Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
За терминологијата: на „пасивен“ звучник му треба надворешен засилувач, а „активен“ звучник во себе (во истата звучна кутија) има вграден засилувач - па затоа содржи кабел за струја.
Значи, „сабвуферот“ Jamo што го имаш е активен - има во себе вграден засилувач.

Како што правилно си забележал, влегување во акустички третирано студио е како влегување во друг универзум. За жал, да се постигне такво нешто дома е скапо и/или проблематично на изглед и за монтажа. За да можат да ја вршат својата работа, оние плочите од Aliexpress мора да се постават една до друга на растојание од 20 cm од ѕидот - а тоа веќе е брачен проблем. :) За просечна дневна соба ќе требаат три такви комплета, ама колку што гледам од линкот, не ги испорачуваат во Македонија.

„Белгиските“ звучници Madison не вредат ни за едни пари.

За 600 евра веќе имаш поголем избор на звучници, освен Klipsch R-620F во Аудио Центар Болин погледни (слушни) ги и Monitor Audio во Алфа Аудио.
 

ksimon

hello world
29 април 2011
422
224
Хаха брачниот проблем ме изнасмеа :))) не кажувам колкаво растојание треба помеѓу панелот и ѕидот! :) Ќе ги нарачам панелите од AliExpress , одамна мислам на такви. За студио знам колку пари треба, превише се :) Здравје Боже, једног дана и то! Фала за советот за Мадисон, секако ќе ги слушнев прво у живо.. Кај се наоѓаат Алфа Аудио? Веднаш до Зец во стариот трговски во Капиштец? Исто така, што мислење имаш за Pioneer звучниците што ги продава дечкото од Кичево?
Мислењето е автоматски споено:

Ја уствари ќе си земам слободен ден, ионака нема никакви посебни настани у државичево, ќе тутнам некој економски прилог и ќе си шетам низ продавнициве да разгледам што се нуди. Аивата под рука и ајт на шопинг! :) А ќе идам и по луѓе, ќе им се тутнувам дома со појачалото у ранец, па ќе малтретирам со .. " Потивко ве молам, да чујам сам како тоа звучи. Евентуално ако може да ме оставите 5 мин на само, па ќе решам ..хаха..
Мислењето е автоматски споено:

Мислењето е автоматски споено:

Кај мене стои дека испорачуваат. Околу 35 евра е шипингот..И да ти кажам, сеа ќе нарачам три комплети! Само да одберам соодветна боја што ќе ѝ се допадне на женава , за да имам со што да се бранам ако негодува и ако почне да се распрашува за сантиметрите од ѕидот хахах
Мислењето е автоматски споено:

Извини, сега ќе ти пратам линк од Пионир звучниците што ги продава Кичевчанецот. У меѓувреме ми текна дека постои и оноа, не памтам како се викаше, ако ти се расипе звучник, па премотување на нешто внатре. Ми се има случено со Пионир звучници за во кола, сосема се разочарав од звукот кога ги направија. Тенеќе! Зборот ми е, без лични навреди секако, мачка у вреќа е купување половни, особено ако не можеш да ги чуеш лично претходно. Може човекот е во СКопје, зборам генерално. Дали сум у право? Околу купување половни..Барем што се звучници тиче. Појачало е друга прича...
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Алфа Аудио се наоѓа во стариот трговски центар во Капиштец.
Нема потреба со себе да го тегнеш својот засилувач, користи го засилувачот што го имаат во продавницата, само прво провери ги тонските контроли (и loudness, ако го има) како се наместени.
На линковите тој од Кичево продава JBL, а на Pioneer. Како и да е, подобро JBL отколку Pioneer. Ама купување звучници стари 20 години некако не ми изгледа како добра идеја. Купувањето звучници на старо е „купување мачка во вреќа“ - не дека тој што продава намерно сака да продаде некој шкарт или нешто оштетено (макар што има и такви „бизнисмени“!), туку дека нагорени и малку подоштетени драјвери се забележуваат само при посериозно слушање. Кај мене доаѓале многу луѓе да им мерам звучници што ги купиле на старо, ама добар дел од нив беа тешко разочарани кога ги видоа измерените резултати. Од друга страна, имало звучници стари по 50 години, со перфектни перформанси. Мачка во вреќа...
 

ksimon

hello world
29 април 2011
422
224
Имав некои Deca, или Decca. германски беа. За тогашно мое уво, солидни накај одлични. Некоја средна висина, не знам дали постои за тоа терминологија..не беа Bookshelf. И да ги најдам нема да ги употребам, што би рекол Banjifiko, носталгија не би сакал да ме надвладее, ипак сме 2022..И пак ќе речам дека многу ми се свиѓа идејата за безжично слушање, блутут, итн..Не ги можам кабливе! Just saying..
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Ако е DECCA, тогаш се англиски и би требало да се одлични, а единствен евентуален недостаток им е малата снага (зависи од моделот). Ако ги најдеш, обавезно донеси ги кај мене да ги измерам - пиши ми порака да се договориме. Не брзај со купување нови звучници, можеби пријатно ќе се изненадиш од твоите стари DECCA откако ќе ги потсредам...
Мислењето е автоматски споено:

Вистинско безжично слушање е можно само кај блутут слушалките или минијатурните звучничиња, батериски напојувани. На сите други „безжични“ уреди им треба жица (кабел) за струја, така што не гледам некоја разлика - кабел си е кабел (што би рекла една стара реклама).
 
Последна промена:

ksimon

hello world
29 април 2011
422
224
Како што очекував. Сопругата не памти дека воопшто сум имал Decca звучници , камо ли да ги најде. Ме праша да не сум сањал можда хаха...Ама за волја на вистината, можно е да ги бев имал пред неа, така што оправдано е. Бев 15тина минути до Капиштец трговскиот. Алфа Аудио беше заклучено, Зец електроникс работеа. Слушнав Wharfedale , Q Acoustic, Magnat и Мадисон. Магнат највише ми фатија уво.Мислам 39 илјади се. Q Acoustic се осеќа дека се подефинирани, помек бас, целокупниот звук е подобар за нијанса. Ваљда тоа се тие стотина евра повише (колку пари толку музика моментот). Појачало за презентација им е некој модел на Sherwood, (ако така се пишува). Немаат некоја акустика во просторијата, што иде во прилог на тезата дека во поизолирана околина поубаво ќе звучат. Мора да истражам уште. Барем уште 5, 6 пара звучници, за да сум сигурен во изборот. Дизајнот почнува да ми станува битен, значи навлегувам полека во темата :) Филевски, фала на понудата, немам што да ти донесам за средување! И нека се нови еднаш. Непишано правило као било на дваесетина години да се обнови домашен сетап , па ќе пробам да се држам до тоа.
 

MacRazor

hello world
15 ноември 2017
234
149
Поздрав чичини, едно кратко прашање. После форматче и инсталација на win10 на лаптоп, вчера поврзав jbl bluetooth звучки за гледање на филмче. Ама видеото оди споро и звукот е со пречки. Исто се случува и при било какво видео преку усб или гледање на youtube. Ги поврзав звучките со ТВ, таблет и мобилен, без гајле си тераа. Само на лаптоп кога ќе се поврзат има slow emotion на видеото и звукот е безвезе, а иначе на speakers се е во ред. Upadate na win10 до крај, драјвери такоџе. Видов некој трикчиња на youtube, пробав ама не упалија. Па ондак ме занима, шо е работата?!
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Препорака за звучнички кабел околу 25 метри кој ќе завршува надвор? 6 омски се звучниците.

Мислам дека гледав дека 2mm е препорака за таа должина, но дали да земам двожилен онаков за звучници или има и друга комбинација. @Vladimir Filevski нешто препорача и поразлично ако не се лажам.

Благодарам.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Ако звучниците треба да ги наместиш надвор (во двор, пред куќа) тогаш не станува збор за некаква аудиофилска потреба, па слободно земи си обичен бакарен флексибилен (со лицни) двожилен кабел за струја (со дупла изолација!) со пресек 2x2,5mm2, ваков:

Kabel 2x2,5mm2.jpg
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
Поздрав дечки, некој да нарачувал од THOMANN директно до мк адреса досега? Споделете искуства ве молам: време на пристигање, давачки, итн.
 

100JKO

hello world
27 јуни 2018
427
1.087
Скопје
Поздрав дечки, некој да нарачувал од THOMANN директно до мк адреса досега? Споделете искуства ве молам: време на пристигање, давачки, итн.

Купив гитара и микрофон од Thomann, стигнаа во рок од 2 недели (околу 14 дена). За давачки: на целата сума на Thomann (производи + шипинг) треба да додадеш 9% за царина и после тоа на таа сума уште 18% за данок.

Процедура на плаќање. Прво плаќаш на Thomann колку треба таму па чекаш да стигне до пошта тука, па после тоа ти даваат уплатница и одиш на шалтер во пошта ја плаќаш (на оваа уплатница ти е Царина и Данок).
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
20220622_141541-01.jpeg


Пријатно ме изненади балансираниот излез. Со оглед дека уредот е напојуван само преку USB а при тоа станува збор за DAC/AMP во едно. Лежерен „имперфектен“ звук благодарение на Burr Brown DAC.

Фина комбинација за биро. Лесно, преносливо и нема потреба од дополнително напојување. Копчето за засилен бас заштедува време во вечерни услови при гледање на филмови на пониска гласност.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.185
1.623
Скопје
Иднината е близу... на безжичното аудио де.
Најавени се првите слушалчиња со поддршка на aptx Lossless, негде октомври годинава треба да излезат на пазар.
А претпоставувам до нова година веројатно ќе улетаат и други брендови во игра, сигурно ќе бидат паметни да го искористат периодот.
Така да спремајте новчаниците :).

Не дека и со LDAC(на 44/16 да не арчи бендвит непотребно на апсемплинг до 96 на кој се конектира по дифолт) разлика со кабел е практично неприметлива, али со лослесов ни трошка сомнеж нема да остане за нивото на квалитет, пошто нели бит перфект ќе биде.


Погледнете го атачментот 114294


Пријатно ме изненади балансираниот излез. Со оглед дека уредот е напојуван само преку USB а при тоа станува збор за DAC/AMP во едно. Лежерен „имперфектен“ звук благодарение на Burr Brown DAC.

Фина комбинација за биро. Лесно, преносливо и нема потреба од дополнително напојување. Копчето за засилен бас заштедува време во вечерни услови при гледање на филмови на пониска гласност.
Ти вака или онака си го врати Xonar-от :).
Создравје да се користи. Од каде, и што пари?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Ти вака или онака си го врати Xonar-от :).
Создравје да се користи. Од каде, и што пари?

Ти благодарам. Поубаво да си купиш. Да баш близу до звукот на Xonar.

Од овој селер го нарачав:


Имаше пред месец дена промотивно 150 плус 15 евра шипинг. Сега цените се појдени усвет.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.185
1.623
Скопје
Ти благодарам. Поубаво да си купиш. Да баш близу до звукот на Xonar.

Од овој селер го нарачав:


Имаше пред месец дена промотивно 150 плус 15 евра шипинг. Сега цените се појдени усвет.
УУУ , многу му се 215 евра. А му се имам мерачено...
За некој 70ина евра земав E1DA Power Dac V2.1 пред некој месец, со исто имперфектна репродукција, без клиничка прецизност него исто со наклонетост накај музикалност. Мање више со иста излезна моќност.

Ти вака или онака си го врати Xonar-от :).
Коментаров ми беше пошто и Xonar Burr Brown користат. По звук ист е, сличен, или кој да го памти?

Едит: Сега гледам си пишал за звукот, не важи последново прашање
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
УУУ , многу му се 215 евра. А му се имам мерачено...
За некој 70ина евра земав E1DA Power Dac V2.1 пред некој месец, со исто имперфектна репродукција, без клиничка прецизност него исто со наклонетост накај музикалност. Мање више со иста излезна моќност.


Коментаров ми беше пошто и Xonar Burr Brown користат. По звук ист е, сличен, или кој да го памти?

Едит: Сега гледам си пишал за звукот, не важи последново прашање

Супер е уредчето што си го земал. За 70 евра е грабеж. Со здравје да те служи, Инаку да, сличен е звукот заради дакот, баш како што сакаме и двајцата. ESS Sabre исто го вклучувам понекогаш. Но ми е со премногу чиста репродукција па на некои песни намалува филинг.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.185
1.623
Скопје
Фала фала, Руска машина, нема заебанции :).
Ме фасцинираше ради уникатноста, нема аналогна амплификација, него целосно дигитално појачало.
Башка со имплементиран 7 band PEQ + требл/бас/лауднесс/компресор.
Едино што не е соодветен за високо чувствителни слушалчиња(in ear со околу 105db/mw или повеќе) пошто po SNR не соборува рекорди и на такви ќе има шум. Фул големина слушалки најголем дел не био имале проблем.
Плаче за некој фул сајз бесчувствителен планар со ниска омажа, на 15ома има 600mw. Со тоа музикалноста, тандем од соништата.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Фала фала, Руска машина, нема заебанции :).
Ме фасцинираше ради уникатноста, нема аналогна амплификација, него целосно дигитално појачало.
Башка со имплементиран 7 band PEQ + требл/бас/лауднесс/компресор.
Едино што не е соодветен за високо чувствителни слушалчиња(in ear со околу 105db/mw или повеќе) пошто po SNR не соборува рекорди и на такви ќе има шум. Фул големина слушалки најголем дел не био имале проблем.
Плаче за некој фул сајз бесчувствителен планар со ниска омажа, на 15ома има 600mw. Со тоа музикалноста, тандем од соништата.

Фантастично. Можда и ќе го упуцам, да се најде по дома. Само што уште малку фали да ме избркаат од дома :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.185
1.623
Скопје

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Ех, ама си конкретен... Знаеш колку различни (по големина, „квалитет“ и цена) има вакви караоке звучници?
А да дадеше некој линк?

Да ти одговорам на прашањето (такво какво што ти е):
Имам купено.
:)
И?
 

123456

poweruser
12 април 2013
2.072
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia
Ех, ама си конкретен... Знаеш колку различни (по големина, „квалитет“ и цена) има вакви караоке звучници?
А да дадеше некој линк?

Да ти одговорам на прашањето (такво какво што ти е):
Имам купено.
:)
И?
па види кинез е кинез , ја како што гледам profi tehnology се продаваат, ја конкретно звукот да биде појак.

View: https://www.facebook.com/domigradina.online/posts/160576052267179/
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
па види кинез е кинез ,
Ова ти е ептен расистички, демек- сите црнци се исти, нели? :)
Има огромна разлика и меѓу „кинезите“, а тоа се гледа и од цената. Има поквалитетни и со соодветна цена, а има и евтино ѓубре.

ја како што гледам profi tehnology се продаваат, ја конкретно звукот да биде појак.
Јас па гледам дека се продаваат различни, а "Profi Technology" е само еден од мноштвото понудени брендови (т.е. „брендови“) караоке звучници.
За која намена ти треба „појак звук“? Баш за караоке забави по дома, или за нешто друго?
Мој совет е да не го купуваш овој Profi Тechnology PT-15. Настрана тоа што називот на брендот е погрешен (зборот Profi постои само во германскиот јазик, а не во англискиот, а зборот Technology не постои во германскиот), никако не купувај евтин звучник со 15-инчен бас, а особено не купувај звучник на кој пишува 6000 W - како овој!
 
Последна промена:

123456

poweruser
12 април 2013
2.072
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia
Ова ти е ептен расистички, демек- сите црнци се исти, нели? :)
Има огромна разлика и меѓу „кинезите“, а тоа се гледа и од цената. Има поквалитетни и со соодветна цена, а има и евтино ѓубре.


Јас па гледам дека се продаваат различни, а "Profi Technology" е само еден од мноштвото понудени брендови (т.е. „брендови“) караоке звучници.
За која намена ти треба „појак звук“? Баш за караоке забави по дома, или за нешто друго?
Мој совет е да не го купуваш овој Profi Тechnology PT-15. Настрана тоа што називот на брендот е погрешен (зборот Profi постои само во германскиот јазик, а не во англискиот, а зборот Technology не постои во германскиот), никако не купувај евтин звучник со 15-инчен бас, а сособено не купувај звучник на кој пишува 6000 W - како овој!

де ти сликај да видам што имаш

си сакам јас јак звук небитно за која намена ми е
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно