Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

18 август 2019
1.212
1.179
А дали ќе работи цело време на 200 вати или неколку минути на 400, па неколку минути ќе мирува, ништо не ти менува.
Има разлика. Секој старт повлекува појака струја, значи зголемена потрошувачка и скратување на векот на компресорот.
Не е исто дали температурата ќе биде 22° или постојано ќе варира од 21° до 23°.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
573
252
Прашај педијатар не вака на памет. Новороденчињата едноставно немаат термална регулација и мора да се помага (мислам дека до 6 недели, не ме држи за збор)
Не дека апла немаат но не е развиена.

Плус климата каква и да има филтрација сепак прави повеќе прашина од пасивно греење.
Od pedijatar sovet dnevna ili redovna temp ne pogolema od 22-23 stepeni. Imas i na youtube emisii od telma tv.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Има разлика. Секој старт повлекува појака струја, значи зголемена потрошувачка и скратување на векот на компресорот.
Не е исто дали температурата ќе биде 22° или постојано ќе варира од 21° до 23°.
За каква појака струја и зголемена потрошувачка на старт зборуваш? Не е ова мотор со замаец па да му треба голема сила за да почне да врти.

А ако само за неколку минути температурата во просторијата паѓа за еден степен, тогаш воопшто нема да гаси, а ниту другиве ќе работат со 200 вати.
 
Грешиш. За секој нов старт треба појака снага. Ова се забележува каде е низок напонот. Во момент на стартување напонот забележително паѓа.

Кај мене работи со чести исклучувања. Од подесени 22°, качува до 23°, па паѓа до 20°. Супер комфор.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
604
340
Неможам да се одлучам помеѓу овие две клими. Ми треба совет. Ме буни ова со 10 години гаранција кај грее и која е подобра ?
Погледнете го атачментот 132792Погледнете го атачментот 132793Погледнете го атачментот 132794Погледнете го атачментот 132795

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација

Вивакс Аери+
 
Brane77

hello world
4 јули 2023
137
62
Ти Благодарам, веќе бев да прашам за истава клима во техномаркет и ми кажаа дека е на промоција до 19.12 цена 29.999. Гледам дека истата ја има и во елипсо па утре ќе одам таму да прашам.

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Грешиш. За секој нов старт треба појака снага. Ова се забележува каде е низок напонот. Во момент на стартување напонот забележително паѓа.
Секој потрошувач кога се активира предизвикува пад на напонот, но тоа трае дел од секундата додека колото се стабилизира. Тоа не значи дека уредот влече многу јака струја кога почнува да работи, уште помалку дека тоа влијае на потрошувачката.
Инверторите почнуваат од 0 и доаѓаат до потребната јачина, а не дека кога стартува влече 20А за да тргне.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Неможам да се одлучам помеѓу овие две клими. Ми треба совет. Ме буни ова со 10 години гаранција кај грее и која е подобра ?
Погледнете го атачментот 132792Погледнете го атачментот 132793Погледнете го атачментот 132794Погледнете го атачментот 132795

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација
Не Вивакс, нема Еуровент, поарно Мидеа овој модел
И не Грее тој модел исто нема Еуровент. Едино од Грее fairy или amber
Или Хаиер тундра
Еве имаш цени и Еуровенти па успореди си и одлучи си.
Во тој ценовен ранг од 33000 до 40000 денари друго не би ти препорачал.
За пониска цена џабе фрлени пари, за повисока цена од кинез одиш на јапинец.
Мислењето е автоматски споено:

Дали е ова добро или има да предложите подобро...???
 
Brane77

hello world
4 јули 2023
137
62
А што е тоа еуровент ? Вивакс аери + многу ги фалат ама незнам сега тоа со еуровент.

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Дали е ова добро или има да предложите подобро...???
https://www.shelly.com/en/products/...YZtYSBmrT8ioaZ_6sHP7as2SALhXjFeUaAsrVEALw_wcB
Зависи што сакаш да мериш....
Тоа 2PM е за два канали до 10А, ама вкупно не смеат да надминат 16А.... и тоа да се кратки пикови....

Не би ставал клима на такво....
Ова би ти било подобро ако ти е за клима уред.... мене на вакви ми се врзани Мицубиши климите (според сервисно одат до 10А).

Уште подобро е ПРО серијата, ама е прескапа 60+ еур од парче.

И ако ти е само за мерење без свичинг.... имаш мерачи со клампи за големи потрошувачи....

Screenshot 2023-12-17 at 03.06.07.png Screenshot 2023-12-17 at 03.04.01.png
 
Последна промена:

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
А што е тоа еуровент ? Вивакс аери + многу ги фалат ама незнам сега тоа со еуровент.

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација
Наједноставно да разбереш. Еуровент е Европски сертификат за извршени тестирања и мерења на перфомансите на климата, да се види дали производителит ги навел точно перфомансите-податоците за климата.
Мислењето е автоматски споено:

Зависи што сакаш да мериш....
Тоа 2PM е за два канали до 10А, ама вкупно не смеат да надминат 16А.... и тоа да се кратки пикови....

Не би ставал клима на такво....
Ова би ти било подобро ако ти е за клима уред.... мене на вакви ми се врзани Мицубиши климите (според сервисно одат до 10А).

Уште подобро е ПРО серијата, ама е прескапа 60+ еур од парче.

И ако ти е само за мерење без свичинг.... имаш мерачи со клампи за големи потрошувачи....

Погледнете го атачментот 132889 Погледнете го атачментот 132890
Ти благодарам Златко, ќе набавам ист како твоите, бар се проверени за клима од твоја страна, па ако нешто ми запне околу употребата се надевам дека ќе ми помогнеш. Поздрав
 
Последна промена:

Brane77

hello world
4 јули 2023
137
62
Благодарам, Нешто и јас прочитав на гоогле дека во западна Европа не земаат клима без тој сертификат - еуровент. Но еве еден пример, татко ми има Мидеа од 5.5 kw. Ја купи лани во сетек 40.000 денари и ја става на греење на 27 степени. По некое време кога ќе се затопли просторијата од 20 м2 почнува да допира и кога повторно се продолжува прво дува малку ладно па после по неколку минути топло. Инаку има целата просторија е 40 м2 но на средината од салонот има шибер врата која ја дели просторијата на 20 м2. Моиве бидејќи се над 75 години ја затвораат шибер вратата бидејќи им студи кога е отворена шибер вратата. Се работи за овој модел на мидеа клима
Наједноставно да разбереш. Еуровент е Европски сертификат за извршени тестирања и мерења на перфомансите на климата, да се види дали производителит ги навел точно перфомансите-податоците за климата.
Мислењето е автоматски споено:

Ти благодарам Златко, ќе набавам ист како твоите, бар се проверени за клима од твоја страна, па ако нешто ми запне околу употребата се надевам дека ќе ми помогнеш. Поздрав
IMG_20231217_131849_314.jpeg

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација
 
Brane77

hello world
4 јули 2023
137
62
5.5kw клима за просторија од 20 квадрати:rolleyes:
За 40 м2 е , Во куќата нема изолација и насекаде бега топлината. Нема ПВЦ прозори и се работи за постари луѓе кои цел живот се грееле на дрва и сега со клима чувствуваат голема разлика во топлината.

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
604
340
Не Вивакс, нема Еуровент, поарно Мидеа овој модел
И не Грее тој модел исто нема Еуровент. Едино од Грее fairy или amber
Или Хаиер тундра
Еве имаш цени и Еуровенти па успореди си и одлучи си.
Во тој ценовен ранг од 33000 до 40000 денари друго не би ти препорачал.
За пониска цена џабе фрлени пари, за повисока цена од кинез одиш на јапинец.
Мислењето е автоматски споено:

Дали е ова добро или има да предложите подобро...???

Gree Fairy Premium има Еуровент и ознаките на Gree Fairy Premium и на Еуроовент и во МКД се исти НО Gree Amber Premium тој модел во МКД што се продава нема Еуровент
Gree Amber Premium во МКД е овој модел
GWH12YCXD-K6DNA1B
Screenshot_20231217_165840_Chrome.jpg
таков на Еуровент нема на Еуровент е овој модел GWH12YCXD-K6DNA2B ( не се продава во МКД )

Во МКД Gree Amber Premium што се продава Еуровент нема ( за да се совпаднат резултатите од Еуровент треба моделот да е исти и на Еуровент и во продавница ) Gree Amber Premium што има Еуровент го нема во МКД

За разлика од Gree Amber Premium кој е со различни ознаки на Еуровент и во МКД моделот на Gree Fairy Premium е со исти ознаки и на Еуровент во МКД ознаките се СОВПАЃААТ GWH12ACC-K6DNA1F

Screenshot_20231217_170217_Chrome.jpg
Мислењето е автоматски споено:

Вивакс аери + многу ги фалат

Да иако нема Еуровент Вивакс Аери+ е одличен модел со многу задоволни корисници
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Благодарам, Нешто и јас прочитав на гоогле дека во западна Европа не земаат клима без тој сертификат - еуровент. Но еве еден пример, татко ми има Мидеа од 5.5 kw. Ја купи лани во сетек 40.000 денари и ја става на греење на 27 степени. По некое време кога ќе се затопли просторијата од 20 м2 почнува да допира и кога повторно се продолжува прво дува малку ладно па после по неколку минути топло. Инаку има целата просторија е 40 м2 но на средината од салонот има шибер врата која ја дели просторијата на 20 м2. Моиве бидејќи се над 75 години ја затвораат шибер вратата бидејќи им студи кога е отворена шибер вратата. Се работи за овој модел на мидеа климаПогледнете го атачментот 132903

Испратено од AGS3-W09 преку IT.mk форум апликација
Eве ти Еуровент за тој модел
Моментално во Сетек е 36000 денари.
Клима 18 ка во 20м2 ти работи он - оф, пали гаси. Нормално е пред да почне да грее кратко дувнува ладно, ја спушта вратничката и почнува да дува топло. Но не е нормално 18ка во 20м2.
Мислењето е автоматски споено:

Gree Fairy Premium има Еуровент и ознаките на Gree Fairy Premium и на Еуроовент и во МКД се исти НО Gree Amber Premium тој модел во МКД што се продава нема Еуровент
Gree Amber Premium во МКД е овој модел
GWH12YCXD-K6DNA1B
Погледнете го атачментот 132917
таков на Еуровент нема на Еуровент е овој модел GWH12YCXD-K6DNA2B ( не се продава во МКД )

Во МКД Gree Amber Premium што се продава Еуровент нема ( за да се совпаднат резултатите од Еуровент треба моделот да е исти и на Еуровент и во продавница ) Gree Amber Premium што има Еуровент го нема во МКД

За разлика од Gree Amber Premium кој е со различни ознаки на Еуровент и во МКД моделот на Gree Fairy Premium е со исти ознаки и на Еуровент во МКД ознаките се СОВПАЃААТ GWH12ACC-K6DNA1F

Погледнете го атачментот 132918
Мислењето е автоматски споено:

Да иако нема Еуровент Вивакс Аери+ е одличен модел со многу задоволни корисници
Првен изгуглај и научи што значат ознаките...
GWH-12YCXD-K6DNA1B и
GWH-12YCXD-K6DNA2B
Е ИСТА КЛИМА,
ознаките А1 и А2 се ознаки на панелите на внатрешните единици.
Најди Service manual и читај.
Второ дали климата се цени по тоа што некулкумина тука рекле дека Vivax aeri е добра клима затоа што немале подобра, или према податоците од Еуровент.
Зошто да зема Vivax со богзнае кои делови од Midea, кога може да си земе Мidea со Еуровент.
Трето јас му наведов на човекот 4 клими од 33000 до 40000 кои имаат Еуровент и кои се добри во однос на цената, ако сака подобри има јапонци. И толку од мене по овие прашања, немислам по трет пат да ти објаснувам за ознаките.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.225
Зошто да зема Vivax со богзнае кои делови од Midea, кога може да си земе Мidea со Еуровент.
Повторно зборуваш паметно. Се имаш опаметено :)

Иначе, ако не си приметил, колку и да објаснуваш тие ќе го послушаат комшијата или продавачот.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Сите што ги прашав се фалат од Гри и Вивакс, зошто да даваме пари за Х клима? Презадоволни, то комшии, колеги, сите.

Ова е муабетот на сопругата бидејќи треба уште 2 да земиме (спална и детска) и многу брзо ја заборави Грито (која ја користам јас во “детската“ моја) и се навикна на комфортот Тошибата.

Зимава ќе ја турнам, негде панел, негде со хухање, него, има некој период кога климиве се со приземјени цени?
 
Гри е супер. Ѕвер клима. Лапа како волк.

Мислам дека со добра електроника навистина би биле добри. Јас за мојата се сомневав дека компресорот е таков, не може да работи со мала снага. Ама на ладење спушта доста ниско, значи не е до срцето, до мозокот е.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
604
340
Првен изгуглај и научи што значат ознаките...
GWH-12YCXD-K6DNA1B и
GWH-12YCXD-K6DNA2B
Е ИСТА КЛИМА,
ознаките А1 и А2 се ознаки на панелите на внатрешните единици.
Најди Service manual и читај.
Второ дали климата се цени по тоа што некулкумина тука рекле дека Vivax aeri е добра клима затоа што немале подобра, или према податоците од Еуровент.
Зошто да зема Vivax со богзнае кои делови од Midea, кога може да си земе Мidea со Еуровент.
Трето јас му наведов на човекот 4 клими од 33000 до 40000 кои имаат Еуровент и кои се добри во однос на цената, ако сака подобри има јапонци. И толку од мене по овие прашања, немислам по трет пат да ти објаснувам за ознаките.

Како што ознаките на Gree Fairy Premium се исти и на Еуровент и во продавнициве така треба да е и со Gree Amber Premium но не е така кај Gree Amber Premium различни се ознаките во продавница и на Еуровент

Толку за Gree клима уреди

Инаку за Vivax AERI + тој модел е Midea Aurora ( не се увезува во МКД ) иако нема Еуровент тој модел е супер на греење 3.5кв модилира со 300 W
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно