Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Мтел Македонија

kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Во другите оператори тоа е времето за кое се продолжува достапноста на картичката после надополнување на кредит. Сепак во овој случај е претпоставка основана на сличноста на времетрањето.

Дали сите броеви се префрлени ? Јас сум во роаминг во моментов и не верувам дека бројот е префрлен, но можно е поради тоа што сум во странство да не е регистриран на соодветната мрежа иако се обидов со различни методи (Airplane mode, рачно барање мрежа, подесување на нов АПН итн.)
Пробај дали ти работи *100# па ако работи, тогаш си префрлен на МТЕЛ.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Месеците под износите се однесуваат за времето за кое се продолжува важноста на СИМ картичката со надополнувањето на соодветниот износ. По истекот на периодот, бројот станува недостапен и преостанатиот износ, доколку го има, се одзема. Така е и кај Телеком и А1.
 
Ts011

user
31 март 2020
1.422
1.073
Не можам да остварам повик воопшто. Прекинува пред првото звонење
Vo mk.? ili nadvor od mk?od lyca broj??
Мислењето е автоматски споено:

Во другите оператори тоа е времето за кое се продолжува достапноста на картичката после надополнување на кредит. Сепак во овој случај е претпоставка основана на сличноста на времетрањето.

Дали сите броеви се префрлени ? Јас сум во роаминг во моментов и не верувам дека бројот е префрлен, но можно е поради тоа што сум во странство да не е регистриран на соодветната мрежа иако се обидов со различни методи (Airplane mode, рачно барање мрежа, подесување на нов АПН итн.)
Kade vo roaming??
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
417
518
Роаминг, значи надвор од Мк, конкретно во Шведска каде што уште постои Лајка.
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
417
518
Недостапен сум за дојдовни повици исто, од локални броеви и од мк броеви. Така да нешто е недоквакано со повиците, а според информациите кои ги добив минатата недела кажаа дека треба да се сите префрлени на Мтел до петок (и јас наводно сеуште не сум префрлен), па ќе почекаме и ќе видиме.
Дојдовни СМС работат во моментов, така што барем за ОТП кодови некако се снаоѓам.
Инаку проблемот трае со недели и пријавено е од 20-ти Јануари и според нив сум бил на приоритетната листа (чисто се сомневам). Секако ќе известам што ќе се случи, можеби искуството ќе помогне на некој друг кога ќе патува.
Мислењето е автоматски споено:

Jas te svajkam, ama lycamobile zaboravi toa e minato vreme ....
Поентата ми беше дека се поврзува на нивни станици, претпоставувам наследно ама иако имам добар сигнал, немам функционалност на сим картичката за повици. Првите 10ина дена немаше воопшто никаков сигнал, така што претпоставувам биле во процес на овозможување на роаминг.
 
10 dena imav vakov problem/edvaj proraboti
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Требаше нешто посебно да направиш или само да ги почекаш да ги поправат работите од нивна страна ?
Имаш ли 100 денари на сметка? Мислам мораш да имаш барем 100 денари за да ти функционира
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
417
518
Имаш ли 100 денари на сметка? Мислам мораш да имаш барем 100 денари за да ти функционира
Би требало да имам, ама не сум сигурен. Секако можам да замолам некого од домашните да ми надополни (би избегнувал онлајн надополна во моментов). Фала за предлогот
 
Valdrim

read-only
5 јануари 2025
7
4
Ме префрлија денеска накај 4 20 ама сега имама проблем ми вика немама кредит ама јас иамам пакет до 8 март башка имама и 600 денари а сега друго абе маки невидени
 
Ts011

user
31 март 2020
1.422
1.073
Ме префрлија денеска накај 4 20 ама сега имама проблем ми вика немама кредит ама јас иамам пакет до 8 март башка имама и 600 денари а сега друго абе маки невидени
0791212, ako si imal paket ke ti go obnovat, kaj mene na 2 brojcina imav kredit i toj go vratija istata suma
 
Valdrim

read-only
5 јануари 2025
7
4
Маката продолжува со мтел 10 пати ми се јавив во кол цетар абер немаат не можам повик да направам а баш ми требат ни лајка ни мтел ее да се префлам на телеком
 
godovic

hello world
5 септември 2007
339
392
Скопје
Еден мој број префрлија, ми стигна прво СМС порака и после еден ден рестартирав телефон и се појави МТЕЛ. Меѓутоа уште си работи апликацијата на Lyca и на *122# ми дава статус.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Од темата за МТЕЛ на Кајгана:

Мислам дека е време или масовно да им поднесеме приговори и кај нив и во АЕК, или масовно да ги напуштиме. Важно да е масовно! Па нека си ја напикаат милионската инвестиција знаете-каде!

Има ли тука некој правник или со правник по дома, што ќе сака да состави и сподели еден шаблон кој ќе содржи приговори за:

  • што изгубивме како услуги со префрлувањето;
  • неможноста ако сакаме да не продолжиме кај со нив;
  • постојаните проблеми и немање услуги.

Додадете ако заборавам нешто.

Па, сите да поднесеме.

На крајот на краиштата, воопшто не мора да е правник, само да е составено соодветно и издржано. Ако не - ене ги ChatGPT, Deepseek, Gemini…
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
417
518
Би додал на ова лоша подршка за роаминг услуги и драстична промена на истите во однос на Лајка. Сметам дека не смееше да се дозволи транзиција без условите за тие кои дополниле годишни пакети не се целосно испочитувани барем до крајот на годишниот пакет, па корисникот би имал можност да избере сам понатака што да прави, без притоа да има губиток.
 
Абе може вака, враќање на парите од преостанатите услуги и бесплатно пренесување на бројот. Тоа е фер.
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
417
518
Па и тоа делумно би било фер, но сепак би останал на претходно кажаното. Кога ја превземале фирмата, ги превземале и постоечките обврски. Лајка остварила профит и добила пари за услуга однапред и тоа право мора да биде испочитувано од нив и фирмата која ги превземала. Го кажувам ова бидејќи понудата која била достапна во Лајка е поповолна и не вклучувала дополнителни трошоци за остварување повик, во роаминг не била ограничена само на неколку држави и слично. Со прекин и враќање на парите, корисниците не можат да ја добијат истата услуга за истата цена во моментов.

Хипотетички доколку постоеше пост-пејд тарифа на Лајка, МТЕЛ ќе ги сметаше тие договори за обврзувачки.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно