Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Гејмерски столици во мк?

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.348
5.373
Скопје
hackitfree.github.io
Мислам дека нема чаре. Тоа метал на метал - мора да крцка - и да отвориш да подмачкаш нема да стега после ќе се расклати - така да ...
Пластични шајбни да ставиш можеби - ама пак ќе се раздробат ..
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.382
2.806
за таа цена нема подобра гејминг столица. Башка не е еко кожа него платно, што е еден бонус и нема да ти се поти гзот во лето толку.
 
boksata

Fast & Curious
27 декември 2017
582
948

Не очекувај некој добар квалитет. Ќе крцка и лизга после 2 месеци, обложен со вештачка кожа што ќе смета ако немаш клима во соба и целата пот ќе ја собира во него што после неколку години ќе се лупи(се уште тоа не ми се случило ама го очекувам). Јас го имам "најлуксузниот" модел од оваа франшиза

Испратено од ЈСП Автентикатор
И јас вака контроверзно ќе кажам, почна да крцка кога се вртиш лево десно на седиштето прилично брзо (неколку месеци).

Едит: Не знам како разбрав дека за Brado Kind 203 се зборува, my bad.
Значи Kind 203 мене ми крцка, нема врска со sense7.
 
TheGamerTeacher

hello world
9 декември 2016
451
555
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Razer Iskur XL од Setek, околу 25к. Купена наменски поради лумбарната поддршка пошо главен "boss fight" во моментов ми се неколку дискус хернии. Во еден ден користење, комотно можам да кажам дека 80% од болките ги немам.
432276851_1062704061692992_1452554553724386539_n.jpg
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Razer Iskur XL од Setek, околу 25к. Купена наменски поради лумбарната поддршка пошо главен "boss fight" во моментов ми се неколку дискус хернии. Во еден ден користење, комотно можам да кажам дека 80% од болките ги немам.
432276851_1062704061692992_1452554553724386539_n.jpg
Ист зедов, поддршка топ, перничето за седење е топ. Единствено ме нервира шо по 6-7 месеци се раскрцка кај шо се спојува седиштето со потпирачот
 
Bolka

read-only
16 септември 2019
1
3
Здраво,

Може ли некој да ми помогне да одберам помеѓу Brado, Hedra или евентуално нешто од Sedus
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.037
1.845
Скопје
Здраво,

Може ли некој да ми помогне да одберам помеѓу Brado, Hedra или евентуално нешто од Sedus
ако можеш одвој едно попладне и прошетај и седи им по дуќан да ги пробаш :) што одговара на некој на друг не и тн ..
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.243
1.751
Скопје
Дополнително едно вакво или слично перниче носи уште повеќе комфор на било која столица:

Ја ова го земав - Перниче од полиуретан со мемориска пена обложено со текстил 371 :: Медикус Хелп Скопје
Највише ради тоа што имаат поголеми димензии, ми го покри таман цело седиште перничето од 51х46см(грешка им е таа димензијата 51х51), ова твоево малечко некако.
А и некако поозбилен брендов, ги има сите спецификации вклучувајќи и за која тежина се баждарени - https://www.systam.com/pdf_pdt/1670593568P371C.pdf
Башка и футролата анти-бактериска, анти-фунгална и анти-микробна.
Тие грците сајтот го направиле колку да го има на интернет, нема никаков податок.
Ги имаш споредено, да не има некоја разлика во материјал, густина, тврдина? Пошто ја така од нет го плеснав, без проба.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.295
Ја ова го земав - Перниче од полиуретан со мемориска пена обложено со текстил 371 :: Медикус Хелп Скопје
Највише ради тоа што имаат поголеми димензии, ми го покри таман цело седиште перничето од 51х46см(грешка им е таа димензијата 51х51), ова твоево малечко некако.
А и некако поозбилен брендов, ги има сите спецификации вклучувајќи и за која тежина се баждарени - https://www.systam.com/pdf_pdt/1670593568P371C.pdf
Башка и футролата анти-бактериска, анти-фунгална и анти-germ(како и да е на македонски џрм).
Тие грците сајтот го направиле колку да го има на интернет, нема никаков податок.
Ги имаш споредено, да не има некоја разлика во материјал, густина, тврдина? Пошто ја така од нет го плеснав, без проба.
Не можам да се сетам дали го разгледав ова твоево. Би требало да се слични. Мене ми брка одлично работа грчково. Баш пред некој ден ја исправ навлаката и дојде како ново. Но ако купувам повторно ќе земам како од твојот линк.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.243
1.751
Скопје
Би требало да се слични
Море 15ина минути што прогуглав, и тука има детали. Нашиве го пишале мемориска пена, а уствари ова јас што го земав пишува дека е HR(High Resilience) Foam, и да не ти било исто.
Густина, од која зависи колку ќе диши материјалот да не се загрева многу и колку ќе биде отпорно на механички дејства(читај трајно), но не кажува ништо за тврдината. Погусто = потрајно но пожешко. Systam-ов e 40Kg/M3(толку тежи кубен метар), во медицина наводно не се користеле погусти од 50Кг/М3
Баш пред некој ден ја исправ навлаката и дојде како ново. Но ако купувам повторно ќе земам како од твојот линк.
На моево покрај тоа што е пишано дека е текстил навлаката, горниот дел е нешто како скај(ваљда намерно, да ги добие тие анти својства што се декларирани) но не се лизга кога ќе го седнеш. Текстил има само од страните(поморанџестите делови), така да ова може и со крпче забришување ваљда да пројде :).
Контурирано е, така да во зависност од тоа како седиш малку се осеќаат ивиците на нога, пример при менспрединг. Формава на твоево е добро што е неутрална без вдлабнатини(и моментот со косината е добар), но ова па може да се сврти од другата страна кај што е целосно рамно.

Викаат би требало околу 10 години да им е векот. Пошто одамна ти е постот, колку време го имаш и колку мака во КГ има видено? Се има компресирано?
 
Па треба да сум го земал тогаш, некаде во јуни лани. Не е деформирано воопшто. Не ми е никогаш жешко на него. Не го ни чувствувам се додека не го извадов за перење па видов колку ми недостасува.

Навлаката е неверојатно мека, како кадифе. Сеуште е иста како нова кога ја земав.

Не сум правел анализи што и како. Меѓутоа сакам да верувам дека медикус не набавуваат сешто туку само проверено. Зашто сепак ова е медицинска опрема на некој начин.

Едит: заборавив да пишам јас сум околу 100 килограми.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.243
1.751
Скопје
Не сум правел анализи што и како. Меѓутоа сакам да верувам дека медикус не набавуваат сешто туку само проверено. Зашто сепак ова е медицинска опрема на некој начин.
Не дека викам дека набавуваат се и сешто, сигурно подобра контрола на квалитет и конзистентност имаат фирмиве од кај што зимаат споредено со алиекспрес, и не дека не се соодветни за намената.
Но сепак на веб страната на медикус погрешни се спецификациите, бар за ова јас што го земав, пошто му го погледнав спек шитот на сајтот на прозводителот.
Memory Foam ака Viscoelastic foam не е исто со HR Foam ака Polyurethane foam. А медикус и двете ги има пишано "Перниче од полиуретан со мемориска пена". Едно со друго не идат, освен ако не е од 2 слоја или со комбинација на материјали на различни точки на притисок. Што кај моево дефинитивно не е случај, гореспомантиот спекшит нели.
За твоево незнам, пошто нема податоци на сајтот на прозводителот, можда е исто ко моево а може и не. 0235 Seat Cushion
Едино имево на перничето (ORTHOMEMORY Seat Pillow) што им е на сајтот, можеби е мемориска пена, али ова е мање више гатање.
Наводно мемориска пена е за нијанса поудобна, но со пократок рок на траење.

заборавив да пишам јас сум околу 100 килограми.
Те јадам за некој 20 кила, ја бољи бенчмарк ќе му бидам за издржливоста :).
Не ми е никогаш жешко на него.
И на ова не е жешко, така малку млакичко, можда пар степени над температура на тело. Дефинитивно подобро од обичен сунѓер на тоа поле, кој што знае и да испоти. Ќе видиме летоска како ќе биде.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.295
Здравје. Не го купувам за навек. Две-три години нека потрае па ќе купам ново. Искрено не се замарам многу со спецификации. Битно е дека многу ми одговара. Се преродив со перничево.
 
comakot

hello world
23 февруари 2017
473
385
Ехм некој да знае во македонија дали има резервни делови? Го зафатив едното тркало со се пластика се скрше, па сега гледам дали има нова база со сите тркала
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
Ехм некој да знае во македонија дали има резервни делови? Го зафатив едното тркало со се пластика се скрше, па сега гледам дали има нова база со сите тркала

Зависи за кој бренд. Мене еднаш ми се искрши базата, за Генесис столче, Анхоч ја имаа на лагер како резервен дел.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.382
2.806
Ехм некој да знае во македонија дали има резервни делови? Го зафатив едното тркало со се пластика се скрше, па сега гледам дали има нова база со сите тркала

има тркала во Анхоч, а и другите делови би требало да има.
 
Skorp

hello world
25 август 2016
492
510
Skopje
Здраво дечки,

Заинтересиран сум за гејминг столица која ќе служи за поприлично по 7-8 часа седење на пц секој-дневно (буџет 25к)

Имам избор за неколку па може некој совет (добредојден е) дали може и со поевтини,а да врши поприлично иста работа?

1.Razer Enki (Black)
2.Razer Iskur Green Edition XL
3.CoolerMaster Caliber X2
4.Gaming Chair Arozzi

Притом ме интересира која е разликата помеѓу Енки и Искур на Рејзер?!
Дали се одлучи за некоја од овие?
И дали има некој искуство со столициве, се мислам меѓу рејзерот и кулермастерот?
 
Последна промена:

TheGamerTeacher

hello world
9 декември 2016
451
555
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Дали се одлучи за некоја од овие?
И дали има некој искуство со столициве, се мислам меѓу рејзерот и кулермастерот?
Јас имам Искур ХЛ, и сум сосема задоволен. Седам по многу саати дневно (10+), па така со претходните столици имав огромни болки (поради дискус хернија). Откако ја користам ХЛ скоро и воопшто да немам болки (ептен ако претерам 14-16 саати некогаш). Е сега, има и свои маани како што е на пример наслонот малку крцка (повеќе е звук на триење на материјалот отколку крцкање) и нешто што мене поприлично ми смета е тоа што знае да ме испоти. Би препорачал ако ја има на залиха опцијата со штоф (појма неам како се вика материјалот, сива е), претпоставувам дека ќе е подобра во тој поглед. Уште една работа, ако си поприлично габаритен (висина/тежина) малце е поширока и мене ми е ултра удобна.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
817
1.259
Братче, не знам дали имаш здравстен проблем, или таква ти е работата, ама на секој 1 саат, станувај и истегнувај се.
Знам, член од фамилија, со какви проблеми се соочуваше заради претерано седење на работа, а потоа седење и гејмање дома.
Ништо лошо не ти мислам, да не ме разбереш погрешно.
 
TheGamerTeacher

hello world
9 декември 2016
451
555
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Братче, не знам дали имаш здравстен проблем, или таква ти е работата, ама на секој 1 саат, станувај и истегнувај се.
Знам, член од фамилија, со какви проблеми се соочуваше заради претерано седење на работа, а потоа седење и гејмање дома.
Ништо лошо не ти мислам, да не ме разбереш погрешно.
Таман си е муабетот, сето то се прај. Некогаш работата е таква шо не можи да се избегни, па менаџирам со тегнење, спортување итн. Отприлика 40-60 минути работа / 20 минути движење.
 
qyzrt11

read-only
19 ноември 2023
3
1
Дечки читав коментари околу Хедра столицата, дали сеуште ја користите и какво е досегашното искуство со неа ?
 
yoyoyo

hello world
17 јуни 2022
51
17
Дали има некој апдејт за буџетарска ергономска столица што вреди за парите?
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.680
3.290
Дали има некој апдејт за буџетарска ергономска столица што вреди за парите?
буџетарска и ергономска не одат заедно.
саглам столица почнува од 500 нагоре.
столче на амортизер што можеш да го вртиш и тркалаш, има за ефтини пари.
 
yoyoyo

hello world
17 јуни 2022
51
17
буџетарска и ергономска не одат заедно.
саглам столица почнува од 500 нагоре.
столче на амортизер што можеш да го вртиш и тркалаш, има за ефтини пари.
Дајте нешто салам до 300 еур, може полу-ергономско.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно