1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Vashe iskustvo so Quart QP990 Tablet.

Дискусија во форумот 'Преостанати мобилни уреди' започната од Ingyar, 25 Април 2013.

  1. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
     
    На smole и Vojvoda им се допаѓа ова.
  2. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,142
    20 Април 2007
    Машко
    Одлична дискусија се развила.
    Прво сакам да ти посакам добредојде на форумов, иако претпоставувам дека долго време го следите, но пасивно...
    Сега бевте некако директно инволвирани, прозвани, па мислам дека тоа малку ве погоди и решивте да ни се приклучите...
    Голема благодарност до вас за одговорите на прашањата кои ги дадовте на сите љубопитни членови од нашата заедница.
    Бидејќи се празници, верувам дека ова е само дел и почеток, бидете спремни бидејќи ке бидете по празниците бомбардирани од останатите членови :)
    Гледам веќе набрзо ке има и добра соработка, оставени мејлови, контакти, итн итн, а тоа ме радува...И покрај останатите обврски, наоѓаме време бесплатно да пишуваме рецензии, со самото тоа вам да ви правиме голема реклама, сепак ова е форум кој го следи цела Македонија, а богами има и членови од страна.
    Како и да е, ви посакуваме пријатен престој на форумов, многу нерви, добра воља и пријатно расположение.
    :)
    Среќни празници.
     
    386ka, Vojvoda, Sukhoi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    Ауу АМЦ дошле . Епа добредојдовте .
    Критика добронамерна :
    Пред година дена отидов да икупам тв од АМЦ . Се мислев помеѓу два и го прашав вработениот да ми каже подетално за двата . Тој рече : "ете ти дечко гледаш кој ти е поуаба земин го ,ете ги пред тебе ." Ова е смешно во ИТ продавница . Чекај бе Зоки јас не купувам чевли , купувам тв . Па у веро ќе ми објаснат повеќе за шунката отколку вработените во АМЦ за хардверот .
    Од тој ден не сум влезен у АМЦ во Велес . Си купув тв од техномаркет каде ми зборуваше 10 мин. типот за тв-то .

    Пред месец дена братучетка ми била да види лаптоп .Типот и рекол еве овј е убав роев,тенок таман женски .:confused: Добра е што се јави па јас отидов да и одберам .

    Немора да носите ништо , продавајте си ваш бренд убаво ви текнало (лошо е што сте лажирале страна) само дај срете ги вработените . Поздрав .
     
  4. d_yor8

    d_yor8
    Gaining Experience

    1,218
    498
    27 Јуни 2011
    Исто и јас сум крајно изреволтиран од еден од вработените од АМЦ од салонот од Прилеп, кој мислеше дека си прави со некој лаик муабет, а не со некој кој чепка по интернет и се интересира...дека core i7 имал 8 физички јадра, дека 400 ватно напојување ќе издржело 2 компјутера односно дека било тежок претежок оверкил за гејминг конфигурација, па дека nvidia gt 250 имала поддршка за directx 11...за тоа се кладевме на лице место и самиот провери на интернет дека изгуби...што да кажам...можеби во тие 100 лаици кој секој ден влегуваат по Вашите продавници ќе се погоди еден кој навистина се разбира...ок ако вашите вработени се незаинтересирани или не им посветуваат внимание на муштериите, немотивирани поради ниските примања...али во овој случај да ме прави некој будала...крајно непрофесионално и на заебанција тргнала работата...од тогаш и таков однос имам кон тој дуќан

    исто и една забелешка во однос на Вашите конфигурации наменети како гејмерски...комбинирате i7ца со gt 650, или i5 со gt 630 со Фокскон плоча и не знам какво напојување од овие што идат со куќиште заедно...ок...знам дека ниту еден реален гејмер и хардверски ентузијаст не купува веќе склопена конфигурацијта тука самиот си избира компоненти и си ја склопува и овие конфигурации се наменети за родителите да им земат нешто на децата за ефтини пари за да си поиграат за распуст...али во вистинскиот свет ова стварно нема логика

    и уште нешто за на крај гледам го имате samsung 840 basic 120гб ссд кое е видливо поскапо од истото во Анхоч...каде е тука логиката? преку друг канал ли го носите? Зошто некој би го зел тоа истото од Вас и би го платил поскапо, а не од Анхоч?

    Зошто не давате попуст за плаќање во кеш на било кој од производите? Па макар и 5%? Во сите др. маркети ми имаат понудено попуст за во кеш плаќање? Еден од Вашите вработени на ова ми одговори затоа што кај нас има најниски цени, затоа...пријател зеде ТВ во кеш, ни денар попуст, роднина скап лаптоп исто така ни денар...не знам колку ќар имате од овие продукти, али и сами знаете каков е народот, одма се пали ко ќе види попуст, па колку малку и да е...

    И ајде на крајот да не дојди дека само хејтам, по дождот да угрее и малку сонце, и да кажам и некој добар збор...имате навистина добри цени на телевизори, особено на Филипс, и каталогот многу Ви го бендисувам :)

    Се надевам ова нема да го сватите како тролање или јадење на фекалии, туку како еден вид на фидбек од клиентите...

    Поздрав
     
    Necromancer, bate mile и на uwemi им се допаѓа ова.
  5. MacedonianBoy123

    MacedonianBoy123
    Intern

    95
    12
    27 Март 2013
    Машко
    Жити се шо има врска на шо монитор и на каква матична се прави флаерот? o_O


    Sent from my iPhone using Tapatalk 2
     
  6. smole

    smole
    Unstoppable

    3,014
    3,416
    18 Април 2007
    @Зоки

    Aj среди ми ти ако имам 15000 ден да купам ајпад 3 или асус трансформер инфинити? Неможе. И да сум решил дакупам таков ако немам кеш нема да го купам.

    Асус у принцип не ги сакам, ама знам дека се број 1 за таблети и затоа купив Асус таблет. Исто ќе ми беше и да пишуваше Кварт или СТ електрикс ако бев сигурен дека нема да имам проблем и ќе беше константно апдејтиран како од Асус така и од XDA заедницата. Сертификати имаат сите consumer electronics така да тоа не е никаков доказ дека таблетот е квалитетен, доказ е дека е безбеден за употреба, сито го знаеме тоа.

    Што кажува случајот со таблетот на другар ти? И сам кажа дека по спецификации бил ист со Квартот?

    Асус еве имаа утка со ГПС-от на ТФ201 ама пак Квартот не изгледал премиум, да не се лажеме, после тоа дадое софтверски апдејт и дури пратија парче хардвер кое го средува проблемот.


    Муабетот со Кварт ТВ-то твое ај види го вака - да го имаше самсунг 8цата од лаптоп ќе упалеше UPNP сервер и бежично ќе го стримаше (претпоставувам 8ците ги имаат тие можности).

    А тоа со Сонито не е само до ДДВ-то, и маржата игра улога, сигурен сум. Локацијата во Соравија сигурно не ве кошта под 10 000 јурци месечно - киријата, вработените и останатите трошоци мора некако да се платат нели?

    И последно околу Loewe-то, ниеден бизнис не се работи од љубов, па ни увезувањето на Loewe. Негде ги продаваа во ГТЦ, мислам на 1ви имаше продавница само за нив.
     
  7. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,142
    20 Април 2007
    Машко
    smole,
    LOEWE е бренд кој не се продавал и нема никогаш да се продава во МКД, а немој да мишлиш дека е нешто WOW пошто не е...
    Немој да мислиш дека е премиум...Бил...Некогаш...
    Инаку го има да го купиш ако сакаш во Аудио Центар.
    Освен што ке останеш без многу пари, ке останеш и без квалитетна слика. Јас сум убеден 100% и ти тврдам 100% дека нема да има подобра слика ниту од 7-ца или 8-ца серија на Самсунг ЛЦД, ниту пак од премиум моделите на Панасоник, ниту пак од новите модели на ЛГ...
    И дали знаеш колку пари добива Самсунг за развој во поглед на електроника? Дали знаеш дека владата го стимулира неговиот развој, а не само на Самсунг, него истиот третман го има и ЛГ. Минатата година ЛГ беше прогласена за компанија со најголем технолошки развој...Каде е тука Лоеве?
    Или сега ке направиме споредба...Ролс Ројс не можеш да го споредуваш со незнам БМВ 5-ка... Беше тоа некогаш, работите се сменија...Двајца ке живеат у филм дека ке возат Ролс од милион евра и дека ке имаат страшно ауто...А милион луѓе ке бидат среќни затоа што со нивното БМВ ке одат кај сакаат, ке го возат како сакаат, ке бидат ин, ке ја имаат најновата технологија во него итн итн...
    Дури и во Германија продажбата на Лоеве оди слабо. Прво заради големата конкуренција, а второ и ради тоа што луѓето сватија што купуваат...
    Незнам кај ми се сликите од последното патување во Германија, каде што во Сатурн, една од најпознатите продавници за електронска опрема, покрај сите други марки имаше изложено и два ЛЦД панела на Лоеве кој не само што изгледаа бедно и очајно по изработка, беа и на многу ниско ниво со квалитетот на сликата...

    Ке упатам и еден друг демант каде велиш дека Асус се број еден во изработка на таблети...Со секоја почит кон тебе но...ова извини сам себе се лажеш или како?
    Дали некогаш си фатил iPad или пак Samsung во рака?
    Или пак можеби погрешно ја разбрав твојата споредба...
     
    На Dinamit и smole им се допаѓа ова.
  8. smole

    smole
    Unstoppable

    3,014
    3,416
    18 Април 2007
    @Sale,

    Јас никаде не кажав дека сакам да купам Loewe. Имам Сони и сум презадоволен.

    Еве ти друга споредба: Apple/HTC/Samsung vs Vertu. Kолку пари се едните колку Верту? Кој е премиум телефон? Кај премиум брендовите нормално дека плаќаш за името. Нисан гтр наспроти ферари 458? Кој е побрз и попрецизен?

    Муабетот беше дека Samsung, Sony и остали не се премиум бренд, како што Зоки ги нарекува. Како што Киа не е премиум бренд иако Оптимата нуди многу повеќе од тоа што би го бодил за исти пари од Мерцедес (А класа) или БМВ (1 серија).

    Околу Сатурнот, знам што е, сум бил во најголемиот ако не сум грешка - во Хановер, и во најголемиот Медиамаркт - Минхен. И во сите други низ сите големи градови во Германија и слични на нив продавници низ цела Европа - Monoprix Бенелукс, Pc World, Currys, Dixons (додека постоеше) и BestBuy (додека постоеше) во Англија, итд.

    Моето мислење е тоа - дека Асус се број 1 во изработка, не се лажам себе и немам зашто.

    Ти имаш Асус, Самсунг и Епл таблети 1 година? Активно ги користиш? Или квалитет на изработка значи само прва импресија, кога ќе го дрндаш во продавница 15 минути? Или квалитет на изработка е тоа што некој друг го кажал? Ако одговорот на првите 2 прашања е да тогаш ти дај своја оценка. Јас сум имал само Асус и супер ме служи.

    Епл се убави за дрндање, но не ме интересираат поради iOS-от - имам еден iOS уред и оперативниот не ми е по ќејф. Кога купував таблет немаше Сансунг нити реивјуата беа приближно добри како за мојот таблет. И денес уште ги фалат TF201 и TF700, за разлика од Самсунг таблетите кои искачаат на секои 2 дена.
     
  9. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,142
    20 Април 2007
    Машко
    Донеси го кај син ми Асусот да видам колку време ке биде читав...
    На ајпадот скока, јаде, спие со него, се бања, го влече по улица, го фрлакаде стигне и буквално не му е ништо...
    Асус и Самсунг немам, но не можам да ги споредувам со нешто што е поим за таблет...
    Тие можам да ги ставам една класа над кварцот кој во споредба со мпман, лидоман, нимфоман е над нив...

    Еве баш ке чекам да видам дали АМЦ ке дадат еден таблет, односно повеќе таблети на тест..Па да видиме што можат тие да направат, кои перформанси ке ги дадат...Еден по еден не се за ривју, рецензија...
    Три комада. Нека бидат, ете Асус, Самсунг, Епл...

    И за премиум брендовите ти кажав...
    Тие се мит...Поготово Лоеве кога го спомна...
    Нека се премиум на самиот врв, кога ке ми понудат цена квалитет и опции, да, ке бидат...А премиум да е премиум, затоа што пред 20 години бил премиум затоа што имал телетекст и бил стерео со вуфер, денес нема никад да биде тоа...
    Може само полека и сигурно да тоне, како титаник...
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,832
    5,016
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Членот shifty даде одприлика наjконцизна бенефит идеја. Од А до Ш да го послушате и тоа што xenon го кажа, било која фирма = Успех или на англиски Wins.
     
    На xenon и shifty им се допаѓа ова.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,413
    25,087
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @AMC DOO
    Празниците завршија а не добив меил за соработка...
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,443
    12,616
    2 Август 2012
    Машко
    Мене навистина ме чуди зошто се крева hype околу Loewe. Ваљда на помладиве генерации им звучи тренди...
    Ништо посебно.
    Гастербајтерите го носеа „на ангро“ заедно со Grundig, Telefunken и Philips ...сето тоа товарено во Аскона караван :)

    Ако веќе се плаќа за престиж тогаш нека биде Bang & Olufsen
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. smole

    smole
    Unstoppable

    3,014
    3,416
    18 Април 2007
    Не беше ништо околу Loewe конкретно, туку беше наведен како пример.

    B&O незнаев дека прават телевизори, кај нив у продавница се сеќавам дека имав видено телефони и аудио системи...
     
  14. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Zdravo Martin...
    Eve da ne ispadne deka lazam...ti prakjam mailot koj sum go pustil uste vo ponedelnikot...ama mesto Kalco otislo Klaco....Mozeme od ponedelnik da sedneme na kafe, da se zapoznaeme i nema problem.
    Eve go mailot koj sum ti go pratil vo ponedelnikot.
    To:


    [email protected]
    Wednesday, May 08, 2013 2:11 PM


    Здраво Мартин,
    По минатонеделниот муабет на форумот на www.it.com.mk еве те контактирам како што ветив да иницираме соработка, тестирање на почетно некој Quart производ па потоа да видиме каде таа соработка ќе не однесе. Претпоставуваме само ќе ја унапредуваме.
    Пиши како обично го правите тоа, како го земате хардверот од другите малопродажби, бараат ли некои посебни документи, реверс или слично. Доколку си заинтересиран, може да поминеш на кафе во АМЦ дирекцијата, ќе си направиме еден конструктивен муабет и ќе се договориме околу се.
    Во очекување на одговор
    Пријатен ден
     
    На xenon, Revan, SaleSk и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,142
    20 Април 2007
    Машко
    Еве јас ке си дадам за право да одговорам во името на Мартин.
    Мартин е презафатен во моментов и неможел да ви одговори.
    За таа цел слободно можете и мене да ме исконтактирате како член на администрацијата. Мејлот ке ви го оставам во порака, а уште од понеделник можеме да се видиме и да направиме муабет околу хардверот и начинот на кој тој се зема, тестира, прават ривјуа итн итн...
    Се извинувам во негово име...
    Се надевам ке наидете на разбирање што не бил во можност да ви одговори, но верувам дека тоа ке го стори веднаш штом ке биде во можност...
    Поздрав и проверете го сандачето за пораки. :)
     
    На krema и xenon им се допаѓа ова.
  16. win311

    win311
    Intern

    2
    0
    10 Јули 2013
    Машко
    Поздрав до сите,
    скоро два месеци нема нови информации.
    што биде со очекуваната рецензија на Таблети од АМЦ ?

    Ајде мал совет
    кој од овие модели би бил подобар избор:
    http://set.com.mk/index.php?route=product/product&product_id=37894
    http://set.com.mk/index.php?route=product/product&path=1003_41&product_id=38364
    http://set.com.mk/index.php?route=product/product&product_id=38271

    Ви благодарам.
     
  17. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,773
    4,328
    20 Февруари 2011
    Машко
    @win311

    Asus Memo i Asus Eee Pad kolku sto vidov se isti vo pretformanci znaci bukvalno isti...10.1" IPS 1280x800 , 1.2Ghz Quad cpu , 1GB DDR3L, Tegra 3
     
  18. win311

    win311
    Intern

    2
    0
    10 Јули 2013
    Машко
  19. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,996
    6,769
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер

    Мај 1-ви - Септември - 18 уште чекам апдејти?
     
    На smole и bobi2006 им се допаѓа ова.
  20. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,389
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    И ке чекаш и ке дочекаш.
     
  21. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Се откажа АМЦ на 25ти мај 2013.

    Тнки нерви.

    Лец фејсит, Кварт, ЛДК, Белдека и сите дребулии се очајни обиди.

    Народ нека си се држи до познати брендови, за малку повеќе пари има оправдан квалитет.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  22. smole

    smole
    Unstoppable

    3,014
    3,416
    18 Април 2007
    Za tie malku poveke pari imas i oficijalna i neoficijalna poddrska(xda)
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    432
    353
    25 Мај 2013
    Машко
    Добро луѓе и што бидна со тестовиве од амц!Ја прочитав цела тема и не разбрав ништо.Ќе дадат ли некој производ на тест или не?
     
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.
  24. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,773
    4,328
    20 Февруари 2011
    Машко
    Same here... cela tema ja procitav i pak nisto ne najdov... @SaleSK so bidna more :)
     
  25. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,142
    20 Април 2007
    Машко
    Не бидна ништо...Требаше да се видиме, да добиеме некој производи, но веројатно луѓето се зафатени и во моментот сме на стенд бај...Штом имаме зелено светло, и штом ке имаме повратна информација за производи кои можат да се земат на тест, ке ги земеме и ке ги споделиме информациите со сите вас :)
     
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...