Steff_Maja
poweruser
- 30 мај 2010
- 4.174
- 1.710
Браво. Јас купив за HP 530 (мислам дека е иста со 550), за 25е.
А каде ја купи? Заинтересиран сум ако е иста како на 550.
Браво. Јас купив за HP 530 (мислам дека е иста со 550), за 25е.
Литиумските батерии НЕ САКААТ да бидат полни 100% и празни 0%. Ним најмногу им одговараат токму тие сецкања.
Абе ти можеш да практикуваш што сакаш, ама литиумските батерии не треба во принцип да се празнат до крај. А тоа колку лаптопи ми поминале низ раце, е просто неблагодарно да се фалам.
Убаво си рече, слушај не нас повозрасните. :bravo:
Ти во повозрасните се сметаш?? Искрено не верувам дека имаш повеќе од 20 години, и си средношколец 3-4 година средно.
1. Да се прави најмалку 1 циклус неделно (гокица добро објасни што е циклус погоре).
2. Секои 2 месеци да се прави калибрација (т.е. полни до 100% - чувај 2 саати, празни до крај, остави 5 саати, па пак полни. Ова да се прави ЕДНАШ секои 2-3 месеци). Почестите полнења до 100% и празнења до 0% ја намалуваат виталноста на батеријата.
3. Складирањето не треба да се врши на 0%, ниту на приближно 0% (несметајќи го „тајниот“ напон на батеријата), туку на околу 40% за најдобри резултати.
4. Складираната батерија треба секои 2 недели да направи по 1-2 циклуса за одржување на виталноста.
5. Складирањето е најдобро да се врши на пониска температура, пожелно во фрижидер.
6. Повеќе век на батеријата може да и додаде нејзино ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ во лаптопот (односно одржување на ниска температура со помош на разладен уред под лаптопот, и придружување до горните упатства за полнење, празнење и циклуси), ОТКОЛКУ нејзино правилно складирање. Самите батерии имаат фиксен животен век, па дури и оние со 1000 циклуси, не траат подолго од 5-6 години, па складирајте ја колку сакате добро - ќе почне да губи виталност.
Да, оваа листа на правила е цитат од комерцијален сајт за батерии и се користи како школски пример кога се зборува за батерии и сигурен сум дека не произлегува од твоето искуство.
@krale а од каде ти е информацијата дека батерија за лаптоп е 30 евра ?
Јас купив за HP 550 (што мислам дека и не е толку добар лаптоп) по цена од 5100 ден во Мебиус.
Оваа листа е од А до Ш мои зборови, а не превод. Не знам зашто некои луѓе имаат потреба своето его да го хранат со постојано омаловажување на другите.
До истата сум дошол секако со искуство, а и читање на разни анализи и мислење - секако не сум најпаметен стручњак за батерии на свет.
Сепак немам намера да звучам навредливо а можеби кога се влече на ваков начин од контекст не звучи соодветно и ти се извинувам.
Муабетот ми беше дека кај батериите генерално 99% рецензии и мислења доаѓаат од сајтови спонзорирани од производители или од самите производители а мојата пракса е различна и при тоа успешна бар за мене.
Но стварно мислам дека темава е елаборирана до најситни детали и разговоров е многу информативен па можеби ќе биде корисен за многумина денес и во блиска иднина. А за понатаму сигурен сум дека технолошкиот прогрес постепено или побрзо ќе донесе промени и на овој план.