Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Мобилен телефон за деца до 6 години

angel485mk

hello world
26 март 2008
267
59
angel485mk's setup  
OS
Windows 7
Мобилен телефон за деца до 6 години

На европскиот пазар наскоро ќе се појави Фајарфлај, мобилен телефон, кој е посебно дизајниран и поедноставен за да можат да го користат и деца што се во предучилишна возраст. Фајарфлај чини 90 евра, има поедноставени опции, а со помош на безбедносниот ПИН, родителите можат да ги контролираат и блокираат несаканите повици. На тастатурата има пет копчиња, од кои две ги претставуваат мајката и таткото. Овие копчиња овозможуваат детето брзо и лесно да ги повика своите родители, додека третото е наменето за именикот, кој собира 20 броја. Преостанатите две копчиња служат за јавување и за прекинување на повикот. Производителот на „Фајарфлај“ смета дека уредот е безопасен, особено бидејќи нема опција за испраќање пораки ниту фотографии, кои би можеле да имаат недозволена содржина. Досега во Британија Фајарфлај е продаден во над 7.000 примероци, но повеќето родители не ги воодушеви. „Овој мобилен телефон отвора многу прашања. Од кои најбитно е што ќе им е на четиригодишни деца мобилен телефон? Да разговараат со своите врсници, со родителите или со воспитувачките од градинка. Не разбирам“, изјави Ени Линч, претседателка на Националниот родителски совет на Велика Британија. На најавите за појава на овој мобилен телефон за деца реагираа и други здруженија за заштита на децата и нивното здравје, кои сметаат дека децата не треба да имаат телефон сé додека не стигнат до повисоките одделенија од основно образование.

firefly.jpg
FireflySupergirlWarner.jpg



Firefly_phone.jpg
 

toteto

Баниран/a
19 ноември 2008
916
40
Абе глупости прат само. Овај телефон 90 евра, ќе дам уште 10 евра и ќе си земам некој супер телефон на пост пејд. Е шо не можело да прима слики и пораки? А кој ќе му пушта слики? А пораки мора да има... SMS. Сега децата од 5-6 години повеќе се разбират од hi-tech направи од повозрасните (со ретки исклучоци).
 

zlatkogv

hello world
5 декември 2007
206
6
Абе глупости прат само. Овај телефон 90 евра, ќе дам уште 10 евра и ќе си земам некој супер телефон на пост пејд. Е шо не можело да прима слики и пораки? А кој ќе му пушта слики? А пораки мора да има... SMS. Сега децата од 5-6 години повеќе се разбират од hi-tech направи од повозрасните (со ретки исклучоци).

Ако не прочита убаво ова е за деца помали од 6 години. Ти колку години имаш, па што би зел hi-tech телефон?:LOL: Ова е сварно добра работа за мали деца, нив не им требаат камери слики мп3 и слични ствари. Доволно е да со едно притискање да се јават до родителите при евентуална помош, намерно е направен прост а не сложен. Ти рече СМС, добро од кога 4 годишни деца знаат да читаат???? има исклучоци нормално ама тие се ретки, и неможеш да кажеш дека 5-6 годишни деца се разбираат повеке од возрасни во hi-tech кога тие уште се со пелени на г.. ......не зезај.....ајде 9-10 па и 11 годишни, ама 5????????? дај ти се молам
 

darknessdimi

hello world
5 март 2009
224
5
абе мислам дека ова е не потребно јас мислам пошо кај ги пуштаа родителите децата помали од 6 години сами некаде да одат во градинка ? има воспитувачки ке се јават на родителите и заврсена работа ... мислам и кај и да одат секаде ги оставаат на некој возрасен ... да не тупам за џабе пари:ua::ua:
 

Boka

read-only
16 август 2009
6
0
Паметно т.е попаметно него да ги гледам децата од забавиште со некоја скапа нокиа. :ha:
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно