Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Фалсификувани денари

Krkac

hello world
29 февруари 2008
181
198
Иако овде е релативно безбедно место, ама не е на одмет оваа информација да ја знае секој кој продава свои користени уреди:
И да небидам комплетно офтопик, да го пофалам @xenon за одличната и брза соработка. Исклучително чесен човек, не би размислувал воопшто ако повторно ни се вкрстат патиштата при продавање- купување.
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.106
2.343
Кажете тие маркерите за проверка на евра каде може да се најдат. Продавање од сега само со слика од лична карта. :)
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.106
2.343
Забрането е со закон сликање на лична карта за физички лица исто и приватни податоци...
Нека му ја мисли тој што купува со фејк евра кога ќе го фатат, јас ќе си ја платам казната ако треба.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
„маркер за проверка на евра„ - значи фломастерче бара - не Нотар...
Со договор заверен кај нотар се штитиш и кога продаваш и кога купуваш.
Или продавај пред менувачница, за одма да ги смениш парите во швајцарски франци пред да му го дадеш уредот. Ужас у секој случај
 

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.323
5.321
Скопје
hackitfree.github.io
Ќе знаеш кого да пријавиш во полиција.
Работава е да не стигне до тоа - веднаш да ги провериш еврата - па ако нешто не е во ред - да го откажеш дилот - Иначе после тоа секако дека ќе пријавиш (тоа ти е должност како загрижен граѓанин) - за друг да не измами.
Инаку одлична идеа за договор заверен кај нотар
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.829
5.533
Јас што мислам е небитно. Еве да речеме немам појма. Муабетот почна со како да се заштитиш од лажни банкноти, а ти го однесе кон нотари, полиција итн. Па пошто знаеш ме интересира дали ако пријавам ете у полиција дали ќе ми ги вратат?

Sent from my Телефон using Tapatalk
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Јас што мислам е небитно. Еве да речеме немам појма. Муабетот почна со како да се заштитиш од лажни банкноти, а ти го однесе кон нотари, полиција итн. Па пошто знаеш ме интересира дали ако пријавам ете у полиција дали ќе ми ги вратат?

Sent from my Телефон using Tapatalk
Многу е битно
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Што ќе завериш кај нотар? Неможе што ќе ти текне да одиш да завериш едноставно не иде така.

Ако правиш купопродажен договор цената почнува од 800 ден. Традиционално ја плаќа купувачот. И пази некој што продава нешто како мобилен да не се замара со нотари. Ќе те откачи за 2 секунди.

Втора работа. За да продадеш нешто со купопродажен договор, тој што продава е должен до нотарот да достави документ со потекло на предметот. Телефон од ледиком не е таков, телефон земен од оператор исто нема таков документ. Копана графичка па ич....
 

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.323
5.321
Скопје
hackitfree.github.io
Што ќе завериш кај нотар? Неможе што ќе ти текне да одиш да завериш едноставно не иде така.

Ако правиш купопродажен договор цената почнува од 800 ден. Традиционално ја плаќа купувачот. И пази некој што продава нешто како мобилен да не се замара со нотари. Ќе те откачи за 2 секунди.

Втора работа. За да продадеш нешто со купопродажен договор, тој што продава е должен до нотарот да достави документ со потекло на предметот. Телефон од ледиком не е таков, телефон земен од оператор исто нема таков документ. Копана графичка па ич....
Се на Се - јас незнам што се научивме - ефтини графички од форум - ефтино ова ефтино она - И брзо да се купи. Абе тоа што ти треба стварно - ќе си набавиш има продавници - сосе гаранција и Се. Туку - ај овој она ефтино го продава - да го земам - па ќе го препродадам. Пази да не - ќе се збогатиш.
Ризикот е присутен секогаш. И од дома ко ќе му влезеш да го истестираш компјутерот и да го купиш - ко ќе го однесеш дома - ќе приметиш дека загрева, исклучува...А не пак преку карго да ти прати ?
И замисли од некој ете 100 000 купиш производ и се расипе утредента ? И после што ? Немили работи...
Има фер луѓе - ќе ти вратат пари...Ама...Ризик е на кој ќе налеташ.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.829
5.533
Што ќе завериш кај нотар? Неможе што ќе ти текне да одиш да завериш едноставно не иде така.

Ако правиш купопродажен договор цената почнува од 800 ден. Традиционално ја плаќа купувачот. И пази некој што продава нешто како мобилен да не се замара со нотари. Ќе те откачи за 2 секунди.

Втора работа. За да продадеш нешто со купопродажен договор, тој што продава е должен до нотарот да достави документ со потекло на предметот. Телефон од ледиком не е таков, телефон земен од оператор исто нема таков документ. Копана графичка па ич....
Абе може ти да завериш на нотар што сакаш. Она како го викаат заверка на изјава каде не навлагаат во текстот и содржината, само завериваат дека идентификуваат дека лицата Х и У потпишале нешто и стварно се тие.
Финтата е дека што со тоа. Единствено ќе имаш некој доказ дека ете некој ти ги дал тие фалц пари (ако ги наведете по некој сериски број) и толку. Другото у лош случај чорба... Ќе чекаш МВР, па обвинителство, па ако не ги најдат предметот ќе чекаш судски спор за измама, па ако има пари ќе ти врати, ако не пак ќе чекаш и то... Батали ги филозофираат непотребно.

И второ што се ова има врска со прашањето што човекот го постави "кај да купам маркер"

Sent from my Телефон using Tapatalk
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Што ќе завериш кај нотар? Неможе што ќе ти текне да одиш да завериш едноставно не иде така.

Ако правиш купопродажен договор цената почнува од 800 ден. Традиционално ја плаќа купувачот. И пази некој што продава нешто како мобилен да не се замара со нотари. Ќе те откачи за 2 секунди.

Втора работа. За да продадеш нешто со купопродажен договор, тој што продава е должен до нотарот да достави документ со потекло на предметот. Телефон од ледиком не е таков, телефон земен од оператор исто нема таков документ. Копана графичка па ич....

Сѐ можеш да завериш (од 100 денари натаму). Ниетот е дека тој што сака да те зезне уопште нема да сака кај нотар да оди за да се легитимира. Второ ете, сериските броеви на телефонот, точакот, тротинетот, на парите ќе ги завериш и ако дојде до најлошото - одиш во МВР и теоретски би требало да покренат постапка да се најде робата што е платена со фалсификат (кај телефони со IMEI може да се лоцира). Во секој случај многу подобро отколку ништо.

И how to check euro currency notes - Google Suche
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Сѐ можеш да завериш (од 100 денари натаму). Ниетот е дека тој што сака да те зезне уопште нема да сака кај нотар да оди за да се легитимира. Второ ете, сериските броеви на телефонот, точакот, тротинетот, на парите ќе ги завериш и ако дојде до најлошото - одиш во МВР и теоретски би требало да покренат постапка да се најде робата што е платена со фалсификат (кај телефони со IMEI може да се лоцира). Во секој случај многу подобро отколку ништо.

И how to check euro currency notes - Google Suche

Што е тоа „се можеш да завериш“? Тоа е урбана легенда дека можеш што сакаш да завериш на нотар.

Можеш купопродажен договор да направиш, можеш и друг легален договор ама цената не е 100 денари. Еве дај ми линк или контакт од тој нотар што штанца договори за 100 денари, чисто да заштедам некој динар.

При секој договор треба документација, копии од истата, потекло ако е производ. Неможе јас и ти да отидеме на нотар и да речеме еве договор да направиме помеѓу нас двајца дека јас нема да те цитирам на форумов во наредниве два месеци. Кој ќе го драфта тој договор? Нотарот и тоа за 100 ден? Башка тој договор, за пример, не е правно обврзувачки. Нема закон против тоа што значи дека нотар нема база врз која би направил договор.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Добро што ни објасни - ќе се обрукавме :sneaky: кај Нотарот :ROFLMAO:
Не е точно. Можеш сѐ да завериш. Башка купопродажен договор со евра можеби не може. Друго сѐ. А нотар ако не може да препознае фејк лична карта.... Плус мислам може и пари да исплаќа од муштерија, секако тоа си кошта башка.
Од идиотштини - еден од нашиве паркинзи бараше изјава заверена кај нотар дека сопругата му дава на сопругот да ја вози колата регистрирана на нејзино име А со цел да се добие право на повластен паркинг според личната карта на сопругот од таа општина Цената беше под 200 мкд.
Сѐ може кај нотар.
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.309
1.546
Skopje
Кажете тие маркерите за проверка на евра каде може да се најдат. Продавање од сега само со слика од лична карта. :)

Покрај еврата, у моментов има огромна количина на 2000-ки, (2 типа на фејкови се, еве еден подолу како се разликува), додека другиот се распознава и на око (ако загледаш).

Овој „модел“ на 2000ки на око обичен човек 99.9% не ја распознава, а на рака ако ти ги даде во збир со други, нема теорија да приметиш. Ги принтаат па ги лепат страните, ама ваков добар фејк одамна не сум видел. Со сите заштити е (скоро) и до пред ~2/3 месеци проаѓаше на огромен број на машини за пари со големи заштити, и скоро на сите апарати у казино. Ги има средните заштити со флуроцентната линија а ги има и двојниците на плаво светло. Хартијата е засташувачки слична.

271449956_654325849079452_5118898399850571107_n.jpg 271235728_433807364973126_657367303498917379_n.jpg 271375919_955593522025962_248017165378294969_n.jpg

Покрај 2000ките, има и доста долари но и евра. Еврата се потешки се фејкање и реално до сега што сум сретнал, веднаш се препознаваат. Доларите од друга страна, многу помалце се користат но доста подобри фејкови се. И тие како и денарите, ако немаш специјален бројач/фалсификатор, тешко да ги распознаеш на рака/око (мада ја искрено не ни користам долари ниту пак знам нешто специјално што да гледам на нив, па можеби затоа „исти“ ми се).

viber image.jpg

-Disclaimer: Се среќавам со фејкови поради блиска средба на работната позиција/работа со машини за броење и сортирање! Да не почне некој на погрешна страна да размислува. Сите банкноти се пријавени и евидентирани.
 
Последна промена:

Brendog

hello world
18 септември 2016
78
88
Можам да потврдам дека последниот квартал на 2021 година кружат поголем број на лажни банкноти, како евра, така и денари. Голем број од нив се "скроени" надвор од државава. За некои тешко може да се примети разликата во веродостојноста без соодветна апаратура. Има еден тон шеми со кои се пуштаат во оптек. Внимателно.

И бидејќи ја отрувме темава, можат мислењава да се преместат.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.586
8.234
Мелмак
Леле дефинитивно треба посебна тема за ова, ќе ги замолам админите да преместат во посебна тема и прв пост да биде овој прекрасен информативен од @coNNectMKD

Мене ми е повеќе проблем што јас и многу други обични луѓе сигурно немаме ни 2% од познавањето на банкноти општо (кои линии кај треба да се, какви жигови и каде треба да има и слично) - посебно пошо веќе 90% се плаќа со картички - ама и те како би било корисно ако има начини да бар малку се заштитиме.

Мене најбитно прашање би ми било колкави шанси се да добиеш фејк пари од:

  • банкомат
  • кусур од продавница или од друг вид на компанија која исплаќа некогаш на рака (карго, пошта итн.)

И што се случува ако ете ни крив ни должен завршиле кај тебе такви банкноти?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно