Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

МарНет со нов правилник

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.876
34.176
roka.mk

Објаснето и најавено беше пред нова година.
 
DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
Овие од МАРнет се будат од зимски сон?
Или, пак некој нов јунак/-ци скоро дошол до фотелја, па експериментира?

Промовирање на сигурност, а во позадина нарушување на корисничкото искуство, а веројатно и поголема желба за контрола на тоа кој може нешто да напише / каже онлајн.

А, компаниите кои регистрираат домени (регистрари, 20-тина ги има)...
Кренаа ли некаде глас за ова, имаше ли јавни дискусии, споделија ли инфо по медиумите?
Или свиткаа опашка, и замолкнаа.

Кој треба да го врши притисокот кон МАРнет (за соработка со регистрарите за современи решенија), самите регистрари или нивните клиенти?

Работава излегува, да гледаме од страна / друг да ни' ја заврши работата, а ние да го собереме кајмакот.
Така се губат клиенти.
 
DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.647
196
Секако дека апелиравме. Ги информиравме и медиумите, од кои само it.mk пројави интерес. Го информиравме и министерот за информатичко општество. Цело време комунициравме и со МАРнет, почнувајќи од јавната дебата во 2023. Сепак, УО одлучи дека ова е вистинското решение.

Кога велите компании-регистрари имајте на ум дека ова не се мултимилионски компании (со чест на исклучоци како Телеком, А1 Неотел и можеби уште некоја, кои ниту се занимаваат со регистрација на домени), и немаат средства за национални кампањи кои би имале сериозно влијание.

Но, не е се така црно. Во понеделник ќе го објавиме новиот кориснички портал на Земи.мк, кој носи целосно дигитализиран процес на управување со мк домени. Мислам дека многу наскоро после тоа и целосно ќе го исфрлиме од употреба принтаното Барање за регистрација на домени.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604

А како ќе го решите нели моралното потпишување на документот барање? Не сите имаат сертификати, т.е. релативно малку граѓани имаат, ај фирми можеби повеќе.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
430
623
/home/coki
Ајде да се организираме и да поднесеме една петиција до Марнет за решавање на проблемите околу македонскиот доменски простор. Јас веќе имам нешто осмислено, и покрај новонастанатиов проблем со промените во процедурата за регистрација којшто треба да се вклучи, мене лично многу ме засега недостатокот на whois приватност, поради што и се одлучив да почнам да пишувам нешто.
Ако некој има повеќе искуство со петиции, дали би можела оваа петиција да биде спроведена преку Почетна - Peticija.mk или мора на друг начин за да биде валидна?
 
Маша

user
24 април 2007
1.053
2.830

Во државава референдум не се почитува, не па петиција :(

Него да не бидам дефетист и да те обесхрабрувам, еве ќе ти кажам пробај, па нек иде живот! Дури и ќе ти ја потпишам ;)
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
430
623
/home/coki
Во државава референдум не се почитува, не па петиција :(

Него да не бидам дефетист и да те обесхрабрувам, еве ќе ти кажам пробај, па нек иде живот! Дури и ќе ти ја потпишам ;)
Мора од некаде да се тргне и нешто да се проба. Ако не успее, барем нека има траг дека имало луѓе што не биле рамнодушни и искажале свое аргументирано мислење.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.679
3.290
Не гледам зошто странци би регистрирале мк домеин освен ако не го купува за подоцнежна препордажба и зафаќање на слободни домеини. Доколку е резидент во Македонија, тогаш ќе може да си купи домеин и да го користи...
 
DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.647
196
А како ќе го решите нели моралното потпишување на документот барање? Не сите имаат сертификати, т.е. релативно малку граѓани имаат, ај фирми можеби повеќе.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Нема потреба да имате сертификат. Барањата корисниците можат да ги потпишуваат со бесплатна регистрација на апликацијата на Evrotrust. Процесот на регистрација во zemi.mk не е променет. Новина е што во позадина автоматски ви се генерира PDF барање, она од МАРнет, за регистрација на домени.

Додаден е само еден нов чекор, т.е. по уплата доменот ви стои во корисничкиот портал со подготвено барање за електронско потпишување. За потпишувате го внесувате телефонскиот број со кој сте регистрирани на Evrotrust по што барањето ви излегува на самата апликација. Откако ќе го потпишете на апликацијата, по кратка проверка од наша страна доменот ви се регистрира. Повеќе инфо има на Електронско потпишување на Барање за регистрација на .mk домен

За правни лица е додадена и верификација кај нас на порталот, со прикачување на соодветни документи, како тековна и други, во зависност од дејноста.

Засега и цената не е променета, останува 799, како и пред попустот од 50% и цената од 399 денари.
 
A OneID може да се користи?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно