Викаш нема да ти треба климата од наредната година пошо ќе ставаш подно греење. Ами како ќе биде за на лето за ладење?Здраво момци,
Аkо може малку стручен совет? Нова кука 1 Спрат. На приземје е деловен простор кој се користи. Од јужна страна лепенка со куќа која е невселена (не живеат овде).
Фасада немам уште ставено (планирано на пролет, северна страна е зидена дупло со стаклена волна измегу). Спратот е целосно опремен со подна инсталација/керамички почки, која планирам да ја приклучам на топлотна пумпа следната година. (Околу 8,000 евра кој не сум во можност да ги потрошам моментално пошто го спремам спратот за вселување). Па ја разгледувам можноста да се вселам Јануари со евентуално исналирање на Клима за оваа зима. Реално можам да ја поминам зимава само во едната соба aко е потребно (Дневната, без да ги греам другите две спали премногу).
Дали да земам 1х 7.5 KW HISENSE и да користам евенетуало еден панелен радиатор ако е потребно за да ја поминам зимата. Буџет 60,000 до 90,000 преферирам да е една единица / поефтина пошто од следната година нема да биде потребна. Планот за климата и позицијата е илустирана со црвено со цртежот (да дува кон ходникот кога ке е отворено). Повелете со сугестии.
Погледнете го атачментот 144747
Обично се ставаат клими во секоја просторија што се грее/лади за поголем комфор и приватност. Вака ти како што планираш сите врати треба постојано да се отворени.
Али добро можи и вака како што си одлучил.
7kw клима ти е премногу за просторот и што баш кинез, имаш буџет за јапанка.
5kW Daikin Sensira FTXF50D/RXF50D
80380 денари со вклучена монтажа.
Деклариран капацитет
-10 4.07kW
-15 4.07kW
Или
6kW Daikin Sensira FTXF60D/RXF60D
92000 денари со вклучена монтажа.
Деклариран капацитет
-10 4.24kW
-15 4.22kW
DAIKIN SENSIRA - ICS GROUP - Intelligent Climate Solutions
Високоѕидна клима со рамен преден панел кој лесно се вклопува во секој ентериер. BLUEVOLUTION серија. Достапни капацитети 2.0KW; 2.5KW;3.5KW; 5.0KW; 6.0KW; 7.1KW
Одлични модели се. Разликата е што:
5kW е со еднореден изменувач на надворешна 0.90кг фреон 46кг надворешна.
6kW е со двореден изменувач на надворешна 1.15кг фреон 50кг надворешна.
И двете се со истиот twin Swing компресор.
Прави ѕверки. Ама нема WiFi
Можи и да добиеш некој дополнителен попуст за онлине купување распрашај се