• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рачни часовници Fan Thread!

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,597
2,720
Се надевам не ја грешам темава. Дали случајно некој од вас знае кај би можел да најдам (потенцирам, по разумна цена), Casio GA2100? Кај нас го нема, а на eBay се или camo/црвени (би зел некоја од црните варијанти), или се по $200 па нагоре, што е многу за MSRP од $99. И покрај очигледно крадениот дизајн од AP Royal Oak, ми се допаѓа како секојдневна опција.

Инаку, покрај ова, мерак имам и на Citizen Promaster Diver, кој го имаат во B-Watch. Една од полошите одлуки кога се работи за купување ми е што истиов беше намален на 15тина илјади, а јас дадов 14 за smartwatch. Ама ваљда ќе го намалат пак за некое време.
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,057
12,469
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX1080
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
GA-2100-1A1 18267 | MY:TIME Тука вика 8000 и го има на лагер, е сега да начекаш некој попуст, нешто што редовно го имаат па да земеш.

П.С. Каков човек е тој што одбира смартвоч пред вистински воч???
 

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,597
2,720
GA-2100-1A1 18267 | MY:TIME Тука вика 8000 и го има на лагер, е сега да начекаш некој попуст, нешто што редовно го имаат па да земеш.

П.С. Каков човек е тој што одбира смартвоч пред вистински воч???
Не само што го има на лагер, туку и во Охрид ми е, пред носот. Не знам како сум го промашил, фала ти.

Види, бар си ја сфатив грешката и го продадов после нецели два месеци без намера да купувам нов во догледно време ако ништо друго :D
 

Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
377
848
Дали Bulova е добра бренд на часовници?
Како љубител на скелетон автоматски часовници, најдов интересен часовник од Bulova во Грција, од тоа што гуглав, викаат дека биле добри за парите.
Може и препорака за некој скелетон часовник до кај 500-600 евра ако некој знае и се разбира.
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,057
12,469
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX1080
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Јас 500 евра не би им дал на Булова, ама па и не е дека има нешто многу од другиве опции што ги задоволуваат твоите критериуми. Булова се амерички бренд, а знаеме дека американците не се некој фактор во часовникарството. Да не се разбереме погрешно, не е дека се лоши или дека се некој чкарт, ама за тие пари би барал нешто пооригинално и автентично, како на пример Citizen или Seiko, нешто од кај јапанциве, они имаат одлична технологија, реноме и добар однос цена/перформанси. Јапанците имаат одлични автоматици кои почнуваат од нешто ситно над 200 евра, додека швајцарците за автоматик бараат барем 700 евра, ама тоа е, имаат историја зад себе и традиција.
 

Trtka

Gaining Experience
11 април 2018
170
166
Јас моментално би одел со некој сеиковец скх до 300-350евра. Се трошат последните залихи и е прекина да се произведува оваа година. Последните две години имаат 50% покачена цена. Така да би оделе само на горе во годините кои следат.
 

Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
377
848
Јас 500 евра не би им дал на Булова, ама па и не е дека има нешто многу од другиве опции што ги задоволуваат твоите критериуми. Булова се амерички бренд, а знаеме дека американците не се некој фактор во часовникарството. Да не се разбереме погрешно, не е дека се лоши или дека се некој чкарт, ама за тие пари би барал нешто пооригинално и автентично, како на пример Citizen или Seiko, нешто од кај јапанциве, они имаат одлична технологија, реноме и добар однос цена/перформанси. Јапанците имаат одлични автоматици кои почнуваат од нешто ситно над 200 евра, додека швајцарците за автоматик бараат барем 700 евра, ама тоа е, имаат историја зад себе и традиција.
Знам дека имаат, имаат и Тисот, ама немаат Скелетон. Скелетонот на Тисот беше 1500 евра, не ми се даваат толку пари, а искрено Буловата е 440 евра, и не е така многу за скелетон часовник. Плус Ситизен ги поседува Булова.
Ако случајно има Скелетон од Сеико или Ситизен, би го зел, ама ги нема ни во Грција нити во другите држави од регионот.
 
Последна промена:

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,597
2,720
Не дошло на ред да пишам овде, ама кратко после муабетот со @Oktar тркнав до MY:TIME и се подновив. Конкретно го зедов GA-2100-1A моделот. Дадоа и некои 5% попуст со картичката нивна. Знам дека веројатно многу овде избегаваат G-SHOCK тип на часовници, ама за разлика од другите модели, овој ми изгледа многу културно. Компактен е, и прилично лесен. Никогаш не сум се замислувал со G-SHOCK, ама за секојдневна опција за човек што не носи кошули за на кафе, е таман. Маста му ја извадив летово, и ми стана нов фаворит од она што го имам дома.

2020-09-21-095625148.jpg
 

Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
377
848
Знае ли некој каде се продаваат кутии за часовници? Не ми треба нешто голема, 3-5 слота негде.
 

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,194
3,281
Битола
Колку беа цена? И дали се солидна изработка ?
300 денари за 5 часовници. Имај на ум јас ја крстив кутијата за часовници, таа оригинално за чај е правена, но долга така со 5 прегради таман за 5 часовници. Со стакло одозгора.
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,474
4,061
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Препорака за редовен сервис за Tissot, а да не мора Божиновски? Знам дека се овластени, ама пријател им однесе модел и го држат веќе месец и пол.
 

Trtka

Gaining Experience
11 април 2018
170
166
Многу го фалат Маестро Владимир Настевски. Разбарај го по фб ќе ти излезе.
 

damil

On your way to fame
2 јануари 2015
845
909
Препорака за редовен сервис за Tissot, а да не мора Божиновски? Знам дека се овластени, ама пријател им однесе модел и го држат веќе месец и пол.
Сервис Омега, стара чаршија. Јас однесов неколку саати по препорака на @Oktar и ги среди човекот одлично.

Б.т.в. редот е за дадена препорака да се части реброкременадла у ДМ. Ја мојата уште ја дужам.
 

Trtka

Gaining Experience
11 април 2018
170
166
Еве го лепотанот, часовникот е прилично тежичок. Круната не се клати како кај повеќето восток часовници. Исто така и безелот е прилично добар. За остатокот ќе видиме како ќе се покаже.
Стигна за 6 дена од Мада Раша. 30$ за поштарина со УПС. Достава на рака со потпис и без никакви додатни давачки.
IMG_20201216_164406.jpg IMG_20201216_170242.jpg
И едно сликче за споредба со г-шок.
IMG_20201216_165909.jpg
 

mac_mk

Gaining Experience
30 јуни 2017
82
69
Има кај нас негде да се продаваат гумени ремчиња?

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,049
4,311
SK
Погледнете го атачментот 94634
On his way to papa. Ме заразивте со востоков, намеркав 4-5 часовници, за почеток го порачав овој од тука. Испорака со упс и се надевам дека ќе стаса пред нова година.
Убав часовник, а и цената му е ок со оглед на тоа дека нема да те фати многу поевтино сам да го модифицираш (ај бејзелот не е филозофија, ама менување дајал и не е така едноставно и си бара и алат и знаење/внимателност).

Само каишчето не ми се допаѓа, некако стилот не одговара баш со часовников (за мене лично барем). Имаат убави каишчиња на cheapest nato straps, само провери ширината која е точно (би рекол 20мм вака од око). Имаа добар попуст за црниот петок, веројатно ќе има нешто и за нова година.
 

acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
158
212
Има кај нас негде да се продаваат гумени ремчиња?

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
Ако не ти се брза, провери ebay.
Јас за Casio нарачав, стигна за околу 3 недели. Не е оригинал, не пишува Casio ама е 100% идентична копија па нема никаков проблем а цените се багатела.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,101
Мислења
838,569
Членови
29,018
Најнов член
dimitar.spiroski
На врв Дно