Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Наочари за заштита од зрачењето од мониторите

maci

poweruser
2 април 2008
3.393
978
ако ве печат/пецкаат очите најверојатно е од сувоста во окото поради долгочасовното седење пред пц,тогаш топло ви ги препорачувам
обичните се 134 ден. а вештачките солзи се 127 ден.
banner_drops_en.jpg

proculin%20tears.jpg
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.680
3.290
не земајте прокулин на своја рака.
вештачки солзи и да си капнувате не е на штета, но обичниот прокулин никако.
консултирајте доктор (помлад некој, што е во тек со светов и технологијата) па нека ви каже што е најдобро)
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.624
19.372
Proculin има ист состав κаκо и κапκи за нос само далеκу поблаг (во пρомили) ρаствоρ. Напамет и без потρеба, не.
 
outsider

lurker
14 јуни 2019
853
1.684
Битола
www.instagram.com
Гледам јас многу инфлуенсерки рекламираат наочари од нептун мислам дека беа?
Е сега, не гледам која е потреба за такви наочари новите монитори и екрани имаат премногу стандарди што не се дозволува како порано да биди зрачењето од ЦРТ мониторите се сеќавам ко помал очите ми беа црвени како надухан. Моментално седам пред монитор и по 10 часа не ме заболваат очите. Пуштам blue light filter и то е то. Што мислите вие?
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.553
Skopje

На работа седам на Lenovo екрани, по 8/9 саати, дома сум на BenQ уште сигурно 4 до 8 часа (зависи од денот). Дома не ме болат, на работа неможам да издржам.

А веќе неделава се осеќам и чудно, ми се врти дури на моменти. Пренапорно ми е кога гледам во екран, морам да земам нешто, не е дека пратам инфлуенсери, не ме занимаат такви ботови.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.037
1.845
Скопје

а да си провериш и диоптрија уз пут? :) инаку кои и да те свиѓаат со плав филтер, можеш чак и во оптика да си направиш стакла само со плав филтер и рамка по кејф .. тие во нептун не се лоши, на kickstarter пркнаа ко појава лани нешто ау .. само незнам како се со цена баш во однос на друго што можеш да најдеш

сега отворив линкот, тие што ги линкаш се истите од нептун :)

исто на работа мониторот на што го возиш? со адаптер без? некад знае лош адаптер да преебе работа лошо, да има фликер и сл заебанции.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.553
Skopje
сега отворив линкот, тие што ги линкаш се истите од нептун :)

Значи ок се моделите, сигурно ќе има подобрување некакво (какво,такво)?

Инаку да, ќе проверам и диоптрија, можеби и до тоа е. Вака (според мене) немам проблем со видот, ама од кај да знаеш ако не провериш. Последниве неколку дена веќе премногу ми е, ме стега цела предница не се издржува.

исто на работа мониторот на што го возиш? со адаптер без? некад знае лош адаптер да преебе работа лошо, да има фликер и сл заебанции.

На адаптер е, оние Леново моделине цел ПЦ у Монитор што е. Имам и ФЛукс ама џабе. Одамна приметувам дека не ми годи екранов, сеа веќе многу поише. Али јбг.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.037
1.845
Скопје
Значи ок се моделите, сигурно ќе има подобрување некакво (какво,такво)?

Инаку да, ќе проверам и диоптрија, можеби и до тоа е. Вака (според мене) немам проблем со видот, ама од кај да знаеш ако не провериш. Последниве неколку дена веќе премногу ми е, ме стега цела предница не се издржува.

На адаптер е, оние Леново моделине цел ПЦ у Монитор што е. Имам и ФЛукс ама џабе. Одамна приметувам дека не ми годи екранов, сеа веќе многу поише. Али јбг.
леќата е важно да нема диоптрија (ако не ти треба нели) и да има плав филтер, другото е комфорт и стил рамка форма и сл.

ама од лош монитор ништи не те спасува :D
 
1 април 2012
1.480
982
Блу лајт филтер наочари се тотално бескорисни, прочитај неколку студии на таа тема. Ако сакаш да филтрираш блу лајт филтрирај го софтверски, така ќе бидеш подобро заштитен отколку со наочарите.
 
И

Избришан член 5469

Гостин
Блу лајт филтер наочари се тотално бескорисни, прочитај неколку студии на таа тема. Ако сакаш да филтрираш блу лајт филтрирај го софтверски, така ќе бидеш подобро заштитен отколку со наочарите.

За ова само ф.лух

View: https://www.youtube.com/watch?v=NkJY9bgLyBE
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.553
Skopje

Имам бе другари, стаен ми е на ПЦ, со него работам. Осеќам напнатост и со него. Ако земам просек од цела недела, месеци уназад (година) по 14 саати сум пред екран, а последниве неколку недели претерав, заглавував многу.

Затоа мислев и некакви наочари да земам, затоа прашував, може ќе ми помогнат...
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.037
1.845
Скопје
Имам бе другари, стаен ми е на ПЦ, со него работам. Осеќам напнатост и со него. Ако земам просек од цела недела, месеци уназад (година) по 14 саати сум пред екран, а последниве неколку недели претерав, заглавував многу.

Затоа мислев и некакви наочари да земам, затоа прашував, може ќе ми помогнат...
за замор не ти помага ништо .. плус провери и диоптирја, може да имаш мала промена, доста е тоа за главоболки чуда .. плус нормално ти треба одмор :D (и ја седам по 12+ редовно години уназад)
 
cgfreak

hello world
1 октомври 2010
474
658
Дома
Имам бе другари, стаен ми е на ПЦ, со него работам. Осеќам напнатост и со него. Ако земам просек од цела недела, месеци уназад (година) по 14 саати сум пред екран, а последниве неколку недели претерав, заглавував многу.

Затоа мислев и некакви наочари да земам, затоа прашував, може ќе ми помогнат...
Провери си диоптер друже, може и да не приметуваш проблеми со видот, но ако го има создава проблеми како тие што ги опишуваш, па и тешки главоболки. Конкретно од монитори не мислам дека има некоја значителна штета, бидејќи во последниве 10 години просекот пред монитор ми е околу 10-12 саати дневно. На повеќе пати сум имал периоди и со 14-16 саати пред компјутер со се викенди споени и други проблеми со очите освен очекуван замор и минливо црвенило, не сум имал. Доколку имаш диоптер, со добри наочари ќе ти се разубави животот :) Така да, преглед еден задолжително!
 
1 април 2012
1.480
982
Имам бе другари, стаен ми е на ПЦ, со него работам. Осеќам напнатост и со него. Ако земам просек од цела недела, месеци уназад (година) по 14 саати сум пред екран, а последниве неколку недели претерав, заглавував многу.

Затоа мислев и некакви наочари да земам, затоа прашував, може ќе ми помогнат...

Ниедни наочари нема да ти помогнат за долго седење на компјутер. Провери си диоптер и прави 5 минути пауза од гледање во монитор на секој пола саат.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.393
978
На работа седам на Lenovo екрани, по 8/9 саати, дома сум на BenQ уште сигурно 4 до 8 часа (зависи од денот). Дома не ме болат, на работа неможам да издржам.

А веќе неделава се осеќам и чудно, ми се врти дури на моменти. Пренапорно ми е кога гледам во екран, морам да земам нешто, не е дека пратам инфлуенсери, не ме занимаат такви ботови.
исто и јас имам лошо искуство со Леново.
неможев да седам повеќе од 5 мин на него.
 
loris

lurker
7 мај 2007
630
50
Велес - Скопје
Ајде да го изнесам и јас мојот став на оваа тема.
Консултирав професионалец доктор офтомолог со повеќе годишно искуство.
Прашањето што му го поставив беше следното:
"Докторе кое е вашето мислење за овие наочарите за заштита од плава светлина и слични".
Краткиот одговор беше: "Комерцијален производ"
Што значи дека не е медицинско помагало како пример очилата :)
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.120
2.343
Намали brightness и прави паузи од гледање во монитор низ денот. И направи очен преглед.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Наочари со добро стакло /леќа филтрираат плаво светло и е корисно ако седиш цел ден и гледаш у бел екран Word, Excel, Outlook. Во просторија каде што работите или седите на копјутер мора да има одредено ниво на влажност во воздухот. Доколку не трепкаш редовно очите се сушат и се појавува печење или сврбеж. Погоре членот пиша дека дома нема проблеми, само на работа. Греење на клима го суши воздухот многу, препорака е во такви простории да има навлажнивач на воздух. И мене оваа ми го кажа доктор специјалист.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.439
5.599
Пред 2-3 години почнав да чувствувам нелагода во очите после извесен период работа пред монитор. За беља ми се скрши и рачката од наочарите и отидов на очен лекар да се проверам пред да купам нови наочари. Не ми констатира промена на диоптер ниту некакви промени во однос на последната контрола. За проблемот покрај основните совети како тргај по погледот од монитор и гледај далеку, ми рече вештачки капки да користам, а на прашање за синот филтер рече пробај, може да помогне.

Јас лично забележив разлика во стакла со син филтер. Во иста просторија, пред ист монитор, иста диоптрија, значи сѐ исто освен новите стакла за наочари, некои јапонски блу нешто. Исчезна таа нелагода и некако гледањето во монитор ми е полесно, ако така може да се каже. Од солзите сѐ уште не сум користел.

Стаклата не прават никаква промена на бојата, иста е и кога се гледа без нив и со нив. Единствено рефлексијата од светлината на стаклата има плавкаста нијанса.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com

И јас имам со блу филтер, поточно имав. Се брише ако користиш онакви марамици од КАМ маркет, а се брише (ама поспоро) и само со микрофибер.

Околу 3 години ми се стаклата. Можда твојов Јапански е поквалитетен :) мојот незнам каков беше од оптика мима.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
@moongose ме потсети за вежбите.
Се тргаш од монитор, седиш на столчето и прво фокусираш на колена, потоа гледаш во далечина и така неколку пати. Очните муслули да поработат интензивно.
8 часови пред монитор очните муслули не мрдаат, фокусираат на исто растојание цело време, затоа мора да се размрдат. Или излези на тераса и запали цигара и гледај девојки на далеку.
 
Подобро решение 2-3 монитора. Гледаш лево, па малце десно, па право :D
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
И јас имам со блу филтер, поточно имав. Се брише ако користиш онакви марамици од КАМ маркет, а се брише (ама поспоро) и само со микрофибер.

Околу 3 години ми се стаклата. Можда твојов Јапански е поквалитетен :) мојот незнам каков беше од оптика мима.
Од врене на време мора малце сјај и топла вода, суви крпчиња гребат по површина на стаклата. Направи го оваа и како да имаш нови наочари
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
817
1.259
@loris Кажи кој офталмолог е во прашање. Приметувам дека на десното око ми се мати, па дошло време за наочари.
Исто така, каде има добри рамки по пристапни цени. Некако не ми се даваат 100евра само за рамки од познати брендови, не ми игра улога тоа.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно