Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Убав простор и отворен. Клима на греење ќе дува надоле. SF50VE би била оптимална за таму ако е канцеларија поготово што има неделен тајмер (незнам дали имате ефтина струја, ама мислам имате) за да се пали по потреба кога треба во 5 да оди на 26Ц, па во 7 на 24Ц па во 14ч на 26Ц и во 16ч на 21Ц и така цела вечер да си тера. Рецимо. Ако ја земеш на фирма види нешто попуст дали може да се издејствува и колку, и после одбиј си трошоци.
Како правно лице има право на поврат на ДДВ, така да износот (цената на климата) подели го со 1,18 и толку ќе го кошта ... но сепак FH50 со 98К Ден му излегува од буџетот! Реторички онака ... како што гледаме отворен простор дожина 13 метри (50 квадрати) значи прилично тесна, не мислиш дека комбинација 9ка со 12ка (да речеме една парапетна во поширокиот дел и една сплит) би биле поефикасни, па макар и просечни клими!? AERI од Vivax на пр би се вклопиле во буџетот! Досега вели се грееле со Фонко 9ка и не била ефикасна (па една деветка сигурно не е решение во толкав простор)... А и 18ка, да ја стави да дува по должина, па за да затопли до 12тиот метар треба да дува со 800м3 издув... а просторот е доста тесен (дел и под 4)м...
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Заборавате дека не може да се препорача силина/моќност пред да се знаат енергетските потреби на просторот. Што правиме ако 5.5KW не се доволни?

А и 18ка, да ја стави да дува по должина, па за да затопли до 12тиот метар треба да дува со 800м3 издув... а просторот е доста тесен (дел и под 4)м...
Сеедно како ќе дува, со една клима секако ќе има големи температурни разлики на краевите на канцеларијата. Ниедна клима нема да издува 13 метри. Плус види ги столбовите на плафонот, какви воздушни џебови прават за заробување топол воздух.

И во однос на конкретни клими јас лично секогаш попрво би земал Ломо со LCLH, пред Аери. Со тоа што нему и не му треба стриктно инвертор туку и он-оф клима ќе му заврши работа, идеално за него би било ако најде од тие Хитачи моделите или слични. Велам не му треба стриктно инвертор пошто која клима и да ја одбере, таа клима ќе треба да дува на максимална сила за да го промешува воздухот во долгата просторија.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Него му треба 5,5-ка инвертер со минимум COP 4,2 која има минимум 650m3 проток затоа што човекот нема прагови и има простор кој е "скриен" од климата.
Канцеларија што има проток на луѓе со отвори-затвори врати со 3,5-ка клима!
Дајте ве молам. Ако сака нека биде и од 2000 евра нема да брка работа.
Нон стоп ќе дува на полна снага и ќе влага во дефрост.
Или две 3,5-ки AERI или една 5,5-ка.
Јас вчера купив 2 AERI за 47000.

Далеку подобар избор за неговата канцеларија од било што.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Како правно лице има право на поврат на ДДВ, така да износот (цената на климата) подели го со 1,18 и толку ќе го кошта ... но сепак FH50 со 98К Ден му излегува од буџетот! Реторички онака ... како што гледаме отворен простор дожина 13 метри (50 квадрати) значи прилично тесна, не мислиш дека комбинација 9ка со 12ка (да речеме една парапетна во поширокиот дел и една сплит) би биле поефикасни, па макар и просечни клими!? AERI од Vivax на пр би се вклопиле во буџетот! Досега вели се грееле со Фонко 9ка и не била ефикасна (па една деветка сигурно не е решение во толкав простор)... А и 18ка, да ја стави да дува по должина, па за да затопли до 12тиот метар треба да дува со 800м3 издув... а просторот е доста тесен (дел и под 4)м...
Цената е 72К редовна, не знам дали има попуст на тоа. Така нешто е и на klimi.mk

sf.PNG

P.S. FH35VE ќе заврши работа и ќе е најефикасна, доколку просторот нема загуби поголеми од 3.5KW на -7. Ама затоа што незнаеме се оди на SF50VE со цел д аима малку повеќе форсаж за ако треба да надополни и до 4KW.

Уствари како сте се грееле до сега!? Така ќе пресметаме, ако сте биле на струја кажи како ви биле сметките лани за декември/јануар и ќе пресметаме. Или па сега ако знаеш како ви беа за декември? И со што се греевте.
Не е многу седено во канцеларијата за да ти пишам за потрошувачка. Станува збор за адвокатска канцеларија и има доста шетање по институции, па заради проблемов со греењето и не е многу седено внатре. Моментално има некој калорифер и тоа Фонкото, ама не брка работа.

Да видам како ќе биде со можност за Мицубишито, на клими (најпрегледно е) гледав некои модели отприлика тој ценовен ранг. Некое мислење околу нив?

sporedba.PNG

Него му треба 5,5-ка инвертер со минимум COP 4,2 која има минимум 650m3 проток затоа што човекот нема прагови и има простор кој е "скриен" од климата.
Канцеларија што има проток на луѓе со отвори-затвори врати со 3,5-ка клима!
Дајте ве молам. Ако сака нека биде и од 2000 евра нема да брка работа.
Нон стоп ќе дува на полна снага и ќе влага во дефрост.
Или две 3,5-ки AERI или една 5,5-ка.
Јас вчера купив 2 AERI за 47000.

Далеку подобар избор за неговата канцеларија од било што.
Не знам дали ќе можам две затоа што од другата страна на објектот како фасада има некои како метални панели или слично за „полично“ и би било проблем за монтажа, а и естетски од сопственикот претпоставувам бидејќи објектот е под наем.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Електрик е побољи?
Неможе да помешаш. Моделите се битни и еуровент сертификатот. Во глобала електрик се подобри кај СФ и ФХ варијанта.

Ако веќе се опрчуваш 60000 за клима како кериер тогаш оди директ на SF50VE, ич не се мисли. Јави се во енергоситем и побарај попуст одма уште на телефон или во клими. Не вреди да се заштеди 100 еур заради вивакс или кериер.

А ако идеш на хаиерот, тоа веќе поголема разлика во цена и вреди да се размисли дали се исплаќа или не.
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
@Necromancer

FH35 без проблем ќе го стопли тој простор со изолацијата што ја спомна. Климата има далеку поголема моќ од декларираната.

Со една FH35-ка, татко ми во фирма грее ~70м2 просторија во куќа без изолација и стари прозори. Сестра ми грее ~60м2 дневна во куќа без изолација. Ланската зима на двете места немаше никаков проблем и на -20.

Инаку, без разлика што ќе одлучиш да купиш, внатрешната единица монтирај ја на средина на просторијата (пр. над принтерот) за да добиеш што е можно поеднаква температура низ целиот простор. Ако ја монтираш на едниот крај, пример над прозорите, нема шанси да ти биде топло на спротивната страна оддалечена 13 метри, па ако сака нека има и 7kW моќ. Ако немаш можност за монтажа на средина, купи си две послаби единици и стави ги на едниот и другиот крај.
 
Фала на коментарот и на мислењето.

Во однос на двете клими:
Не знам дали ќе можам две затоа што од другата страна на објектот како фасада има некои како метални панели или слично за „полично“, и би било проблем за монтажа, а и естетски од сопственикот претпоставувам бидејќи објектот е под наем.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Не е многу седено во канцеларијата за да ти пишам за потрошувачка. Станува збор за адвокатска канцеларија и има доста шетање по институции, па заради проблемов со греењето и не е многу седено внатре. Моментално има некој калорифер и тоа Фонкото, ама не брка работа.
Јас само уште овој пат ќе повторам дека без да знаеш колку киловати топлина ти требаат, не можеш да донесеш правилна одлука. Разни луѓе ќе кажат разни искуства, ама ниедно од тие искуства не мора да биде применливо на тебе - затоа што твојот простор може ама и не мора да има исти изолациони карактеристики, и исти енергетски потреби.

Но ако веќе си решил да го рипнеш чекорот со мерење на енергетските потреби (кој е банално едоставен, неколку денови греење со панелни греалки), тогаш подобро згреши на повеќе отколку да згрешиш со помалку. Со повеќе си се заебал за 20-30% повеќе дадени пари, со помалку си се заебал со 100% џабе фрлени пари.

Две 3.5 киловатни клими во најмала рака. Или една 7 киловатна. Две се подобри од една, ако се расипува една ќе се расипе. Од друга страна кога ќе се селиш од просторот, не е исто дали за една клима, или за две клими, ќе треба да платиш демонтажа и потоа монтажа (во новиот простор). Како и да е - со среќа, што и да се одлучиш да правиш.
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Ај те молам тоа мерењето подобјасниго, јас имам конвектор од 3 кв. и просторијата од 35-6квадрати ја грее перфектно, за 10 - 12 часа колку што сме во просторијата ако ја пуштам да грее на макс цело време е бања внатре, а ноќе ја оставам на звездицка да не падне под нула просторијата, АМА: 12 х 3 =36 х 25 =900 + 150= 1050квч х 11 = 11550 ден. сметка. Какава клима ми треба мене???
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
jас имам конвектор од 3 кв. и просторијата од 35-6квадрати ја грее перфектно, за 10 - 12 часа колку што сме во просторијата ако ја пуштам да грее на макс цело време е бања внатре, а ноќе ја оставам на звездицка да не падне под нула просторијата... Какава клима ми треба мене???
Прашањето на кое одговараме прво, е колку моќна клима ти треба тебе.

Во твојов случај, знаеш за факт дека 3 киловати топлина ти се доволни.
Тоа значи дека ти е доволно 3.5KW клима, или 12000 BTU. Тоа ти кажува со која моќност модели од клими треба да гледаш. Се разбира кој точно модел и бренд ќе одбереш, тоа е веќе вториот чекор во одлуката која треба да ја направиш. Но првиов чекор ти гарантира дека нема да се заебеш и да земеш нешто со послаба моќност што нема да биде доволно. Или нема да се заебеш да земеш нешто предимензионирано што работи како он-оф клима, и дека не си фрлил џабе повеќе пари.
 
Dux

hello world
29 ноември 2008
119
60
Дечки пред недела две пишав на темава за Daikin FTXB35C. Вчера со опаѓањето на температурата и самата клима не можеше да достигне некоја нормална температура. На живин термометар даваше температура од 19 степени во собата. Повторно да напоменам дека климата е 3.5kw пропишана за просторија до 35м2 а собата ми е 16м2 и климата ја работам на 30ц и ауто на вентилаторот нон стоп. Го повикав монтерот што ја местеше и ја мереше издувната температура која отчита 46 степени на издув на половина вентилатор а во собата исто достигнува температурата до 19 степени на живиниот термометар. Исто така синоќа почна да влегува климата во defrost на помалку од час време. После направениот увид монтерот ме убедува дека издувната температура е во ред но дека ќе повика екипа од скопје од кај главниот дистрибутер да направат увид па ако треба да се замени единицата.ж Јас мислам дека овие температури што ги добивам воопшто не се во ред но сакав да слушнам и ваше мислење бидејќи живци искинав не знам дали да барам рекламација или доправа да се расправам.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
@Dux освен aко тие 16м2 не се во ходник од зграда без врати, или во шатор, или плафонот е над 3 метри... Освен во некои такви исклучителни ситуации и најќумур 3.5кв инвертор клима тој мал простор треба без проблеми да го загрева и изнад 25с. Нешто не е во ред со таа клима, на пример можно е температурата да ја гледа погрешно (што би го објаснило другото однесување на уредот).

Имаш мерач за потрошувачка?
Интересно е дали климата запнува и работи со макс потрошувачка, или работи со минимална потрошувачка (што би идело во прилог на она погоре напишаното).

Рекламирај секако.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Dux

Дали вратичката е ставена на скроз најдолната позиција за климата да дува директно во подот?
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Dux

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Јас само уште овој пат ќе повторам дека без да знаеш колку киловати топлина ти требаат, не можеш да донесеш правилна одлука. Разни луѓе ќе кажат разни искуства, ама ниедно од тие искуства не мора да биде применливо на тебе - затоа што твојот простор може ама и не мора да има исти изолациони карактеристики, и исти енергетски потреби.

Но ако веќе си решил да го рипнеш чекорот со мерење на енергетските потреби (кој е банално едоставен, неколку денови греење со панелни греалки), тогаш подобро згреши на повеќе отколку да згрешиш со помалку. Со повеќе си се заебал за 20-30% повеќе дадени пари, со помалку си се заебал со 100% џабе фрлени пари.

Две 3.5 киловатни клими во најмала рака. Или една 7 киловатна. Две се подобри од една, ако се расипува една ќе се расипе. Од друга страна кога ќе се селиш од просторот, не е исто дали за една клима, или за две клими, ќе треба да платиш демонтажа и потоа монтажа (во новиот простор). Како и да е - со среќа, што и да се одлучиш да правиш.
Не ти го отфрлам мислењето, супер би било да измерам. Проблемот е немам панелка од каде да најдам, оние поблиски ми се на централно греење. Да се ангажирам да барам по луѓе, па да најдам до викендов две панелки и да пробам. Во контекст и на претходниот пост, која е методологијата? На колку да ги пуштам? Колку време?
 
Dux

hello world
29 ноември 2008
119
60
Дали вратичката е ставена на скроз најдолната позиција за климата да дува директно во подот?

Да цело време. Ме интересира ако знаеш колку би требало на издув да добијам температура отприлика за оваа единица?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
која е методологијата? На колку да ги пуштам? Колку време?

@Necromancer eдноставно е, треба да откриеш колку минимум киловати топлина ти се доволни. Значи ако не ти се брза, можеш да пуштиш 3 киловатна панелка да работи неколку дена. Мора неколку дена да грееш, пошто просторот не ти е греен до сега оваа грејна сезона. Треба време да се загреат ѕидовите, подот, плафонот, да се сатурира нивната термална акумулација. Кога ќе се загрее просторот, ќе ги знаеш реалните топлински потреби. Ќе треба и да додадеш некои 10-тина проценти во резерва, пошто зимава не е баш ладна (и репрезентативна).

Ако можеш, земи 2 комада 3 киловатни панелки за да ја забрзаш работата. Кога ќе се загрее просторот, исклучи ја едната греалка и во следните пар денови види дали е доволно само со една. Добро е да имаш и некоја 2 киловатна греалка за да правиш комбинации. Но снајди се со што и да најдеш, греалки, калорифери, радијатори на струја, итн... Само да им ја знаеш потрошувачката (моќноста).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Да цело време. Ме интересира ако знаеш колку би требало на издув да добијам температура отприлика за оваа единица?
Дали е на најсилен вентилатор или на послаб? Знам дека бучи ама ако не постигнува мора на појак вентилатор да се пушти.

Стави ја на најсилен вентилатор. Насочи надолу скроз вратичката и постави температура 28Ц.

По некоја логика би требало да згрее.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Dux

Dux

hello world
29 ноември 2008
119
60
Дали е на најсилен вентилатор или на послаб? Знам дека бучи ама ако не постигнува мора на појак вентилатор да се пушти.

Стави ја на најсилен вентилатор. Насочи надолу скроз вратичката и постави температура 28Ц.

По некоја логика би требало да згрее.

Беше ставена на автоматски вентилатор но доста силно работеше, сега ја ставив на максимум вентилатор па да видам што ќе биде.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Ме немаше некое време ама ајде да се вклучам и јас
Не немаше ништо такво.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Па како е дојдено до заклучок дека се е во ред?! Климата е со R32 фреон и за R32 има друга процедура и алати.

Мене ми изгледа на проблем со монтажа, иако некој местел 1000 клими човечки е да се згреши.

Имам потреба од клима уред за простор од ~50тина квадрати. Дали лоби или не, доста ги пофалија Gree, особено Хансол моделите, па ги имав тие на ум, воедно и Амбер откако излезе како понов модел.

Станува збор за деловен простор (за среќа не е регистрирана струјата како деловен субјект, па помали се сметките), кој е осамен и не е греен од ниедна страна, со прозорци кон исток и запад, изолација од 5cm стиропор и фасада, се користи како канцеларија.

Еве шема од просторот, и слика од истиот.

Погледнете го атачментот 61591 Погледнете го атачментот 61592

Канцеларијата горе-десно не е битна и се иззема. Станува збор за „сивиот“ дел кој е отприлика 50 квадрати. Моментално има монтирано една Фонко, која е 2.5kW и мака мачи, не може да загрее никако (во лето лади далеку подобро).

Погледнете го атачментот 61593

Буџетот е 50к, не знам дали ќе стигнам до 60+ или колку и да е Мицубишито FH35VE. Би ве замолил за предлог, не сум врзан за бренд или фирма, само да грее како што треба, во спротивно ќе јадам бан од жена ми. @mdeni сум приметил дека е доста активен, но секое мислење е добредојдено. Благодарам!
за 50м2 не гледај 3.5kW клима, тебе ти треба 5kW. FH35 не влегува во игра преголем простор е тој за нејзе иако климата е многу јака сепак нема да ги имаш бенифициите пошто ке се мачи да постигне. Ми стои како нов простор а имаш 5мц изолација што е добро. 5kW модели од околу 50K има некој избор. Ако можеш да ставиш парапетна најдобро но ако неможеш од лично искуство мој предлог е 5kW LOMO LCLH бидејќи истата ја користам климата ем грее ем е економична.
Ако одеш на 50к има АЕРИ 7kW или имаш и HANSOL -20 5kW .
Имаш избор на повеќе комбинаци.

Некако SF50 моделот на митсу доаѓа многу скап. Неделниот тајмер е некоја предност но и не толку голема да ја оправда цената. За истите пари некако Toshiba SUZUMI PLUS RAS-18PKVSG-E/RAS-18PAVSG-E со R32 ми изгледа попривлечна да не збориме за AMBER-от на GREE
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Беше ставена на автоматски вентилатор но доста силно работеше, сега ја ставив на максимум вентилатор па да видам што ќе биде.
За 16m2 3.5kw уред освен ако немаш некој огромни топлотни загуби и треба на макс вентилатор да треба да ставеш за 19 степени е знак дека нешто не е ОК. Температурата од 46 степени некако не ме задоволува, 16м2 со 2kW клима ( освен ако немаш големи топлотни загуби ) треба да ги загрееш без проблем ако се користи правилно. 19 степени е ладно јас би рекламирал. Пази правеме муабет за ДАИКИН клима не за favorit, Fuego, ST, Neo марки/модели. Да не ме свати некој погрешно ова не значи Даикин не чини туку дека во неговиот случај има нешто и ова не се поклопува со нормално.
 
Dux

hello world
29 ноември 2008
119
60
@Dux освен aко тие 16м2 не се во ходник од зграда без врати, или во шатор, или плафонот е над 3 метри... Освен во некои такви исклучителни ситуации и најќумур 3.5кв инвертор клима тој мал простор треба без проблеми да го загрева и изнад 25с. Нешто не е во ред со таа клима, на пример можно е температурата да ја гледа погрешно (што би го објаснило другото однесување на уредот).

Имаш мерач за потрошувачка?
Интересно е дали климата запнува и работи со макс потрошувачка, или работи со минимална потрошувачка (што би идело во прилог на она погоре напишаното).

Рекламирај секако.

@Lokvan извини што не го видов твојот пост порано, немам мерач за потрошувачка но по сите индикации би требало да работи на максимум. И јас како тебе верувам дека без проблем би требало оваа клима да го загрева овој простор но тоа едноставно не се случува. По препорака на @mdeni ја оставив на најсилен вентилатор и успеа да достигне едвај 20ц. @sumi и јас мислев дека ако платам дупло повеќе за Daikin ќе добијам повеќе во смисла на квалитет и брзо и ефикасно затоплување но во мојов случај не е така. Собата е со нова врата, пвц дограма, 1цм изолација под ламинатот и дупли таван. Не би требало да имам некои голем топлински загуби. Утре доколку не превземат нешто монтерите ќе барам рекламација дефинитивно.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно