Aowek
user
- 14 април 2012
- 1.221
- 1.186
Значи телеком станале ТИЊА последниве 4/5 месеци. Толку да се немало абер за корисници не ми е јасно.
Веќе 2 дена не можам да имам состанок како што треба, на секои 30 секунди имам прекини од 10 секунди. 2 ДЕНА ПО РЕД. 2 пораки добив дека пречката е решена и сеуште не е.
Ова се случува по цели денови, и онака брзината е тапа на бакар сум, со 4Г хибриден рутер, и брзината е 3мбпс, и сега уште ова како шлаг на тортата.
Сериозно ја претераа. Секоја чест за нивната оптика и таму кај што има можност, ама и тие што имаат оптика и ние на бакар плаќаме сметки а услугата е како фиќо и ламбо. Ама фиќо и ламбо немаат иста цена. Мизерија се сите оператори кога станува збор за рурални средини. Зборам за реон Стајковци, Црешево, Смилковци, Булачани..Гази баба. Кажувајте чаре што да се прави ако знае некој.
Погледнете го атачментот 112386
EDIT
Да ви кажам една случка со еден од операторите на 122. Ако е член може ќе се пронајде и ќе си го преиспита знаењето и однесување како ме убедуваше дека не сум можел да имам поголеми брзини од тоа во договорт и дека местото не подржува повеќе од 8 мбпс (па дури и преку 4Г). На следнава слика иммам измерено со 4Г хибридниот рутер брзини од 17-20 мбпс. И тоа траеше 2 дена.
Погледнете го атачментот 112387
После 2 дена се јавувам велам како може 2 дена да имам 20 мбпс после тоа 3. тој ми се смее и ми "вели нема шанса да си имал дечко 20, не знам каде си гледал и како си мерел". Неколку пати во годината имам на 4Г хибридниов рутер брзини поголеми од 20 мбпс.
Ако дечкото од телеком е присутен, на мобилен 4Г имам 40-60 Мбпс само како информација.
Еве моментално
![]()
Друже тоа што ти кажале дека не може да имаш поголема од 8мпб/с е бидејќи тоа го гледаат во систем. Има поле кое кажува колку може максимум да ти подржи линијата. Хибридниот рутер е ограничен на 15 мах за да не ја оптеретува базната станица. Тоа што мериш над 20 е можеби во случаеви кога прават некои надоградби на системот па привремено го немаш тоа 'капаче' како ограничување. Е сеа начинот на кој тој комуницирал е друг.