На 20-30в ти работи само вентилаторот го трга топлиот воздух. Минимум ти е 830в. И на ауто фан да не ја работиш само во фиксна брзина. Ауто фанот кај лг ѓи врти сите брзини од прва до последна во круг цело време.Здраво, постирам првични мерења од мојава старудија дома што ја имам, LG 24-ka. Мерењево е од првите 4 часа како е поставен мерачот.
Податоци за просторот кој се грее:
Околу 45 м2 (висина 2,6м), дневна и кујна, во стан со лоша ѕидна изолација и ПВЦ прозори (со 2 стакла 4-сезонско). Горе комшијата мислам дека не грее воопшто (седи у помала соба), а комшиите долу се грејат (немам појма на што);
Просечна температура на која се грее просторијата:
Дневна 24 степени, ноќна 21
Фотографии од мерачите за потрошувачка (види долу)
Податоци за клима уредот:
LG E24SQ, 8.440W (28.800Btu/h)
Значи, највеќе повлече на првото вклучување на мерачот 1360 W и потоа константно паѓа потрошувачката (собата веќе беше затоплена, но сепак нели морав да ја исклучам климата). Од прилика гледано, климата претежно работеше на околу 850-860 W. Направи 2 пати дефрост (иако стварно не сум сигурен дека е дефрост, бидејќи ми изгледа дека надворешната единица се исклучува), при што потрошувачката паѓа на околу 20-30 W. Дува млак воздух и не се исклува комплетно внатре. Кога повторно почнува да дува топло потрошувачката се качува за кратко накај 1250 W и после пак паѓа. Чудно ми е што волтажата е близу 240 V, а не 220. Се на се, за вкупно 4:12 саати има потрошено 3312 W.
Погледнете го атачментот 84261 Погледнете го атачментот 84262 Погледнете го атачментот 84263 Погледнете го атачментот 84264 Погледнете го атачментот 84265 Погледнете го атачментот 84266
Не оди во дефрост ти исклучва. Кога е во дефрост ттеба да троши 500-600-700в зависи од климата.
Просек имаш за 4 сати 825в.