Ја уморивме малце темава али добро е што се разбираме во несогалсувањето 
Може да париме чисто вг ?
Добро чади а и наблажува малце![]()
Од мајка си е благ глицеринот, пробај една капка ќе видиш.Да да приметив дека без вода тешко се накиснува памукот, значи што наблажува малце во ред е тоа ?
Фала по 100ти пат^ Тие (се надеваат дека) ќе ја добијат за три дена, обично се брзи, тој ден или следниот праќаат. И тие не сакаат да имаат застои (затоа и ги делат пратките), но начинот на работа им е таков што многу работи не зависат од нив (работат со голем број ситни добавувачи/посредници со кои секогаш може да има проблеми, покрај тие со фабриките).
Слично е и за поштите, некои различно прикажуваат тракинг од другите, а дури и ако се појави на тракинг тоа не значи дека ја имаат (Information received може да значи само дека добиле абер да чекаат таква пратка, но некои „не признаваат“ дека ја добиле и тој статус си стои, иако ја имаат).
За Сингапурска пошта, на Фастек посредник им е Quantium (шпедитер) кој веројатно ги собира сите пакети и еднаш неделно или на неколку дена ги носи до поштата (не сум сигурен дали и до Сингапур). Тие пратки од Сингапурска пошта можат подобро да се следат овде. Едит: Сега ги пробав моите броеви и не ги препознава, можеби нешто смениле или дури и го откачиле шпедитерот.
Еве за моите две пратки, тргнати на 2 и 3 март, едната се појави на тракинг пред 5-6 дена и тргна преку океанот пред 3, другата дури денеска се појави на тракинг (Information received).
Но никогаш не може со сигурност да се предвиди како ќе се движи пратката, различно е во различни периоди од годината (празници, одмори, пренатрупаност на поштите што не го знаеме, менување на авиолинии (возен ред), самите пошти ако си нашле алтернативна рута, застој во попатните точки (околу Нова година имаше огромен застој во Чешка) и така натаму...)
@VapeS ај пушти слика од целиот мод тука или во п.п.Другари, на Hcigar капакот за затворање на батериите од долу од внатрешната страна е заштрафен со танка пластика која ги стега федерите од негативните пинови. Е таа се скрши!![]()
Што сега?Погледнете го атачментот 62868
Многу добар за МТЛГотово, колега, заразен си. Одвој една соба за опрема. :hay:
Да не ти го кршам меракот, ова е малку застарено во поглед на технологија, но сепак е квалитетно, затоа и држи цена.
Нема збор, и таа застарена технологија е прецизна (ДНА чипсет), само што оди до само 20 вати, а знаеме (или би требало да знаеме) дека не чини модовите да се тераат цело време до „гравираното“ (до крај), па може во иднина да ти фалат вати. Не за Ендурата, таа и така е наменета строго за 14 вати (колку што испорачуваат нејзините модови), но ако планираш за иднина (како што планираш), може да ти затребаат само малку повеќе вати и стигна до границата...
Температурна контрола засега не ти треба, многу е тешко да се намести. И јас цела години се мачев, па ќе пробам, па нема да работи добро, па ќе се откажам... Уходај се прво.
За цената, тешко да го најдеш значително поевтино на друго место, можеби за неколку долари, но шипингот и услугата на Фастек тешко да ги најдеш.
Но оправдано е поради потребата (каналите за воздух).
А за атомизер... Да прашаше, ќе ти кажевме дека Berserker mini може да се затвори исто или слично како Ендурата, има многу други постари, а и нови како fumytech rose mtl и неговиот наследник Gotank... Но и овие си имаат свои мани, Берсеркерот тече при полнење, другите два имаат анти-spitback „заштита“ на врвот која го убива вкусот и треба да се сече со дремел, а сите (според мое мислење) по една мана, различна кај секој - преголема комора или канали за течност (а сите други работи им се добри за усно)...
Од постарите има многу, но претежно се укинати (старите Тајфуни и Ружи на пример), но Кајфун Лајт е легенда која не умира и идеален за прв атомизер со мотање - ако го научиш него, ги знаеш повеќето, а простува грешки (освен ако грешката е во кинеската обработка, за жал). Тука некаде по „теснотијата“ е и Doggy Style. И Kayfun Mini V3 не е за фрлање, ако има некоја разлика во „теснотијата“, таа е многу мала. Но не знаеме кој е добар клон од него.
Па дури и Ruzgar за кој го искаравме @Chaeld10_8 (три поста еден по друг), а и со право, затоа што му стигна дефектен, но на крај го среди и беше задоволен. :hay:
Готово, колега, заразен си. Одвој една соба за опрема. :hay:
Да не ти го кршам меракот, ова е малку застарено во поглед на технологија, но сепак е квалитетно, затоа и држи цена.
Нема збор, и таа застарена технологија е прецизна (ДНА чипсет), само што оди до само 20 вати, а знаеме (или би требало да знаеме) дека не чини модовите да се тераат цело време до „гравираното“ (до крај), па може во иднина да ти фалат вати. Не за Ендурата, таа и така е наменета строго за 14 вати (колку што испорачуваат нејзините модови), но ако планираш за иднина (како што планираш), може да ти затребаат само малку повеќе вати и стигна до границата...
Температурна контрола засега не ти треба, многу е тешко да се намести. И јас цела година се мачев, па ќе пробам, па нема да работи добро, па ќе се откажам... Уходај се прво.
За цената, тешко да го најдеш значително поевтино на друго место, можеби за неколку долари, но шипингот и услугата на Фастек тешко да ги најдеш.
Но оправдано е поради потребата (каналите за воздух).
А за атомизер... Да прашаше, ќе ти кажевме дека Berserker mini може да се затвори исто или слично како Ендурата, има многу други постари, а и нови како fumytech rose mtl и неговиот наследник Gotank... Но и овие си имаат свои мани, Берсеркерот тече при полнење, другите два имаат анти-spitback „заштита“ на врвот која го убива вкусот и треба да се сече со дремел, а сите (според мое мислење) по една мана, различна кај секој - преголема комора или канали за течност (а сите други работи им се добри за усно)...
Од постарите има многу, но претежно се укинати (старите Тајфуни и Ружи на пример), но Кајфун Лајт е легенда која не умира и идеален за прв атомизер со мотање - ако го научиш него, ги знаеш повеќето, а простува грешки (освен ако грешката е во кинеската обработка, за жал). Тука некаде по „теснотијата“ е и Doggy Style. И Kayfun Mini V3 не е за фрлање, ако има некоја разлика во „теснотијата“, таа е многу мала. Но не знаеме кој е добар клон од него.
Па дури и Ruzgar за кој го искаравме @Chaeld10_8 (три поста еден по друг), а и со право, затоа што му стигна дефектен, но на крај го среди и беше задоволен. :hay:
Rosa 2 има кај мене. Ја поклонувам.Благодарам за појаснувањето. Да, знаев дека е стар и знаев дека се малку вати. Исто така знаев за берсеркер, доги, кајфун мини 3/лајт. Но ми промакнале розата и готанкот.
Ги изгледав видеата на јутуб (Phil е дефинитивно најдобар со најмногу детали). И тој е мераклија на МТЛ. Ама го искритикуваа за Арес кој го дизајнираше со гркот.
Од се она што видов и прочитав сепак разликите и не се до толку страшни или фантастично големи за МТЛ. На многу сајтови и форуми една ендура е споредена со великаните. Истата е во ризнииците на најголемиот дел заразени вејпери. Многумина го бараат нејзиниот шмек во многу поскапи уреди.
DeJaVu пробал многу танкови па на крај се вратил на призмата која сега исклучиво си ја користи само неа.
Па тогаш си реков зошто да менувам формула која ми е страшно добро погодена. Танкот ќе биде тој сега за сега. Ама сакав повеќе батерија. Мислев дека Т22 ми е единствениот избор без трзавици да бушам, сечам, адаптирам и да изгледа убаво. Но случајно налетав на овој мод па за мала разлика во цена реков зошто да не.
Јас навистина се надевам дека овде и ќе застанам. Ако заборавам дека целта е да престанам да пушам тогаш кај ми е крајот.
May I have it ? PlsRosa 2 има кај мене. Ја поклонувам.
Sent from my SM-N910F using Tapatalk
Rosa 2 има кај мене. Ја поклонувам.
Sent from my SM-N910F using Tapatalk