Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Synology Makedonija на FB....

smole

poweruser
18 април 2007
3.910
4.591
Е, ова е реклама и тоа добра
Уред на проба, без да мораш да даваш литар крв и DNK за анализа
Широкоградо и добар гест!

Да, како реклама му доаѓа. Одлично искуство кое сакав да го споделам со вас, ретки се ваквите луѓе и фирми во МК.
 

Synology MK

hello world
21 април 2012
56
69
ЈВСНет ДООЕЛ
www.jvsnet.com.mk
Ајде јас да го напишам моети искуство со JVS Net.

Го исконтактирав членот Synology MK, за да се распрашам за цените, модели, совет и слично. Ми одговори на сите прашања за на крај да побарам тест вожња на уред, кај мене дома.

Се согласи да и го даде на реверс, само со лична карта без капар и слично (иако јас понудив, чисто за негова сигурност).

Дојдов утредента, здраво - здраво јас сум тој и тој, бујрум уредот, ми запишаа податоци за реверс и ми го дадоа.

Дома го однесов, ги инсталирав драјвовите и почна да се прави РАИД-от. Уредот (411+) си беше супер - нема кабли туку ХДД-ата идат директно во слот, case-от е малечок и релативно тивок. Правев мои тестови за да видам како работи, и мора да признаам работи побрзо (трансфер брзините) од мојата Фринас кутија.

По два дена го вратив, го палиме - не работи. Цркнала меморијата од ноќеска до сабајле. Човекот донесе друга, ја стави и се си работеше како што треба. Нити ми мрчеше нити ми бараше пари, ни караници ни тепачки.

Си направивме поштен муабет, му се заблагодарив на гестот си се поздравивме како луѓе и тоа беше тоа.

Ова беше моето искуство со нив - крајно позитивно во секој поглед, радо би правел бизнис со нив. И човекот и фирмата си се на место комплетно.

За уредот немам лош збор - феноменален мал уред кој совршено си ја врши работата. Конструкцијата негова, големината и неговиот софтвер се топ. Секој што ќе рече другачје - јаде гурабии.

Ова беше мое видување на работите, крајно непристрасно бидејќи првпат во животот го видот човекот, не сум никако поврзан со него и морам да кажам дека е вистински професионалец. Прав пример за како се води бизнис и се однесува кон клиент, макар и потенцијални.

Благодарам за добрите зборови, ретко искраено видување на работите. ЈВСНет и понатаму останува посветен кон корисниците иако во меѓувреме имаше и "лоши" коментари.Ако за било што имате потреба од помош, а ние може тоа да го направиме слободно обратете се до нас.

Благодарност и до сите кои се вклучија во овој разговор.

Поздрав од екипата на ЈВСНет.

Браво! Пофалба за СинолоџиМК!

Благодариме !
 

imperial

user
12 август 2009
1.420
2.054
Скопје
www.rop.mk
Во план сум да земам некој од Sinology уредите... имам едно прашање кое би ги интересирало и другите па затоа овде ке го поставам.
Дали може на пр. DS213air или другите DS уреди, да се користи веќе регистриран домеин.... пр. www.ime.mk или мора да се користат бесплатните сервиси за домеини.
Кои HDD ги препорачувате или со кои имате до сега најдобро искуство.

Благодарам.
 

Synology MK

hello world
21 април 2012
56
69
ЈВСНет ДООЕЛ
www.jvsnet.com.mk
Во план сум да земам некој од Sinology уредите... имам едно прашање кое би ги интересирало и другите па затоа овде ке го поставам.
Дали може на пр. DS213air или другите DS уреди, да се користи веќе регистриран домеин.... пр. www.ime.mk или мора да се користат бесплатните сервиси за домеини.
Кои HDD ги препорачувате или со кои имате до сега најдобро искуство.

Благодарам.

Доколку сакате да го користите маил серверот на некој од уредите на Synology, може да ги користите и постоечките регистрирани домени како и слободните. Имате неколку различни инсталации, од кои една е официјална да другите се работени за него (Zarafa). Ако веќе избирате модел кој ќе работи како маил сервер, тогаш по мене најевтина верзија би била DS213 (аир е ист со DS212ј само има Wi-Fi). Секој уред на Synology може да се направи air, со додавање на одреден модел на Wi-Fi УСБ мрежна карта. Според нашето искуство, најисплатлив однос цена/перформанси имате на дисковите:

Western Digital WD20EFRX WD RED 2TB 3.5IN SATA 6Gb/s
Western Digital WD30EFRX WD RED 3TB 3.5IN SATA 6Gb/s

Ако ви треба уште некоја информација слободно пишете на [email protected]
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.910
4.591
Во план сум да земам некој од Sinology уредите... имам едно прашање кое би ги интересирало и другите па затоа овде ке го поставам.
Дали може на пр. DS213air или другите DS уреди, да се користи веќе регистриран домеин.... пр. www.ime.mk или мора да се користат бесплатните сервиси за домеини.
Кои HDD ги препорачувате или со кои имате до сега најдобро искуство.

Благодарам.

А околу ХДД - WD Red е правиот хдд за твојата потреба.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно