FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.627
- 19.384
Е, ова е реклама и тоа добра*********
Уред на проба, без да мораш да даваш литар крв и DNK за анализа
Широкоградо и добар гест!
Е, ова е реклама и тоа добра*********
Е, ова е реклама и тоа добра
Уред на проба, без да мораш да даваш литар крв и DNK за анализа
Широкоградо и добар гест!
Ајде јас да го напишам моети искуство со JVS Net.
Го исконтактирав членот Synology MK, за да се распрашам за цените, модели, совет и слично. Ми одговори на сите прашања за на крај да побарам тест вожња на уред, кај мене дома.
Се согласи да и го даде на реверс, само со лична карта без капар и слично (иако јас понудив, чисто за негова сигурност).
Дојдов утредента, здраво - здраво јас сум тој и тој, бујрум уредот, ми запишаа податоци за реверс и ми го дадоа.
Дома го однесов, ги инсталирав драјвовите и почна да се прави РАИД-от. Уредот (411+) си беше супер - нема кабли туку ХДД-ата идат директно во слот, case-от е малечок и релативно тивок. Правев мои тестови за да видам како работи, и мора да признаам работи побрзо (трансфер брзините) од мојата Фринас кутија.
По два дена го вратив, го палиме - не работи. Цркнала меморијата од ноќеска до сабајле. Човекот донесе друга, ја стави и се си работеше како што треба. Нити ми мрчеше нити ми бараше пари, ни караници ни тепачки.
Си направивме поштен муабет, му се заблагодарив на гестот си се поздравивме како луѓе и тоа беше тоа.
Ова беше моето искуство со нив - крајно позитивно во секој поглед, радо би правел бизнис со нив. И човекот и фирмата си се на место комплетно.
За уредот немам лош збор - феноменален мал уред кој совршено си ја врши работата. Конструкцијата негова, големината и неговиот софтвер се топ. Секој што ќе рече другачје - јаде гурабии.
Ова беше мое видување на работите, крајно непристрасно бидејќи првпат во животот го видот човекот, не сум никако поврзан со него и морам да кажам дека е вистински професионалец. Прав пример за како се води бизнис и се однесува кон клиент, макар и потенцијални.
Браво! Пофалба за СинолоџиМК!
Во план сум да земам некој од Sinology уредите... имам едно прашање кое би ги интересирало и другите па затоа овде ке го поставам.
Дали може на пр. DS213air или другите DS уреди, да се користи веќе регистриран домеин.... пр. www.ime.mk или мора да се користат бесплатните сервиси за домеини.
Кои HDD ги препорачувате или со кои имате до сега најдобро искуство.
Благодарам.
Во план сум да земам некој од Sinology уредите... имам едно прашање кое би ги интересирало и другите па затоа овде ке го поставам.
Дали може на пр. DS213air или другите DS уреди, да се користи веќе регистриран домеин.... пр. www.ime.mk или мора да се користат бесплатните сервиси за домеини.
Кои HDD ги препорачувате или со кои имате до сега најдобро искуство.
Благодарам.
И јас имам крајно убави искуства со JVS Net. Дечките се одлични... исто и девојката![]()