Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Знаете ли како EVN ве краде? Еве како.

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Можи ЕВН не кради, ама и на ЕВН им ги украле нашите податоци!

Погледнете го атачментот 161179

Треба да се загрижам, или...?
Оваа проверка воопшто не значи дека на ЕВН им ги украле податоците. Само значи де тој маил и пасс кој ги користиш на тој и тој сајт се најдени во некоја листа на пробиени податоци.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
CBB_6

BBC
9 декември 2016
352
1.075
од кај го доби ова предупредување?
Гугл Хром си прај проверки и известува.

не значи дека на ЕВН им ги украле податоците.
Овој мејл и специфичен пасс ги користам исклучиво само за логирање на сајтот на ЕВН и никаде на друго место, шо значи за некој да ги "пробие" или
1. Ја хакнал базата на податоци на ЕВН
2. Хакнати се серверите на Гугл
3. Хакнато ми е ПЦ-то, најмалку веројатно пошто заштитено е со легален Касперски, а и многу по битни јузери и пасови и други битни податоци до сега ќе беа злоупотребени пред акаунтов на EVN Home.

Инаку, немам против, нека се логира и нека ми ги плати сметките за струја :LOL:
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Гугл Хром си прај проверки и известува.

Овој мејл и специфичен пасс ги користам исклучиво само за логирање на сајтот на ЕВН и никаде на друго место, шо значи за некој да ги "пробие" или
1. Ја хакнал базата на податоци на ЕВН
2. Хакнати се серверите на Гугл
3. Хакнато ми е ПЦ-то, најмалку веројатно пошто заштитено е со легален Касперски, а и многу по битни јузери и пасови и други битни податоци до сега ќе беа злоупотребени пред акаунтов на EVN Home.

Инаку, немам против, нека се логира и нека ми ги плати сметките за струја
Само пассот е проблематичен. Најверојатно е на некоја пробиена листа. Не мора ти, може некој друг го користел. Овде те известува само дека е ликнат некаде и некако. А поради која од 3те причини или останати 33 е настанато, нема никад да дознаеш. А можда ни тогаш.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
CBB_6

BBC
9 декември 2016
352
1.075
Го загледав денес броилото, и црвената диода која нели треба да трепка на одредени интервали, свети нон-стоп без прекин.

Дали е то нормално?

На FF нема никакви грешки..

IMG20260608152145~2.jpg
 
Chiller

user
8 март 2012
1.547
1.156
Скопје Аеродром
Го загледав денес броилото, и црвената диода која нели треба да трепка на одредени интервали, свети нон-стоп без прекин.

Дали е то нормално?

На FF нема никакви грешки..

Погледнете го атачментот 162219
Кога свети нонстоп, значи дека нема приклучено потрошач после броилото, не се троши воопшто струја.
 
Последна промена:

CBB_6

BBC
9 декември 2016
352
1.075
Кога свети нонстоп, значи дека нема приклучено потрошач после броилото
Реновирам низ дома, па моментално нема ништо по штекери.

Не знаев за ова и ми падна чудно, никогаш немам видено до сега цело време да свети.
Штедња малце :)
 
18 август 2019
1.214
1.187
Го загледав денес броилото, и црвената диода која нели треба да трепка на одредени интервали, свети нон-стоп без прекин.

Дали е то нормално?

На FF нема никакви грешки..

Погледнете го атачментот 162219
Трепка, трепка. Само треба да седнеш и да чекаш. Ќе се изгаси, можеби после 5-10 минути или половина час.

Не се сеќавам на колку потрошено се гасеше, потоа на исто толку се пали. Колку поголема потрошувачка има, побрзо трепка. Сега бидејќи сѐ е исклучено, трепкањето е многу бавно (само за онаа минимална потрошувачка која секогаш ја прави броилото).
 
Chiller

user
8 март 2012
1.547
1.156
Скопје Аеродром
Трепка, трепка. Само треба да седнеш и да чекаш. Ќе се изгаси, можеби после 5-10 минути или половина час.

Не се сеќавам на колку потрошено се гасеше, потоа на исто толку се пали. Колку поголема потрошувачка има, побрзо трепка. Сега бидејќи сѐ е исклучено, трепкањето е многу бавно (само за онаа минимална потрошувачка која секогаш ја прави броилото).
Броилата на камера ги гледам, тие што ја исклучуваат струјата комплетно не трепнуваат воопшто со месеци (упалени свети лед диодата).
Има тука едно правило, ако ЕВН установи ваква состојба 3 месеци, ја исклучува струјата на тоа броило, па сопственикот бара повторно вклучување...
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.485
2.935

Имам едно броило во стара куќа во село, не сме биле таму повеќе години, можеби 5 год. ќе да се.
Бушоните се извадени (ги одвртив последниот пат кога сум бил таму), значи нема потрошувачка.
Според твојава констатација, требало одамна да го исклучат броилото.

Ама секој месец редовно си излегува сметката (и редовно ја плаќам - околу 450 до 460 ден.), со по 2-3kW потрошени (веројатно паушално).

Во секој случај, ова е реален начин на кој на ситно ме крадат од EVN.
 
Ова го знам сигурно за урбана средина, сметка со исклучена струја за во Скопје е 180 ден. за улично светло со дигитално броило.
Кај тебе во викендица или никој не чита па става 450 денари и им е мирна глава. Гарант и да приклучиш термо печка пак 450 ден. ќе плаќаш. :D
 
18 август 2019
1.214
1.187
Броилата на камера ги гледам, тие што ја исклучуваат струјата комплетно не трепнуваат воопшто со месеци (упалени свети лед диодата).
Има тука едно правило, ако ЕВН установи ваква состојба 3 месеци, ја исклучува струјата на тоа броило, па сопственикот бара повторно вклучување...
Можеби сум имал некој мал потрошувач (термометар, часовник...) заборавено. Знам дека трепкаше во долги интервали. Баш повремено ќе проверувам на една селска зграда, каде само повремено се троши струја.
Ама секој месец редовно си излегува сметката (и редовно ја плаќам - околу 450 до 460 ден.), со по 2-3kW потрошени (веројатно паушално).
Кај нас порано намерно пишуваа по 1-2 KWh со образложение дека во спротивно ќе ја исклучат струјата.
Кај тебе во викендица или никој не чита па става 450 денари и им е мирна глава. Гарант и да приклучиш термо печка пак 450 ден. ќе плаќаш. :D
Ако живее во Арачиново нема ни толку да плаќа. :)
Ти можеби не трошиш, ама они си наплаќаат пренос и приклучок до тебе плус улични канделабри. И 420ден одат за џабе.
За пренос нема да плаќа, ама за пристап до мрежа ќе си плати 200 денари +ДДВ.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.485
2.935
Ти можеби не трошиш, ама они си наплаќаат пренос и приклучок до тебе плус улични канделабри. И 420ден одат за џабе.
Да, да, ги знам тие ставки (улично осветлување - кое е без ДДВ, пошто самото тоа Е данок, и плус за пристап до мрежа).
Не зборам за нив, туку за неколку измислени киловати секој месец, кои нема како да се потрошат - пошто нема потрошувачи, а осигурачите се одвртени/извадени.
Освен ако не троши самото броило при stand by :)
Сега го отворив последниот .pdf од ЕВНонлине, гледам 4,1 киловати се потрошени. Во скапата тарифа. Во ефтината има нула :)

П.С.
Ги отворив и .pdf ф-рите од минатите 5-6 месеци наназад.
И таму по околу 4kW „сум трошел“ (или поточно некој месец 4,1 а во некој друг 4,7kW, но никако 5:) )
 
Последна промена:

Chiller

user
8 март 2012
1.547
1.156
Скопје Аеродром
Да, да, ги знам тие ставки (улично осветлување - кое е без ДДВ, пошто самото тоа Е данок, и плус за пристап до мрежа).
Не зборам за нив, туку за неколку измислени киловати секој месец, кои нема како да се потрошат - пошто нема потрошувачи, а осигурачите се одвртени/извадени.
Освен ако не троши самото броило при stand by :)
Сега го отворив последниот .pdf од ЕВНонлине, гледам 4,1 киловати се потрошени. Во скапата тарифа. Во ефтината има нула :)
Се грижи ЕВН да не ти ја исклучи струјата. :LOL:

Сигурно некогаш ќе го прочитаат броилото па ќе направат да неплаќаш со месеци, ама тоа ако го прочитаат.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.485
2.935
Се грижи ЕВН да не ти ја исклучи струјата. :LOL:

Сигурно некогаш ќе го прочитаат броилото па ќе направат да неплаќаш со месеци, ама тоа ако го прочитаат.
Па нема да можат да го прочитаат, внатре во куќата е.
А ако ме исклучат, услуга ќе ми напраат, пошто еве некое време им кажувам на луѓево дека треба да се исклучи таа струја/сметка од таму, пошто непотребно се плаќа.
Ќе речиш не е многу, ама еве 12 месеци по 450 денари, и ОП, 5.400 денари годишно!
А пензионери се тие од кај што се плаќа сметката, сметам дека не е за занемарување ваква сума за нив!
 
Chiller

user
8 март 2012
1.547
1.156
Скопје Аеродром
Па нема да можат да го прочитаат, внатре во куќата е.
А ако ме исклучат, услуга ќе ми напраат, пошто еве некое време им кажувам на луѓево дека треба да се исклучи таа струја/сметка од таму, пошто непотребно се плаќа.
Ќе речиш не е многу, ама еве 12 месеци по 450 денари, и ОП, 5.400 денари годишно!
А пензионери се тие од кај што се плаќа сметката, сметам дека не е за занемарување ваква сума за нив!
Ако го исклучат, ќе треба наново како за нов приклучок да се плаќа приклучок.
Инаку мислам дека можеш доколку сакаш да го одјавиш броилото....
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.485
2.935
Ако го исклучат, ќе треба наново како за нов приклучок да се плаќа приклучок.
Инаку мислам дека можеш доколку сакаш да го одјавиш броилото....
Сакам да го одјавам, но - јас не сум сопственикот (не се води на мое име).
Како да го направиме ова, дали мора лично да оди сопственикот во некој КЕЦ, или можи и по телефон (или e-mail??) да се заврши ова?
 
Chiller

user
8 март 2012
1.547
1.156
Скопје Аеродром
Сакам да го одјавам, но - јас не сум сопственикот (не се води на мое име).
Како да го направиме ова, дали мора лично да оди сопственикот во некој КЕЦ, или можи и по телефон (или e-mail??) да се заврши ова?
Мора лично сопственикот на броилото или полномошно на нотар да направиш.
 
Alex3

hello world
20 декември 2018
214
261
Сакам да го одјавам, но - јас не сум сопственикот (не се води на мое име).
Како да го направиме ова, дали мора лично да оди сопственикот во некој КЕЦ, или можи и по телефон (или e-mail??) да се заврши ова?
Јас за истото бев во канцеларија во ЕВН. Имам исклучено струја во викендица бидејќи не оди никој таму. Носител (име) на сметката е татко ми кој е починат, не ми направија проблем. Оди до канцеларија и распрашај се за најсигурно.

Ќе кажеш дека сакаш времено да го исклучиш броилото, не засекогаш. Се плаќа некоја мала такса, не се сеќавам колку беше, до кај 500ден. Ќе оди ЕВН екипа и ќе го исклучи.

Броилото останува во евиденција во ЕВН како постоечко, само не е активно. Не прават повеќе фактура и не се плаќа ништо за тоа броило. Си стојат сите податоци (број и име на корисник, место на потрошувачка...) и кога ќе се логираш на нивниот сајт. Кога ќе сакаш да го активираш треба да се разбереш со нив за пак ЕВН екипа да оди и да го активира, и за тоа се плаќа некоја такса. Не знам колкава е, не сум го активирал, но сигурно не е 500 евра како активирање ново броило.
 
Blagojce

lurker
26 декември 2007
918
87
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Имам едно броило во стара куќа во село, не сме биле таму повеќе години, можеби 5 год. ќе да се.
Бушоните се извадени (ги одвртив последниот пат кога сум бил таму), значи нема потрошувачка.
Според твојава констатација, требало одамна да го исклучат броилото.

Ама секој месец редовно си излегува сметката (и редовно ја плаќам - околу 450 до 460 ден.), со по 2-3kW потрошени (веројатно паушално).

Во секој случај, ова е реален начин на кој на ситно ме крадат од EVN.
И кај мене така пишуваат неколку KW доколку сам не ја пријавам состојбата.
Во мојот случај последната недела од месецот отчитуваат (го пишува тоа на сметката ако добро се сеќавам) и тогаш сам ја пријавувам состојбата од последната сметка (некогаш ќе заборавам или нема да бидам во можност и ќе пишат пак некој KW :)).
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.468
SK
Ти можеби не трошиш, ама они си наплаќаат пренос и приклучок до тебе плус улични канделабри. И 420ден одат за џабе.
Не е за џабе. Дел иде во профит за ЕВН, дел е плаќање за белите мечки.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв