Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Имам с10+ пред некој ден ми падна и стаклото на екранот се скрши али тачот и дисплејот си работат сосема нормално..
Е сега сакам да го сменам стаклото гледам во ледиком 4000 денари е промена..

Дали е комплицирана самата промена за да можам да ја направам во било која мобилара? Дали тачот ќе функционира убаво како до сега ?
Направи го бо било која мобилара, само немој во Ледиком. И да, нема да биде ист како претходно, или нема да биде залепен како што треба или ќе го оштетат екранот при промена или нема задното капаче да го залепат со адекватна лента него со дуплофан....
 
batka23

hello world
16 септември 2022
96
103
Лично до сега за промена на стакло сум имал позитивно искуство во мобеликс.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.579
19.288
А решението не е ниту скапо ниту индустриска тајна. Се што треба е да набават Tesa Tape и Adhesion promotor (прајмер) од истата фирма.

Мачкаш прајмер, ставаш дуплофан, монтираш, загреваш на 40-50 степени. Done

Дали се неписмени, дали намерно..стварно не ми е јасно.

Трагедијата во ова е што наведов најбанален пример (пре)лесено достапен
Ако употребиш решенија од 3М кои работат на ист принцип (прајмер, трака или специјална маса) резултатите се како од фабрика.

Не знам какво лепило да употребиш, кога лепиш несродни материјали не можеш да добиеш добри резултати па ако сакаш стави и двокомпонентен лепак (народски „Аралдит“)
 
deni.mitev

user
7 октомври 2014
1.024
1.027

Обично кога се крши се витка и рамката или се искривува, и никој не се замара да ја исправи или смени нова (освен видео дата и мобило) , и со овој начин се одлепува ако нема дополнителен лепак и затоа никој не се замара.
 
deni.mitev

user
7 октомври 2014
1.024
1.027
Кај мене на Ѕ9 три пати е менувана батеријата и сеуште е водоотпорен телефонот, значи како што кажавте погоре, може, ама ретко кој сака да се замара.
Нема такво нешто па и на с9 нема теоретски шанси.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Менував јас на с10+ цел екран во мобико баш ради лошо искуство со менување само на стакло на с9+. После некое време се појави бела линија на екранот. Така да или менувај цел екран или купи си нов телефон ти е мој совет.
 
damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Нема такво нешто па и на с9 нема теоретски шанси.
Не те разбирам?

Што нема шанси, да е менувана батеријата или да дихтува телефонот?

За првото имам фискални (да стварно, фискална од мобилара, има и такви) од Видеодата, а за второто може да пробаме иако јас под вода го перам секој втор ден.
 
deni.mitev

user
7 октомври 2014
1.024
1.027
Не те разбирам?

Што нема шанси, да е менувана батеријата или да дихтува телефонот?

За првото имам фискални (да стварно, фискална од мобилара, има и такви) од Видеодата, а за второто може да пробаме иако јас под вода го перам секој втор ден.
Друго е да го переш, стај во када 10 мин и ќе видеш.

Имаш ти нови лепенки позади , но лепенките кај екран се исушени и од таму ќе влезе вода.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
И јас мислам нема шанси да е водоотпорен веќе телефонот. Кога менував на С10+ екран во мобико ми рекоа дека веќе нема да е водоотпорен телефонот.
 
damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Друго е да го переш, стај во када 10 мин и ќе видеш.

Имаш ти нови лепенки позади , но лепенките кај екран се исушени и од таму ќе влезе вода.
Пред две години сменет екранот со оригинален со рамка комплет и гратис батерија, под гаранција.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.088
6.021
На развојниов тим на OneUI да им каже некој, кога ќе го спуштиш менито од горе надоле, да може да притиснеш на батерија и да те однесе во батерија. И кога ќе го симнеш менито и ќе стиснеш на саатот, да те однесе на саатите и алармите. Шорткати се, нема ни програмирање воопшто...
 
Gecas12

hello world
27 септември 2019
85
76
На развојниов тим на OneUI да им каже некој, кога ќе го спуштиш менито од горе надоле, да може да притиснеш на батерија и да те однесе во батерија. И кога ќе го симнеш менито и ќе стиснеш на саатот, да те однесе на саатите и алармите. Шорткати се, нема ни програмирање воопшто...
Особено тоа со саатот да те однесе во аларми е многу корисно, мислам дека е стандарт на сток андроид.
 
28 јануари 2017
2.071
4.747
Ресен
На развојниов тим на OneUI да им каже некој, кога ќе го спуштиш менито од горе надоле, да може да притиснеш на батерија и да те однесе во батерија. И кога ќе го симнеш менито и ќе стиснеш на саатот, да те однесе на саатите и алармите. Шорткати се, нема ни програмирање воопшто...
На овие мислиш?
 
Атачменти

  • Screenshot_20230419_111631_Chrome.jpg
    Screenshot_20230419_111631_Chrome.jpg
    30,8 KB · Прегледи: 81
28 јануари 2017
2.071
4.747
Ресен
Да, да. Нa Онеплус одамна сум навикнат батеријата така да ја пристапувам. Многу е логично. Вака ако притиснеш, ништо не се случува.
Ако е некој ко мене со прсти бугарски кебапи... не верувам дека глатко ќе оди тоа. Иначе одлична опција/шорткат.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.088
6.021
Ако е некој ко мене со прсти бугарски кебапи... не верувам дека глатко ќе оди тоа. Иначе одлична опција/шорткат.
Не бе зошто, иако ти личат ситни - тоа се уствари целите ќошеви на екранот. Не е мал просторот. На таа твојата слика не се симнати како што треба. Еве како е кај мене на последна верзија.
Qjuy4Gb.png
 
damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
А замисли да им текне на сатот и на времето што стојат на Home screen кога ќе кликнеш да те однесе кај алармите и на време. Ех HTC врати се, се ти е простено.
 
draganamon

lurker
24 јануари 2016
701
906
Skopje
draganamon's setup  
Processor & Cooler
i7-12700H
Storage
2 x 1TB SSD
RAM
32gb DDR5
Case
XPS 17
Mouse
Logitech 502
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
Logitech G51 5.1 & Creative Sound Blaster X-Fi 5.1
Monitor
Dell U2419H
OS
Windows 11
А замисли да им текне на сатот и на времето што стојат на Home screen кога ќе кликнеш да те однесе кај алармите и на време. Ех HTC врати се, се ти е простено.
Имам HTC 10 дома со отидена батерија. Го користам како baby monitor поврзан на полнач.
Го пуштив викендов по подолго време, скоро година дена да не речам, и искрено се изненадив колку оперативниот, Андроид 7, на телефонот е респонсивен.
Дури споредував со мојот Самсунг А71 и горе доле исто отвараат апликации како Facebook, Instagram, Тиме мк на Chrome...
И ми недостига добар fingerprint scanner, овие под екраниве не ги бива. а и самсунг дозволуваат само 3.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.386
5.526
А замисли да им текне на сатот и на времето што стојат на Home screen кога ќе кликнеш да те однесе кај алармите и на време. Ех HTC врати се, се ти е простено.
Па кога се допира на часовникот се отвораат аларми, штоперици и такви работи, на датумот се отвора календарот, на температурата се отвора апликацијата за времето. Од како памтам така е.
 
cyberbaze

hello world
20 јуни 2009
291
250
Јас ја користам следната апликација:

Од каде од widget-от на home screen имам директен пристап со временската прогноза, со кликање на часовникот ми се отвараат алармите, со кликање на датумот ми се отвара календарот.

А за батеријата го имам поставено стандардниот widget за искористен простор и рам, од каде со кликање на било кој од двете може да се пристапи и до батеријата.
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Мислам дека има одличен shutter speed. Сликано со 3х зум и дополнителен кроп.
 
Атачменти

  • 20230421_114450.jpg
    20230421_114450.jpg
    232,3 KB · Прегледи: 85
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно