Едит: и живо пиле не оди на гурбет кај Татарите туку на север… Студирајќи кај нив си ги отвораш вратите.
 
Не знам од кај ги вадиш информацииве дека ни живо пиле не оди, ама голем број студенти од Источна Македонија баш таму одат. Од мојот град ретко некој од младите да се одлучи да го продолжи образованието овде, 90% студираат/студирале/ќе студираат таму.

едит: никој не оди таму за да мешаме политика, сите одат да си придобијат шо повеќе можности
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.107
7.791
Гурбет е печалба

А политиката они ја замешаа - нашите шанси за влез во ЕУ се блиску до нулата заради комбинираните напори на татарите, ружниот сосед и домашните предавници
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
439
615
Луѓе не треба да мешате политика со образование. Во сред Бугарија да отидете, ретко некој дека ќе ви каже нешто околу политика на факултет

Јас кога денес би студирал, без размислување би ја одбрал Словенија.

Мене повеќе би ми пречел Јазикот.
не од национален аспект, туку што ми е практично неверојатно досадно да читам на бугарски или српски јазик.
Иако навидум блиски јазици, сум пробал да читам литература и повеќе време изгубив во нервоза и распознавање зборови и букви отколку што научив нешто.

Ако може тоа членот, нека си пресмета каде ќе му бидат поевтини трошоци и нека оди таму.

хипотетички, Ако денес се запишувам на факултет и живеам надвор од Скопје, без сомневање би одбрал да студирам на странски универзитет (нормално на англиски јазик)
 
Последна промена:

kristen885

read-only
9 декември 2023
8
4
Гурбет е печалба

А политиката они ја замешаа - нашите шанси за влез во ЕУ се блиску до нулата заради комбинираните напори на татарите, ружниот сосед и домашните предавници
Не ги знам турцизмиве. Фала ти за мислењава шо ги даваш ама некако не ми се од полза
Мислењето е автоматски споено:

Луѓе не треба да мешате политика со образование. Во сред Бугарија да отидете, ретко некој дека ќе ви каже нешто околу политика на факултет

Јас кога денес би студирал, без размислување би ја одбрал Словенија.

Мене повеќе би ми пречел Јазикот.
не од национален аспект, туку што ми е практично неверојатно досадно да читам на бугарски или српски јазик.
Иако навидум блиски јазици, сум пробал да читам литература и повеќе време изгубив во нервоза и распознавање зборови и букви отколку што научив нешто.

Ако може тоа членот, нека си пресмета каде ќе му бидат поевтини трошоци и нека оди таму.

хипотетички, Ако денес се запишувам на факултет и живеам надвор од Скопје, без сомневање би одбрал да студирам на странски универзитет (нормално на англиски јазик)
Словенија да, ама јазикот нивен уште потежок, додека пак Бугарскиот го разбирам, пошто дијалектот ми е сличен и немам мака за тоа. И трошоците не се проблем, нема голема разлика, сакам конкретно мислења за предметите.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.107
7.791
Со алал и со лесно да студираш и да завршиш.

(Како и многу други нови посетители членови на форумот, ти не бараш мислење туку потврда на твоето мислење...)
 
Маша

user
24 април 2007
1.052
2.829
Или како многу други стари членови на форумот, за сѐ друго ќе се збори само не за тоа што е прашано.
Мислење за предметите си бараше девојчето. Овде дури и во друга држава ја преселија, а она веќе спакувана со куферите накај Софија.

Кристен, по мене подобро ти е да најдеш некоја FB група со студенти од факултетот, па таму да се конектираш и информираш од прва рака.

Од наслов на предмет, до наставна програма на некој предмет, до реална спорведување на таа програма може да има голема разлика. Зависи од многу фактори. И од професор и од други околности. Математиките може да бидат комплицирани, ама нема што да се плашиш. Мечка од планина се учи оро да игра, не па во денешно време со сите можни алатки, да совладаш некоја материја. Терај си, работи си, дружи се таму и не се замарај многу. Со среќа!
 
xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.818
12.858
Skopje
wemaxa.com
@Маша e во право, светот прави роботи, ние на Балканот, без исклучок, вртиме хулахоп околу религиозно политичко историски догми и небулози и останавме во 19-ти век. Се додека не се мрдне од мртва точка, без разлика кој прв почнал и заради која причина, ние ќе тапкаме во место а тоа оди само во интерес на фактори кои сакаат регионот да биде црна дупка и ништо повеќе. Целиот наратив е спонзориран, некој лапа пари а некои будали гратис после го анимираат целиот момент, онака кафански, да се дешава нешто.

@kirev девојчето сака да учи, не да млати празна слама, ептен дедовски и се сипа :)
 
kristen885

read-only
9 декември 2023
8
4
Со алал и со лесно да студираш и да завршиш.

(Како и многу други нови посетители членови на форумот, ти не бараш мислење туку потврда на твоето мислење...)
Која те роди волку паметен, ти знаеш јас што барам хаха. На чие мое мислење барам потврда? Ја културно и фино прашав мислење за предметите, ако мислеше дека моето мислење е токму одењето во Бугарија, грешка си. Баш напротив, тука сакам. Мора јас да имам некоја си ориентација за да одлучам.

Фала иначе.
Мислењето е автоматски споено:

Или како многу други стари членови на форумот, за сѐ друго ќе се збори само не за тоа што е прашано.
Мислење за предметите си бараше девојчето. Овде дури и во друга држава ја преселија, а она веќе спакувана со куферите накај Софија.

Кристен, по мене подобро ти е да најдеш некоја FB група со студенти од факултетот, па таму да се конектираш и информираш од прва рака.

Од наслов на предмет, до наставна програма на некој предмет, до реална спорведување на таа програма може да има голема разлика. Зависи од многу фактори. И од професор и од други околности. Математиките може да бидат комплицирани, ама нема што да се плашиш. Мечка од планина се учи оро да игра, не па во денешно време со сите можни алатки, да совладаш некоја материја. Терај си, работи си, дружи се таму и не се замарај многу. Со среќа!
Чудно ми е, да барав вакви политички одговори самата тема ќе беше објавен на друг форум. Се имам консултирано и со момичка што дипломираше годинава таму, ама сакав повеќе мислења да чујам. Фала ти инаку!
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.107
7.791
Ако ти се седи во Скопје и се гледаш во МК тука остани.

Инаку Софијскиот универзитет Климент Охридски е во првите 300 универзитети во светот што е и пред Загребскиот. Ако прашуваш во однос на државно образование нема споредба со МК. За приватното не знам.
Ако ова тврдење за супериорноста на бугарското високо школство не ви бодеше очи - Живејте!

едит:
Инаку членот полуписмено ми одговори во приватна порака и го заработи популарното блокче

Further reading:
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.209
16.360
@kristen885 по твоиве постови забележувам дека ти е битно полесно да поминеш и да земеш диплома. Зошто јасно е дека во Софија универзитетот е Монти Пајтон, инаку немаше странскиве универзитети да бидат преплавени со Бугари.
 
kristen885

read-only
9 декември 2023
8
4
@kristen885 по твоиве постови забележувам дека ти е битно полесно да поминеш и да земеш диплома. Зошто јасно е дека во Софија универзитетот е Монти Пајтон, инаку немаше странскиве универзитети да бидат преплавени со Бугари.
Се смеам, ти си бил таму па знаеш дали е Монти Пајтон. Универзитетот редовно е на светски рангирања, што не важи за многу факултети кај нас. А тоа што Бугари студираат надвор не значи дека нивното образование е слабо, и Германци, Италијанци, Французи студираат масовно надвор од нивната земја па шо? Тоа според тебе значи оти дека Хајделберг и не знам таму се циркуси. И немаш право да кажуваш ја дали сакам лесно да минам и само диплома да земам, ниту ме знаеш ниту ништо. Одмини ја темата следен пат.
Мислењето е автоматски споено:

Доста е со дискусија, фала ви на сите што сакавте да помогнете и да дадете мислења. Може подобро ќе беше да ги излистав само предметите и да не кажувам на кој факултет и кај сум примена, ќе беше поефективно. Бидете среќни, на ФИНКИ одлучив.
 
Нека е со среќа каде и да одлучиш и да не се замараш премногу. Важно е да научиш што повеќе и да имаш завршено број на проекти, за да ги пишеш во ЦВ. После тоа светот ти е отворено.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.258
Ако сака да научи, ќе праша пред да се запише.
Ако сака да научи, ќе одеше во Словенија или Хрватска, а може и посеверно.
Сака да помине ефтино?, да не се мачи и да земе диплома со која потоа ќе се вработи во ИТ, оти таму се парите.
Ако е за парите, има и стипендии на запад за технички факултети. Сигурно подобри од софискиот што веќе не е на шангајска листа (ко за споредба, од пакистан има 4).
За тоа кој каде и зошто оди да студира. Турција има супериорен образовен систем во споредба со нас, но тука дојдоа илјадници од турција на студии. Таму не проаѓаат приемен, тука плаќаат и добиваат диплома.

Математиката е дел од техничките факултети. Ако не ти е блиска, студирај книжевност.
 
kristen885

read-only
9 декември 2023
8
4
Ако сака да научи, ќе праша пред да се запише.
Ако сака да научи, ќе одеше во Словенија или Хрватска, а може и посеверно.
Математиката е дел од техничките факултети. Ако не ти е блиска, студирај книжевност.
Многу си вицкаст. Кој сака да учи, сегде ќе научи.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.209
16.360
Многу си вицкаст. Кој сака да учи, сегде ќе научи.
Не баш. Како мислиш сегде ќе научи? Ќе научи таму каде што има што да научи, како да научи и правилно да научи.
Ама едно ќе ти кажам само во овој момент, пошто не те познавам, со најдобра намера, ако научиш на форум да се шибаш со членови, ќе знаеш и со соученици и со професори да се шибаш. Така да приемниот ти е положен, сега фаќај прв семестар и отвори си тема на форумов. Пиши за твоите искуства и патешествието низ академските води. Ќе има шибање и те како ама све е тоа искуство ;) од мене имаш поддршка.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.258
Многу си вицкаст. Кој сака да учи, сегде ќе научи.
Ако сакаш, имаш и онлајн се од тоа што е таму тема, можеш да седнеш дома и да научиш подобро и повеќе и тоа само со прашување по форуми или со многу обиди.
Ако си за учење, секаде ќе научиш. Само ќе научиш малку повеќе и малку подобро и ќе имаш подобри колеги/бизнис партнери ако отидеш на пореномирани училишта.
Со среќа во секој случај.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно