Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Goran333

hello world
19 август 2022
91
102
Здраво момци,
Аkо може малку стручен совет? Нова кука 1 Спрат. На приземје е деловен простор кој се користи. Од јужна страна лепенка со куќа која е невселена (не живеат овде).
Фасада немам уште ставено (планирано на пролет, северна страна е зидена дупло со стаклена волна измегу). Спратот е целосно опремен со подна инсталација/керамички почки, која планирам да ја приклучам на топлотна пумпа следната година. (Околу 8,000 евра кој не сум во можност да ги потрошам моментално пошто го спремам спратот за вселување). Па ја разгледувам можноста да се вселам Јануари со евентуално исналирање на Клима за оваа зима. Реално можам да ја поминам зимава само во едната соба aко е потребно (Дневната, без да ги греам другите две спали премногу).
Дали да земам 1х 7.5 KW HISENSE и да користам евенетуало еден панелен радиатор ако е потребно за да ја поминам зимата. Буџет 60,000 до 90,000 преферирам да е една единица / поефтина пошто од следната година нема да биде потребна. Планот за климата и позицијата е илустирана со црвено со цртежот (да дува кон ходникот кога ке е отворено). Повелете со сугестии.
Погледнете го атачментот 144747
Викаш нема да ти треба климата од наредната година пошо ќе ставаш подно греење. Ами како ќе биде за на лето за ладење?

Обично се ставаат клими во секоја просторија што се грее/лади за поголем комфор и приватност. Вака ти како што планираш сите врати треба постојано да се отворени.
Али добро можи и вака како што си одлучил.

7kw клима ти е премногу за просторот и што баш кинез, имаш буџет за јапанка.

5kW Daikin Sensira FTXF50D/RXF50D
80380 денари со вклучена монтажа.
Деклариран капацитет
-10 4.07kW
-15 4.07kW

Или
6kW Daikin Sensira FTXF60D/RXF60D
92000 денари со вклучена монтажа.
Деклариран капацитет
-10 4.24kW
-15 4.22kW

Одлични модели се. Разликата е што:
5kW е со еднореден изменувач на надворешна 0.90кг фреон 46кг надворешна.
6kW е со двореден изменувач на надворешна 1.15кг фреон 50кг надворешна.
И двете се со истиот twin Swing компресор.
Прави ѕверки. Ама нема WiFi
Можи и да добиеш некој дополнителен попуст за онлине купување распрашај се
 
sickjcoe28

hello world
26 декември 2018
120
92

Имам пуштено инсталација за фенкоилери за ладење, така да штом ја пликлучам топлотната пумпа ( за некои 6-8месеци) би сакам да ја размонтирам климата и да ја поставам кај моиве стари да престанат да се греат на дрва. Па би преферирал да не е премиум класа (и буџет) единицата.
 
Аха, епа супер.
Јас кога би бил на твое место топлотната пумпа би ја користел исклучиво за греење. Пошо малце глупо е така скап уред да го користиш за ладење кога истото тоа ладење можеш да го добиеш и од некое ефтино климиче.
Моделите што ти ги понудив се ентри левел, далеку се од премиум. Само имаат снажен компресор и висок капацитет на греење...
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Климава купена минатата година откажа утрово, ме разбуди ладен воздух. Ја исклучив и пуштив неколку пати. Ја исклучив од штекер и пак исто. Сега стои исклучена и ќе видиме денес што ќе биде со сервисот. Се надевам не е некој голем дефект. Не верувам да снемало фреон, нема логика толку брзо...

Нормално работеше пред да легнам се беше во ред, најверојатно откажало во текот на ноќта.
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
Климава купена минатата година откажа утрово, ме разбуди ладен воздух. Ја исклучив и пуштив неколку пати. Ја исклучив од штекер и пак исто. Сега стои исклучена и ќе видиме денес што ќе биде со сервисот. Се надевам не е некој голем дефект. Не верувам да снемало фреон, нема логика толку брзо...

Нормално работеше пред да легнам се беше во ред, најверојатно откажало во текот на ноќта.
да не пишува dF на климата?
вивакс има модели што кога се одмрзнуваат дуваат ладно
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
да не пишува dF на климата?
вивакс има модели што кога се одмрзнуваат дуваат ладно
Не е тоа, знам кога влегува во dF како е, сега пробав пак на ладно и на топло и пак иста температура дува. Вчера кога пробав по гаснењето од климата од штекер првото палење дувањето вадеше звук како да тече нешто нонстоп и ја немаше силата на дување дури и ако ја променам или ја ставам на турбо, тој звук го слушам многу ретко или само во dF.

Update (14:43): Ја пуштив пак пошто собава ми стана ладна, на 30ка е пуштена сега макс, на почеток затопли, после 15мин почна некоја средна температура да дува, еве го сега мислиш пролетно ветренце дува :ROFLMAO: да остане само вака барем да не дува ладно. 5.5ка инаку еве на макс 30 работи со надеж дека ќе ја загрее собата барем малку.
 
Последна промена:

klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340

Повикај овластен сервис да ја провери климата може диши фреон од кај вентилите ( од нестручна монтажа ) ќе ја проверат климата повикај сервис Паком ТЕЛ:02-3202-800
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Повикај овластен сервис да ја провери климата може диши фреон од кај вентилите ( од нестручна монтажа ) ќе ја проверат климата повикај сервис Паком ТЕЛ:02-3202-800
Jавено е кај тие што ми ја монтираа, најверојатно утре ќе дојдат со оглед на тоа што до сега ги нема, не смеам други за да не изгубам гаранција. Не сум од Скопје патем.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Jавено е кај тие што ми ја монтираа, најверојатно утре ќе дојдат со оглед на тоа што до сега ги нема, не смеам други за да не изгубам гаранција. Не сум од Скопје патем.

Тие што ја монтирале се сервис партнери на официјалниот Паком сервис за Vivax така да ако монетите не ја направат тогаш се консултираат со Паком и набавуваат се што треба од Паком за да се отклони дефектот
 
sickjcoe28

hello world
26 декември 2018
120
92
Kade moze da najdam kako se vika tie koritata pod klima? Moze da se najde nekade da gi prodavat?
Во Електромеханика видов сабајлето. Мада ми стоеше преценето/прескапо околу 2,600 денари. Некој Бравар би можел да го реплицира истото за пола цена мислам.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Update: Дојде сервисерот, провери надвор и внатре дали некаде тече фреон, т.е дали е има мрсни дамки (?!), виде дека се е во ред. Го отвори капакот од надворешната единица што е странично нешто чепна, ја пуштивме климата и почна да дува топло. Кажа дека цевката е топла и дека не би требало да има проблем. Спомна дека можно е да нема доволно струја поради преоптеретеност на мрежа па климата да работела со помалце од потребната енергија (дафак). За сега нема проблем па ќе видиме вечер. :)

Инаку во муабет рече „подобро да се расипе па да ја смениме, отколку да барам дефектот на вакво време“ не знам што му значеше тоа ама смешно звучеше со оглед на тоа што надвор има сокоро 20цм снег, најверојатно му е потешко да детектира некоја аномалија (протекување). Вчера 3-4 пати немаше струја но го занемарив тој „проблем“ пошто после тоа си работеше во ред климата.
 
Не ја гаси нека работи нон-стоп на фан вентилатор не ауто туку сите црти и вратичката за дување насочена надоле да дува
Ако повторно има некој проблем тогаш контактирај ги Паком Сервис овластен сервис на Vivax
 
18 август 2019
1.210
1.176
Update: Дојде сервисерот, провери надвор и внатре дали некаде тече фреон, т.е дали е има мрсни дамки (?!), виде дека се е во ред. Го отвори капакот од надворешната единица што е странично нешто чепна, ја пуштивме климата и почна да дува топло. Кажа дека цевката е топла и дека не би требало да има проблем. Спомна дека можно е да нема доволно струја поради преоптеретеност на мрежа па климата да работела со помалце од потребната енергија (дафак). За сега нема проблем па ќе видиме вечер. :)

Инаку во муабет рече „подобро да се расипе па да ја смениме, отколку да барам дефектот на вакво време“ не знам што му значеше тоа ама смешно звучеше со оглед на тоа што надвор има сокоро 20цм снег, најверојатно му е потешко да детектира некоја аномалија (протекување). Вчера 3-4 пати немаше струја но го занемарив тој „проблем“ пошто после тоа си работеше во ред климата.
Значи дека ќе ти треба инструмент за мерење напон. Или ватметар.
Јас баш заради нестабилен напон на викендица не смеам да монтирам клима.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Значи дека ќе ти треба инструмент за мерење напон. Или ватметар.
Јас баш заради нестабилен напон на викендица не смеам да монтирам клима.
Никогаш не сум мислел на ваков уред, а не се ни разбирам. Имаш да препорачаш некој добар?
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
573
252
Update: Дојде сервисерот, провери надвор и внатре дали некаде тече фреон, т.е дали е има мрсни дамки (?!), виде дека се е во ред. Го отвори капакот од надворешната единица што е странично нешто чепна, ја пуштивме климата и почна да дува топло. Кажа дека цевката е топла и дека не би требало да има проблем. Спомна дека можно е да нема доволно струја поради преоптеретеност на мрежа па климата да работела со помалце од потребната енергија (дафак). За сега нема проблем па ќе видиме вечер. :)

Инаку во муабет рече „подобро да се расипе па да ја смениме, отколку да барам дефектот на вакво време“ не знам што му значеше тоа ама смешно звучеше со оглед на тоа што надвор има сокоро 20цм снег, најверојатно му е потешко да детектира некоја аномалија (протекување). Вчера 3-4 пати немаше струја но го занемарив тој „проблем“ пошто после тоа си работеше во ред климата.
Me mrzi da pisam za moite iskusenija so Pakom, mojava klima duvase mlako i odvreme na vreme pojavuvase P0 greska. 5 pati ja vadoa ja mestea so izgovor deka se e vo red se dodeka nadvor ne dojde vakvo vreme so minusni temp i istata se zaledi kamen i duvase ladno. E togas dojdoa vidoa deka 4 meseci toa sto go zborea deka problem bil strujata, izleze deka ne e do strujata do klimata pa nadvoresnata od Aeri za 2 dena mi donesoa Aeri+ model.
 
18 август 2019
1.210
1.176
Никогаш не сум мислел на ваков уред, а не се ни разбирам. Имаш да препорачаш некој добар?
Ако немаш основни познавања, јас би препорачал нешто вакво. Вклучуваш во штекер, преку него климата... Можеш да го „гледаш“ напонот кога сакаш... А има и други функции.

alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Овој модел на Vivax AERI+ парапетна конзолна клима

Здраво момци,
Аkо може малку стручен совет? Нова кука 1 Спрат. На приземје е деловен простор кој се користи. Од јужна страна лепенка со куќа која е невселена (не живеат овде).
Фасада немам уште ставено (планирано на пролет, северна страна е зидена дупло со стаклена волна измегу). Спратот е целосно опремен со подна инсталација/керамички почки, која планирам да ја приклучам на топлотна пумпа следната година. (Околу 8,000 евра кој не сум во можност да ги потрошам моментално пошто го спремам спратот за вселување). Па ја разгледувам можноста да се вселам Јануари со евентуално исналирање на Клима за оваа зима. Реално можам да ја поминам зимава само во едната соба aко е потребно (Дневната, без да ги греам другите две спали премногу).
Дали да земам 1х 7.5 KW HISENSE и да користам евенетуало еден панелен радиатор ако е потребно за да ја поминам зимата. Буџет 60,000 до 90,000 преферирам да е една единица / поефтина пошто од следната година нема да биде потребна. Планот за климата и позицијата е илустирана со црвено со цртежот (да дува кон ходникот кога ке е отворено). Повелете со сугестии.
Погледнете го атачментот 144747
Vivax 18CH50AERI+.
Сосема доволно со оглед на тоа што ќе ставаш топлинска пумпа.
 
Goran333

hello world
19 август 2022
91
102
Овој модел што многу го фалат Vivax Aeri+ продавачот вели најниска работна температура -20

Screenshot_20241224_004213_Chrome.jpg

Од друга страна пак производителот во упатството за работа вели уредот може да престане да работи или други аномалии може да се појават доколку при греење надворешната температура опадне испод -7

Screenshot_20241224_004023_Adobe Acrobat.jpg
 
28 јануари 2017
2.050
4.706
Ресен
Овој модел што многу го фалат Vivax Aeri+ продавачот вели најниска работна температура -20

Погледнете го атачментот 144803

Од друга страна пак производителот во упатството за работа вели уредот може да престане да работи или други аномалии може да се појават доколку при греење надворешната температура опадне испод -7

Погледнете го атачментот 144806
Продавач > производител
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Овој модел што многу го фалат Vivax Aeri+ продавачот вели најниска работна температура -20

Погледнете го атачментот 144803

Од друга страна пак производителот во упатството за работа вели уредот може да престане да работи или други аномалии може да се појават доколку при греење надворешната температура опадне испод -7

Погледнете го атачментот 144806
Можеби нема да прекине да работи на тие -7, но сигурно ќе го намали капацитетот на работа. Кога нема Еуровент да се види, останува праксата да покаже.
 
diavolo92

read-only
5 октомври 2023
4
0
Здраво дечки :) ве молам при помош со избор на клима
Дефинитивно одлуката ми падна помеѓу овие два модела
Се работи за простор - салон од 38 квадрата во куќа без изолација, каде што клима би било единствениот уред за греење и ладење

Фуџитсу ќе можам преку ананас да го земам за 77 000, mitsu hr71vf ќе можам да го земам за 84000 и mitsu bt50vgk за 84 000

ВЕ молам за помош со образложување :) поздрав

Или можеби и овој митсу

Атачменти

  • Screenshot_2024-12-24-13-56-48-331_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_2024-12-24-13-56-48-331_com.android.chrome.jpg
    337,6 KB · Прегледи: 12
  • Screenshot_2024-12-24-13-53-09-270_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_2024-12-24-13-53-09-270_com.android.chrome.jpg
    552,7 KB · Прегледи: 12
  • Screenshot_2024-12-25-14-41-25-467_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_2024-12-25-14-41-25-467_com.android.chrome.jpg
    507 KB · Прегледи: 11

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
Инаку во муабет рече „подобро да се расипе па да ја смениме, отколку да барам дефектот на вакво време“
Запрепастува нивото на шалабајзерство кај мајсториве па тоа е неверојатно нешто. И технички да е во право („Подобро да се расипи...“) суштински не е затоа што ако држи барем малку до својот интегритет како личност ќе проба да види зошто се расипала или ќе се расипи на прво место.
Флеките, точно е, се појавуваат ако истекува фреон ама тоа се гледа само ако истекува на холендарите надвор. Што ако пушта на спојот каде што е поврзана внатрешната со цевките кои одат надвор?

Што пак, според мене најверојатно, некој цреп во виткањето на цевката од внатрешната единица ги има прецвикано или некаде понатаму?
Пак ли ќе чекаме да прегорува надворешната?

Значи, прво правило (ако нема видливо истекување на гас) е да се „евакуира“ фреонот (3 минути работа), да се отплете изолацијата на цевките и да се испита дали има нагмечување.

Ако има и ако не видат еве што ќе се случи. На твое инсистирање ќе дојдат и ќе ја земат внатрешната и надворешната единица и ќе ги однесат кај нив на тестирање. Кај нив, нормално, ќе биде исправна и потоа ќе се вртите во круг.

Местењето на клима не е ракетна физика ама не е до толку наивно мајка му стара. Не е ова „земи Хилта и дупи дупки“
Од друга страна пак производителот во упатството за работа вели уредот може да престане да работи или други аномалии може да се појават доколку при греење надворешната температура опадне испод -7
Како и кај грото ниска средна класа клими најверојатно има TOL на -10 и бивалентна на -7 (грубо кажано, треба догревање до декларираниот капацитет)
Така што налепницата е точна.
 
18 август 2019
1.210
1.176
Местењето на клима не е ракетна физика ама не е до толку наивно мајка му стара. Не е ова „земи Хилта и дупи дупки“
Ама ако монтерите до вчера мешале малтер или чувале овци во планина, толку им е знаењето. А ги има многу такви.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Запрепастува нивото на шалабајзерство кај мајсториве па тоа е неверојатно нешто. И технички да е во право („Подобро да се расипи...“) суштински не е затоа што ако држи барем малку до својот интегритет како личност ќе проба да види зошто се расипала или ќе се расипи на прво место.
Флеките, точно е, се појавуваат ако истекува фреон ама тоа се гледа само ако истекува на холендарите надвор. Што ако пушта на спојот каде што е поврзана внатрешната со цевките кои одат надвор?

Што пак, според мене најверојатно, некој цреп во виткањето на цевката од внатрешната единица ги има прецвикано или некаде понатаму?
Пак ли ќе чекаме да прегорува надворешната?

Значи, прво правило (ако нема видливо истекување на гас) е да се „евакуира“ фреонот (3 минути работа), да се отплете изолацијата на цевките и да се испита дали има нагмечување.

Ако има и ако не видат еве што ќе се случи. На твое инсистирање ќе дојдат и ќе ја земат внатрешната и надворешната единица и ќе ги однесат кај нив на тестирање. Кај нив, нормално, ќе биде исправна и потоа ќе се вртите во круг.

Местењето на клима не е ракетна физика ама не е до толку наивно мајка му стара. Не е ова „земи Хилта и дупи дупки“
Се согласувам...
Муабетот одеше вака, јас му велам: Да не е проблем до фреон види на максимум е пуштена да грее а ова не ни дува топло, компјутерот (кој е во иста соба) вади потопол воздух (иронично од моја страна).

Прво што направи беше од голо око гледање на надворешна единица, и заклучок дека нема мрсно, не тече никаде. Нагласи дека времето (снег врнеше премногу) е голем проблем за да забележи такви работи. Влезе го отвори капакот, чисти филтри, затвори и ја отвори цела пластика за да ги исече лепаците од цевката што е позади кај што е и кабелот. Со прст гледаше и не виде никакви дамки. И тука го рече тоа „подобро да се расипеше отколку вака да изигравам детектив“. Не го разбрав но фреон ако треба да се собира не му беше ни на крај памет да го направи, можеби дека беше доцна (околу 4 на пладне). Инаку човекот е така познаник на татко ми па по отворен беше во муабетите.

Излезе повторно надвор со скала се качи и ја отвори кутијата од страна што е, дали таму затегна нешто не видов пошто не е на убава позиција за да видам. Му рече на колегата да ја пушти климата и почна да дува топло. И муабетот беше:
Топла е цевкава не се допира сега треба да е ок.

Додека гледавме како дува топло правев муабет и му велам: Абе вивакс по форуми гледам само ја фалат, јас една зима, еве оваа втора и одма проблем. И ми вика: абе другар, тоа е клима ако ти се погоди, какви скапи клими имам поправано тоа е се случува.

Тоа беше се, од тогаш еве до сега да чукнам во дрво нема никаков проблем :) И уште една забелешка, не знам што направи ама надворешната единица како помалце да е бучна сега :) дали од снегов, ама помала бучност има и помалце вибрации (звук) вади каде што е поставена, или можеби додека беше качен па некако налегнала климава на држачите, или капакот не бил убаво затворен, нагаѓам... ама потивко работи. :)
 
Последни теми

Последни огласи

На врв