Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.792
6.492
SK
^ ^
Дап со големо предимензионирање на климата дефинитивно ќе се имаат резерви на сила... И еден куп потенцијални проблеми во придружба. Ама ОК, секому неговото.

едит: Не ме држи да оставам вака, еве уште еднаш - ако ептен мора да се згреши, ок подобро е да се згреши на повеќе отколку на помалку. Но идејата е да не се греши, и да се знае колкава моќност на уредот е потребна. Мала предимензионираност е пожелна, голема предимензионираност е непожелна и лоша од десетици одделни аспекти (за кои надолго и наширко сме правеле муабет овде на темава).

Но она што ние го забележуваме е дека температурата во собата не се менува, односно цел ден е околу 24 степени, но влажноста се променува и може да падне од 70% на 20%.
Термоакомулационата печка и климата го прават ова, друго грејно тело не сум забележал да го суши воздухот

Но влагата за да ја нема треба некаде (надвор) да отиде. На пример ако имаш одвлажнувач на воздухот тој кога ќе ја искондензира влагата во вода, истата потоа ја истекува надвор од просторијата.

Клима уредите имаат функција на одвлажнување, и секако при ладење се одвлажнува воздухот во просторијата која се лади (пошто на изменувачот во внатрешната единица се кондензира вода). Но при греење ова не се случува, при греење се кондензира вода надвор на надворешната единица - затоа ги гледате надвор климите како капат вода. Или течат како чешма, ако имате Мидеа (Вивакс). :p

Муабетов ми е дека не ми е јасно како на иста температура ти гледаш намалување на влажноста и тоа за цели 50%. Дали мерачите се точни? Дали нешто друго влијае? Можеби температура се покачува?

Итн, итн, премногу анекдотално ми се чини твоево искуство. Јас би додал само дека во зимно време е важно да се навлажнува воздухот во простории кои се грејат. Одредена влажност во воздухот е неопходна за поволно влијание на грлото и дишните патишта.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Не знам каде оди влагата, само гледам дека се намалува. Купи мерач на влажност и увери се сам. Долги години се греев на термо и беше потполно истата ситуација.
 
Juve_fanatic

hello world
4 март 2018
171
130
^ ^
Дап со големо предимензионирање на климата дефинитивно ќе се имаат резерви на сила... И еден куп потенцијални проблеми во придружба. Ама ОК, секому неговото.

едит: Не ме држи да оставам вака, еве уште еднаш - ако ептен мора да се згреши, ок подобро е да се згреши на повеќе отколку на помалку. Но идејата е да не се греши, и да се знае колкава моќност на уредот е потребна. Мала предимензионираност е пожелна, голема предимензионираност е непожелна и лоша од десетици одделни аспекти (за кои надолго и наширко сме правеле муабет овде на темава).

Но влагата за да ја нема треба некаде (надвор) да отиде. На пример ако имаш одвлажнувач на воздухот тој кога ќе ја искондензира влагата во вода, истата потоа ја истекува надвор од просторијата.

Клима уредите имаат функција на одвлажнување, и секако при ладење се одвлажнува воздухот во просторијата која се лади (пошто на изменувачот во внатрешната единица се кондензира вода). Но при греење ова не се случува, при греење се кондензира вода надвор на надворешната единица - затоа ги гледате надвор климите како капат вода. Или течат како чешма, ако имате Мидеа (Вивакс). :p

Муабетов ми е дека не ми е јасно како на иста температура ти гледаш намалување на влажноста и тоа за цели 50%. Дали мерачите се точни? Дали нешто друго влијае? Можеби температура се покачува?

Итн, итн, премногу анекдотално ми се чини твоево искуство. Јас би додал само дека во зимно време е важно да се навлажнува воздухот во простории кои се грејат. Одредена влажност во воздухот е неопходна за поволно влијание на грлото и дишните патишта.
Jas od sabajle po 15-20 minuti gi otvoram vratite od terasite da vlezi svez vozduh. sekoj den taka. Kolku tolku, se vetree i vleguva nov (vlazen) vozduh. Navecher mi e nekako nepraktichno da go pravam toa, mnogu e ladno sega ama ne znaci deka ne mozes 5 minuti da ja osvezis sobata so nov vozduh. Kolku ke padne temperaturata za 5 minuti? 2-3 stepeni? Ne e strashno toa po moe mislenje.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.792
6.492
SK
Не знам каде оди влагата, само гледам дека се намалува. Купи мерач на влажност и увери се сам. Долги години се греев на термо и беше потполно истата ситуација.
На што и да се грееш, извесно ќе го гледаш истото (на истата температура).
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Од инженерска гледна точка тоа е многу очигледно.

Изгледа не се најде некој 'инженер' да објасни зошто се случува тоа. Инаку не се случува со горење на дрва. Мислам премногу време потрошивме за еден не толку битен податок.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Мојата следна клима најверојатно ќе биде баш оваа Мидеа. Jaс немам предрасуди.
Мислам дека за 18ка беше збор, па сакав да укажам на едно мислење, кое и немора да биде ад-хок правило, но сепак треба да се испита. Значи тој вели опрез со 18ка! Лоша модулација....
Инаку Мидеите се многу популарни кај северниот сосед, дури мислам најпродаван бренд се кај нив, со Fujitsu (среќници!) ... но еден корисник од таму, ете не пишува многу пофално на жолтиот форум за 18 Midea Mission...
upload_2018-12-5_23-6-54.png
 
Konec

read-only
4 јули 2018
15
1
Клима, печка, парно, го суши воздухот, а дрвата не.
Од лично искуство.

И некои членови треба добро да се информираат пред да тврдат некоја работа, зошто во спротивно е само ширење на лажни информации.
 
Последна промена:

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Convection heaters - се загрева воздухот, а тој потоа ги загрева предметите, ѕидовите и луѓето. Овој начин на греење за да биде ефикасен, подразбира повисока температура на самиот воздух. Како резултат на тоа и помала влажност.

Radiant heaters - зрачат топлинска енергија и ги греат цврстите предмети, ѕидовите и луѓето, не го загреваат воздухот директно. Можеш да бидеш супер стоплен а термометарот да покажува 17Ц. Следствено влажноста е поголема, т.е. нема "сушење" на воздухот. Постои ризик да се појави мувла на надворешните ѕидови (од внатрешна страна) ако нема изолација.

Овие ми се пуста желба што никогаш нема да ја реализирам. Tile Stoves:
6a00e0099229e8883301bb08028829970d.jpg Kamin_0230.jpg Kamin_0320.jpg Kamin_0400.jpg
51912-2147161.jpg Kachelofen_0170.jpg
Скоро 100% искористивост и огромна инертност (се мери во тони). :)
Топлината на порцеланот, кварцот, мермерот и гранитот не се споредува со 'социјалното' греење со клими и радијатори, ама ете ... јас си се тешам со два Хансоли купени по акциски цени. :innocent:
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
@DelphiUser @Konec

При горење дрва, константно влегува "свеж" воздух преку прозори и врати што слабо дихтуваат, отвори за вентилација, низ ѕидови, во некои случаи и канализација. А преку ќумбето излегува воздухот кој е веќе загреан и со ниска релативна влажност. Нешто слично како на сликава:

csia-houseassystem.jpg

Кај другите начини на греење, каде што дома нема никакво согорување за да се добие топлина, циркулира истиот воздух и ја менува релативната влажност при промена на температурата, а апсолутната останува иста.
 
ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Апсолутно точно дека го сушат воздухот
Да секако така сите мислат..Исклучи ја климата ноќе кога температурите драстично се намалуваат,а и ако немаш добра изолација и ти паѓа температурата во просторијта што ја грееш со клима и си ја исклучил преку ноќ, пошто нема потреба дополнително да го суши воздухот..Сабајето ќе се чудиш од каде се појавила влага на прозорците?!..После биле пвц дограмите призорите криви :).. Па по некое време може и мувла да фати по ќошевите,а ти се грееш на клима која го суши воздухот?!
Оди и кај некој што се грее на ќумбе од 8кв во просторија од 20кв,стави мерач на температура и влажност ќе видиш дома 30c по куси ракави да шеташ,а што викаш колку ќе биде влажноста?!
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046

Основи се тоа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.792
6.492
SK
Изгледа не се најде некој 'инженер' да објасни зошто се случува тоа. Инаку не се случува со горење на дрва. Мислам премногу време потрошивме за еден не толку битен податок.
Друже, не мора да бидеме инжинери за да разбираме основни физички појави. Во случајов колегата pinky поназад убаво објасни дека кога гориш ќумбе, истото всмукува воздух од просторијата - што е неопходност за да се случува согорувањето и да излегува чадот од оџакот. Затоа поквалитетните печки имаат решено довод на воздух однадвор.

Кога ќумбето всмукува воздух од просторијата кон надвор низ оџакот, во просторијата се прави негативен притисок кој природно се изедначува со прилив на воздух од надвор (низ врати, прозорци, и други отвори). Значи нов воздух со сопствена влажност, и поважно - со пониска температура.
Потанаму, со ќумбето имаш силно греење додека горат дрвата и потоа паѓа температурата. Нормално, истовремено се менува и релативната влажност.

Не е толку тешко да се разбере, нели?
 
cyberbaze

hello world
20 јуни 2009
291
250
Имам едно прашање за кое тука сигурно ќе добијам одговор за разлика од жолтиот форум каде одма ќе се зададе друг правец :)

Имам SF50VE3 која е свесно предимензионирана за просторот кој го греам (нешто помал од 40 квадрати).

На овие температури ни е топло за по куси ракави (колку и да ми беше смешно кога ке прочитав некој да го пишува ова).

Прашањето ми е следно:
на отприлика час и половина, перката во надворешната престанува да врти и внатрешната престанува да дува. Ова трае неколку минути.

Во собата не се чувствува дискомфорт и сме многу задоволни.

Бидејќи за прв пат се грееме на инвертер, сакам да знам дали и вашите клими работат на истиот принцип?

Претпоставувам дека тоа се случува затоа што температурата е постигната или можеби тоа е тоа што го викате суф дефрост?

Впрочем на кои температури се случува тоа да климита замрзи цела во мраз?
 
Може да исклучува ако прави дефрост или ако постигнала температура или двете одеднаш.
Сув дефрост е грешка која чини време и пари и се случува кога климата ќе направи дефорст а за тоа немало потреба.
Дефрост е процедура кога се променува функцијата од греење во ладење за да се стопли надворешната единица и да се стопи мразот. Вентилаторите и на внатрешната и надворешната единица не работат во тој случај.
18ка за 40m2 воопшто не е предимензионирање, ако успее да го згрее тој простор значи дека имаш одлично изолиран стан.
 
cyberbaze

hello world
20 јуни 2009
291
250
Дел од спрат од куќа :)

Прашањето ми е дали од инвертерот треба да се очекува постојано да работи и постојано да дува?
 
Juve_fanatic

hello world
4 март 2018
171
130
Дел од спрат од куќа :)

Прашањето ми е дали од инвертерот треба да се очекува постојано да работи и постојано да дува?
Ne, ne treba. Ke si duva sprema temperaturata, ko ke postigne, ke si iskluci. Imas top klima, uzivaj.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Одличен избор на клима си направил.

Штом ви е многу топло разотвори ги вратите да се грее што е можно поголем дел од станот.

И уживајте во бесплатно греење. :)
 
Alekso1981

hello world
4 декември 2017
61
56
20181210_072811.jpg
Potrosuvacka za 6 dena prosek 700w Klima Toshiba suzumi 16 prostor 74 m2 od 07do 21h i 58m2 navecer vo dr.spalna od 16m2 uklucuvam 2.5 mirai koe trosi max 4kw eft.struja za 10h.
Sledno postiranje za cel mesec ke bide da ne stanam naporen
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.792
6.492
SK
на отприлика час и половина, перката во надворешната престанува да врти и внатрешната престанува да дува. Ова трае неколку минути.

Бидејќи за прв пат се грееме на инвертер, сакам да знам дали и вашите клими работат на истиот принцип?
Се е во ред, тоа е нормално однесување на клима уред. Се разбира дека има разлики меѓу однесувањето на одделни клими, ако тоа те интересира подетално пролистај ја дискусијата - многу пати е зборувано за тоа прашање, како и кога одделни клими влегуваат во дефрост циклус.

Впрочем на кои температури се случува тоа да климита замрзи цела во мраз?
При услови на поголема надворешна влажност и пониски температури. Вообичаено до ова најбргу доаѓа тогаш кога климата работи под поголем капацитет (читај: кога „се мачи“ да постигне зададена температура). Но ова се нормални ситуации, климата тогаш ќе направи дефрост и нема проблем.

18ка за 40m2 воопшто не е предимензионирање, ако успее да го згрее тој простор значи дека имаш одлично изолиран стан.
Без навреда друже, ама јас не се согласувам со ваква паушална изјава.

Многу разлика може да има од случај до случај, зависно од топлотните потреби (односно од топлотните загуби). Ете само еден пост погоре имаш искуство од Alekso1981 кој со 16-ка грее простор од 74 m2 (преку ден, ноќе пушта втора клима). Ете го и моето искуство, со 12-ка греам дневна од 36м2, всушност и целиот стан од 75 м2 освен во најладните пар месеци кога вклучувам и втора клима.

Инаку да бидам прецизен ќе напомнам дека зборуваме за загревање на 24с.
Да не должам и да не се повторувам, на првиот пост од темава имаш линк до одделна тема со подетално напишани мои (и туѓи) искуства заедно со мерења за потрошувачка.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Значи ова копуциве е од клими.мк како ме нервираат.
Исклучен десен клик за да не можеш да пребаруваш или да копираш текст.
Демек "меѓу другото и хакери сме". Сељандури!

Со firefox држиш лев shift и работи десен клик, за хром мислам екстензија треба.

За сите Grease monkey и гасиш javascript на се што не е во букмарк ;)

На топик.

Има една канцеларија со 4 клими Hualing стари повеќе од 20 год. Они работат ама во зима кога мрзнат перките тие што работат таму искачаат и со рака јако ги завртуваат. По инерција почнуваат да вртат. Претпоставувам има шанси да ги расипат ама еве веќе неколку години го прават тоа.
 
Е ако де, нека се расипат. КОГА ќе се расипат ќе правиме муабет. А реално нема врска со расипување ако му помогнеш на електромотори да тргне.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Е ако де, нека се расипат. КОГА ќе се расипат ќе правиме муабет. А реално нема врска со расипување ако му помогнеш на електромотори да тргне.
Тоа се АС мотори или ДЦ? Онака ме интересира.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно