1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    920
    631
    11 ноември 2015
    Машко
  2. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    183
    89
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Imas li iskustvo so ovie? Gledam $24 se, a demek bile $99 75% off se na aliexpress :oh:
     
  3. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    Ако има usb-c ќе работи, не гледам причина зошто не.
     
  4. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    920
    631
    11 ноември 2015
    Машко
    Нема микро е.
    Испратено од SM-N975F преку IT.mk форум апликација
     
  5. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    И со адаптер ќе работи.
     
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    992
    3 Јануари 2019
    Машко
    Моментално се двоумам помеѓу Kali Audio LP6, JBL 305, Yamaha HS5/7 или Mackiе MR624. Во игра се и одредени поскапи модели, како што е Dynaudio BM5 MK3.

    Звучките нема да бидат користени за продукција, туку за секојдневно слушање на музика. Повеќе сум за активни звучници бидејќи немам место за појачало. Најверојатно ќе бидат поврзани на PC преку Meizu PRO DAC-чето.

    Ме интересира дали некој од вас има искуство со Kali Audio LP6. Некако најприфатлива опција е од сите монитори што може да се купат локално, а и гледам на нет има доста добри рецензии. Останатите варијанти или би ги нарачал од Thomann или ќе ги купам од Nakas или Rihardos. Сите сугестии се добредојдени. :)
     
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,358
    26 Март 2016
    Даскал
    Јас зедов се од Тhomann. Ја платив идентичната цена што стои на страната на Thomann.de никакви додатни трошоци. Стигнаа за една недела и си ги подигнав од Лерин (живеам во Битола на 20 мин ми е Лерин).

    Зедов комплет Пресонус активни монитори + Пресонус интерфејс. Презадоволен сум за цената што ја платив.

    https://www.thomann.de/gr/presonus_eris_e3.5.htm
    - мала ми е собата немав потреба од големи монитори
    https://www.thomann.de/gr/presonus_studio_24c.htm
    - интерфејсот е таман за моите потреби.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    736
    680
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    значи не ти одбиле VAT? пошто си ја купил ко од Грција така?
    Од мкд ако се нарачува, намалуваат VAT-от од цената Thomann. Сега незнам колку се разлика шипинг грција со нас пример. за нас мислам е фиксно 40 еура. (ако не сум грешка со бројката) .. им пишува на сајтот ако идеш на шипинг полиси.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,358
    26 Март 2016
    Даскал
    Преку интерфејс и на балансирани кабли вадат неутрален тон ама во споредба со други монитори што сум ги слушлнал малку е потопол. Басот е повеќе од доволен и присутен насекаде.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,358
    26 Март 2016
    Даскал
    Шипинг не платив, а порачав Грција за да не плаќам царини, шипинг, чуда. Ватот е единствениот трошок што додатно ми дојде, АМА ако ги порачуваш КАЈ НАС од томан можеби ват нема да платиш ама царина и шипинг плаќаш секако што доаѓа повеќе од ватот. Едноставно: цената што ја гледаш на сајтот таа ја плаќам ни повеќе ни помалку, вклучувајќи ги сите трошоци.
     
    На VerGer и TheMarshal им се допаѓа ова.
  11. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Ако се решиш за набавка од Томан:
    1. Томан одбива данок за испорака во Македонија;
    2. Сумата за транспорт / испорака е фиксна 40Е за пакети до 40 килограми (ете);
    3. Испораката вклучува трекинг;
    4. При пристигнување, се пресметува шпедиција (~2,000 денари ако тоа го прави пошта), царина (стапка зависно од производот) и данок (стапка зависно од производот).
    Имам порачано неколку музички инструменти од Томан низ годините (*). По испораката, со се пресметани давачки, разликата во цената беше околу 5% во однос на порачка во друга држава и преземање од неа.

    Воедно, при проблем кој бара сервисирање (под гаранција), Томан ќе прифатат поврат од локацијата кон која е првично испратен производот.

    Како се работи за електронски уреди, мојот став е секогаш купувај локално или испорачувај локално. Лоши искуства во минатото ми покажале (барем мене) дека сервис и гарантна поддршка се често поважни од заштедата која би можел да ја направам.

    (*) Да бидам искрен, порачувани се само производи кои не можат да се купат од локални дистрибутери.
     
    На Banjifiko, igor_xxxx, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,358
    26 Март 2016
    Даскал
    Не докажав дека во овој случај не зедов на своја рака и лична адреса. Продавница за музички инструменти од Лерин којашто соработува со томан ми го продава производот, што значи мојот производ е под гаранција и за сервис и/или замена го носам од каде го купив т.е. во продавницата во Грција.

    Понатаму, на цената што ја платив вкупна од 240 евра на горенаведените продукти, стандардниот ВАТ е 48 евра минус (20 проценти е ватот среден).
    Да ги порачував до домашна адреса ќе го платев следново:

    - 192 евра базична цена
    - 40 евра шипинг
    - 41 евро данок на 232 евра (бидејќи така прават курназите од царинска, данок и на шипинг наплаќаат)
    - 32 евра шпедиција

    Вкупно: 305 евра


    Што значи, на крајот јас добивам загарантирана роба со сервис на 20 минути од мене за 240 евра. Ти добиваш загарантирана роба за 305 евра. Кој ќе ти ја сервисира ако се расипи, ќе треба да го враќаш и да плаќаш шипинг на своја рака? Исто така разликата во цена помеѓу 305 евра и 240 евра не е 5 проценти туку 25 проценти. Слаба ти е математиката.

    Едит: Не плаќам јас за порачка, туку кога ќе го подигнам производот од продавница, што значи не сносам никаков ризик за испорака.
     
    Последна промена: 20 Јануари 2020
    На Costigan_Jr и sas_klar им се допаѓа ова.
  13. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Не мора да се убедуваме. Не пишав никаде дека тоа што друг го направил е погрешно.

    Кога веќе ми реплицираш, ако се навратиш на мојата порака, ќе прочиташ барем неколкупати (да не пишувам точно колку од математички причини) зборови од типот "мој став", "мое искуство", "барем мене" - што верувам е доволно да покаже дека зборувам од мое лично искуство и дека не наметнувам никому да прави како што правам јас.

    Апсолутно те поддржувам да го направиш тоа што ти е најсоодветно. Јас немам сигурен начин да поминам електронски уреди кои чинат над 350Е преку граница без да платам царина + данок. :(
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,254
    1,432
    10 Септември 2010
    Ако одиш на овој ранг, топла препорака да ги земеш во предвид и Neumann KH80 DSP, како и соодветен модел на Genelec, секако со препорака за локалните официјални дилери, кои што често знаат да ги изедначат цените со овие на Тхоманн после два три реда културен муабет на лице место.

    Околу било кој од овие монитори може да се изгради сериозен систем во иднина.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  15. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Се сложувам, тоа е веќе стандардна техника. Кај Мими се цените идентични речиси до цент со Томан, Артист знаат да бидат и пониски, а и Vision ги следат генералните трендови...

    ...како и Амски. :)
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,358
    26 Март 2016
    Даскал
    Зошто да немаш? Ќе го направиш истото што го направив и јас, самошто ќе возиш 2 и пол саати до Лерин, наместо 20 минути.
     
  17. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    560
    391
    11 Февруари 2016
    Машко
    Не знам дали дискутирано е на темава али треба да ги исчустам падовите на Sennheiser HD 439. На нет гледам во топла вода ставаат детергент за алишта па полека ги чистат падовите, па потоа во чиста вода ги мијат и ги оставаат да се исушат. Пред да го направам ова, има некоја попаметна алтернатива?
     
  18. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    Купи си нови од AliExpress (search sennheiser 439), ако ги испереш нема да затвораат како претходно. Потрошна роба е.
     
  19. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    560
    391
    11 Февруари 2016
    Машко
    Па ако веќе купувам нови, додека чекам вреди да се проба да се измијат па да видиме што ќе се смени :D
     
  20. Tomashevski.Aleksandar

    Tomashevski.Aleksandar
    Intern

    58
    43
    31 Јули 2016
    Машко
    Ќе може да препорачате жичани слушалки до ~3500 денари (воглавно за рок музика)
     
  21. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    992
    3 Јануари 2019
    Машко
    Мими на веб страната има превисиоки цени. Иначе, да Артист и Vision имаат доста слични цени со Thomann. Барем од тоа ја што имам приметено.

    ------------------------------------------

    Да се навратам на темата.

    Фала на сите што споделивте искуства со Thomann и како функционираат при нарачки од Македонија. Потполно се согласувам со InSides, дека ако има мала разлика во цената, подобро е да се купи локално.

    Денеска прошетав и ги слушнав скоро сите звучници што ги набројав во моето мислење погоре. Лично, Yamaha HS-7 ми се допднаа најмногу, али цените во Дореми се ненормално високи. Адамот ми се премногу bright за мој вкус, а Калито ми оставија добар впечаток за цената.

    Немам кај да ги слушнам Dynaudio BM5 MKIII. Ќе пробам наредните денови да ги слушнам Genelec и Mackie.

    Се на се, најверојатно одлуката ќе биде помеѓу Kali LP6 и Yamaha HS7.
     
    На Андреј му/ѝ се допаѓа ова.
  22. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Од едноставна причина што среќата ми е таква да при секое преминување на граница ме задолжуваат да отворам багажен простор. Штом отворам, гледаат кутија. Штом видат кутија, бараат фактура. Штом видат фактура...

    Можеш, со малку внимавање:
    1. Ладно перење, избегни ако можеш топла вода;
    2. Детергент што побениген, најдобро течен кој е безбеден за бебиња (нешто а ла Бекутан) - ако можеш да позајмиш едно капаче за да не купуваш цело пакување;
    3. Дестилирана вода најдобро - не ти треба многу вода - малку за киснење колку да имаш каде, и после за испирање.
    И после, сушење на провев - без да ги притискаш.

    Ако ти се допадне нешто од Мими, одиш таму и зборуваш за цена. Секогаш кога сум земал оттаму, во најлош случај ја изедначувале цената со онаа од Томан, во најдобар, нешто пониско.

    Води сметка дека "изедначување на цената со Томан" се однесува на тамошната цена со данок.

    Инаку, на ова сега се навраќам.

    Meizu Pro Dac има линиски излез од типот 3.5mm? TRS за стерео?

    Мониторите генерално преферираат балансирани врски - води сметка дека можеби нема да го добиеш целиот потенцијал кој може да го пружат без балансирана врска...

    ...освен ако мониторите не предвидуваат и RCA влез, па да има input padding од типот +6dB / +10dB.
     
    Изменето од модератор: 20 Јануари 2020
    masterwu, Oktar и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  23. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    920
    631
    11 ноември 2015
    Машко
    Јас користам Yamaha HS7 со Focusrite Scatlett 4i4 3rd Gen, и од време на време ги врзувам на миксетата Pioneer DJM750MKII, Има разлика во звукот од самата музичка и миксетата, пошто самата миксета има аудио карта во неа. Јас искрено да ти кажам сум пре задоволен од Јамахите. Дури и ми се многу јаки. Yamaha HS5 се многу на високи, Yamaha HS7 се нај изедначени на бас, средни и високи, додека Yamaha HS8 се многу на бас. До сега што имам читано нај јака опција е Yamaha HS5 со нивниот HS8 вуфер.

    JBL 305 ги имам слушнато и звукот им е малку длабок не е толку чист како на Yamaha HS7.

    Доколку се решиш за било какви монитори, знај дека ќе ти треба добра музичка карта.
     
    Изменето од модератор: 20 Јануари 2020
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,358
    26 Март 2016
    Даскал
    Си немал среќа и/или стратегија. Сум внесувал на тој начин што ги вадам од кутија и ја фрлам кутијата (телефони најчесто и помали парчиња роба). Гитара сум внесил кажувајќи на свирка бев Лерин и моја лично е. Ова само во случај да робата е над 350 евра и да ми е купена од продавници каде одам првпат. Исто така продавницата од каде купувам имам добра соработка и нешто да е над 350 евра ми пишува фактура под таа цена за да не плаќам царина. Ти доста несреќен си бил инаку, мене ретко ми се случува да ми отворат багажник исто така. Роба од повеќе парчиња што надминува 350 евра може да се внесе на повеќе пати исто така (ова во случај да рачуна целокупна вредност на сите делови, а не засебно парче по парче, не сум сигурен).
     
  25. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    992
    3 Јануари 2019
    Машко
    Да, 3.5мм излез има на меизуто. Понатаму би инвестирал и во интерфејс или DAC што има балансиран излез. Yamaha HS7 имаат RCA влез.

    Во Дореми, ги поврзаа мониторите директно на мобилен и пуштаа снимки од YouTube... Не знам дали ова треба воопшто и да се коментира.

    Можеби ова дека си редовен купувач кај нив.

    Да да се согласувам. HS5 не ми се свиѓаше кога го чув, за мене звукот беше досаден. За осмицата немам простор, па не ја чув. Јас би ги поврзал на PC преку Meizu кабелчето, сега се сега тоа ми е најдобра варијанта.

    А и матичната ми има добар DAC, наводно е ESS Sabre чим. Само ипак, онборд не е тоа тоа.

    Е сега, за суб исто немам простор. Па затоа мислам дека најдобра варијанта би ми билe HS7.

    JBL 305 ги отфрилв, зашто имаат превисока цена кај нас. А второ прочитав дека имаат многу голем проблем со tweeter hiss.
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...