xenon
εικονοκλάστης
Ми се бендисува идеја позади крипто валутите, исто и фактот што многу луѓе тука успеаа да заработат е поздравување. Но сепак, мојот став останува дека не може да се креира валута од ништо и дека позади ова стои пирамида креирана од добро нафатирани берзански манипуланти кои можат да внесуваат (горат) пари во системот со цел истиот да го издржуваат, насочуваат и да профитираат на крај од целата фрка - нешто како оние што си играат со ќибритчиња на камени мост.
Самата нестабилност, огромните флуктации, тоа што оние што "копале" или купиле на почетокот сега условно се илјадници пати побогати од она што условно го инвестирале пред само 2-3-4 години, ја прави целата работа нефер, небалансирана и несериозна, на ниво далеаалеку повисоко од она што се случува кај банките или државите во глобала каде барем стапката на инфлација е горе доле предвидлива и прилично лесно се калкулира (~4% просек) за разлика од 1000ници% кај овие крипто-заебанции.
Не помага фактот што секој почна да вади своја валута, сега се околу 1000, ама не, тие 999 биле измама, биткоинот е она вистинското, ма дај..
Сега се почна и со форкови, што се форкови? Проблеми на иницијалната банда како да ги делат парите па сега секој на своја страна оди?
WoW Gold т.е. "злато" во виртуелни игри ми е померодавен и пореален концепт од "крипто-валути". Но додека има пари во целата фрка терајте, само не продавајте ветер дека ова е иднината.
Концептот крипто валута да, можеби е иднината, но кога ќе стане реалност, верувајте дека повторно ќе биде под капата на некоја банка/влада и слично, во никој случај, НИКОГАШ - валута нема да може да опстане без регулација, без мониторинг и без контрола од централна институција!

@xenon а што мислиш не е можно? види само колку брзо рипна од 4.000 на 5.800 - многу е можно исто толку брзо да рипне од 6.000 до 8.000 и +