Слично искуство и јас имав 2 години за стакло на С21. После 4 дена стаклото почна да се одлепува по ивиците. Бев изнервиран и отидов во Видеодата, за 12500 денари сменија комплет и еве до ден денес го користи внукот за гледање Youtube и трескање од под, незнам како издржува. За Самсунг само Видеодата.Тешка работа, пред недела дена жена ми менуваше стакло на с23у во Мобеликс, не е оригинал и изведбата е онака... Пред 2 дена и се појави мртов пиксел. Претходно се јавив видео дата и ми рекоа дека не менувале само стакло морало и дисплеј и чинеше 14500. Да носам пак одлука би го дал на видео дата барем ќе ми стават оригинал стакло и убеден сум дека изведбата ќе биде подобра.