Прашање на време беше кога ќе искочат работиве на виделина.
Мислам зарем навистина не ви дојдоа чудни забегувањата од типот „дајте ССД, хардот ми е спор“ (и дајте поголем ссд, тој од 60гб е мал) небаре за офис работа требаат ссд перформанси, перформанс кулер небаре тој Core2 процесорот ќе се оверклокува како за рендер или други калкулации... Не знам само како некоја 1080р графичка карта не влезе во муабетот за потребштини за студирање.
Имам такви познаници, не зимаат да работат нормална секојдневна работа пошто „они за повеќе биле предодредени“ а во меѓувреме се влечат на пензии од родители. На времето за еден таков дури организирав РС да му склопиме со другарите за учење на 3д и видео едитиниг, дури и во фирма беше однесен да учи занает, на жалост ништо не бидна од тоа. На крај излегува дека некој што има волја и е кадарен да научи и да работи нешто, ќе го направи тоа макар и во најлошите услови, а после потребната опрема сама ќе дојде кај него (ќе ја заработи, или што и да е). Но ова е општество каде уште од мали ноги се учат дека им следува нешто без работа, дека се некој секогаш ќе им помага, дека не мора самите да застанат на свои ноги и да си ги заработуваат парите за секојдневните потреби.
Сетете се на приказната за сиромашниот, дадете му риба и сте му помогнале еднаш - но научете го да фаќа риби и сте му помогнале за цел живот. Во случајов цел живот да му давате риби, нема да му помогнете колку што ќе му помогнат дечкиве што му нудат работа. Мислам ако сака да работи, а како што стојат работиве... :-/