marv
poweruser
- 5 октомври 2007
- 5.791
- 5.511
Направив свап од Samsung S22 на Iphone 12 pro, во продолжение причини за потегот.
Main reason 01 за потегов беа што s22 има очајно лоша батерија, често пати се случуваше да не додржи цел ден, предходната недела ми снема батеријал на пола ден за да биде трагедијата поголема снемав батерија на сред автопат користејќи гугл мапс (знам дека можам да користам полнач за во автомобил ама мразам да ми се моткаат кабли околу мењачот и воланот), очајно сум врзан за гугл мапс, користам и во Скопје кога треба да отидат од точка А до точка Б, Исто така телефонот има една друга ГОЛЕМА маана, кога ќе дојде до 15% battery health се гаси за 10-15 мин па дури и да не го допираш.
Main reason 02 и покрај "моќниот процесор и 8те гига рам" често пати осеќав како телефонот лагува и се мачи да процесира команда, најголем проблем имав со Steam (можеби е проблем до steam app а не до s22, меѓутоа не е мој проблем да откривам и решавам туѓи проблеми), активен трејдер на скинови сум и ептен сум врзан за оваа аплиакција бидејќи секоја конфирмација за trade/buy/sell иде преку Steam app.
Main reason 03 телефонот грее ко ќумбе, секој video call подолг од 2 минути станува проблематичен, секе подолго гледање на видеа и стримови исто така резултира со многу високи температури.
Мain reason 04 автомобилот ми подржува Apple CarPlay а не подржува Android Auto, за човек кој што често патува голем бенефит е користење на google мапа на голем дисплеј наспроти на мобилен.
Работи кој што ми недостигаат кај Iphone 12 pro.
Екранот е значително послаб, 120hz наспроти 60hz е огромен step back, Ова е компромис кој што за жал ќе мора да го голтнам сега-за-сега.
167грама s22 наспроти 197грама Iphone 12 pro и те како се осеќа разликата во тежина на рака, имам релативно мала рака и телефонот го држам со тоа што целито лежи на малиот прст и во денови кога "дремам" повеќе на телефоно осеќам болка во прстот и раката.
Камерите би рекол дека се на исто ниво, голема предност е кај iphone што вади конзистентно добри фотки и немора да шкрапам една сцена по 5-10 пати за на крај да изберам само една-две добри а сите останати да се полуматни/матни.
Снимање на видеа поготово ноќе е далеку подобро на iphone, многу корисна работа за на концерти/журки.
Звукот кај iphon-ot е неспоредливо подобар од оној кај samsung-ot.
Дизајнот департмент би декол дека samsung-ot е за нијанса подобар.
Месец и пол користев S22 (до пред некој ден) како втор телефон, т.е. повеќе како прв во странство со нивна картица. Цел ден без проблем зборење, вибери, Whatsup, maps, translate, 1 апп за автобуси, метро, транвај тешко зависна од гпс, уште една за такси и плус Убер.
Значи 01 не осетив. 02 исто не осетив ама никад. Може е до Стим апп, сма па тоа не е проблем на Самсунг. 03 никад не осетив, со муабети не од 2 него од по 20мин, и тоа телефонот беше у онаква футрола на преклоп (што многу ме нервираше ама така ми го дадоа така го користев). Друго фотки, карплеј не сум меродавен. Ааа колега има Ипхоне 12 ли 13 не ми текнуе точно, и секогаш кога треба да зборам на него со некој дали на спикерфон или нормално па мене ми е послаб звукот од дури мојон А50ка така да не ми се верува С22 да е полош. Ско мислиш на квалитет за музика можда, тука не се мешам можда исто не користам телефон за тоа или екстремно ретко.
Sent from my TELEFON using Tapatalk