upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    334
    237
    4 oктомври 2011
    Машко
    /
    Не грешам ги проверувам сите трансакции после плаќање на сите има наплатено помеѓу 10-30 денари без разлика на цената која сум ја плаќал
     
  2. Spectral Block

    Spectral Block
    Intern

    17
    10
    27 Мај 2017
    Машко
    Чисто дополнителна информација.
    Мислам дека не грешам.
    Кога станува збор за трансфер од Upwork на PayPal, ти наплаќаат само 1 $.Мислам дека е уште така ( се однесува до 19 Јануари 2018 ).
    Кога станува збор за банков трансфер, Upwork ти наплаќа 30 $ фискно и некоја мала провизија ја плаќам на македонска банка ( и тоа банките се многу чудни. Некогаш наплаќаат 300 денара, некоаш ништо а генерално сумата што ја префрлам од Upwork е секогаш иста).
    Оваа информација е чисто да знаете ако планирате да користите македонска банка или PayPal.
     
  3. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    269
    224
    10 Јуни 2011
    Машко
    Неможам да разберам зашто го спомна PayPal во твојот случај ? како е поврзан ПејПал со провизиите спомнати погоре ?
     
  4. Ragnar

    Ragnar
    Gaining Experience

    359
    363
    9 Декември 2015
    Машко
    Од каде ти е картичката? брендирана од oDesk, Fiverr? Или обична?
     
  5. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    334
    237
    4 oктомври 2011
    Машко
    /
    Како што му пишав за Payoneer ... сам си ја извадов картичката а и мислам дека не постои таква опција сега со Upwork, преку нив да вадиш картичка.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ragnar

    Ragnar
    Gaining Experience

    359
    363
    9 Декември 2015
    Машко
    Све бива. Ако ти тера така вози си :)
     
  7. King Kong

    King Kong
    Intern

    37
    6
    23 Септември 2017
    Машко
    Само што се регистрирав на upwork и не сфаќам која е логикава со задолжително внесување на своја слика, без наочари итн. Не може поинаку со друга слика?
     
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,313
    20,770
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    А што е толку проблем да ставиш слика?
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ragnar

    Ragnar
    Gaining Experience

    359
    363
    9 Декември 2015
    Машко
    Без гајле, не е ова дејтинг сајт:)
     
    На wolverine и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  10. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,592
    2,387
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Тоа со слика им е нешто ново сега, мене уште ми стои смешен аватар од времето ставен уште кога беа Odesk :D
     
  11. Ragnar

    Ragnar
    Gaining Experience

    359
    363
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    Mислам дека грешиш. Кога се зачленував на oDesk на времето исто ми бараа слика за да бидам verified. Како и да е, ставањето слика е тука за да го направи сајтот да изгледа професионално.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    761
    624
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Веќе неколку години е задолжително да имаш слика. Почнаа да прават и видео повици за верифицирање на сомнителни профили.
     
    На mkextremer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,592
    2,387
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Јас го имам профилот од 2010 и не знам од кога почнале да бараат слика зашто од тогаш не сум правел нов профил и сега дознав за ова. А сеуште ми стои аватарот што го ставив тогаш и никој не ми побарал да го сменам.
     
  14. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    761
    624
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Моментот кога ќе се пожали некој за нешто, или ако контактираш техничка поддршка или постираш на форумот, или на рандом проверка, одма ќе ти го замрзнат профилот додека не поставиш слика, а може и да те маткаат да го верифицираш акаунтот пак.

    И јас кога го правев акаунтот немаше вакво нешто, но кога почнаа сериозно да си ја сваќаат работата со скамери кои отвараат еден тон профили воведоа задолжителна слика, и верифицирање на акаунтот со лична карта или пасош.

    Сепак апворк е место за нудење професионални услуги, смешно е да се криеш позади некаква си анонимност и да очекуваш луѓе да те платат добро. Во секоја продавница вработените носат идентификација на врат.
     
    esquimaux, NecrotoX и на l1d0v1c им се допаѓа ова.
  15. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,592
    2,387
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Да не бидам сфатен погрешно јас немам ништо против да има вистински слики, како што кажав профилот го направив одамна и тогаш најлесно ми било да ставам аватар, а и веројатно не сум ни размислувал за тоа, сум го ставил ради реда. Само ме зачуди дека направиле да е задолжително а мене ми стои аватарот. Сега откако дознав за ова сигурно дека нема да чекам да ми забележат, ќе си ставам некоја лична слика, ништо страшно :).
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    732
    601
    27 Јуни 2012
    Upwork е сериозна работа, нормално е да бараат добро да ти биде среден профилот :D
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  17. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    852
    305
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Здраво,

    Дали само мене ме нервираат клиенти што постојано нешто прашуваат и бараат да им се објаснува?
    Сега што закачив еден клиент нонстоп е на чат, тоа ме нервира и деконцентрира, повќе со него пишувам отколку што работам.
    Дали вас ве нервираат вакви клеитни?
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    813
    649
    4 Февруари 2014
    Машко
    Ако веќе имате contract не гледам никаква причина зошто да не пишуваш со него, над сето тоа ако пишуваш повеќе со клиентите = поголем job success score
     
  19. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    460
    1,597
    27 Јануари 2014
    Машко
    Направи си договор со клиентот кога си слободен за брифинг. Јас така имам направено и секој Понеделник и Петок имаме разговор на скајп, и често забегуваме со приватни разговори, ама тајм тракерот си работи. Не треба никаков проблем да имаш со ова.
     
    На BEST и artweb им се допаѓа ова.
  20. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    852
    305
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не викам да не пишувам, мора да постои комуникација со клиентите, но мислам дека таа треба да биде професионална.
    Буквално тој дреме на чат нон стоп некакви глупости ме прашува. Не ми останува време да работам, ептен замара.

    Ми се допаѓа идејата, фала.
     
    Изменето од модератор: 18 Јули 2018
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  21. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    582
    1,087
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    @artweb

    Доколку бара да му се објаснува што и како работиш, фино лепо дај му додатна понуда за Mentoring (while working) и решен проблем. Неколку пати ми се има случено да ми бараат клиентите што како правам, што користам и слично. На сите истото им го предложувам и до сега два-тројца имаат прифатено и стрикно комунициравме преку скајп со shared screen. Горе-доле додавам уште половина од сумата што сме ја договориле (ако е $1000, плус $500. На тајмер, колку му објаснуваш толку, али ќе искочат уште троа саати веруј)
     
    На Arabian и artweb им се допаѓа ова.
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,313
    20,770
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ко што ти кажаа... што сака нека прашува, саатница си врти
     
    На BEST и artweb им се допаѓа ова.
  23. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,379
    544
    3 Мај 2010
    Машко
    Имав таков еден - рекордер. Низ годините сум имал стотици клиенти ама тој беше легенда. Актер(колку го бивало...) + Дигитален маркетер. Од Калифорнија беше и ќе станеше околу 10(негово) и веќе во 6-7 попладне мое мора да пише на скајп(не беше од upwork инаку). За секој најмал дел ќе пише, ама ај тоа муабет му се прави а бара да работам а и бара да знае што точно функционира на најмал код. Окапував до 2-3 ноќе.
    Најлошото е што не само пишуваше и ќе му текнеше некоја итна работа(идеја) во 3 кога само што сум легнал и ете го врти на скајп ме буди.
    Најчесто ќе му текнеше некоја фикс идеа и ме прашуваше дали и како може да се направи и што со тоа(ќе му текнеше нешто, па ќе се префрли на нешто друго итн) и додека разберам што сака и дали може тоа да се направи отишле неколку саати. И секако сакаше експрес брзи резултати, а ако нешто не бива одма да се жали кај мене(иако јас не сум одговорен што прави).
    Работев со него се додека не му побарав допочнителни пари за дополнителното време за анализи на неговите идеи(на fixed-price бев договорен) и кога намали со проекти а продолжи да му се прави муабет(неможев да се посветам и на други клиенти).
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  24. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    852
    305
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    И мојот е таков, плус ме прашува за спорт, политика, што сум мислел за спорот со името, за светското првенство, дрн, дрн.
     
  25. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    460
    1,597
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ако де, напиши му 20 страни у ворд што мислиш за спорот, ама нека тера тајм тракерот и немаш гајле.
     
    На BEST и artweb им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...