Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Цензура

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
Имаше вест дека фејсбук ќе избрише илјадници профили и групи од Македонија. Штама.
Одлични сте.
Еден ден ќе го забранат и форумов, само каде ли ќе се жалите и дали некој воопшто ќе се загрижи.
 
O

Oliver!

Гостин
разгорува страсти и создава негативна енергија. Администрацијата не е должна да модерира теми кои не се поврзани со суштината на форумов.

Ова ми се допаѓа.

Следното што ќе го произнесам е личен став и не мора да се прифаќа здраво за готово.

Вака завршуваат сите дискусии на горливи теми. Не само политика, туку интел против АМД, панк против рок, па сè до метал против пиенџи.

Мислев дека основните постулати на овој форум се исто така и да не се навредува по било кој основ. Добро, сите форуми тежнеат кон тоа, ама ретко кој успева.

Моментумот на таа дискусија за Македонија, како и сите други теми каде што со голема брзина доаѓа до мерење и тепање, за мене лично не се случи со затворањето на темата нити со спротивставените ставови, туку ова (намерно не цитирано, туку слика):

a9754386-3a83-4bc6-9d27-dce8e8009717.png

"лајкано" од админ.

Што се случи со фер односот. Сега е ок да му речам на некој да "одјебе"?

Не е кул, дечки, не е кул...
Ова не е како се решаваат проблеми.

Во секој момент сум за санкција на зајадливи коментари и забрана за користење на пилитика на форум.
Тоа е сосем ок и не би се налутил, едноставно не е моја територија за да се борам за такви права.

Самиот плукнав 2-3 реда муабет за истото, ама никогаш не навредив некого директно (иако се случило да бидам директно нападнат) и не ни планирам да навредувам. Не сум за тоа овде.

НО, кога некој ќе почне со тоа "одјеби", културно изведено "глуп си" или не знам што - тука каузата почнува да пропаѓа.
А тоа, за жал, е позастапено и од off-topic темите и не-на-место коментарите во последно време.

Луѓе со илјади коментари под појас често кажуваат како тоа некој друг тропнал глупост на тема, потем самите правејќи го истото.
Лоша насока, матер му ебем, крив правец :)

Во однос на темава - да, има одредена цензура. Од мој агол - ненамерна.

Само се надевам дека кој и да ме чита овде ќе го насочи истото кон подобрување наместо контра-удар. Не сум расположен за контра-удари, се гледа по моите коментари насекаде :)

Поздрав, и бидете ми живи и здрави сите, па ако треба и Планета Золтар да се викаме :)
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
На тема цензура:
Добивме неколку наслови дека фејсбук избришал многу страници во Македонија заради наводни лажни вести. (ги фатија живи цнн како лажираат вест, па ене ги влакно не им фали)
Побарајте го Миленко Неделковски на фб.
Дали го почитувате, дали е лажов, дали е каков и да е... го избришаа.
Имате некој друг што зборел против власт и демек опозиција?
Не?
Терајте понатаму.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.703
3.349
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Повеќето од фан страните кои ги избришаа беа од македонија но споделуваа вести на англиски. Додека пак македонскиве фан страни гледам имаат добар reach на постовите.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
Повеќето од фан страните кои ги избришаа беа од македонија но споделуваа вести на англиски. Додека пак македонскиве фан страни гледам имаат добар reach на постовите.
Супер, најди го миленко.
Ги тргнаа и десничарските пол вотсон и инфовор.
Ги фатија цнн како лажираат вест, ама нема последици.
Интересно нели?
 
windows8

lurker
12 февруари 2012
790
1.037
Скопје
windows8's setup  
Motherboard
MSI B350 PC MATE
Keyboard
CANYON
Monitor
DELL P2416D
OS
Windows 10 x64
Томи Робинсон исто е баниран од страна на фашистите, удрија јако по слободата на говор, ама само онаму каде нив им одговара. Не очекувајте кај нас критична маса, овде пред неколку дена поглаварот на "религијата на мирот" на пресконференција повика на смрт за одреден судија и доби овации и аплаузи од присутните.... Ама тоа не е говор на омраза, истото се случува и на запад, таму дури е и полошо, расист си ако кажеш јавен факт дека 90посто од силувањата се извршени од страна на мигранти муслимани итн има безброј примери за лицемерие двојни стандарди и цензура.
И.Т формите не се на удар зашто не претставуват закана а и плус им одговара профитот од продажба на хардвер/софтвер.

А да, Асанж беше извлечен како куче од амбасадата, Сталин и Хитлер химна да јадат :)
За се ова највиновни се либертардите.
Антифа усвари се најголеми фашисти.
 
Изменето од модератор:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Целта е да се отстранат овие организации и личности од мејнстрим медиумите. Генерално тоа е лошо, но и тоа што го прават некои од нив не е во ред. Често има манипулации (убеден сум свесни манипулации) од нивна страна. Секако и од другата страна има големи манипулации. Ќе почекаме изгледа вистината да излезе на виделина:)
 
Вистината ретко излегува на виделина. Речиси никогаш.
Светот ќе живееше мирно и спокојно ако вистината излегуваше на виделина. Војните се за да се сокрие вистината. Мртвите не зборуваат и не сведочат.
По ново, тие што ги нема на интернет, џабе зборуваат, кога никој нема да ги чуе.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
^
Сега какви манипулации се прават во време кога ќе речеш луѓето се далеку повеќе едуцирани и имаат пристап до информации (извртени повеќето:)) тогаш можам да замислам што се случувало пред еден век или порано.
 
windows8

lurker
12 февруари 2012
790
1.037
Скопје
windows8's setup  
Motherboard
MSI B350 PC MATE
Keyboard
CANYON
Monitor
DELL P2416D
OS
Windows 10 x64
Чуму наводнициве? За поглаварот и сам знајш дека немат врска со самата религија туку е политички поставен. Без предрасуди ве молам.

Се извинувам за офтопик.
Ах, има врска и те како со религијата, човекот е олицетворение на истата, не се предрасуди тоа се факти, неможе ти да ми кажуваш што јас сам знам, примерот со рејсот го дадов во контекст на темава како пример каде се употребуваат двојни стандарди за она што е а што не е говор на омраза.
И да не идеме офтопик, ова е ит форум, а темава е за цензура на социјалните мрежи и говор на омраза.
Бре: Donald J. Trump
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
овде пред неколку дена поглаварот на "религијата на мирот" на пресконференција повика на смрт за одреден судија и доби овации и аплаузи од присутните.... Ама тоа не е говор на омраза
Па всушност и не е. Тоа е Повикување на насилство, што реално е вистинско кривично дело. За разлика од „говор на омраза“ што е измислена глупост за контрола на луѓето и медиумите... Но да не ти дигресирам од поентата, на место си е.

Антифа усвари се најголеми фашисти.
Дел од модерниот социјален инжинеринг. Лагата е Вистина. Вистината е Лага. Војната е Мир. Мирот е војна... Нема врска што не разбираме, они си го тераат филмот.

П.С. Тек ќе се појавуваат „борците за социјална правда“ и за политичка коректност (без предрасуди ве молам, дечкото муфтија може да повикува на насилство пошто „политички е поставен“ и затоа е во ред). Предвидувам и притисоци да се затвори дискусијава. Религијата демек значи имунитет од законите. Па уште треба и да се самоцензурираме и да не критикуваме, пошто ликови поврзани со религија никако не смее да се дираат. Искача и Миленко да беше некој Владика, сега немаше да го судат по судови за пишување недоветни глупости на нет.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
Искача и Миленко да беше некој Владика, сега немаше да го судат по судови за пишување недоветни глупости на нет.

Не го бранам, но недоветни глупости имаше од големите медиуми, но нив никој нит ги осуди нит ги казни. Но прочепкајте да видите тие големи медиуми во чија сопственост се, па ќе стане многу појасно зошто тие се недопирливи.

Fake news е наменето за нив.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Јасно е за естаблишментот, го нагласив тоа кога кажав дека ова е дел од социјалниот инжинеринг. Пошто на крај сите вести донекаде се лажни вести (а некои се и 100% лажни), и секој што држи до себе треба да има доволно широк светоглед кој ќе му овозможи самиот да ги проценува работите - откако ќе ги види работите од повеќе агли. Но тие сакаат луѓето да го гледаат само нивниот агол, наративата покажувана од мегафоните како си-ен-ен и потоа до бескрај повторувана на социјалните медиуми.

Поентата ми е дека баш дел од слобода на говор е и правото да се пишуваат недоветни глупости. Не заради тоа што сакам недоветни глупости, туку пошто НИКОЈ нема морална ни никаква супериорност да одлучи ЗА СИТЕ што е глупост, и да го наметне тоа како единствена вистина. Но баш заради тоа го измислија тоа „Говор на Омраза“, за да цензурираат слободно изразување и за да наметнуваат своја наратива (фејк њуз).

Така основното човечко право Слобода на Говор, наеднаш стана „Говор на Омраза“.
Како што кажав поназад естаблишментот по потреба ги превртува наопачки сите вредности во општеството: Лагата е Вистина. Вистината е Лага. Војната е Мир. Мирот е војна... Итн.

Има безброј секојдневни примери за ова. Секојдневно прават куп војни низ светот и тоа не убедуваат дека тоа е добро пошто таму „режимот бил недемократски“ (читај Мирот е војна, лош е). Не убедуваат дека страдањата на милиони луѓе во тие војни, убиства, силувања, губење на домовите, сето тоа е потребно заради „носење на демократија“ (читај Војната е Мир). На крај целите на естаблишментот се геополитички, но тие ги продаваат како морални потреби и единствена вистина која не смее да се критикува (пошто тоа е говор на омраза). На тоа мислев.
 
22 април 2007
1.126
1.723
Skopje
gamer-eddie's setup  
Processor & Cooler
CPU i7 4790К Deep Cool Captain 360EX
Motherboard
Asus Maximus 7 Formula
Storage
Bunch Of Disks
PSU
Cooler Master Vanguard 850W
RAM
32GB Kingston Beast 2400mhz
Video card
OnBoard madafakaz :) & понекад GTX 980Ti Matrix
Case
Corsair 780T
Mouse
R.A.T. 7
Keyboard
Asus Cerberus
Audio
Logitech G330
Monitor
BENQ GW2760
OS
Windows 7 Ultimate 64bit & гомноно 10-ка
Дечки ја сум за слобода на говор а не за цензура
Сите имаме мислења со тие мислења повередуваме или не повредуваат
Што е до мене конфликт=напредок бидејки со тоа се докажуваат стварите и на крај ке се види кој бил во право
Искрено живееме во многу лигаво опшество
Сум згрешил за нешто тие згрешиле за нешто , ни се скршило егото ама на крај сме дознале/научиле нешто ново
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Што е до мене конфликт=напредок бидејки со тоа се докажуваат стварите и на крај ке се види кој бил во право
Искрено живееме во многу лигаво опшество
Убаво кажано, посебно подвлеченото.
На жалост денешниве „стандарди“ наложуваат климање со глава и тапшање по рамења, додека и најмало несогласување се доживува како објавување на војна.
 
22 април 2007
1.126
1.723
Skopje
gamer-eddie's setup  
Processor & Cooler
CPU i7 4790К Deep Cool Captain 360EX
Motherboard
Asus Maximus 7 Formula
Storage
Bunch Of Disks
PSU
Cooler Master Vanguard 850W
RAM
32GB Kingston Beast 2400mhz
Video card
OnBoard madafakaz :) & понекад GTX 980Ti Matrix
Case
Corsair 780T
Mouse
R.A.T. 7
Keyboard
Asus Cerberus
Audio
Logitech G330
Monitor
BENQ GW2760
OS
Windows 7 Ultimate 64bit & гомноно 10-ка
Убаво кажано, посебно подвлеченото.
На жалост денешниве „стандарди“ наложуваат климање со глава и тапшање по рамења, додека и најмало несогласување се доживува како објавување на војна.
Брат ја лично ама ич не се согласувам со денешниве лигави стандарди Искрено едвај чекам да најдам некој таков кој пробува да ми соли памет само за да му/и го спопикам...овај мислам да им ги отворам очите/хоризонтите ;) (бидејки не смеам да им ја "отворам" глаата)
Не ги разбирам тие луѓе како финционираат, едвај чекаат да прочитаат нашто испеглано од google и да го повторуваат дур не се смени :)
Имаат ли тие свои мислења , дали се општо способни да размислуваат и дали се рачунаат они за поединци/индивиидуи.
Искрено со ова интернетов очекував луѓево да станат по интелигентни ама станаа ненормално потупи
Не дека ја сум сјаен ама барем ако ништо друго имам свое Ја и гледам реално на работите
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Имаше некаде некоја теорија за неможност со справување со премногу податоци. Во немање научен метод за филтрација на големиот прилив од дата, повеќето се повлекуваат од сите информации што не се од естаблишментот (кој нели од мали не учат дека работи исклучиво за општото добро). Потоа наративата на естаблишментот се брани по секоја цена, не заради љубов кон естаблишментот, туку пошто во спротивно треба соочување со сопственото незнаење и илузии. Когнитивната дисонанца не е за потсмевање.

Така идеме до моментот каде се брани цензурата. Пошто нели, некој таму лик на интернет кажал нешто што не е убаво да се кажува, затоа сега е во ред на сите луѓе да им се укине правото на слобода на изразување.
 
worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
Ах, има врска и те како со религијата, човекот е олицетворение на истата, не се предрасуди тоа се факти, неможе ти да ми кажуваш што јас сам знам, примерот со рејсот го дадов во контекст на темава како пример каде се употребуваат двојни стандарди за она што е а што не е говор на омраза.
И да не идеме офтопик, ова е ит форум, а темава е за цензура на социјалните мрежи и говор на омраза.
Бре: Donald J. Trump

Затоа што е ИТ форум изненаден сум од вакви размислувања. Реисот бил олицетворение на религијата. Hah, non sense. Тој е олцетворение на исламот исто колку што за христијанството олицетворенија се владиката Петар што фрлаше клетви и анатеми, Инквизицијата во дамнешните времиња, убиецот што масакрираше во Нов Зеланд, и сл.

Судиш за религијата по делата на некои нејзини припадници, а не според тоа што таа го проповеда, па оттука предрасуди. За да зборуваме за Ислам, или Православие(како дел од Христијанството) треба да ги проучиме религиите, не нивните припадници.

Околу тоа со мигрантите, од каде знаеш дека сите се муслимани? Во Сирија, поточно во Алепо живееа(или уште живеат) и голем процент на христијани(Православни или Католици, не сум сигурен) кои сега бегаат од војната. Па еве нека се сите муслимани, зошто носиш заклучоци за Исламот врз основа на нивните дејствија, каде во Исламот се повикува не убиства или силувања? (Само те молам немој со клише одговор - џихад.)

П.С. Тек ќе се појавуваат „борците за социјална правда“ и за политичка коректност (без предрасуди ве молам, дечкото муфтија може да повикува на насилство пошто „политички е поставен“ и затоа е во ред). Предвидувам и притисоци да се затвори дискусијава. Религијата демек значи имунитет од законите. Па уште треба и да се самоцензурираме и да не критикуваме, пошто ликови поврзани со религија никако не смее да се дираат. Искача и Миленко да беше некој Владика, сега немаше да го судат по судови за пишување недоветни глупости на нет.
Бидејќи гледам дека алудираш на мојот пост, само да ти кажам дека повеќе од волку не можеше да ја промашиш поентата. Алал да ти е. Ај да "нацртам".

Не сум борец за социјална правда, туку се почуствував прозван во дел од постот што го цитирав. Ваљда затоа што сум муслиман, а? Поентата(поентите) на тоа што го напишав дека поглаварот нема врска со самата религија, туку политички е поставен:
- Поглаварот не е избран од самите верници во оваа држава
- Поглаварот е поставен на таа функција од страна на политички сили
- Поглаварот и тие ракоплескачи околу него дејствуваат по сопствени убедувања и во согласност со нивните интелектуални капацитети, а не според верските учења.
- Поглаварот не е амнестиран за неговите глупости затоа што е "претставник" на муслиманите, туку затоа што е политички поставен и заштитен. Религијата не може и не смее да претставува имунитет пред законите.

Појасно е?

Е сега на темата. Колку што се злоупотребува реченицата "Говор на омраза", току се злоупотребува и реченицата "Слобода на говорот". Мора да има разлика помеѓу анархија и демократија.

Јас сум против цензура на се и сешто, но истотака сум против тоа да им се гледа низ прсти на луѓе кои пропагираат насилство, неморални вредности, убиство, тероризам, повикувања на линч, итн.

Поглаварот, не може да повикува или посакува смрт јавно а за тоа да не е сакнциониран. Истото го правеше Миленко, и нему сличните. Нас треба да ни пречат двојните аршини кога е во прашање цензурата на ваквите работи, а не да ни пречи Цензурата како средство за борба против штетните појави(читај Миленко, Реисот).
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Јас сум против цензура на се и сешто, но истотака сум против тоа да им се гледа низ прсти на луѓе кои пропагираат насилство, неморални вредности, убиство, тероризам, повикувања на линч, итн.
На жалост изборот е бинарен, или си против цензура или си за цензура.
Помеѓу не може да има ништо, затоа што границата е како жилет оштра. Штом отидеш од „против цензура“ во „ама добро само во одредени случаи“ во тој случај сакал или не, ти веќе си ЗА цензура.

Но мислам дека за многумина не се сосема јасни некои работи.
Т.н. „говор на омраза“ е непотребна додавка во законската легислатива. Затоа што повикување на насилство, и заканување со насилство/тероризам се веќе одамна постоечки кривични дела.

Понатаму да разграничиме:
- „Пропагирање неморални вредности“ не е криминал (освен во Саудијска Арабија и други држави каде државна религија/уредување е Вахабизам).
- Повикување на насилство Е криминал, кривично дело е.

Поглаварот, не може да повикува или посакува смрт јавно а за тоа да не е сакнциониран. Истото го правеше Миленко, и нему сличните. Нас треба да ни пречат двојните аршини кога е во прашање цензурата на ваквите работи, а не да ни пречи Цензурата како средство за борба против штетните појави(читај Миленко, Реисот).
Не можеш да ги поистоветуваш. Реисот повикува на насилство, на убиство. Кривично дело.
Миленко лупа недоветни глупости, никаде не повикува на насилство. Не е кривично дело, освен според измишљотината „говор на омраза“.

- Поглаварот е поставен на таа функција од страна на политички сили
- Поглаварот и тие ракоплескачи околу него дејствуваат по сопствени убедувања и во согласност со нивните интелектуални капацитети, а не според верските учења.
- Поглаварот не е амнестиран за неговите глупости затоа што е "претставник" на муслиманите, туку затоа што е политички поставен и заштитен. Религијата не може и не смее да претставува имунитет пред законите.
На жалост реалноста е поинаква.
- Реисот (поглаварот) сеедно како дошол на позиција, сеедно е пошто тој Е претставник на религијата и на верските учења.
- Реисот и неговата религија се надвор од законите, докази има многу ете на пример секојдневното долгогодишно кршење на Законот за Ред и Мир. Освен ако за тебе не е кршење на законот, гласно (лошо) пеење на арапски песни од 7-ми век, на озвучење од миљон децибели од десетици разни џамии. И освен ако не спориш дека тоа кршење на законот за ред и мир всушност е „религиско право“ пошто нели и Мухамед во Мека и Медина пеел на појачало од илјадници вати.
 
worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
На жалост изборот е бинарен, или си против цензура или си за цензура.
Помеѓу не може да има ништо, затоа што границата е како жилет оштра. Штом отидеш од „против цензура“ во „ама добро само во одредени случаи“ во тој случај сакал или не, ти веќе си ЗА цензура.

Воопшто не е бинарен изборот. Не е се црно и бело, има нешто и помеѓу. Мерата е најважна.

Понатаму да разграничиме:
- „Пропагирање неморални вредности“ не е криминал (освен во Саудијска Арабија и други држави каде државна религија/уредување е Вахабизам).
- Повикување на насилство Е криминал, кривично дело е.

Само криминал и кривични дела треба да се цензурираат? Не сфатив. Вахабизам не е религија. Морал и неморал не се само исламски теми, пример Етиката се занимава со моралот. Не знам дали си видел но на телевизија кога ќе се каже некоја пцовка или слично има едно многу познато "тиииит", и тоа е цензура.

Честопати и по форуми ќе видиш "Изменето од модератор", и тоа е цензура.

Не можеш да ги поистоветуваш. Реисот повикува на насилство, на убиство. Кривично дело.
Миленко лупа недоветни глупости, никаде не повикува на насилство. Не е кривично дело, освен според измишљотината „говор на омраза“.

Не знам дали правиме муабет за истиот Миленко Неделковски којшто во своите емисии имаше ѕид налепен со слики од луѓе за кои повикуваше на јавен линч и ликвидација. А неговите фејсбук статуси...долга приказна.

На жалост реалноста е поинаква.
- Реисот (поглаварот) сеедно како дошол на позиција, сеедно е пошто тој Е претставник на религијата и на верските учења.
- Реисот и неговата религија се надвор од законите, докази има многу ете на пример секојдневното долгогодишно кршење на Законот за Ред и Мир. Освен ако за тебе не е кршење на законот, гласно (лошо) пеење на арапски песни од 7-ми век, на озвучење од миљон децибели од десетици разни џамии. И освен ако не спориш дека тоа кршење на законот за ред и мир всушност е „религиско право“ пошто нели и Мухамед во Мека и Медина пеел на појачало од илјадници вати.

Повторно судиш на религијата според реисот, а не според она што таа го проповеда. Немам намера пак за истото да зборам. Не се песни, повик за молитва е, и не трае подолго од 90 секунди, 5 пати на ден. Ако е нешто тука противзаконски тогаш нека го забранат и биењето на камбаните, разни концерти, свадби на отворено и не знам какви ли уште други извори на гласни звуци. Единствено како реална забелешка можам да прифатам дека на некои места стварно претерале со гласноста. Едно е да ти смета што е гласно, а друго е ако ти смета затоа што......знајш и сам.

@Lokvan, доволно прочитав за да видам со кого имам работа, па во интерес на квалитетот на овој ИТ форум(кадешто вакви муабети воопшто не се потребни), јас би ја прекинал дискусијата тука. Благодарам. Peace.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
Директно прашање:
Карикатура со Мухамед е ок или не е?
Оти јас сум верник, ама монти пајтон ми е супер хумор. Тоа што некој прави хумор од нешто не ми смета, напротив.
Цензура е забрана за мислење.
Тоа е забрана за имање став.
Ајде вака да ти упростам. Постоењето. А твојата религија ми е нападно и безобразно, па дали да ја укинеме? На тоа се сведува. Дали јас сум се навредил е мој проблем , дали сум те навредил баш треба да не ти е гајле, се додека еден не посегне по насилство. Тогаш има проблем.

Затоа е бинарно. Или има цензура или има слобода на говор. Слободата на говор е подобра опција од цензура. Секогаш, секаде. Така одиме напред.

Ич не ми се одговора на темата за религија на мирот и слични глупости. Сите религии пропагираат мир, но во реалност ги гледаме следбениците и создаваме слика според нив.
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.585
Побарајте го Миленко Неделковски на фб.
Дали го почитувате, дали е лажов, дали е каков и да е... го избришаа.
Фала богу и фејсбук да направат некоја добра работа. Не знам што чекаа толку долго.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв