1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Vashe iskustvo so Quart QP990 Tablet.

Дискусија во форумот 'Преостанати мобилни уреди' започната од Ingyar, 25 Април 2013.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Членот исчезна без да сподели бесплатници (freebies?) на домашните! Камо маус падче (од 6мм, не оние лошите), маусче (1800 дпи мин.), по некое промотивно ССД или сл. Со празни раце газда в'куќи не влегвит!

    Очекуваме грандиозен настап од АМЦ утре. Не вака на мала врата. :)
     
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,188
    758
    8 Мај 2010
    Машко
    ^ this!!
     
  3. shifty

    shifty
    Модератор

    1,002
    1,304
    5 Септември 2009
    "Лекичко" момци празник е денеска :) ви се тера вас chat нешто сте запиле пред компјутер :cool:

    Шалата настра не би било лошо да се направи некоја рецензија на нешто од Quart (или како и да се вика оригиналниот произведувач) барем на деловите кои продавачот смета дека заслужува вниманиe (претпоставувам дека некој од моделите има IPS панел со некоја интересна цена/гаранција). Ова погоре секако доколку во случајот AMC се нафати да отстапи нешто за рецензија :)

    Што се однесува до AMC и до другите продавачи/препродавачи/увозници на големо би било убаво да се видат делови од NZXT/Bitfenix/EVGA кои веќе ги има во соседството (интересно би било кога би имало нешто во стилот на EVGA upgrade/step-up или како и да се викаше опцијата да се зема нов хардвер со доплата и замена од претходниот модел земен од EVGA секако во одреден период) како и да се запазат промоциите кои ги нудат AMD/NVIDIА (free игрици и софтвер кои не одат во retail пакувањето туку отпосле со регистрација на продуктот преку authorized reseller како што има кај соседиве и ширум светов) ... just saying :)
     
    jumayli, prichina, bate mile и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,444
    12,617
    2 Август 2012
    Машко
    АМЦ избрал да не биде логистичка подршка на големите произведувачи и да си тера бизнис со свој бренд. Тоа е супер!
    Мистеријата наречена Quart конечно доби епилог со вклучување на ценетиот маркетинг откако беше осуетен баш на овој форум.
    Некој локален форумски душегрижник им јавил и сега #демант.
    Зошто им требаше толку време „официјално“ да признаат? Се срамевте од своето чедо? Зошто ако толку верувате во својот бренд давате само една година гаранција?
     
    На prichina и xenon им се допаѓа ова.
  5. shifty

    shifty
    Модератор

    1,002
    1,304
    5 Септември 2009
    заборавив да додадам ... SilverStone!!!
     
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Fractal Design,
    Lian Li,
    етц.

    Еден куп работи може да се донесат за АМЦ да биде интересна станица за гикови.
     
    На Teget, prichina, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. bate mile

    bate mile
    Gaining Experience

    412
    205
    4 oктомври 2011
     
  8. maci

    maci
    On your way to fame

    2,898
    639
    2 Април 2008
    малку е 5% попуст.
    со 15% би го свртеле вниманието на сите членови.
     
    На prichina и krema им се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,195
    24 Јуни 2009
    Машко
    Скоро секој заинтересиран купувач во продавница кога ке праша дали може да добие некаков попуст, добива позитивен одговор од 5% попуст, така да мислам дека maci е во право и дека форумски попуст би требало да биде 10% или повеке !
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jumayli

    jumayli
    Баниран/a

    192
    111
    21 Март 2013
    Машко
    слободен уметник
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,003
    6,784
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Аууу овде драма се дешавала а мене нема.

    Дечко PR (иначе се преведува односи со јавноста) не зимај се така здраво за готово. Повеќе беше на шала мојот пост за фалц веб страната.

    Веб страната како таква нема да ми го промени моето мислење кон АМЦ ни на полошо ни на подобро, а генерално моментално не е многу добро, пред се ради други причини што колегита погоре ги објаснија многу убаво.

    Сречни празници.
     
    prichina, xenon, Vojvoda и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    Lian Li има(ше) во RHS.
     
  13. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Odgovoreno gore, Xenon...

     
    prichina, Vojvoda, xenon и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,036
    1,643
    30 Мај 2010
    Се друго ми одговоривте како што треба, е сега малку да се навратиме на ова прашање.



    Никој не кажа дека се треба да знаат, ама ако веќе го работиш тоа, барем потруди се да го дадеш најдоброто од себе. И таа мала презентација околу уредот нека биде точна, а не на памет издиктирано што нема врска со уредот.
    Овие критики се за старата продавница која ја имавте во Куманово (сега во новата не сум ни отишол да прашам нешто бидејќи некултурно ми се однесуваа)
    И спомна обуки и нови технологии. Каква е таа обука ? Правилно да изговара термини или да знае кој што значи и како функционира ?

    А кога ги спомна CV-ата од форумџии.
    Во Куманово пред 3 години кој ви беше главниот шеф на сервис ?
    Дали имаш претстава колку пати има отидено мој пријател и да праша за работа кај вас, а од Шефот не доби ниту "Да" ниту "Не". Едноставно продавачите/продавачките го правдаа као демек, на одмор бил 3 дена, па на терен, па пријателот не дошол во неговата смена, па број да остави ќе му се јави, па да му пише на мејл и на крај пријателот сам се откажа од намерата.
     
  15. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Ок Друже. Респект за искреноста. Тука сме да се обидеме да го промениме твоето мислење на подобро. Поентата ни беше, и ние неколку пати ја објаснивме, дека немало ништо тајно, ништо лажно, ништо скришно. Значи само ги демантиравме шпекулациите со фактите. Инаку, те очекуваме во АМЦ...Отворени врати, најголем избор на производи, најдобри цени.
     
    Necromancer, prichina и на SaleSk им се допаѓа ова.
  16. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,036
    1,643
    30 Мај 2010
    Знам за новиот салон и по твоја иницијатива ќе поминам да разгледам што се нуди во него.

    За минатото и јас не би сакал да се навраќам туку гледаме кон сегашноста и иднината.
     
  17. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Супер, ќе очекуваме. Пријатни празници
     
    На Vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,444
    12,617
    2 Август 2012
    Машко
    Друже ова - друже она! Дали си PR на АМЦ или газда за мене е небитно!
    Што се однесува до мене, овде на форумов сме рамноправни во дискусијата и од другата страна може да се најдува и Пепелашка..за мене е небитно.
    Само напред...
    Јас пак мислев дека е Сет
    Нели е ова само твое субјективно мислење?

    Мислата ми беше, не да те џишнам во живец, туку да укажам дека често фирмите (секаде) ја одработуваат работатата за големите брендови - од рекламирање па се до сервисирање со срамотно мали маржи од макс. 20% и тоа наметнати баш од истиот бренд.

    Фала! Телевизор(и) купив од Грција (Sony) затоа што ми е блиску (од Битола сум) и башка си направив поврат на данокот. И за да не ти биде мисла. Телевизорите, заедно со данокот, беа поефтини за едно 20-30% поефтини од овде. Да не речам од АМЦ
    Ако ти е сатисфакција, баш, од кај вас имам купено 4 (четири) клими Vivax....така да „пласирањето“ дека сме злонамерни не ти е одржливо!

    Господине!! Не!
    Нема! Те молам одвои од своето ценето време и запосли го пребарувачот на форумов да видиш како по „цел ден“ пекаме да се најде ербап и да почне да носи брендови од рангот на Cooler Master, Asus...а тоа да не биде само Сет.
    Кога сме кај Сет разбарај да видиш каква вербална артилерија се користи против нив па потоа врати се и речи дека сме злонамерни.
    Овдека се случуваат такви бизарни работи што ги нема никаде во светот! Зошто?
    Па, имаме членови кои им пишале на Anhoch конечно да носат од брендовите споменати погоре а од таму добивме нешто во стилот „Ние готвиме вака! Ако ви се допаѓа јадете ако не..... ***се“
    Да молиш трговец да си ги потрошиш парите кај него! Ете ова е К-15-совска ситуација!
    Лани лето имав „хаварија“ ...хитно ми требаше кулер. Не ултра скап, не ултра напреден но ..ај..да не биде трактор. Појдов во АМЦ и - нула бодови!

    Претеруваш
    За жал, ќе верувам.
    Пак претеруваш!
     
    На Necromancer и uwemi им се допаѓа ова.
  19. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
     
    prichina, xenon и на Vojvoda им се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @AMC DOO Доколку сте заинтересирани да ви правам рецензии на ваши производи пишете ми приватна порака или на [email protected] да се договориме. Мој блог http://it.com.mk/author/martinrajovski/

    Поздрав.
     
    На SaleSk и xenon им се допаѓа ова.
  21. AMC DOO

    AMC DOO
    Intern

    16
    48
    1 Мај 2013
    Машко
    Тоа е тоа за што се залагаме цело време. После празниците те конактираме.
    Пријатни празници на тебе и сите на it.com.mk
     
    prichina, Vojvoda, NecrotoX и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ќе те викаме Зоки, као хаусхолд нејм - официјалниов Доо Ооел Мртв никнаме е ок ама е многу официјален и ако седнеме да персираме ќе се збуниме :).

    E значи Зоки, некои тука користат и темна (темно сива) тема и тие напнати бои кои ги користиш при реплицирање не се баш пријатни за читање на темната тема. А нас, побајаги не има што ја користиме баш таа темната.

    Јас го разбирам Зоки што сака да продава компјутери на тетки, стринки и чичиња - не сите купуваат 3930к, 3770к, Cosmos 2 итн. Но ние не велиме на Зоки да донесе 100 парчиња 3930к или 100 модели од некоја нич фирма. Ние сакаме 3 парчиња или 2 или 1 од нешто убаво и ексклузивно, за ние да дојдеме, да купиме и да пратиме абер по фамилиите дека АМЦ се ок.

    Исти бизнис модел има и Сет и Анхоч. Премиум процесори, најголеми дискови (3-4ТБ), најскапи графички (Titan - ја има во сет 3 дена после светско претставување - макар и да донеле само 1 парче!) се носат во мал број да се привлече кремот - елитата (во случајов на ИТ) ако така можам да ги наречам.

    Исто прави и мерцедес, и бмв, и секој бизнис модел (го знаеш добро ти тоа ако си студирал маркетинг/менаџмент...или ако имаш common sense). Затоа и се натпреваруваат во Формула 1, затоа и вадат модели што чинат 100,000 - 1,000,000 евра а најголем број од профитот го остваруваат со најефтините модели.

    Затоа, не поминува и не држи вода чисто оптимизација само на профитот и играње со маргини до бесвест - тоа е краткорочно размислување посебно во клима на консолидација на пазарот и кристализација на играчите и воедна диверзификација на посточките играчи во однос на нивниот бизнис модел. Со тој памет - и тие што оделе за ТВ во АМЦ сега ќе одат во СЕТ (затоа што ете сега и Сет кој најверојатно преку Нептун, како нивно прокси носи ТВ + Перални + Бидеа + ВЦ школки...) и притоа ќе видат и по некое убаво екслузивно парче компјутерска опрема. Исто ќе биде и со тетките и стринките кои ќе одат во Сет да купат пегла за коса, дилдо и сл.

    Ако ги игнорирате љубителите на ИТ технологијата со цел да го максимизирате профитот, на долги стази полека и сигурно губите и голем дел од останата клиентела. Експоненцијално се зголемува бројот на компјутерски едуцирани луѓе. Мајка ми на 55 години научи на ПЦ да работи и на Android телефон - Samsung Galaxy Note. Мадафака е со него.

    Ме мрзи да пишувам повеќе, еве совет:

    - Има доста интересни куќишта за Mini ITX плочи како BitFenix, Cooler Master Elite 120, некои модели на Fractal и сл. Во Европа моментално бум прават Mini-ITX плочи, а плочи и куќишта нема ни за лек. Донесете солидни мини ITX модели на плочи и куќишта и ќе бидете кул.
     
    На Teget, Necromancer, jumayli и уште 7 други им се допаѓа ова.
  23. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,289
    2,599
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    АМЦ можеби нема да има профит ако ги донесе EVGA, XFX, Zalman, ThermalRight но ќе добие на реноме и препорака од ИТ ентузијастите на нивните пријатели, познаници, роднини... Од бизнис логика за брз профит може не држи вода, од егзотичните производи нема да имате профит, но индиректно може и те како да има влијание.

    Едит: Ме претрка xenon, и убаво го срочи она што јас сакав да го кажам.
     
    На SaleSk и xenon им се допаѓа ова.
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,444
    12,617
    2 Август 2012
    Машко
    Друго делува кога ќе влезеш во продавница и видиш само Spire а друго кога од некоја застаклена витрина ти се смешка Noctua а уз кафе некој гик ти објасни дека Noctua е само за одлични :)
    Јас го разбирам твоето излагање во врска со Quart но треба да знаеш (а знам дека знаеш) Quart е за одредена таргетна група на потрошувачи.
    Тргањето на паралели со iPhone како „сатисфакција“ производ наменет за „збеснати“ од пари со купувањето на поефтин уред не ти држи.
    Не се работи само за марката (иако во суштина само брендот го плаќаме) туку и за навики. Некој цел живот купува Форд иако знае дека е неквалитетен и дека за помалку пари може да вози KIA (немам намера да увредам некого)
    Значи, овдека влегуваме во територија на чист маркетинг и можеме да си ламентираме 100 години.

    Среќни празници и поздрав до сите!

    F
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  25. smole

    smole
    Unstoppable

    3,014
    3,417
    18 Април 2007
    Честитки за потегот на АМЦ што реши вака да комуницира со нас за разлика од некои други брендови (форумџиите знаат кои).

    Јас го разбирам Зоки кога викаа дека има помалце и обрт и профит кога продаваш поскапи/high end делови и уреди наспроти продажба на low/mid range делови и уреди, и тоа е сосема ок бидејќи неговата компанија како и секоја друга постои првенствено за профит, а ако узпат корисниците се задоволни од понудата супер, ако не ќе си најдат друго чаре, иако во учебниците по маркетинг стојат обратно работите по "најновите сфаќања на маркетингот".

    Ама ова го разбирам само некој кој е во трговијата (без желба да звучи претенциозно). Тој што не е, не го конта овој момент. Затоа муабетите со - донесете EVGA, NZXT, Fractal и слично се излишни - а доколку се донесат ќе има само по некое парче па тогаш муабетот ќе биде "види ги бе, ги донеле баш тие модели што не ми се свиѓаат". Башка превозот и малтретирањето за носење само на неколку парчиња би чинело премногу, без тука да го спомнувам вклучувањето во дистрибутивните канали на погореспоменатите производители.

    Јас намислив да земам Fractal, отидов до Грчка и го земав. Крај на прикаската. И они го немаа на лагер ама ми рекоа за 3 недели дојди и подигни го. Муабетите "ама до Грчка патот не е беспари, поише ќе ти се фати" немојте да ги правите пошто чим сакате некоја "егзотична" марка хардвер значи дека сте спремни истата и да ја платите.

    Или соберете се вие неколку и донесете EVGA, NZXT, Fractal, напрајте лагер и чекајте некој да дојде и да ви купи.

    Со ова никој нејќам да нападнам/бранам ама реалноста е таа, неколкупати истово го имам пишано ама изгледа џабе е.

    Е сега и до Зоки нешто:

    Стотината повеќе евра кои ги спомнуваш како разлика помеѓу многу сличен производ која ја плаќаш за "емотивното искуство" не се само тоа. У што сакаш ќе се кладиме дека Asus таблет и Quart таблет нема да се исти, ни приближно слични во многу работи, почнувајќи од софтверски апдејти до камера, тач, процесор и слични, макар биле 100 евра ценовно оддалечени? Ти го сфаќам работното место и дека од таму вадиш леб но не заборавај дека тука не сме нубови и знаеме да читаме англиски, па следствено на тоа и ги пратиме сите странски сајтови за ИТ новости и рецензии. Кога им се случува на Samsung и Asus да имаат утка во retail везрзиите на некои од производите, што остана за другото.

    Јас конкретно имам Asus Transformer Prime точно 1 година, и иако дадов доста пари за него нема шанса да купам Quart за 300-350 или колку и да е евра. За помалце пари би зел Nexus 7 и готово. На реверс ми дадоа ST мислам беше или MID таблет од Set. Не го ни уклучив бидејќи знев дека само ќе се нервирам и ќе работам на Android 2.3, за разлика од мојот таблет кој шиба на 4.1.

    Муабетот со Сони телевизорот од Грција и патриотизмот не ти држи вода (иако те разбирам дека повеќе би сакал истиот да е купен од АМЦ отколку од Солун). Од еден повеќе продаден телевизор нема сигурно да се спасат од кризата, и ако имаш податоци пиши ми ако сте го имале/имате Sony KDL-46HX750 и колку коштал истиот во Август 2012 кај вас, па после јас ќе ти пишам по колку ги земав двете парчиња од Солун. Ќе видиш дека е голема разликата, и иако гаранцијата можеби и не важи тука пар стотини евра на секого му прават разлика.

    И не ги нарекувај Panasonic, Philips и на нив сличните премиум марки. Премиум се Loewe.
     

Сподели

Вчитување...