Абе не оти многу ми треба ама вчера од работа ми текна да си проверам неколу пратки, и нема инфо од МК поста. Прво си помислив шефот ги блокирал, демек да не губиме време за глупости на работа, ај од мобилен пак нема, и си мислам „умен шефот мој и мобилните ни ги ограничил“. Сега од дома пробав, немааа. Или цела тиквешија е поцрнета или шефот мој е генијалец.Работи кај мене. Те блеклистирале, отвори преку прокси или ВПН или чекај (или 2-3, или 24 саати).
Resistance is futile!
Лабави правила.Според мене никогаш не нарачувај во иста пратка ако сумата го надминува лимитот за давачки. Или раздели од различни продавачи или почекај да ја пратат првата.
Штом е нешто заедно порачано се царини вкупната вредност на пратката. Барем според страницата на царина.
Е сега секое правило има исклучоци...
На жалост подлежи на царина, плус данок. И нажалост идиотите одбиваат 3д принтер да го третираат како компјутерска периферија (помали давачки).Здраво дечки , има ли некој искуство со царина за потешки производи над 5кг , поточно прашувам за 3D printer.
И дали подлежи на царина и ддв ако е од Германија пратката ?
Апдејт - отидов сабајле, ја најдоа и средивме. Арно ама во нивните листи имаше туѓ потпис на примач, а праткава таму на нивните сталажи... Поштаров на реон 94 изгледа прави мучки...
Истото ми се случи на реон 4 (Буњаковец), наводно доставена пратка со тракинг број, ја најдоа на полица кај поштарот. Каде е реон 94?
Реонски центар Аеродром.Истото ми се случи на реон 4 (Буњаковец), наводно доставена пратка со тракинг број, ја најдоа на полица кај поштарот. Каде е реон 94?
Реонски центар Аеродром.
А инаку поштаров кај мене повеќе пати забушавал.
Пример имаат директива сите картончиња со 8 дена рок - овој упорно на 5.
Па ставил тече од завчера и 5 дена.
Па касни со испорака општо.
Има некаде да се пријави ова или бесполезно е?
Ако ти е пратката LP000... (следи подолг број), мислам дека е невалидна за МК тракинг но немаат имплементирано веројатно некој начин за валидација, па проверката трае бесконечно
Не е паднат, цело утро го користам - користи VPN.Може некој да ми објасни зошто е паднат сајтот на пошта скоро цело време, некој пиша DDoS, кој и зошто би ги напаѓал?
Не е паднат, цело утро го користам - користи VPN.![]()
Може некој да ми објасни зошто е паднат сајтот на пошта скоро цело време, некој пиша DDoS, кој и зошто би ги напаѓал?
Фрката е што сме имале несреќа да се родиме во оваа вукојебина, погоре некој член спомна "се радуваме кога сајтот ќе им работи, за нешто што во нормална земја е незамисливо" или нешто во тој стил беше.Општо цело време има фрки, ме интересира која е причината, нема логика никаква.
Сервисот функционира но треба често да се обидуваш во текот на денот.Јас пробувам веќе месец дена и не можам да проверам до кај е пакетот, а пакетот е пуштен пред 2.5 месеци и сеуште не ми е стигнат... малце повеќе од фрустрирачки е кога локалниот сервис за тракинг информации не ти функционира долго време..
По моја дефиниција тоа не е функционирање.Сервисот функционира но треба често да се обидуваш во текот на денот.