Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Kако да го подесам лап топот да работи без батеријата

pilch@rd

user
22 август 2009
1.338
132
Литиумските батерии НЕ САКААТ да бидат полни 100% и празни 0%. Ним најмногу им одговараат токму тие сецкања.

Нема врска !!! Јас го практикувам токму спротивното од ова,т.е ја празнам до 5% (пред да згасне) и го полнам до 100% и досега капацитетот е намален за некои си 15 минути, отколку што држеше кога беше нов купен. И следен пат послушај ги повозрасните членови на форумов, бидејки тие многу повеќе виделе и испробале отколку јас и ти заедно. @gokica веќе има создадено имиџ на добро информирана личност, кој барем според мене кога ги читам неговите постови тука, ми личат на сериозни муабети, а не на џабе потрошено време. Се надевам дека ме свати, ако не здравје. :)
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Абе ти можеш да практикуваш што сакаш, ама литиумските батерии не треба во принцип да се празнат до крај. А тоа колку лаптопи ми поминале низ раце, е просто неблагодарно да се фалам. :rolleyes:

Убаво си рече, слушај не нас повозрасните. :bravo:
 
pilch@rd

user
22 август 2009
1.338
132
Абе ти можеш да практикуваш што сакаш, ама литиумските батерии не треба во принцип да се празнат до крај. А тоа колку лаптопи ми поминале низ раце, е просто неблагодарно да се фалам. :rolleyes:

Убаво си рече, слушај не нас повозрасните. :bravo:

Ти во повозрасните се сметаш?? Искрено не верувам дека имаш повеќе од 20 години, и си средношколец 3-4 година средно.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Ти во повозрасните се сметаш?? Искрено не верувам дека имаш повеќе од 20 години, и си средношколец 3-4 година средно.

Слободно вади си ја батеријата, чувај си го даљинското во целофан, закачи си го мобилниот за пуњач, и тако даље.

Со сила човек да ви даде памет не може.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.247
Констатацијата дека литиумската батерија не сака долго време и во континуитет да биде на 0% и не треба секогаш да го вози цел циклус на полнење до 100% е точна.

Најголемиот број од полначите во употреба најчесто полнат импулсно после 85% па оттука и не може веднаш да се направи штета на батеријата од преполнување. При празнењето исто така постои имплементирана бариера кога се исклучува лаптопот што значи дека има доволно простор модот за спиење на батеријата да се активира.

Значи како прво самата опрема е дизајнирана да спречи штета врз батеријата во даден интервал.

Наизменичното полнење, на пример од 40% на 70% па назад исто така не е штетно туку е и пожелно со тоа што како еден циклус на полнење ќе се земе севкупното приполнување на батеријата до 100%. Односно ако еднаш се наполни од 50% до 100% па се испразни до 50% и се наполни повторно до 100% тогаш тие две приполнувања прават еден циклус.

Она кое е потребно да се направи од време на време доколку во континуитет се употребува батеријата на начинот претходно кажан е да се испразни периодично до крај и да се наполни до 100% заради обновување на меморијата на батеријата. Всушност најмногу се полемизира околу меморијата но од искуство знам дека литиумските батерии доколку се полнат во некои константни граници подолго време, на пример од 40 - 80% но ни помалку ни повеќе од тоа, имаат тенденција да држат пократко се додека не се наполнат од 0 - 100% 2-3 пати.

Најштетно за батеријата е висока температура и/или полнење подолго од неколку часа откако ќе го достигне максимумот.

Што се однесува до складирањето кога не се употребува, јас најчесто ја складирам на 0% кои и не се физички 0% зашто во батеријата сеуште има некои 10-20% напон. Но не ја оставам предолго така. Кога ја ставам во употреба лаптопот го полнам исклучен се додека чарџерот не покаже дека е полна а тоа е некаде 85%-90% од капацитетот на батеријата (значи некој час и половина полнење се додека не светне сијаличката за полна батерија бар кај мене). А потоа можам да ја користам колку сакам и како сакам се до наредниот процес на складирање кој има за цел се разбира да го намали бројот на циклуси на употреба на батеријата. И не ја ставам во фрижидер зашто жена ми е алергична на електронски делови и уреди во бела техника што е во нејзин домен. :D

Значи апсолутно не е до толку страшно складирањето или користењето на батеријата. Ова го кажувам зашто имам чувство дека доаѓаме до екстремни заклучоци во разговоров.

А факт е дека складирање на батеријата кога лаптоп се користи цело време покрај штекер го продолжува времето на нејзиното користење и тоа и по неколку години плус во споредба со батерија која во континуитет е на чарџер.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Гокица кажа доста точни, ама и некои неточни работи, па ќе се задржам на овие вторите.

Во принцип за литиумските батерии е добро следното:

1. Да се прави најмалку 1 циклус неделно (гокица добро објасни што е циклус погоре).
2. Секои 2 месеци да се прави калибрација (т.е. полни до 100% - чувај 2 саати, празни до крај, остави 5 саати, па пак полни. Ова да се прави ЕДНАШ секои 2-3 месеци). Почестите полнења до 100% и празнења до 0% ја намалуваат виталноста на батеријата.
3. Складирањето не треба да се врши на 0%, ниту на приближно 0% (несметајќи го „тајниот“ напон на батеријата), туку на околу 40% за најдобри резултати.
4. Складираната батерија треба секои 2 недели да направи по 1-2 циклуса за одржување на виталноста.
5. Складирањето е најдобро да се врши на пониска температура, пожелно во фрижидер.
6. Повеќе век на батеријата може да и додаде нејзино ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ во лаптопот (односно одржување на ниска температура со помош на разладен уред под лаптопот, и придружување до горните упатства за полнење, празнење и циклуси), ОТКОЛКУ нејзино правилно складирање. Самите батерии имаат фиксен животен век, па дури и оние со 1000 циклуси, не траат подолго од 5-6 години, па складирајте ја колку сакате добро - ќе почне да губи виталност.
 
Buvche

read-only
10 јануари 2008
47
83
Највеќе зависи од тоа на кој начин планираш да го користиш лаптоп-от. Баш би сакал пред година и пол да го прочитав постов :D. Имам 13 инчен лаптоп со надворешна графичка кој 90% од својот животен век го помина на биро. Значи стар е ~16 месеци а капацитетот на батеријата е 38% (за у ѓубре). Главна причина што ми се упропасти батеријата е високата температура што ја развиваше лаптоп-от за време на гејминг. Доколку би имал сега шанса дефинитивно би ја вадел. А доколку го користиш за сурфање, ворд, чет у опште да не се замараш.
Секако доколку би ја вадел батеријата во никој случај не би се замарал да ја ставам по фрижидери, чисто би било за да ја избегнам високата температура што ја генерира процесорот.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.247
1. Да се прави најмалку 1 циклус неделно (гокица добро објасни што е циклус погоре).
2. Секои 2 месеци да се прави калибрација (т.е. полни до 100% - чувај 2 саати, празни до крај, остави 5 саати, па пак полни. Ова да се прави ЕДНАШ секои 2-3 месеци). Почестите полнења до 100% и празнења до 0% ја намалуваат виталноста на батеријата.
3. Складирањето не треба да се врши на 0%, ниту на приближно 0% (несметајќи го „тајниот“ напон на батеријата), туку на околу 40% за најдобри резултати.
4. Складираната батерија треба секои 2 недели да направи по 1-2 циклуса за одржување на виталноста.
5. Складирањето е најдобро да се врши на пониска температура, пожелно во фрижидер.
6. Повеќе век на батеријата може да и додаде нејзино ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ во лаптопот (односно одржување на ниска температура со помош на разладен уред под лаптопот, и придружување до горните упатства за полнење, празнење и циклуси), ОТКОЛКУ нејзино правилно складирање. Самите батерии имаат фиксен животен век, па дури и оние со 1000 циклуси, не траат подолго од 5-6 години, па складирајте ја колку сакате добро - ќе почне да губи виталност.

Да, оваа листа на правила е цитат од комерцијален сајт за батерии и се користи како школски пример кога се зборува за батерии и сигурен сум дека не произлегува од твоето искуство.

Најверојатно си наишол на листа која е дефинирана за општата популација зашто ги објаснува работите преку поврзаност со време а тоа не е онака како што треба односно не го зема во предвид интензитетот на употреба на уредот или бројот на циклуси во одреден период. Поправилно е на пример да се каже дека потребно е да се наполни и ипразни целосно еднаш на секои 30-50 циклуси отколку на 2 месеци на пример.

Цело утро го потрошив и не можам да го најдам написот од тест на неколку лаптоп батерии од кои некои беа складирани а други во употреба при што по година дена имаше разлика која беше во значителна корист за складираните батерии и при тоа беше посочена вина во маркетиншките активности и стимулот на потрошувачката на добра што на прв поглед ми звучеше како налудничава теорија на заговор но подоцна се испостави дека е точна баш со моите лаптопи. Всушност јас со мојот начин на ракување со батериите добивам резултати кои се разликуваат од оние посочени во листите со што дојдов до констатација дека генерално низа од овие правила се напишани со двосмисленост.

Ако продолжиш да читаш на интернет ќе забележиш дека рокот на употреба на една батерија дури и ако се чува на полица е 2-3 години што воопшто не е точно и повторно се поклопува со стратегијата за зголемена потрошувачка. Има безброј написи од корисници на интернет кај кои батериите траат по 5, 6, 7 години итн. Кај мене е веќе 4 години и тоа со неверојатно добар капацитет. Всушност на батеријата го има датумот на производство но не и рок на траење. Работната температура како и дозволена граница за складирање е од 0 - 60 степени при што поладно е подобро и дава подобри резултати врз векот на батеријата но од искуство фрижидерот воопшто не е неопходност.

Но сепак за жал не можам да се повикам на пишани веродостојни податоци кои ќе ја потврдат мојата теорија зашто јас лично сум немал причина да го документирам процесот а на интернет освен таа анализа исто не можам да најдам нешто веродостојно што повторно не оди во прилог на она кое сакам да го кажам. Единствено можно решение е некој да го погледне датумот на производство на батеријата кај мене дома и со вклучен лаптоп да изодиме од почеток до крај нели.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Да, оваа листа на правила е цитат од комерцијален сајт за батерии и се користи како школски пример кога се зборува за батерии и сигурен сум дека не произлегува од твоето искуство.

Оваа листа е од А до Ш мои зборови, а не превод. Не знам зашто некои луѓе имаат потреба своето его да го хранат со постојано омаловажување на другите.

До истата сум дошол секако со искуство, а и читање на разни анализи и мислење - секако не сум најпаметен стручњак за батерии на свет.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.113
7.801

kirev

senior
31 мај 2010
9.113
7.801
ХЕЛЛЛОУ, ИМАШЕ ДИСКУСИЈА ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ - РАЗЛИЧНИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ НА БАТЕРИИ.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.247
Оваа листа е од А до Ш мои зборови, а не превод. Не знам зашто некои луѓе имаат потреба своето его да го хранат со постојано омаловажување на другите.

До истата сум дошол секако со искуство, а и читање на разни анализи и мислење - секако не сум најпаметен стручњак за батерии на свет.

Сепак немам намера да звучам навредливо а можеби кога се влече на ваков начин од контекст не звучи соодветно и ти се извинувам.

Муабетот ми беше дека кај батериите генерално 99% рецензии и мислења доаѓаат од сајтови спонзорирани од производители или од самите производители а мојата пракса е различна и при тоа успешна бар за мене.

Но стварно мислам дека темава е елаборирана до најситни детали и разговоров е многу информативен па можеби ќе биде корисен за многумина денес и во блиска иднина. А за понатаму сигурен сум дека технолошкиот прогрес постепено или побрзо ќе донесе промени и на овој план.
 
Можеби тоа што уште остана да се подискутира е како да се постапува со нова батерија. Дали при самото купување на лаптоп или при замена на старата со нова.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно