Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Facebook ве следи дури и откако ќе го деактивирате профилот

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
300
1.065
www.IT.mk
За разлика од корисниците кои целосно го избришале својот профил, корисниците кои само ќе го деактивираат профилот имаат опција лесно да го реактивираат, а податоците кои ги оставиле може да си ги вратат назад. Она што можеби не го знаете е дека Facebook и покрај тоа што сте го деактивирале профилот, и натаму собира податоци за вас со секоја посетена веб-страница.

Начинот на кој друштвената мрежа ги собира овие податоци не е нов и е познат од претходно. Facebook го нарекува „Off-Facebook Activity“ и овозможува следење на интеракцијата која корисниците ја имаат со други компании и сервиси. Проблемите со следење на корисници кои се одлогирани или немаат воопшто профил се стари барем 10 години, кога Facebook користеше колачиња за следење.

Повеќе @ Facebook ве следи дури и откако ќе го деактивирате профилот ⋆ IT.mk
 

Optipro

lurker
5 мај 2021
618
465
Ма со сигурност и прислушкува.
Кога ке се спомне некој производ а телефонот на маса и наеднаш на fb ти излегуваат реклами со тоа спомнатиот производ.
Тоа е истото и со Гугл.
Телефонот на маса, правиш муабет за телевизор пример, и ти излага реклама за телевизори!

Истото го забележав и кај АлиЕкспрес.
Зборував нешто за некој уред, после некое време ми стигна нотификација ,,дали си заинтересиран за нештово".
 

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Ма со сигурност и прислушкува.
Кога ке се спомне некој производ а телефонот на маса и наеднаш на fb ти излегуваат реклами со тоа спомнатиот производ.
Баш на темава. А и каналот има квалитетна IT содржина околу безбедност, приватност итн.
 

NightfurY

hello world
16 февруари 2018
259
439
Kрушево абер пристигна !
Ма со сигурност и прислушкува.
Кога ке се спомне некој производ а телефонот на маса и наеднаш на fb ти излегуваат реклами со тоа спомнатиот производ.
Точно кој сака нека се смее или руга на муабетот фб има алгоритам кој работи доста добро ... за некои е тоа супер али за некои личности е малку мајнд фак и крипи .
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв