Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

RIP Adobe !

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.119
5.329
Пред 3 години јадеше шпагети Will Smith, со катастрофален квалитет, но сега секој може да генерира видео. За 2-3 години ќе има профи видеа со искуцани аматерски сценарија, за разлика од овие сега кои се сериозно лоши за да се користат за маркетинг цели.

Со AI/SI може секој ден да генерира по неколку свои маркетинг креативи, додека не го направи она што си го замислил како краен производ. Истото не е возможно доколку ангажира графички дизајнер. Програмерите се веќе заменети, иако многумина тврдат дека се уште програмираат на стариот начин. Истото ќе се случи кај голем дел од професиите. Едноставно треба да се прифати трендот, да се адаптираме и да бараме нови можности.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.146
14.337
Па мене ми личи дека на голем дел од фирмичкиве AI и денес им завршува работа. По социјални мрежи не мора филмови од Дејвид Линч или постери од Микеланџело. Многу малку купувачи се писмени во ИТ областа. Па и оние кои се писмени не ги секира дали AI видеото е нешто без везе. Најчесто одлучувачка е цената и услугата.

Веб сајтови, постерче или видео за социјални мрежи е во најголем дел области од економијата е исто што и визит картичка или некој нејзин детал. Скоро никого не го интересира дизајнот. Битно е да имаш било какво за остварување на контакт со партнери и клиенти. Освен ако ептен професијата не ти е дизајн а и твоите клиенти се заинтересирани баш за таков тип на услуга. Или пак си некој познат голем регионален или пак светски бренд.

Леле другар немој и ти со ова SI
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.644
19.406
На кој му требаат уникатни, врвно дизајнирани и за око убави реклами и видеа?

На: Алкалоид, Витаминка, Макпетрол итн. итн.
На останатите 99,5% како што се Cece-Nokti-Eftino, Sendvicara Dinga, Burek i beli peciva - Avra, Se za doma светлечки реклами за истите, постери и тако даље ама ич нема да му чуе на што, како и кој правел рекламен материјал, дали постерот е како и сите останати Sephia да будем ефект. Пет пари нема да даваат.
Во корпоративна Америка, Европа и цел останат свет, да. Битно е и сеуште се цени жив човек. Но и тие ќе почнат да користат напредни модели на AI за таа работа.

btw
Откако AI ќе се изначита стотици томови за маркетинг објавени „од почетоците на светот“ па се до сега погодете какви резултати ќе има.
Графичар во студио наравно дека нема да користи ништо друго освен Photoshop/Acrobat и др.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.705
3.313
Каков дизајнер бе готови сте, Си купивме за 20долара претрплата за еден месец ќе средиме сајт сега лесно не сте ни потербни. Еве глеј ако не веруваш
Доста не плачкавте едно постерче за инстаграм наплаќате 200е бре ние мутави сме, ете види што можеме сами да напраиме
Ко што кажав, „веб дизајнерите“ што штанцаа сајтови како „графичките дизајнери“ што работеа во канва ќе треба да менуваат професија.
Мислењето е автоматски споено:

На кој му требаат уникатни, врвно дизајнирани и за око убави реклами и видеа?

На: Алкалоид, Витаминка, Макпетрол итн. итн.
На останатите 99,5% како што се Cece-Nokti-Eftino, Sendvicara Dinga, Burek i beli peciva - Avra, Se za doma светлечки реклами за истите, постери и тако даље ама ич нема да му чуе на што, како и кој правел рекламен материјал, дали постерот е како и сите останати Sephia да будем ефект. Пет пари нема да даваат.
Во корпоративна Америка, Европа и цел останат свет, да. Битно е и сеуште се цени жив човек. Но и тие ќе почнат да користат напредни модели на AI за таа работа.

btw
Откако AI ќе се изначита стотици томови за маркетинг објавени „од почетоците на светот“ па се до сега погодете какви резултати ќе има.
Графичар во студио наравно дека нема да користи ништо друго освен Photoshop/Acrobat и др.
Тие првите и до сега користеа агенции и ќе продолжат да користат агенции. Тие вторите никогаш не користеле дизајнери. Ама има едни трети што и тоа како користат дизајнери. Влези во маркет. Прошетај и разгледај ги полиците со производи. Некој дизајнирал. Многу често печатницата платила дизајнер што ќе го спреми за печат и ќе го печати, па личат на храна за кучиња од пред 30 години. Ама се почесто гледаат дека за да продадат треба да изгледаат добро и различно од конкуренцијата. Некои локални направија катастрофални редизајни па ги кошташе многу пари во продажба. Тие нема да користат аи и приучени дизајнери затоа што осетија во многу пари што значи тоа.
Никогаш нема да добиеш креативност од аи. Анализа може да добиеш, ама нешто ново, не.
Истото важи и за визит карти. Има визит карти и визит карти. Тие што им требаат, плаќаат за дизајн како и секогаш. Тие што никогаш не плаќале, и сега нема да плаќаат.
Ништо не се сменило, ниту ќе се смени.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.146
14.337
Ко што кажав, „веб дизајнерите“ што штанцаа сајтови како „графичките дизајнери“ што работеа во канва ќе треба да менуваат професија.
Мислењето е автоматски споено:

Тие првите и до сега користеа агенции и ќе продолжат да користат агенции. Тие вторите никогаш не користеле дизајнери. Ама има едни трети што и тоа како користат дизајнери. Влези во маркет. Прошетај и разгледај ги полиците со производи. Некој дизајнирал. Многу често печатницата платила дизајнер што ќе го спреми за печат и ќе го печати, па личат на храна за кучиња од пред 30 години. Ама се почесто гледаат дека за да продадат треба да изгледаат добро и различно од конкуренцијата. Некои локални направија катастрофални редизајни па ги кошташе многу пари во продажба. Тие нема да користат аи и приучени дизајнери затоа што осетија во многу пари што значи тоа.
Никогаш нема да добиеш креативност од аи. Анализа може да добиеш, ама нешто ново, не.
Истото важи и за визит карти. Има визит карти и визит карти. Тие што им требаат, плаќаат за дизајн како и секогаш. Тие што никогаш не плаќале, и сега нема да плаќаат.
Ништо не се сменило, ниту ќе се смени.

Јас не викам дека во иднина нема воопшто да има потреба од дизајнери или било кој друг профил на кадри. Туку дека ќе требаат во многу помал број споредено со денес.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.644
19.406
Со варп брзина се менуваат работите.
Сега само што гледав видео каде што ChatGPT му се насра на 3D скенерот кој ликот го користеше за предмети. Истиот му продуцираше модел со катаљарда полигони кои овој потоа треба да ги чисти и сведе на минимум во Fussion па потоа да добие употреблив 3Д модел за штампа.

Чатов врз основа на неколку фотографии од разни агли му направи 3Д модел спремен за работа.

И тоа е, пазете, за колку? 2-3 години AI нели?

Дали ќе дизајнира добро? Па, да. Со исправен промпт и човек кој има замисла, осет и вкус за убаво ќе дизајнира?

Дали ќе му ја земе работата на мајстор на офсет машина? Засега не.

За к*рташаци од типот "smenija glavata od ovoj so ovaa i napravi monika beluci dame guska" е сосем океј
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
723
1.045

Те молам сподели го видеото ...
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.705
3.313
Јас не викам дека во иднина нема воопшто да има потреба од дизајнери или било кој друг профил на кадри. Туку дека ќе требаат во многу помал број споредено со денес.
Аи е алатка, како што е и илустратор, фотошоп, индизајн... Една од алатките. Воедно, многу непредвидлива и глупа алатка. Со сите други знам точно што правам и што добивам. Ова е најчесто мачка во вреќа. Ќе добиеш нешто што многу често не е тоа што го бараш. Пробај корегирај го. Секако, со постојните алатки на адоби.
Канва „дизајнерите“ конечно ќе се расчистат. Секако беа ѓубре.
Сега, кога сите ќе бидат со истиот дизајн, ќе ангажираат дизајнери за да се разликуваш од конкуренција.
 
Да ама ти гледаш од денешна перспектива. Јас говорам за ситуација која би била после 5 или 10 години од сега.

Ова го предвидувам врз основа на тоа до кој степен се развиени овие можности за толку кратко време како егистира AI. Како и на база на тоа колкави се инвестициите во AI во светот во овој момент и во блиска иднина. Ако не се случи чудо, крах, катастрофа и сл, AI ќе биде стотици пати пософистицирано и понапредно споредено со ова денес.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.900
34.241
roka.mk
Аи е алатка, како што е и илустратор, фотошоп, индизајн... Една од алатките. Воедно, многу непредвидлива и глупа алатка. Со сите други знам точно што правам и што добивам. Ова е најчесто мачка во вреќа. Ќе добиеш нешто што многу често не е тоа што го бараш. Пробај корегирај го. Секако, со постојните алатки на адоби.
Канва „дизајнерите“ конечно ќе се расчистат. Секако беа ѓубре.
Сега, кога сите ќе бидат со истиот дизајн, ќе ангажираат дизајнери за да се разликуваш од конкуренција.
Џабе веслаш еве ти кажуваат сите
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
723
1.045
Изгледа и на форумов последнио апдејт со аи е правен. Уште крајо неможиме да му го фатиме...
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно