1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Vashe iskustvo so Quart QP990 Tablet.

Дискусија во форумот 'Преостанати мобилни уреди' започната од Ingyar, 25 Април 2013.

  1. Ingyar

    Ingyar
    Intern

    6
    0
    12 Март 2011
    Me interesira dali nekoj imal iskoustvo so Quart QP990 tablet?
    Potochno me interesira kako drzhi baterijata - surfanje, videa, chitanje...

    [​IMG]

    http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=37077&i=15&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=

    Ima 9.7" IPS ekran, (demek) istiot kako iPad2, aliminiumsko kukjishte.
    Vo dukjan go gleav i probav - izgleda odlichno: izrabotka, ekran, super brz e tabletot.

    Me interesira samo kako drzhi baterija? 5000mAh.e.

    Dukjandzhiite vo AMC nemat soznanija.


    Blagodaram odnapred.


    Igor


    PS: Gi prashav AMC kakva polisa imaat za vrakjanje na proizvod
    ako mushterijata ne e zadovolen. Posle malku razmisluvanje mi rekoa
    vo rok od 7 dena, ama nema vrakjanje pari ruku zamena za drug proizvod.

    Neli postoeshe zakon deka mozhe da se vrati proizvodot vo odredeno vreme i
    se vratat parite?
     
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Кинески 5000 = 3000 :)
    Што не си земеш 7" поквалитетен за тие пари. На пример Asus Nexus.

    Иначе Quart не постои како фирма, тоа е измишљотина на АМЦ, договор со кинескиот директор да залепи имагинарно име на бланко производ.
     
  3. Ingyar

    Ingyar
    Intern

    6
    0
    12 Март 2011
  4. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,715
    2,007
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Мој другар побара само да го разгледа и одма се расипа, прво крашна софтверот напраи рестарт а потоа откажа целосно. Батеријата не ти е уопште битна со ваков уред. Више ако трошиш 200 евра земај нешто докажано nexus на пример евентуално ако бараш поголем барај point of view исто во amc ги има. Друг другар има таков и е ептен задоволен, батеријата држи 4-5 дена мирување и 8 сати интензивно работење точен модел ке ти кажам утре.
     
  5. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,876
    1,429
    10 Август 2010
    Машко
    Имаш подобро за тие пари и посигурно, Nexus.
     
  6. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,708
    2,298
    14 Декември 2010
    Машко
    Спореди ги овој и Nexus 7 еден до друг и ќе видиш разлика ден и ноќ. Не ни помислувај на вакво нешто кога таблет како Nexus 7 ти е за иста цена.
    Да можеби имаш поголем екран на Quart-от ама за правилно да ја искусиш таа големина ти треба далеку посоодветен хардвер и сигурно екранот не е истиот од iPad-от.
    Да не зборам за апдејти и поддршка.
     
  7. Ingyar

    Ingyar
    Intern

    6
    0
    12 Март 2011
    @bokiscout - Ako mozhe modelot na Point of View da mi go soopshtish? TNX.
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Извини за off topic ама морам да го спомнам ова.

    Имено, АМЦ се потрудиле да лажираат официјална веб страница на QUART www.quartelectronics.com. Страната изгледа многу легитимно, си ги има сите моделчиња што се продаваат во АМЦ од марката "QUART". Једно нема Contact Us, тоест празно е.

    Арно ама како што тоа обично бива со лажови, чичко гугл ги фатил. Имено тој што ја фалсификувал (?) страната заборавил да тргне AMC ВЕБ ПРОДАВНИЦА од хедерот на темплејтот, па гугл го фатил. Повелете:

    [​IMG]


    ЕДИТ

    Ова е фабриката (панормаска слика) од сајтот www.quartelectronics.com
    [​IMG]

    А ова е whois на доменот
    [​IMG]

    Само ме интересира чија бела зграда е тоа хаха. Бустед.
     
    На Teget, ТАТА_МАТА, Necromancer и уште 21 други им се допаѓа ова.
  9. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,319
    968
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    shifty, xenon, Sukhoi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,189
    759
    8 Мај 2010
    Машко
    На nikola_2502 и Sukhoi им се допаѓа ова.
  11. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,697
    1,148
    16 Јуни 2010
    Машко
    Дечки секоја чест, ги разбивте тотално. Само едно се чудам, зар се дошле до тој степен да прават фалсификат страна на измислениот бренд Quart. Демек ако некој advanced user купи од нивните таблети(најредок случај), дека можеби тој ке се заинтересира па уште ке тражи по нет за фирмата и овие веќе си се спремиле.....ахахахахаахах
     
  12. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,876
    1,429
    10 Август 2010
    Машко
    Моментот е тоа што оваа фејк страна на Quart има бољи дизајн од таа на AMC :oh:
     
    На Teget, Costigan_Jr, Harrabed и уште 7 други им се допаѓа ова.
  13. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,715
    2,007
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
  14. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    917
    965
    2 Март 2011
    Машко
    Jas imav iskustvo so uredov. Pozitivno. Menito e brzo, voopsto ne koci. Izrabotkata e odlicna. Ekranot e odlicen. Baterijata drzi poveke od nedela.
     
  15. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,773
    4,328
    20 Февруари 2011
    Машко
    De bee... ko FBI da ste... Svaka cast :)
     
  16. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Повеќето ИТ продавници си ги брендираат ефтините ТВ-а :) Имам забележано 3-4 такви
     
  17. Boldozer

    Boldozer
    On your way to fame

    1,143
    560
    2 ноември 2012
    иди на суд ке земеш некоја пара :D, за нова конфигурација :rolleyes:

    Како само за информација тоа на сликата е фабриката на KTC, освен и тоа ако не е нешто ЛАЖНО.

    Слики од зградата:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    538
    335
    2 Март 2010
    Машко
    KTC е фабриката која за АМЦ прави електрични апарати под брендот Quart, исто како и било кој ако отиде и ако се договори (се разбира збориме за количина) може да му ги направат истите таблети, монитори итн под бренд ITComMK или било кое име. Quart АМЦ го пробија низ цел балкан и го продаваат како нивни бренд.
    До ова информација дојдов од еден мој познајник кој соработува долго време со АМЦ, дури ми спомна и дека името го дал како предлог некој сервисер кој добил околу 100евра награда за тоа. Шо значи - нема ништо сомнително, АМЦ си нашле фабрика која ќе прави уреди за нив а они си ги дистрибуираат по белиот свет.
     
    На freeman, 386ka, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ingyar

    Ingyar
    Intern

    6
    0
    12 Март 2011
    Zboruvash za Quart Tabletot, neli? (oti pogorniot post dava link do Point of View tablet).

    Go imam istoto iskustvo dodeka go probuvav, osven soznanije za battery life.


    Baterijata drzhi povekje od nedela?
    Kolku i shto koristenje za da drzhi tolku?


    @ Bokiscout: TNX.
     
  20. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Почитувани,
    Следејќи ја дискусијата решивме официјално да се обратиме за да ги расчистиме недоразбирањата, недостатокот на информации околу производите од брендот Quart.
    Брендот Quart е заштитно име (trade mark) на АМЦ ДОО и под него во моментот АМЦ увезува LCD, LED, 3D телевизори, паметни телефони и таблети.
    Накратко во превод тоа значи, АМЦ ги контактира произведувачите (за кои не е тајна дека се од Кина, ќе се навратиме на тоа подоцна) од нивното производно портфолио бира производи, се контролираат производите и на крај се брендираат под брендот Quart и се продаваат. Во моментот брендот Quart е исто така достапен во Србија како и во Македонија со стратешка тенденција да стане регионален бренд. Квалитетот на производите од брендот Quart е нешто за што стои АМЦ со сето свое реноме, искуство и присутност на пазарот во Македонија. Значи за сите производи има обезбедено сервис, техничка поддршка, одржување како во гарантен така и вон гарантен рок.
    Брендот Quart спаѓа меѓу таканаречените ценовно достапни В (Бе) брендови во кои има имиња и како Grundig кои се одликуваат со висок квалитет и секако визуелно добар дизајн. Другите такви брендови кои локално се продаваат се пример Vivax од Хрватска (се произведувс во Кина), ST на SET, Neo итн. Фактот што АМЦ има направено веб страница за овој бренд, значи дека сака да го унапредува брендот и регионално што ни е стратешка определба, а некако што некои љубители на теориите на заговор пишуваат погоре дека „откриле“ или „фатиле во лага“ нешто. Концептот на www.amc.com.mk е електронска продавница,каде не може да се пишуваат информации до бесконечност, туку кратка спецификација,слика, цена и други основни работи за еден производ. Концептот на www.quartelectronics.com е сајт на производител на ИТ производи каде може да се постави поголема спефикација и слики од производите, да се фокусира само на Quart производите, во тек е развој на модули за регистрација и техничка поддршка (firmware итн) на Quart производите. И тоа се вика ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ, а не како што има коментари, криење, заташкување и слично.
    Коментарите на некои веруваме недоволно информирани корисници како функционираат работите во принцип од типот на „се прави во гаража“, „се прави на брод“ и слично не сме сигурно дали воопшто треба да го коментираме бидејќи ако не се смешни би биле тажни. Што и да велиме за кинеските производи, факт е дека Кина станува најголема извозна сила на светот. Оние позапознаените знаат дека Apple производи како iPhone, iPad итн се произведуваат во концернот Foxconn кој е асемблер и на најголемиот број компоненти за лаптопи и персонални компјутери на светот (матични плочи). Foxconn исто така најчесто Foxconn ги склопува повеќето од компонентите за лаптопи и персонални компјутери на брендови какви што се HP, Dell, Toshiba, Asus, Acer и останатите светски ИТ премиум брендови.
    Сите производи од Quart и пред да се брендираат поминуваат низ сертификациските постапки за CE, ISO и други безбедносни сертификати пропишани како од македонските тела, така и од Европската Унија. Доколку некој е вистински заинтересиран дали е тоа така, слободно го покануваме во седиштето на АМЦ каде ќе му се презентираат сите можни сертификациони документи за било кој производ од Quart кој е актуелен во моментот.
    Контра на сите отровни коментари од оние нели кои пишуваат отровни коментари е корисничкото искуство на сите оние кои дома во моментот имаат телевизори, монитори или телефони Quart. Токму пишувачот на оваа објава, одговорен за маркетинг и ПР во АМЦ е лично голем фан на Quart и дома двата телевизори и мониторот за компјутерот му се Quart, веќе се стари по 2 години и воопшто немаат никаков проблем. Ги покануваме и другите корисници кои веќе имаат дома Quart да ги споделат своите искуства со цел да се развие вистинска дебата на искуства а не дебата на кој по отровно мислење ќе каже.
    Веруваме дека доволно објаснивме општо за брендот Quart продолжуваме конкретно за таблетите и телефоните Quart.

    Телефони и таблети Quart
    Телефоните и таблетите Quart се кинеско производство во компанија која е создадена од поранешни инженери на Foxconn (како што пишавме фабриката која ги произведува iPhone и iPad) и кои решиле дека нема веќе да работат за други, туку за себе, излегуваат од Foxconn и отвораат сопствена фабрика. Се работи за познато име во круговите кои тоа го работат професионално а на обичните корисници тоа нема да им е важно.
    Важно е дека пред воопшто да се нарачаат телефоните и таблетите минуваат неколку месеци во дефинирање на спецификација, тестирање, проверка на квалитет, дури производот да излезе во продажба. Истиот модел таков производ од овој произведувач низ светот е познат по разни имиња, кој трговец како го порачувал низ светот, така му ставал свое име. Значи телефон или таблет Quart не е нешто специјално направен за АМЦ, туку тоа се милиони и милиони телефони низ светот, само во Македонија ќе се викаат Quart.
    Бидејќи ништо не се заменува со личното искуство постојано и преку социјалните мрежи и сите наши маркетинг канали апелираме, заинтересираните за овие производи, да дојдат во салон на АМЦ да го тестираат телефонот или таблетот пред да го купат. Така се создава меѓусебна доверба меѓу трговецот, брендот и купувачот.
    Дополнително ги покануваме сите оние учесници на форумот, кои имаат скептично мислење за телефонот или таблетите, да дојдат во АМЦ, ќе се договориме, пишете на [email protected] да добијат телефони на тестирање со цел да пишат издржано мислење после вистинско користење.
    Останатите премиум брендови
    За сите оние кои ги преферираат предностите, цената и емотивната вредност на поседување на гаџет од премиум брендовите, секако ги потсетуваме дека АМЦ со својот продажен ланец од 16 салони, е најголем продавач во Македонија на лаптопи, таблети и телевизори како најголеми продажни групи на ИТ/АВ производи. Сите можни премиум брендови се застапени од Apple, Samsung, Philips, Sony, Asus, Acer, Dell, HP и да не ги набројуваме сите. Се трудиме и веруваме дека нашите производи имаат СЕКОГАШ НАЈДОБРИ ЦЕНИ. Постојано се трудиме да ја надградиме нашата релација со нашите купувачи како во процесот на избор и продажба на производите, така и во постпродажниот период во техничката поддршка и одржување. Знаеме дека не сме безгрешни и затоасе трудиме да учиме на секоја грешка. Веруваме дека постојано се унапредуваме. Затоа изборот тука е најголем, како што рековме по веруваме најдобри цени. Еве во моментот има АКЦИЈА на попуст до 15% на голем дел таблети, лаптопи, телебвизори и целиот асортиман на АМЦ. Повелете проверете.
    Извинете за одземеното време
    АМЦ ви посакува пријатен ден
     
    На freeman, SaleSk, NecrotoX и уште 7 други им се допаѓа ова.
  21. maci

    maci
    On your way to fame

    2,898
    639
    2 Април 2008
  22. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Со АМЦ не сум имал проблем до сега, еднаш купив Филипс монитор - се расипа после година дена, го проверија на сервис, ја признаа гаранцијата и бидејќи немаше друг за замена земав лаптоп. Немаше проблеми и маткање. Ги избегнувам заради тоа што немаат компетитивни дилерски цени (или барем јас немам).

    За брендирање производи исто незнам што ви е чудно, се се прави во Кина. За тоа дали нешто чини или не чини треба добар познавач на електронски компоненти да прочепка и да каже, каков е лемот, какви се кондензаторите, типови на батерија и сл. и да споредиме со други производители па да видиме дали цена/квалитет е исплатливо. Куп зборови од маркетинг / PR / HR и останати агенти не ми вредат лично повеќе од искористено пелено.

    Лично не би купил Кварт, СТ или било кое од тие, до сега се што сум видел било пониска цена која оди рака под рака со полош квалитет на компоненти, од пластика што се користи до еден куп други работи - така да нема никаква заштеда, има само помалку за тие помалку пари што ќе се дадат.
     
    freeman, prichina и на SaleSk им се допаѓа ова.
  23. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Има...Во моментот се спрема модулот за сајтот да може самиот клиент да си симнува од сајт. Ќе бидете известени на време.

     
    На prichina и SaleSk им се допаѓа ова.
  24. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    AMC - цениме тука ангажман од официјални претставници на ИТ браншата. Се надевам повеќе од јасен ти е фактот дека секој гик на форумов "контролира" уште едно 5-30 луѓе минимум од блиска фамилија/колеги/пријатели и сл. кои бараат совет што да купат и од каде.

    ЈВС нет на форумџиите им нуди 5% ако не се лажам попуст на своите производи - доволно е да кажат кој им е надимак тука. Анхоч/Сет/Нико отстапуваат хардвер и гаџети за рецензии. итн.

    Форумов има скоро 10000 членови, луѓе што се "разбираат", помножи барем по 5 се добива импозантна бројка на луѓе врз кои директно и индиректно се влијае кога станува збор каде да си ги потрошат парите и на што.

    Едноставно кажано ни треба тинтрање. Сакаме ефтини таблети со IPS екран. Сакаме некој да ги донесе EVGA во МК. Сакаме џиџимиџи што ќе ги привлечат гиковите, ако гиковите доаѓаат во АМЦ ќе пратат и по некој пријател што сака да купи нешто пристапно како Кварт и сл.

    Јас моментално немам никаква потреба да одам во АМЦ. За Asus/Cooler Master/Deep Cool одам во Сет, за Sapphire/Chieftec во Мебиус, за Гигабајт во Анхоч, за Ноктуа во JVSnet, за Thermaltake/Logitech во Нико - за 10-20% поскапи производи од претходните марки немам намера да одам во Амц...

    Како PR батко, најди начин да не анимираш - помалку со маркетинг реторика и демагогија, повеќе со дела и иницијатива :)

    Добредојде на форумов, интересна средина е - се надевам не се зачлени само да изразиш дефанзивно мислење.
     
    На Teget, freeman, prichina и уште 8 други им се допаѓа ова.
  25. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,039
    1,644
    30 Мај 2010
    1. Добредојде на форумов, и мислам дека е фер да се претставиш кој си и што си во Амц бидејќи зборуваш во име на фирмата. (останатите од конкуренцијата ни се имаат претставено)

    2. Негативни коментари никогаш нема да се изгубат, ама мора да се прочитаат и доколку сте во можност да одговорите на нив, па да ги исправиме во најдобар ред.

    3. Не ме интересира какви модели и што продавате, но ме интересира кој е вашиот критериум за вработување кај вас во продажните салони ?
    Дали сте свесни за знаењето/не знаењето на вработените околу уредите кои ги продаваат во продажните салони ?

    4. И за крај дали може да добиваме уреди за ривју/тестирање од вашата фирма ? Еве на пример Quart таблети, телевизори и сл. Да го прикажеме добро на луѓето тој квалитет, а воедно и една реклама за вас. Можеби веќе знаете ама пак ќе спомнам дека имаме ваква соработка со Сет, Нико и Анхоч.
     
    На SaleSk и Boldozer им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...