1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Vashe iskustvo so Quart QP990 Tablet.

Дискусија во форумот 'Преостанати мобилни уреди' започната од Ingyar, 25 Април 2013.

  1. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,369
    1,442
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Имат нова QUART Копија и тоа плукната на самсунг галакси....

    Што се однесува до страната еве ви целосни детали пошто гледам никој нема постирано во врска со страната детали :

    Некој знам зборе дека брендот бил заштитно лице на АМЦ, Добро па за кој бренд зборуват?

    Да разберам да продаваа кинески телефони пример како кај анхоч кој веќе ги има по кинески продавници ајде но вака со сопстено име да си измислуват стварно не ми е јасно.
     
  2. Zoran Cocovski

    Zoran Cocovski
    Intern

    1
    4
    30 Април 2013
    Машко
    Почитуван Harrabed
    Ти пишува Зоран Цоцовски, одговорен за маркетинг во АМЦ. Бидејќи форум формата на комуникација е непосредна, си земам за право да комуницираме на „Ти“ наместо на “Вие’. Претпоставувам тоа не е некој проблем.
    Вака на кратко...Имавме една официјална дискусија за кој е Quart, што е Quart, што АМЦ пласира под тој бренд. Еве го линкот, веруваме дека кога ќе прочиташ ќе видиш дека ништо од тоа погоре не е тајна која си ја открил...Ќе видиш дека комплетно е се објаснето и дека ништо од тоа не е тајна, нема откривање топла вода и слично.
    http://forum.it.com.mk/threads/quart-qt550-5-мобилен-телефон.32992/#post-444269

    Сите поголеми ланци на продажба како СЕТ, Нептун, Техномаркет имаат свој бренд под кој пласираат производи. Пример СЕТ го има СТ брендот, Техномаркет го има Neo, Нептун го носи Beko, Анхоч на времето имаа успешен ПЦ бренд Goliath. Многу е полесно кога градиш доверба пред клиентите да имаш се на едно место во едно име, пример Quart отколку само да носиш производи кои немаат свој идентитет. АМЦ долго време го создава брендот Quart, и во моментот под него пласира таблети, паметни телефони и телевизори. Значи се работи за В бренд, ценовно достапен, со квалитетно бирани производи од различно потекло - значи не се сите кинески, и не ни треба да сатанизираме нешто однапред невидено дали е квалитетно или не. Искрено без можност да презентираме бројки како деловна тајна, не си ни свесен колку Quart е далеку најпродаван бренд во моментот на таблети, телевизори и телефони кои не се од премиум сегментот, од глобално познати производители како Samsung, Asus итн. Значи сите телефони и таблети, пример може да се најдат на gsm arena, еве како глобален сајт по кој некако многумина го гледаат во стил - ако не постои таму значи е лажен или слично. Само тој истиот производ, често купен од Кина, пример во Полска, Чешка, Англија или слично си го брендирал некој АМЦ од Полска со свое име. Личното корисничко искуство е исклучелно важна работата. Еве телефонот што го споменуваш горе, е наследник на QT550 кој дечките од форумот го земаа, го тестираа и искрено напишаа многу коректна рецензија. Дури имаше план да се отвори рубрика да се тестираат тековно сите таблети и телефони Quart како што ги пласираме, ама искрено не знам што се случи, дали сменија дрес, дали сменија план. Еве го користам постот пак да ги анимирам. Мартин (бидејќи само тебе лично те запознав од форумот) што се случи, до кај сме, нели ќе наградувавте страна па ќе се слушавме...
    Да финишираме. Повели во секое време во салон на АМЦ, ќе си направиме муабет и во живо, ќе можеш да подигнеш било кој Quart производ на тестирања, и дури слободно ако си расположен можеш да направиш рецензија за него. Ќе објасниме малку повеќе зошто се гради бренд, а не се носат само купи - продади производи, кои се предностите и слично. Те очекуваме со мислење. До тогаш, поздрав и убав живот.
     
    Harrabed, B^nDIT, viktoraleks и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,369
    1,442
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Прво значи добродојде на форумот и се надевам дека ќе останеш и дека не дојде овде само да го напишеш ова. Искрено ме радува тоа што се регистрира со свое име по желба наместо со некое друго име слично како "AMC DOO"(за првата страна зборам)

    За комуницирање со "ти" или пак "вие" воопшто не е важно за мене и искрено ваше право си е тоа како ќе комунициратe пошто тоа мене вопшто не ми смета.

    Е сега да преминеме на главно :

    Вие можеби го сметате телефонот како бренд но сепак тоа е "Noname" пошто нема никаква подрашка за Custom ROM, Кernel па и не сум сугурен дека може да се направи рут на телефонот.
    Не е точко дека телефонот е бренд. Како што гледате телефонот припаѓа на Самсунг по дизајн. Според мене копирање на веќе постоечки телефон не докажува брендирање.
    Истотака можеби телефонот е супер вака од прва рака и ќе работи за ден, два. Но кинеско е а и сите знаеме каков квалитет имат кинеските производи. Тоа ти е како играње рулет кога ќе купеш нешто кинескo или ќе ти се погоде или ќе се расипе.

    Како што знам на самсунг производите се патентирани или пак грешам?

    Ако е така еве чисти пример :
    Eве сега јас ќе земам и ќе набавам 1000 парчиња телефони од кина и ќе им кажам да пишат од позади "Harrabed" и после си направам страна "www.harrabed.com"

    И сега барам да ми одговореш ти дали телефон кој е донесен од Кина и пишува на него "Harrabed" би бил бренд?

    На кратко сакам да кажам дека бренд е нешто што е оригинал, има свој дизајн и не е копија. Исто така и сите брендови си имаат своја фабрика, своја економија и своја визија. Вие сте го погрешиле терминот "Бренд" па и згорем на тоа сте претерале и сте направиле вебстрана.

    И сметам дека крајно време е да престанете да го правите ова на народот, да престаните да ги убедувате за нешто што нема логика. Мислам дека лугето кој купуваат не заслужуваат лажи и ако се решавате да донесувате производи од кина да не ги декларирате како бренд. Едноставно кој има желба и сака предизвик ќе си купе кинески телефон.

    И за крај сакам да кажам благодарам за поканата на муабет и посета во салон, јас сум од Штип и градот не ми дозволува пошто сметам дека си од Скопје и таму е вашето главно порачје но сепак ако ми испадне можност за одење во Скопје со задоволство би дошол во Салонот на муабет и би зел нешто за крај.

    И Уште нешто за крај, да не се разбереме погрешно значи едноставно немам ништо против продавање на кинески телефони јас како корисник на кинески телефон. Како што кажав преска се зависи од вашата среќа како ќе се погоде кинески телефон.

    Како и да е биди ми поздравен.
     
  4. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,668
    2,656
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара

Сподели

Вчитување...