Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ресетирање на андроид таблет поврзан со family link

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.635
3.208
Не знам во која секција да ја отворам темава, па веројатно најдобро е тука.
Синко има добиено андроид таблет (Lenovo tab one (2025)). Со оглед дека има 10 години, поставив family link со многу рестрикции.
Ама чепкало како татко му :), па си игра со сите сетинизи и тоа е супер. Ама си играл и со пасворд на таблет, па го заборавил.
Во family link ни на мобилен ни на десктоп не ми дава опција за фактори ресет. Да се усложни работата, веќе не го ни пронаоѓа на find my device, т.е. иако се поврзува на вифи и има активен јузер, нема конекција преку која би можел да тргнам корисни или да ресетирам уред. Го гледа дека последно логирање било пред еден ден (заборавен пасворд и рандом пробува комбинации веќе 3 дена)
Зошто софтверски/remote? Затоа што има заштита од хардверско ресетирање на уредот и не сака да се ресетира преку држење копчиња....
Препорака некоја?
 

vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Ова е корисно инфо да се знае, нас не натераа од школото да го тргнеме family link после месец дена бидејќи децата не можеле да "учат" со рестрикциите и сега играат игри на нив и гледаат рилови.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.635
3.208
Ова е корисно инфо да се знае, нас не натераа од школото да го тргнеме family link после месец дена бидејќи децата не можеле да "учат" со рестрикциите и сега играат игри на нив и гледаат рилови.
Не може школото да ми каже да тргнам family link. Има пристап до сите потребни апликации во термините кога му требаат. Таблетот потоа има пристап само на вибер. Ако има потреба за нешто повеќе и нема соодветен пристап, ќе гледа кај други па ќе повтори дома, а доколку видам нотификација на време, веројатно ќе добие соодветна дозвола за што и да е.
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.046
1.132
Куманово
Со оглед на замавот што го земаат екранизацијата, социјалните мрежи и останатите „brain rot“ допамински стимулатори, токму оние во образовните институции треба да бидат први со подлабоко разбирање на нивното влијание.

Потполно во право @JasSum
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.635
3.208
Со оглед на замавот што го земаат екранизацијата, социјалните мрежи и останатите „brain rot“ допамински стимулатори, токму оние во образовните институции треба да бидат први со подлабоко разбирање на нивното влијание.

Потполно во право @JasSum
Да имаа разбирање, немаше да делат таблети туку ќе забранеа електронски уреди на влез на училиште. Можеби е ок да имаат еден час неделно, за елементарна ит писменост. Ама тоа да се воведе во 8-9то а не во 4то.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.535
1.037
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
темата за Дигитална Сигурност на помали Генерации
е сосема една широка тема
Тема за која мислам дека ќе има поголема заинтересираност и
за која е потребно споделување мислења за сетирања и слично.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.635
3.208
темата за Дигитална Сигурност на помали Генерации
е сосема една широка тема
Тема за која мислам дека ќе има поголема заинтересираност и
за која е потребно споделување мислења за сетирања и слично.
Заслужува цела секција на форумов.
@Fatal1ty_ делни едно делче на форумов за ова. Може да биде интересно и за поширока публика.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв