Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Суплементи, исхрана, наука

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
По ниедно докажано правило за НАЦ, 1.2г дневно на долги стази не е препорачливо, напротив може да е контрапродуктивно.
Да, но вредностите се многу поголеми од 1.2 гр, а студиите се правени на глувци. Не е извлечен ниту еден заклучок дека негативностите би се реплицирале кај луѓе.
Исто неспорејки ја неговата можна стручност за ICU, бројки и студии за каде и колку пациенти водел на респиратор, по кој протооол, каков е исходот, шро се имал на располагање.... Каде може да видиме?
Ти и јас никаде. Во оваа пандемија се борат од првиот ден, смени по 12 часа, борба за секој живот. На крај памет не им паднало (ниту имаат услови) да спроведуваат истражувања по врвни критериуми (дабл блајнд, пласибо контролед), за тебе или мене да ни ја задоволат желбата...

Кога ќе заврши хаосот, сигурно ќе има статистички податоци за многу работи, третмани, лекови, саплементи...

Мој совет би ти бил да не се базираш (пре)многу на WHO, назад се најмалку 10 години со пратење нови истражувања и премногу се под влијание на фармацевтските компании.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Мој совет би ти бил да не се базираш (пре)многу на WHO, назад се најмалку 10 години со пратење нови истражувања и премногу се под влијание на фармацевтските компании.
Друже, од ликов можеш да добиеш само контрирање и конфликт. Факти и аргументи не поминуваат низ таков дебел ѕид од confirmation bias... Единствена причина зошто јас напишав пар постови (а во извесност дека ќе има провокации) е пошто луѓе директно прашуваа за актуелни работи со пандемијата, и не е фер да ги оставиме на дезинформации од неедуцирани ликови.

Инаку сите што барате совет овде: Пазете дека никој не ви советува ништо друго освен малку да се едуцирате со посочените научни студии и сознанија. Краток одговор може да биде само необјективен, а посебно пазете се од негаторски ликови кои овде си лечат фрустрации од сопственото незаење. Несигурноста која им произлегува од тоа незнаење, им прави немир за животните одлуки, и на вакви места доаѓаат да бараат реафирмација и подршка од истомисленици. Не доаѓаат да дознаат нови информации и нови знаења. На крај сите сме одговорни кои совети ги следиме, без разлика дали се од матичниот доктор или од интернет сајт.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.908
5.628
Да, но вредностите се многу поголеми од 1.2 гр, а студиите се правени на глувци. Не е извлечен ниту еден заклучок дека негативностите би се реплицирале кај луѓе.
Кога таму се појавиле негативности, многу тешко да прејде на следна фаза кај луѓе. За да прејде треба или многу позната био патека или ептен позната теорија позади. Инаку има студии на луѓе каде на помали дози после подолго користење, доведува до про~оксидативен ефект. Така да...
Ти и јас никаде. Во оваа пандемија се борат од првиот ден, смени по 12 часа, борба за секој живот. На крај памет не им паднало (ниту имаат услови) да спроведуваат истражувања по врвни критериуми (дабл блајнд, пласибо контролед), за тебе или мене да ни ја задоволат желбата...
Не бе ти и јас. Еве анестезиолог на ICU кај нас. Не мора ни толку строги. Обични протоколи и бројки за почеток. Или нема потреба он е авторитет и автоматски сѐ што ќе рече е точно така.
Кога ќе заврши хаосот, сигурно ќе има статистички податоци за многу работи, третмани, лекови, саплементи...
Се сложувам, но не и до тогаш се и сешто да се лапа.
Мој совет би ти бил да не се базираш (пре)многу на WHO, назад се најмалку 10 години со пратење нови истражувања и премногу се под влијание на фармацевтските компании.
Не бе не се базирам многу на WHO. Средно. Си праат и они глупости. Но знаат да речат и се заебавме, згрешивме. За разлика од некои други. Сепак за да влезе нешто во протокол и препорака на сериозни институции треба време и многууу истражување. Следат они не се секирај, но тежината на нивниот збор е поголема од на некој рандом јутубер или поединец, па се повнимателни со хајповите (во голем дел од времето ). Делот за фарма влијанието нема да го коментирам. По логиката, под чие влијание се суплемент гуруата?


Sent from Телефон using Tapatalk
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.908
5.628
Сезнајниот лик, се моли, да се наврати наназад, и да не се боде кај не му е местото. Да прочита што тоа неуко, незнајно, несигурно и исфрустрирано одговорив и на двајцата членови што прашаа конкрено прашање. За bias-от ваков или таков и останатите епитети, верувам сезнајниот и сеинформираниот лик, има и психолошки и психијатриски профил изградено за мене, и тоа со едно минимум 10 линка :D
А да доаѓам овде на IT.MK да се информирам за нови знаења и информации од медицина??? Е стварно незнам кој овде е во xyz-Bias и заблуда. Пресмешно. Пре Пре Смешно :ROFLMAO: :LOL: :ROFLMAO: :LOL: :ROFLMAO:
 
Последна промена:

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Единствена причина зошто јас напишав пар постови (а во извесност дека ќе има провокации) е пошто луѓе директно прашуваа за актуелни работи со пандемијата, и не е фер да ги оставиме на дезинформации од неедуцирани ликови.
Сосема на место. Јас за жал нередовно добивам известувања за нови постови на оваа (и неколку други теми), па ми останува повремено мануелно да проверам што се случува...
На крај сите сме одговорни кои совети ги следиме, без разлика дали се од матичниот доктор или од интернет сајт.
За жал добро едуциран матичен тешко се наоѓа, а ако им спомнеш интернет, реагираат као ѓавол на темјан. :)

Кога таму се појавиле негативности, многу тешко да прејде на следна фаза кај луѓе. За да прејде треба или многу позната био патека или ептен позната теорија позади. Инаку има студии на луѓе каде на помали дози после подолго користење, доведува до про~оксидативен ефект. Така да...
Ако се зема во разумни количини и правилно (во комбинација со Ц и евентуално селен), НАЦ-от е еден од најпитомите саплементи. :)
Ти всушност и не ја знаеш единствената негативност на НАЦ-от која се јавува при големи количини (3+ гр) и тоа на подолг временски период (6+ месеци), која за среќа не е детектирана кај луѓе, туку е откриена на истражување врз глувци. Исто и ин витро експерименти на ткиво кај еден друг тип животни...

Нема да ти кажам за што се работи, истражи си сам. :)
Само еден хинт, неговата врлина (на НАЦ-от) во преголеми дози станува маана.
Не бе ти и јас. Еве анестезиолог на ICU кај нас.
Па на таквиот освен што зел диплома во Скопје, Приштина, Тирана, добро би му дошло било какво дошколување, макар и интернет курс кај споменатиот доктор.
Што ако на инфективна во овој хаос моментално нема на болните кој чаша вода да им даде да не дехидрираат, а не па да зборуваме за правилно дозирање на кислород и притисок...

Луѓе чекаат по една недела да им земат брис, а лежат дома и плукаат крв. Или чекаат на резултати повеќе од една недела, а резултатите им стигнуваат откако нивните блиски веќе ги погребале...

Народните "лекови" постоеле со векови и ден денес успешно се применуваат. Саплементите се само комерцијализација на таа приказна. Наместо да истражуваш која билка за што помага, каде може да се најде, па да ја береш, сушиш, правиш различни раствори... Сега сето тоа го добиваш на клик на дугме и бараниот саплемент ти стигнува од УСА на твоја адреса за 3 недели, најчесто со фри шипинг.

И во светот на саплементите не е ништо идеално. Има 'добри' и 'лоши' фирми, но како и за се во животот треба учење, споделување информации, а за среќа скоро сето тоа е лесно достапно...

Затоа и постои оваа тема. Да си размениме што повеќе информации, линкови до најнови истражувања (дабл блајнд пласибо контролед за жал се реткост и кај фармацевтите).

Греота е да ја укакаме баш оваа племенита тема со мерење на кој му е подолг ... паметот, кој знае повеќе, омалуважувања и остали пропратни дешавки што се среќаваат на (пре)многу други теми.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.908
5.628
Ако се зема во разумни количини и правилно (во комбинација со Ц и евентуално селен), НАЦ-от е еден од најпитомите саплементи. :)
Ти всушност и не ја знаеш единствената негативност на НАЦ-от која се јавува при големи количини (3+ гр) и тоа на подолг временски период (6+ месеци), која за среќа не е детектирана кај луѓе, туку е откриена на истражување врз глувци. Исто и ин витро експерименти на ткиво кај еден друг тип животни...
Нема да ти кажам за што се работи, истражи си сам. :)
Само еден хинт, неговата врлина (на НАЦ-от) во преголеми дози станува маана.
А од каде го донесе овој заклучок, дека незнам кои му се мааните?
Па на таквиот освен што зел диплома во Скопје, Приштина, Тирана, добро би му дошло било какво дошколување, макар и интернет курс кај споменатиот доктор.
Или не? Уствари нашиве не ги бива нели за ништо, така испаѓа. Ти вака стручно ги процени. Оууукеј.
Што ако на инфективна во овој хаос моментално нема на болните кој чаша вода да им даде да не дехидрираат, а не па да зборуваме за правилно дозирање на кислород и притисок...
Неповрзано и нема врска недостаток на персонал со неквалитет на постојниот.
Народните "лекови" постоеле со векови и ден денес успешно се применуваат. Саплементите се само комерцијализација на таа приказна. Наместо да истражуваш која билка за што помага, каде може да се најде, па да ја береш, сушиш, правиш различни раствори... Сега сето тоа го добиваш на клик на дугме и бараниот саплемент ти стигнува од УСА на твоја адреса за 3 недели, најчесто со фри шипинг.
А кој ги прави суплементите. Најголем дел, и еден од најдобрите бизниси им е баш на големите фарма компании.
Греота е да ја укакаме баш оваа племенита тема со мерење на кој му е подолг ... паметот, кој знае повеќе, омалуважувања и остали пропратни дешавки што се среќаваат на (пре)многу други теми.
Ај важи.
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
А од каде го донесе овој заклучок, дека незнам кои му се мааните?
Инаку има студии на луѓе каде на помали дози после подолго користење, доведува до про~оксидативен ефект.
Според ова што го пиша погоре.
Секој анти-оксидант во одреден момент станува про-оксидант. Ништо специфично за НАЦ-от. Постојат и мал број анти-оксиданти што не оксидираат, како астазентин и пар други (да не ги набројувам, ти секако ги знаеш кои се). ;)
Уствари нашиве не ги бива нели за ништо, така испаѓа. Ти вака стручно ги процени.
Неповрзано и нема врска недостаток на персонал со неквалитет на постојниот.
За жал се е поврзано...
Квалитетниот кадар е отиден надвор, по приватните клиники или си отвараат свои амбуланти. Општо познато е дека со децении школуваме медицински кадар (со државни сретства) за западните земји. Недостаток имаше и порано, но сега во кризава ептен се почувствува.
А кој ги прави суплементите. Најголем дел, и еден од најдобрите бизниси им е баш на големите фарма компании.
Како на пример?
Општо познато е дека се што е природно фармацевтските компании не можат да го патентираат и продаваат како лек. На пример екстрактот од лист од маслинка или глог, не се во можност да го патентираат како лек за намалување притисок. Но некоја измислена хемија, генетски модифицирана, можат... Затоа сме таму каде што сме, како цивилизација.

Ако Фајзер, Баер или било која фарма ми го понуди истото што ми го нуди Now, Jarrow, Life Extension, генерално не би имал проблем од нив да го купам тоа што ми треба.
(y)
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.908
5.628
Според ова што го пиша погоре.
Секој анти-оксидант во одреден момент станува про-оксидант. Ништо специфично за НАЦ-от. Постојат и мал број анти-оксиданти што не оксидираат, како астазентин и пар други (да не ги набројувам, ти секако ги знаеш кои се). ;)
Каде у тоа напишаното сум рекол дека само тие се несаканите, и дека незнам ништо друго. Тоа е само избрзан твој заклучок.
За жал се е поврзано...
Квалитетниот кадар е отиден надвор, по приватните клиники или си отвараат свои амбуланти. Општо познато е дека со децении школуваме медицински кадар (со државни сретства) за западните земји. Недостаток имаше и порано, но сега во кризава ептен се почувствува.
Па не баш би се сложил дека се е отидено некаде и дека се е катастрофа што е у државно како сакаш да го прикажеш, ама ајде.
Како на пример?
Општо познато е дека се што е природно фармацевтските компании не можат да го патентираат и продаваат како лек. На пример екстрактот од лист од маслинка или глог, не се во можност да го патентираат како лек за намалување притисок. Но некоја измислена хемија, генетски модифицирана, можат... Затоа сме таму каде што сме, како цивилизација.
Не зборевме за лекови, т.е. не јас. Зборевме за суплементи. И тоа како заработуваат и прават огромен профит од тоа. Сите.

Ако Фајзер, Баер или било која фарма ми го понуди истото што ми го нуди Now, Jarrow, Life Extension, генерално не би имал проблем од нив да го купам тоа што ми треба.
Може и го имаат, ама не маркетиншки олку набилдано како овие што ги наброја. Еве земи C vitamin генерички од Алкалоид, истиот тој во вид на брендот нивни Ацерола ли како беше, и некој од твоиве. Исти К** у 10 примерока, цени колку сакаш различни. Маркетинг до небеса.
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Каде у тоа напишаното сум рекол дека само тие се несаканите, и дека незнам ништо друго. Тоа е само избрзан твој заклучок.
ОК, прифаќам дека сум донел избрзан заклучок. Но ти само тоа и го наведе (про-оксидативноста). Би сакал да дознаам нешто повеќе за негативностите, а тоа на сите нас би ни користело при одлуката дали да се саплементира со НАЦ и колку.
Па не баш би се сложил дека се е отидено некаде и дека се е катастрофа што е у државно како сакаш да го прикажеш, ама ајде.
Постои мал број квалитетни, но тешко се доаѓа до нив, а дел од нив бараат и "подмачкување". Воопшто не е исто како во Шведска или Канада, но далеку сме и од најблиското соседство. Инаку сите сме наивни визионери и посакуваме што повеќе позитивни искуства...
А кој ги прави суплементите. Најголем дел, и еден од најдобрите бизниси им е баш на големите фарма компании.
Не зборевме за лекови, т.е. не јас. Зборевме за суплементи. И тоа како заработуваат и прават огромен профит од тоа. Сите.
Па сега... Ако Remdesivir, измислен лек што не лечи од ништо според "нивните" истражувања го продаваат по 3 и кусур илјади долари, тешко дека ќе се офајдат од витамин Ц и сл.
Еве земи C vitamin генерички од Алкалоид, истиот тој во вид на брендот нивни Ацерола ли како беше, и некој од твоиве. Исти К** у 10 примерока, цени колку сакаш различни. Маркетинг до небеса.
Кога се работи за Македонски компании, 100 пати ќе си го гризнам јазикот и кога грешат, само да напредуваат. Во примеров со Алкалоид немам замерки, само нека газат и нека хранат многу Македонски семејства.

Жално би било ако некои 'големи' фармацевти ги купат и помножат со 0.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

smole

poweruser
18 април 2007
3.910
4.591
Ова со контрењево станува дегутантно. Во секоја тема мора да се потенцира како некој е најпаметен. Не е. Досаден и невоспитан е тој што замара ничим изазван и ја уништува темата до степен да не ми се чита. Аман веќе.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
@Chicco69 има ли некој промо код нешто попуст а у блек фрајдеј им трае ли уште попустот од годишнината или од тој за бачелорите
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Има, има. :)

12% за Црн Петко;

50% off Beauty, Bath & Personal Care favorites, малку да ја изненадите лепшата половина, не само да ја труете со Д, Ц, цинк и остали антикорона мирудии. :)

Овие се до 1-ви Декември.

Инаку до утре до 19h имате 15% на Natural Factors, како и попусти на други брендови.
Првиов за црн петко не ми е јасен, ме пренасочува до почетната страна.
Океј, нешо се деси сеа
1606252611475.png

Уше нешто што ме буни, која пошта?
Кога имав 3 продукти само, двеве долни опции беа 2 долари разлика па фала богу ја одбрав побрзата.
Сега со 3 продукти дополнителни, ова се деси, па ме замислуе...
1606252736685.png
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Тоа е тоа, кодот автоматски се активира преку линкот. Ова е early access, мислам дека официјално почнува од утре после 19h. ;)

Добро си одбрал, таа средната има тракинг интернационално (до Франкфурт), но и локално од Немачка до кај нас и кај нас...

Туку што си бапнал во корпа, многу е тоа за шипинг. Обично сите ние проаѓаме со фри или во најлош случај со пар долари.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Омегата не ти ја бива, оди на нешто квалитетно и концентрирано, како на пример оваа (плус шипинг сејвер е, ќе ти намали од шипингот).

Смени го Б12 со овој, најдобар во својата класа, плус исто е шипинг сејвер и има 15% попуст. ;)

Не се мачи со мали дози на Д3, оди слободно на оваа варијанта, особено што е многу поисплатлива. Ако ти е шубе, земај секој втор ден, така пак станува дупло поисплатлива. Можеш и со нивниот бренд исто се одлични, плус сериозен шипинг сејвер.

Јодот е со добар состав/сооднос, евентуално да видиш поконцентрирана вараијанта или да намалиш количина.

Другите 2 продукта се малку специфични и не би ти се мешал во изборот. :)
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.686
6.974
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
@Chicco69 јас бев спремен овој Б12 да го купам. Дали овој и тој што го препорачуваш се исти во поглед на ефикасноста и се разликуваат само во составот?
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Добар е и тој од Solgar (активна форма), но добиваш многу помалку и пакуван е во стаклено шишенце што непотребно ја зголемува тежината.

Тој на Натуралниот Фактор е референца во својата класа (како и другите коензимски активни Б витамини) последниве години, а добиваш 50% повеќе за 10% пониска цена и тоа без попустот од 15%... Плус е шипинг сејвер. :)

За НФ производите не се исплати да се оди со попустот за Црн Петко, поисплатливо е со нивниот од 15% + 5% со користење на код.

Истото важи и за други производи што се веќе со 10% (или повеќе), како на пример производите на Solaray, Sport Research и сл.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Омегата не ти ја бива, оди на нешто квалитетно и концентрирано, како на пример оваа (плус шипинг сејвер е, ќе ти намали од шипингот).

Смени го Б12 со овој, најдобар во својата класа, плус исто е шипинг сејвер и има 15% попуст. ;)

Не се мачи со мали дози на Д3, оди слободно на оваа варијанта, особено што е многу поисплатлива. Ако ти е шубе, земај секој втор ден, така пак станува дупло поисплатлива. Можеш и со нивниот бренд исто се одлични, плус сериозен шипинг сејвер.

Јодот е со добар состав/сооднос, евентуално да видиш поконцентрирана вараијанта или да намалиш количина.

Другите 2 продукта се малку специфични и не би ти се мешал во изборот. :)
Фала ти многу, паѓање шипингов на 4 долари.
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Јас платив за мојата нарачка $7,5 шипинг. :)
Секако дека е поевтино суплементи од овде. :)
Поевтино од тука во просек за 3 пати и свежи серии што не чмаеле цело лето на +40 во некој сумњив магацин.

Туку зошто $7,5 шипинг?
Гарант можело и помалку, ама не си повикал пријател. :)
Мислењето е автоматски споено:

И официјално. :)
Capture.JPG
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.908
5.628
Ајде повикај пријател што би рекол @Chicco69 . Влегов на ова сајтов и ме фати нервата у следни 5мин. Сите се најбољи ако ги читаш, и сите имаат топ ревјус, и така.
Ми треба нешто мултивитамини/минерали, ако нема доволно во претходните може и + Б комплекс+аминокиселини и плус нешто Омега по можност од Крил потекло. Потребава е за тинејџери 13-17години, машала пораснати. Без мегадозни суплементи ве молам. Нормални секојдневни, да видам и јас колку како ќе ми излезе од овде, да намалам шетање и ловење по нашиве аптеки, кои на 2месеци се нешто им снемува и имаат нешто ново „најбоље“, а и моментално сите купуваат се и сешто и се нешто им нема. Иначе си терав досега со Пиковит (согласно возраста од раѓање навака) + Крил Оил суплемент + откога влегоа у тинејџери и малку повеќе психички замор (школо) по 1/2 Neuroforte пошто цело е многу за нив претерале. Суплементирам од Октомври докај Април, после се пуштени на мајка природа.
Може и некој мулти за возрасни кога веќе ќе нарачувам, да видам и за нас постарите нешто, онака за секојдневно, ништо посебно дозирано. Задоволен сум и сега што има кај нас, ама нели ако се нарачува и е поевтино, зашто да не.
Паковањата како велите да потраат, да не нарачувам ако е можно секој месец, пошто гледам шипингов е најмалце 30дена како предвидуваат.

п.с. Праткиве идат до дома, или треба по пошти да се матка човек?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Нарачката ја правев некако на брзина со големиот попупст на 11,11 - инаку имав пријател :)
А можеби и тежината ~1кг тежи нарачката.
Некогаш повеќе се исплати поголема поштарина, ако производот има: поголема концентрација, повеќе пилули/таблети/дози, итн. На крај споредбата се прави на вкупната цена (сума + поштарина) ама гледано во однос на единечна доза/концентрација.

Но почесто добитната шема е компромис направен од комбинација на шипинг сејвер производ, со производи „булк“ брендови (како Нау Фудс).
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно