Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Нема што тој да биде противник кога одредени производители пропишуваат 3 метри. Митсубиши на пример нема пропишано.

Климите се дизајнирани за одредена должуна, односно имаат фреон за одредена должина.

Прв најголем проблем е притисокот. Се оптоварува компресорот, му се скратува животниот век. Многу повеќе грее.

Друг проблем кај кратки цевки е oil return. Маслото не се враќа правилно назад.

Затоа се прави или цел круг или во најмала рака се прави J облик.

Како што кажав некои производители не спомнуваат ништо за ова но можеби тие го регулираат притисокот подобро.

Со ставање на круг цевки се намалѕва и буката на внатрешната единица затоа што оваа преку цевките директно е поврзана со компресорот.
Ако го заследиш и загледаш, ќе видиш дека фино лепо објаснува дека многу многу ретко некој пропишува минимална должина, само максимална според напунетоста фабричка со фреон. Ова одамна го гледам по странските канали. Порано имаше врска кога беа капиларни системи без никаква можност за автоматска контрола на процесите т.е. Кај старите он офф клими. И тој и други стручни лица викаат и фабриките потврдуваат дека кај новиве инвертери поготово нема потреба од такви екскурзии.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
@FLEGMA не разбрав шо сакаш да кажиш? дали некои брендови на клими користат пократки од 3м цевки и тоа е во ред?
Не некои, многу од сериозните брендови не пропишуваат минимална должина. Што пократко подобро. Се друго се мајсторски рекла казала од минатиот век и од ерата на капиларни он офф клими, кај кои со помош на цевките и количината фреон се одредуваше режимот и моментот каде да се случи најпросто кажано процесот на ладење греење. Денес тоа е чао пријатно.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
Здраво ми треба препорака за клима што се купува со примарна функција за греење на мах 25 квадратна соба. Знам дека има многу фактори што се битни за ефикасноста како на пример изолација прозори итн итн. Станува збор за стара куќа и климата ја купувам за баба ми. Сумата што би ја потрошил е до 23 илјади денари. Ова се 4 избори што јас ги гледав: тесла вивах мидеа фуего. Би ви бил благодарен ако ми предложите некоја друга немора да биде ос овие горните 4 може и сосема друга или пак ако ми кажете која од тие 4.
Благодарам.
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Нема што тој да биде противник кога одредени производители пропишуваат 3 метри. Митсубиши на пример нема пропишано.

Климите се дизајнирани за одредена должуна, односно имаат фреон за одредена должина.

Прв најголем проблем е притисокот. Се оптоварува компресорот, му се скратува животниот век. Многу повеќе грее.

Друг проблем кај кратки цевки е oil return. Маслото не се враќа правилно назад.

Затоа се прави или цел круг или во најмала рака се прави J облик.

Како што кажав некои производители не спомнуваат ништо за ова но можеби тие го регулираат притисокот подобро.

Со ставање на круг цевки се намалѕва и буката на внатрешната единица затоа што оваа преку цевките директно е поврзана со компресорот.
Најчесто во неговите видеа ги зема како пример упатствата за монтирање клими од неколку бренда, каде вели тој, таму нема пропишано производителот колку да биде должината на бакарните цевки и каде било наведено цитирам "што пократка инсталација тоа подобро". А околу проблемот со oil return посебно во видеото линкот подолу го образложува како неточно дека пократки цевки можат да му наштетат на подмачкување на компресорот.
View: https://www.youtube.com/watch?v=EUtKCRmwrdI

Мислењето е автоматски споено:

Здраво ми треба препорака за клима што се купува со примарна функција за греење на мах 25 квадратна соба. Знам дека има многу фактори што се битни за ефикасноста како на пример изолација прозори итн итн. Станува збор за стара куќа и климата ја купувам за баба ми. Сумата што би ја потрошил е до 23 илјади денари. Ова се 4 избори што јас ги гледав: тесла вивах мидеа фуего. Би ви бил благодарен ако ми предложите некоја друга немора да биде ос овие горните 4 може и сосема друга или пак ако ми кажете која од тие 4.
Благодарам.
Тие 4 клими што ги наведе да беа само за ладење, нема проблем која сакаш одберија нема да погрешиш, но спомна за греење тука поготово незнам како ќе се одржат на температури под нула степени. На ваше место да сум би размислил на пример во рангот на овој модел од Vivax VIVAX ACP-12CH35AERI+ R32 по супер цена од 29.990 ден. Јас веќе две зими се греам со клима во стара куќа околу 20 квадрати соба, имам Вивакс 3,5w модел AEEI PRO сега ја нема во понуда а е во рангот AERI+ така да со сигурност можам да кажам дека ги задоволува потребите за греење.
 
Последна промена:
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Daikin често, не секогаш, препорачува а понекогаш и бара минимум 3 метри.

Кај препораките кажуваат зошто: Вибрации
Кај барањата не спомнуваат ништо.

И тоа за R32 модели.

Еве конкретно за
RXF50D5V1B
RXF60D5V1B
RXF71D5V1B

Кај Митсубиши не се спомнува никаде, барем јас немам сретнато.
R22 клима (on off) со гаранција го рика компресорот ако нема должина (круг или J)
 
Затоа, си се чита инсталациско упатство, а не како нашиве монтери, приучи нешто и бутај се во иста кошница

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
Најчесто во неговите видеа ги зема како пример упатствата за монтирање клими од неколку бренда, каде вели тој, таму нема пропишано производителот колку да биде должината на бакарните цевки и каде било наведено цитирам "што пократка инсталација тоа подобро". А околу проблемот со oil return посебно во видеото линкот подолу го образложува како неточно дека пократки цевки можат да му наштетат на подмачкување на компресорот.
View: https://www.youtube.com/watch?v=EUtKCRmwrdI

Мислењето е автоматски споено:

Тие 4 клими што ги наведе да беа само за ладење, нема проблем која сакаш одберија нема да погрешиш, но спомна за греење тука поготово незнам како ќе се одржат на температури под нула степени. На ваше место да сум би размислил на пример во рангот на овој модел од Vivax VIVAX ACP-12CH35AERI+ R32 по супер цена од 29.990 ден. Јас веќе две зими се греам со клима во стара куќа околу 20 квадрати соба, имам Вивакс 3,5w модел AEEI PRO сега ја нема во понуда а е во рангот AERI+ така да со сигурност можам да кажам дека ги задоволува потребите за греење.
фала за препораката ке ја разгледам но надвор од можностите ми е кога ке се вклучи и монтажа.Сепак фала
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
фала за препораката ке ја разгледам но надвор од можностите ми е кога ке се вклучи и монтажа.Сепак фала
Размисли добро, подобро да присобериш некој денар повеќе, има време до зима, него сите тие 23 илјади да ги фрлиш така и да не завршиш работа. Да не бидам наметлив еве линк од уште еден модел од Мидеа, овој го купи еден другар за соба во стан од 20 квадрати и беше задоволен.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Затоа, си се чита инсталациско упатство, а не како нашиве монтери, приучи нешто и бутај се во иста кошница

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Прича сама за себе се мајсториве.

На времето кога ми ја минтираа FH50 во сервисното пишуваше дека треба 2,5mm проводници, доводот стриктно на терминалите од надворешната а внатрешната да зема од надворешната.

30 минути се натегавме ко на Автопазар да направат како што треба.

Кругот со цевки кај мене не беше задолжителен но јас го направив заради лошото искуство со претходната клима која на голема снага ми ја вибрираше внатрешната.
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Затоа, си се чита инсталациско упатство, а не како нашиве монтери, приучи нешто и бутај се во иста кошница

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Важно тој еднаш научил дека треба 3 метра бакарни цевки, па ставај каде треба и нетреба, какво читање, какво проучување, си знае тој :)
 
Goran333

hello world
19 август 2022
91
102

Добро што е толку проблем? Секоја монтажа кога плаќаш ти е платено то 3 метра цевки, за повеќе се наплаќа дополнително.
Секоја клима надворешна и внатрешна можат да бидат раздалечени барем 5 метри една од друга без потреба за дополнување на фреон. Во случајов се 3 метри, значи нема проблем никаков.

Монтерот може да заштеди на бакарни цевки и да не стави 3 метри (монтажата нема да биде за тебе поефтина), но ако утре се десат вибрации, бучава... после кој ќе биде крив?
 
Ако не знае да монтира за да нема вибрации нека не монтира. Ако не нека вртат јамки нека се гледаат апла вишок цевки по фасада и тоа е тоа. Инаку нема проблем некој посебен.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
У врска со дужината на цевките, сите се праат паметни, а тоа не им е никако поткрепено.

Замислете, неколку инженери од Германија, Јапонија, Кина, Кореја и сл. седнале, направиле математика, истражување и т.н. и базирано на прецизни пресметки и бројки, установиле дека за да климата работи оптимално, минималната дужина е Х метри, а максималната е Y метри.

Ама неее, чекај сеа Миле од Свирипичино, со завршено 8мо и 2ки по математика и физика, да ти каже зашо не треба да ги слушаш тие инженерите, шо знаат они...

Инаку од лично искуство: имам монтирано 2 Toshiba Daiseikai 13ки, и кај нив според упатство пишуваше минимум 2 метри, максимум 15, а за секој плус метар над ова (ако ти треба) имаше точна грамажа на фреон што треба да дополниш. Значи ако производителот, т.е. инженерите предвиделе минимум 2 метри, нема ја што да се праам паметен и да идам испод тоа, исто како што нема да идам над 15м. Сѐ измеѓу е прифатливо и секако секоја должина има различни бенефити и мани. Јас лично преферирам да не сум блиску до минимумот, т.е. да се држам над 2.5м.

На кратко, кога се работи за должина, битно е да се гледа и како одговара според теренот (пр. ако има потреба да се пушти уште 20цм за да се направи убав лак/круг), но никогаш под минимумот што го предвидува упатството. Ако нема минимум, најдобро е да се оди со безбедни ~3 метри бидејќи ако ставиш кнап 2м, не е дека нешто ќе добиеш (освен 300ден за тој метар цевки), ама има шанси да нешто заебеш :)
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Ако не знае да монтира за да нема вибрации нека не монтира. Ако не нека вртат јамки нека се гледаат апла вишок цевки по фасада и тоа е тоа. Инаку нема проблем некој посебен.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Како ќе спречиш вибрации ако внатрешната и надворешната се грб со грб? Со кое знаење?
 
18 август 2019
1.210
1.176
Инаку од лично искуство: имам монтирано 2 Toshiba Daiseikai 13ки, и кај нив според упатство пишуваше минимум 2 метри, максимум 15, а за секој плус метар над ова (ако ти треба) имаше точна грамажа на фреон што треба да дополниш.
Овие 15 метри некако премногу ми изгледаат. Знам дека за некои клими не се дополнува до 5 метри.
Како ќе спречиш вибрации ако внатрешната и надворешната се грб со грб? Со кое знаење?
Со пластични или гумену цевки. :) :)
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Како ќе спречиш вибрации ако внатрешната и надворешната се грб со грб? Со кое знаење?
Така што ќе ги замениш местата, таа внатре надвор, другата што е надвор ќе ја ставиш внатре :) :) :) :)
Мислењето е автоматски споено:

У врска со дужината на цевките, сите се праат паметни, а тоа не им е никако поткрепено.

Замислете, неколку инженери од Германија, Јапонија, Кина, Кореја и сл. седнале, направиле математика, истражување и т.н. и базирано на прецизни пресметки и бројки, установиле дека за да климата работи оптимално, минималната дужина е Х метри, а максималната е Y метри.

Ама неее, чекај сеа Миле од Свирипичино, со завршено 8мо и 2ки по математика и физика, да ти каже зашо не треба да ги слушаш тие инженерите, шо знаат они...

Инаку од лично искуство: имам монтирано 2 Toshiba Daiseikai 13ки, и кај нив според упатство пишуваше минимум 2 метри, максимум 15, а за секој плус метар над ова (ако ти треба) имаше точна грамажа на фреон што треба да дополниш. Значи ако производителот, т.е. инженерите предвиделе минимум 2 метри, нема ја што да се праам паметен и да идам испод тоа, исто како што нема да идам над 15м. Сѐ измеѓу е прифатливо и секако секоја должина има различни бенефити и мани. Јас лично преферирам да не сум блиску до минимумот, т.е. да се држам над 2.5м.

На кратко, кога се работи за должина, битно е да се гледа и како одговара според теренот (пр. ако има потреба да се пушти уште 20цм за да се направи убав лак/круг), но никогаш под минимумот што го предвидува упатството. Ако нема минимум, најдобро е да се оди со безбедни ~3 метри бидејќи ако ставиш кнап 2м, не е дека нешто ќе добиеш (освен 300ден за тој метар цевки), ама има шанси да нешто заебеш :)
Човекот се учи додека е жив. Значи било која клима да се монтира не е лошо да се прочита упатството од производителот. Без оглед на тоа практично колку добро знае некој да монтира, надополнување на знаењето треба.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
У врска со дужината на цевките, сите се праат паметни, а тоа не им е никако поткрепено.

Замислете, неколку инженери од Германија, Јапонија, Кина, Кореја и сл. седнале, направиле математика, истражување и т.н. и базирано на прецизни пресметки и бројки, установиле дека за да климата работи оптимално, минималната дужина е Х метри, а максималната е Y метри.

Ама неее, чекај сеа Миле од Свирипичино, со завршено 8мо и 2ки по математика и физика, да ти каже зашо не треба да ги слушаш тие инженерите, шо знаат они...

Инаку од лично искуство: имам монтирано 2 Toshiba Daiseikai 13ки, и кај нив според упатство пишуваше минимум 2 метри, максимум 15, а за секој плус метар над ова (ако ти треба) имаше точна грамажа на фреон што треба да дополниш. Значи ако производителот, т.е. инженерите предвиделе минимум 2 метри, нема ја што да се праам паметен и да идам испод тоа, исто како што нема да идам над 15м. Сѐ измеѓу е прифатливо и секако секоја должина има различни бенефити и мани. Јас лично преферирам да не сум блиску до минимумот, т.е. да се држам над 2.5м.

На кратко, кога се работи за должина, битно е да се гледа и како одговара според теренот (пр. ако има потреба да се пушти уште 20цм за да се направи убав лак/круг), но никогаш под минимумот што го предвидува упатството. Ако нема минимум, најдобро е да се оди со безбедни ~3 метри бидејќи ако ставиш кнап 2м, не е дека нешто ќе добиеш (освен 300ден за тој метар цевки), ама има шанси да нешто заебеш :)
А што постојат закони на термодинамика, гасови, агрегатни состојби и слично нема врска. Важно 3 метраа измислил некој, т.е. некој компромис направил за да приучени монтери и DIY амери не заебат нешто. Инаку си постојат пресметки и си постојат најважно инсталациски упатства. И нема што многу филозофија.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Како ќе спречиш вибрации ако внатрешната и надворешната се грб со грб? Со кое знаење?
Знаење за монтажа, ваљда и по некое школо за Фриго техника. Како ете што монтира хрватон, или како мене у офис како што е од Енергија монтирана и AUX и Тошиба со помалку од 1.5м цевка, без јамка, грб со грб, без децибел звук или вибрација. Мислам дека финтата е во правење убави вртења од 90 во мин 2 различни рамнини, ако треба ставање на гумени дистанцери помеѓу цевките, и не знам што, ама важно сум видел, се прави и функционира.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Овие 15 метри некако премногу ми изгледаат. Знам дека за некои клими не се дополнува до 5 метри.

Со пластични или гумену цевки. :) :)

Делува многу, се слагам. На пример деновиве ќе монтирам Mitsubishi HR35 и скоро го читав упатството за да се спремам. Таму максимумот беше 7 метри со оригиналниот фреон.

За тоа и целиот муабет од погоре дека најбитно е да се следи упатство на производителот и тоа што инженерите предвиделе за тој конкретен модел бидејќи не се сите клими исти :)
 
Goran333

hello world
19 август 2022
91
102
А што постојат закони на термодинамика, гасови, агрегатни состојби и слично нема врска. Важно 3 метраа измислил некој, т.е. некој компромис направил за да приучени монтери и DIY амери не заебат нешто. Инаку си постојат пресметки и си постојат најважно инсталациски упатства. И нема што многу филозофија.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Знаење за монтажа, ваљда и по некое школо за Фриго техника. Како ете што монтира хрватон, или како мене у офис како што е од Енергија монтирана и AUX и Тошиба со помалку од 1.5м цевка, без јамка, грб со грб, без децибел звук или вибрација. Мислам дека финтата е во правење убави вртења од 90 во мин 2 различни рамнини, ако треба ставање на гумени дистанцери помеѓу цевките, и не знам што, ама важно сум видел, се прави и функционира.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Добро кога ќе ставаш клима ќе им кажеш на монтерите ти како сакаш да се монтира, на твоја одговорност. Дека не сакаш три метри цевки.
Сигурен сум дека твојата желба ќе ти биде исполнета.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Добро кога ќе ставаш клима ќе им кажеш на монтерите ти како сакаш да се монтира, на твоја одговорност. Дека не сакаш три метри цевки.
Сигурен сум дека твојата желба ќе ти биде исполнета.
А мислиш не сум им кажувал. Ама не како јас сакам, или они како сакаат... Како сака инсталациско упатство.
На пример Енергија сами си ги монтираа климите со пократки цевки од 3 метра, и да, ми важеше и ми важи уште на Тошибата мислам гаранцијата.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699
А смее на фасада да се монтира надворешната единица? Некоја слика од упатство како да се намести?
 
Dac39

read-only
23 мај 2017
1
0
Здраво друштво, ме интересира ваше мислење за клима 3,5KW од типот
1. HISENSE Energy Pro + QE35XV4EG-AS35XV4EW по супер цена од 39.990 ден.
2. GREE S Nordic GWH12APAXE-K6DNA3A по супер цена од 45.990 ден.

Би греел 30m2 во стан со солидна изолација, ПВЦ дограма. Дали некој има искуство со некоја од предлог климите?

Ви благодарам
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169

За овие пари имаш Mitsubishi HR35 , MITSUBISHI Клима MSZ/MUZ-HR35VF | Најголема онлајн продавница во Македонија | Ананас МК
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Здраво друштво, ме интересира ваше мислење за клима 3,5KW од типот
1. HISENSE Energy Pro + QE35XV4EG-AS35XV4EW по супер цена од 39.990 ден.
2. GREE S Nordic GWH12APAXE-K6DNA3A по супер цена од 45.990 ден.

Би греел 30m2 во стан со солидна изолација, ПВЦ дограма. Дали некој има искуство со некоја од предлог климите?

Ви благодарам

Овој модел ти е одличен Best Buy

NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
На 37к, ако начекаш ваучер од 5к, искача топ цена. Можеби и бест бај во моментов. Инаку и ја мојата ја земав на истиот начин од истото место

Јас уште ја немам монтирано бидејќи е за викендица (ќе биде за скоро), ама баш би сакал да чујам мислење од тие што ја имаат користено.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно