Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Имаш право. Можеби е неблагодарно што така му предложив на членот пошо никој од нас не му ја знае фактичката ситуација освен ако самиот не ни каже. Впрочем јас се раководев од мојата склопка на која сите бушони се со иста ампеража и дека досега сум немал никаков проблем. Но како и да е намерата не ми беше лоша.;) Во крајна линија членот може да си се обрати кај електричар и тој да му предложи најдобро решение. Јас само го споделувам моето искуство и како функционира мојата склопка. На крајот на краиштата тука сме секој да си изнесе свое мислење и секој да одлучи дали нешто од тоа ќе се прифати или не, нели?:)
Така е за мислењата, ама па не значи дека треба да даваме мислења ако нема основна електрична логика во нив. Изјавата „Ако менуваш гледај сите бушони да ти се со иста ампеража.“ е генерално земено погрешна.
Мострата може да е грешна освен ако некој претходно му чепкал во бушоните.:p
Или сам мењал некој, му се нашол у момент послаб/појак да заврши моментално работа и заборавил. Привремено решение од траен карактер стил на работа.
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
1) Ако постарите биле подобри, немало овие новиве да станат толку популарни, туку сите коа ќе праеле нешто ново, ќе барале да стават од старите и уште ќе постоеле и ќе се произведувале. Иам од овие осигурачи на неколку места и знам дека буквално на секое идење у продавница се помалку и помалку производи има поврзани за нив;

2) Некој ти предложи да земеш од Бриколаж, ама таму се доста скапи, знам дека ја скоро се зезнав ама ми требаше итно, мислам дека ~50 денари беа парче. Сличен е случајот и со други продавници слични на нив (Меркур, Алфи, Хубо и сл.) Мислам дека Електрометал беа нешто поефтини, околу 30 денари, ама таму веќе тешко се наоѓаат;

3) Пред некое време, барајќи друг производ, најдов една продавница у Ѓорче, со прифатливи цени за овие осигурачи (20-30 денари), е сеа не знам како се со залиха. ПАТРОН Д2 16А – BDS

4) Уопште не е добра ни точна практиката да се стави таков осигурач како што стаил некој претходно пошо шансите да е погрешен се отприлика 98% :) Исто така, не знам која е науката позади тоа некој што спомна „Сите осигурачи да ти се исти“, буквално можам само да се :ROFLMAO: Наместо тоа, извади го осигурачот, светни внатре и ќе видиш има како едно прстенче, на него пишува која јачина на осигурач иде таму. Најчесто идат 10А на осигурачот за светло, 16А за се друго и 25А на главна табла. Ама ова не е правило, некогаш знаат некои осигурачи да бидат и по 20А, особено ако некој нешто мењал у инсталацијата, за тоа, ти кажав најпрецизно како да видиш.

Толку од мене, ај чао.
 
18 август 2019
1.229
1.204
Ако менуваш гледај сите бушони да ти се со иста ампеража.
Не со вакви изјави. Ова е опасно.

Така е за мислењата, ама па не значи дека треба да даваме мислења ако нема основна електрична логика во нив. Изјавата „Ако менуваш гледај сите бушони да ти се со иста ампеража.“ е генерално земено погрешна.
Не само што е погрешна, туку е потенцијално опасна. Осигурувачите имаат задача да го штитат проводникот, а за секој проводник (во зависност од пресекот) номиниран е соодветен осигурувач.
Или сам мењал некој, му се нашол у момент послаб/појак да заврши моментално работа и заборавил. Привремено решение од траен карактер стил на работа.
Некогаш изведбата на осигурувачите беше таква да во никој случај не можеше да се постави појак на место на послабиот. Ама тоа не се практикуваше. Ја исфрлаа влошката и секој осигурувач можеше да се вгради.
Мислењето е автоматски споено:

Наместо тоа, извади го осигурачот, светни внатре и ќе видиш има како едно прстенче, на него пишува која јачина на осигурач иде таму. Најчесто идат 10А на осигурачот за светло, 16А за се друго и 25А на главна табла. Ама ова не е правило, некогаш знаат некои осигурачи да бидат и по 20А, особено ако некој нешто мењал у инсталацијата, за тоа, ти кажав најпрецизно како да видиш.
Во тоа прстенче не може да се постави осигурувач со поголема номинална вредност.

16 ампери за штекер се малку. 25 ампери, ако сакаш на него да вклучиш монофазен шпорет или апарат за заварување.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
1) Ако постарите биле подобри, немало овие новиве да станат толку популарни, туку сите коа ќе праеле нешто ново, ќе барале да стават од старите и уште ќе постоеле и ќе се произведувале. Иам од овие осигурачи на неколку места и знам дека буквално на секое идење у продавница се помалку и помалку производи има поврзани за нив;
Патроните и не се така лоши, само се непрактични и неекономични. Плус се е отидено на DIN шина и има ретко да најдеш подлошка за патронски осигурач на шина. Итн... Едноставно времето ги изело.
2) Некој ти предложи да земеш од Бриколаж, ама таму се доста скапи, знам дека ја скоро се зезнав ама ми требаше итно, мислам дека ~50 денари беа парче. Сличен е случајот и со други продавници слични на нив (Меркур, Алфи, Хубо и сл.) Мислам дека Електрометал беа нешто поефтини, околу 30 денари, ама таму веќе тешко се наоѓаат;

3) Пред некое време, барајќи друг производ, најдов една продавница у Ѓорче, со прифатливи цени за овие осигурачи (20-30 денари), е сеа не знам како се со залиха. ПАТРОН Д2 16А – BDS
Е добро де колку често менуваш осигурачи што ти прави разлика дали е 30 или 50ден?
Не само што е погрешна, туку е потенцијално опасна. Осигурувачите имаат задача да го штитат проводникот, а за секој проводник (во зависност од пресекот) номиниран е соодветен осигурувач.
Така е. Не сакав да ја ширам на долго и широко, ама да можеби требаше да се потенцира и дека е опасна.
Некогаш изведбата на осигурувачите беше таква да во никој случај не можеше да се постави појак на место на послабиот. Ама тоа не се практикуваше. Ја исфрлаа влошката и секој осигурувач можеше да се вгради.
И сега е иста изведбата, ама балканче мајсторче за сѐ, одма вади тоа прстенот како вишак елемент :D
16 ампери за штекер се малку. 25 ампери, ако сакаш на него да вклучиш монофазен шпорет или апарат за заварување.
Стандард шуко е со рејтинг од 16А. Стандард инсталација е 2.5мм2 вкопана во ѕид. Така да 16А е макс што треба да се користи во домаќинства на стандардни all purpose штекери. За сѐ друго (25А на пример) ти треба и соодветен штекер, инсталација, итн... Така да on the safe side макс 16А по штекери и 10А за светло е доста и препорачливо. По можност B тип.
 
Кога јас учев 1mm² бакарен проводник вкопан во ѕид се осигуруваше со 10-амперски осигурувач.
Значи (дозволена јачина на струја), 1,5mm² - 15 ампери, 2,5mm² - 25 ампери, 4mm² 35 ампери, 6mm² - 63 ампери. Како е сега, не знам, можеби нешто е променето.
 
PC_GAMER

lurker
16 јуни 2017
538
464
Така е за мислењата, ама па не значи дека треба да даваме мислења ако нема основна електрична логика во нив. Изјавата „Ако менуваш гледај сите бушони да ти се со иста ампеража.“ е генерално земено погрешна.
Ок, во ред. како што кажав и претходно не значи дека треба да биде земено здраво за готово моето мислење. Еве се извинувам на @Metuzalem и сите останати членови што бев погрешно разбран. Смир. Можеби требаше да го преформулирм предлогот во нешто од типот на: „Види во консултација со електричар дали сите бушони треба да се исти или треба да ставиш во некои со поголем капацитет“ или еве уште подобро што го практикувам тука на форумов „Види што ќе кажат поискусните членови во однос на оваа тема“ и слично. Баш како што спомена @NikolovskiM . Тоа не ми текна дека во зависност од моќноста и бројноста на уредите, приклучоците во домаќинствата дека некои може да бараат бушони со поголем капацитет... Еве јас се водев по мојот пример дека кај мене бушоните се исти. Можеби тоа е така зошто немам многу уреди и приклучоци кои не се толку оптеретени, односно бараат бушони со поголем капацитет. @marv не велам дека не си во право - новите склопки секако дека се посовремени од стариве и дека нудат повеќе предности.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Кога јас учев 1mm² бакарен проводник вкопан во ѕид се осигуруваше со 10-амперски осигурувач.
Значи (дозволена јачина на струја), 1,5mm² - 15 ампери, 2,5mm² - 25 ампери, 4mm² 35 ампери, 6mm² - 63 ампери. Како е сега, не знам, можеби нешто е променето.
Нешто си подзаборавил изгледа. За во ѕид е следново и не е сменето сигурно 20-30 години.

1668361704801.png
 
18 август 2019
1.229
1.204
Нешто си подзаборавил изгледа. За во ѕид е следново и не е сменето сигурно 20-30 години.

Погледнете го атачментот 118910
Сум подзаборавил нешто, не дека не сум. Многу време поминало. Ама ова се основни работи кои не треба да ги заборавам. А да претурам сега по пајажините на таванот и да го барам учебникот, не ми фаќа. Се плашам дека глувците учеле долги години, гнезда си правеле.
ПС
Ништо не ми значи ако последните 20-30 години не е променето. Јас учев во друго време и друга држава со јасно дефинирани стандарди во сите области.
ППС
Овде си ја потенцирал класата А, ама таа ретко каде се користи. :) А голема улога има и квалитетот на каблите произведени некогаш и сега...
ПППС
Во краен случај, мораме да се придржуваме до прописите кои владеат во моментов.
 
Абе ова е по МКС стандард сосема хармонизиран со ЕУ, препишан од ЈУС на кој сме учеле и двајцата, кој пак е препишан од ВДЕ, кој е основа на скоро сите денешни. Дури и кај BS се тие бројки.
Инаку А класата е најчесто користена кај нас. Поставено во ѕид.
1668411745341.png

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
18 август 2019
1.229
1.204
Инаку А класата е најчесто користена кај нас. Поставено во ѕид.
Другото нека е така, ама мислам дека А класа е во ѕид со изолација. А внатрешна изолација (мислам) е реткост.

Сепак потенцирав дека мораме да се придржуваме до моменталните прописи. Ако е предвидено 2,5 mm² да се заштитуваат со 16-амперски осигурувач, не смееме да отстапуваме од тоа.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Другото нека е така, ама мислам дека А класа е во ѕид со изолација. А внатрешна изолација (мислам) е реткост.
Ама сега да не ти копирам цел стандард. Под изолација е сѐ што не е отворен воздух. И цигла и малтер и шперплоча, и гипс и се е изолација. Просто кажано секаде каде по пат на природна конвекција не може да се лади директно во околниот отворен воздух.
Сепак потенцирав дека мораме да се придржуваме до моменталните прописи. Ако е предвидено 2,5 mm² да се заштитуваат со 16-амперски осигурувач, не смееме да отстапуваме од тоа.
Така е, само си праиме муабет на пошироко малце. Ете на пример може ќе тури некој полиетиленски кабел (X класа) и онда ќе може да тера и >20А на 2.5мм2.
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Ми се допаѓа кога ќе прочитам вакво нешто. Многу од помладите не го знаат ова, а ова се основи на електротехника. Не е IT ама без ова нема IT.

Sent from my moto g(9) play using Tapatalk
 
18 август 2019
1.229
1.204
Ама сега да не ти копирам цел стандард. Под изолација е сѐ што не е отворен воздух. И цигла и малтер и шперплоча, и гипс и се е изолација. Просто кажано секаде каде по пат на природна конвекција не може да се лади директно во околниот отворен воздух.
Има овде уште многу за дискусија. Не е исто дали кабелот е провлечен преку некои црева (како и да се викаат стручно) или е директно во малтер. Во првиот случај околу кабелот се појавува воздух (кој не циркулира и е слаб проводник на топлина), во вториот е малтер. Мое мислење е дека малтерот многу подобро ја одзема топлината од кабелот, за разлика од воздухот. А сите постари градби (со исклучок на најстарите) се со таква инсталација. Понатаму, не е исто дали малтерот е „гол“ или преку него има некоја облога (на пример дрво) која е добар топлински изолатор.

Туку да не им ја узурпираме темата на очајните домаќин(к)и.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531
Тоа не ми текна дека во зависност од моќноста и бројноста на уредите, приклучоците во домаќинствата дека некои може да бараат бушони со поголем капацитет... Еве јас се водев по мојот пример дека кај мене бушоните се исти. Можеби тоа е така зошто немам многу уреди и приклучоци кои не се толку оптеретени, односно бараат бушони со поголем капацитет
Намената на осигурувачот е да ја штити инсталацијата и се става според неа, а не според уредите кои се приклучуваат.
Не значи дека ако треба има потреба да се стават повеќе или појаки уреди на истиот приклучок, треба да се стави појак осигурувач на таблата.

Ако тече појака струја низ проводникот отколку што е предвидено, тој ќе почне да се загрева, па да се топи, па може да се запали и да направи пожар. Соодветен осигурувач уште на старт ќе го прекине колото и ќе спречи хаварија. Појак одошто треба ќе дозволи сето тоа да се случи.
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
Не знам што зборите ама јас имам од старите табли и ако прегори некој зимам тенка жица ја ставам во бишонот затварам и си работи ;)
Тоа е тоа ДРУЖЕ ТИТО ШКОЛО КОЕ НЕМА СМРТ
Затоа јас им кажувам на сите тито што квалитет направил другиве не можат да го разберат како и зашто работи на тој начин
 
Chiller

user
8 март 2012
1.566
1.173
Скопје Аеродром
Има овде уште многу за дискусија. Не е исто дали кабелот е провлечен преку некои црева (како и да се викаат стручно) или е директно во малтер. Во првиот случај околу кабелот се појавува воздух (кој не циркулира и е слаб проводник на топлина), во вториот е малтер. Мое мислење е дека малтерот многу подобро ја одзема топлината од кабелот, за разлика од воздухот. А сите постари градби (со исклучок на најстарите) се со таква инсталација. Понатаму, не е исто дали малтерот е „гол“ или преку него има некоја облога (на пример дрво) која е добар топлински изолатор.

Туку да не им ја узурпираме темата на очајните домаќин(к)и.
Ако чекаш зидот да ти го лади кабелот тогаш не е добро димензиониран. Не смее воопшто да загрева под никакви услови. За година две таков кабел ке се истопи/запали.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv
18 август 2019
1.229
1.204
Ако чекаш зидот да ти го лади кабелот тогаш не е добро димензиониран. Не смее воопшто да загрева под никакви услови. За година две таков кабел ке се истопи/запали.
Мислам дека грешиш. Секој проводник низ кој тече струја, загрева.
Треба да е добро димензиониран, па загревањето ќе биде минимално, нема да ја оштетува изолацијата.
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.317
11.874
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Секој проводник низ кој тече струја, загрева.
Сосема точно, секој проводник има свој отпор и заради тоа има загуби кои се манифестираат како топлина. Не знам дали се изразив правилно, кој сфати сфати.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Што е довод и што е одвод, никако да најдам на нет како се врзуват? :ROFLMAO:
Молам за помош за да не викам пожарникари. :)

IMG_0919.JPG
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Што е довод и што е одвод, никако да најдам на нет како се врзуват?
Молам за помош за да не викам пожарникари. :)

Погледнете го атачментот 118987
Теоретски нема разлика, практично и по стандард се врзува доле довод го одвод.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно