eldiablo
Баниран/a
- 21 октомври 2008
- 820
- 48
Ме интересира ваше мислење. Дали и зошто сметате дека MAC-овите се многу скапи? Пример:
MacBook Pro (15.4", 2.5GHz, 2GB RAM, 250GB HDD) кошта околу 2000 евра, додека Hp Pavilion dv6000 со слична конфигурација 500 евра? Зошто е тоа така? Дали поради брендот? Зошто еден студент со помал буџет на пари би се одлучил за поскапата варијанта, кога може поевтината?
Однапред ќе ви кажам, поентата е да развиеме квалитетна дискусија во врска со оваа тема, и да не се задржиме конкретно кон примерот што јас го посочив. Давајте ваши примери и ставови, меѓутоа учтиво ќе ве замолам да ви бидат поткрепени вашите мислењата со аргументи, навистина не сакам темата да отиде во тотално погрешна насока и да настанат препукувања (од типот MAC vs PC).
Знам дека на многу луѓе воопшто не им е јасно зошто се MAC-овите (навидум) поскапи од останатите лаптопи од останатите брендови. Значи велам навидум, бидејќи со помош на добра дискусија ќе ги расчистиме недоумиците, и ќе расчистиме еднаш засекогаш дали MAC-овите навистина се поскапи од другите модели (HP, Dell, Toshiba, Fujitsu Siemens...).
Поздрав.