Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.311
1.758
Здраво ценети колеги :)

Би бил благодарен ако може да добијам мислење во однос на избор на две клими за две одлично изолирани соби (спална и детска), за стан во Битола.Двете соби имаат надворешни ѕидови и досегашното грење е со античка Gree Lomo LCLH во детската, а спалната е помеѓу дневната и детската и таму нема клима единица.

Дневната се грее веќе неколку години со Mitsubishi LN35 од која што сум презадоволен.Во станот има ел. котел и радијатори, кои што се бекап за "недај боже" ситуација.Генерално парното немало потреба да се користи откако има LN35 во дневна и клима во детска соба.Gree-то беше привремена клима која што остана повеќе од што сакав и сега веќе е време да се смени со пофина клима, па би сакал да искористам момент и да додадам уште една единица и во спалната соба.

Два важни услови ми се што по фина модулација и режим на работа (ала LN35) и ограниченост на димензија од 25цм висина на клима уред, затоа што најдобрите локации за монтажа имаат простор од максимум 35цм од таван до прозор.Би преферирал мулти сплит варијанта заради заштеда на надворешен простор, но не е пресудно.

Со оглед на тоа што сум задоволен од LN35 и би сакал и другите единици да бидат интегрирани во Mel Cloud, разгледав што има на пазар кај нас од Mitsubishi и со тие димензии се само MSZ-AP20 и MSZ-AY20.Гледам некои модели и од Mitsubishi Heavy Industries, ама не ми текнува што беше поделбата со нив и дали одговараат (Mel Cloud).

Дали се овие серии (AP и AY) единствените модели на наш пазар со оваа димензија од Mitsubishi и кое е мислењето за нив?

Доколку до толку не се добар избор би заборавил на Mel Cloud, и што би препорачале од другите јапонци?

Ви благодарам.
 
Goran333

hello world
19 август 2022
128
145

Те сваќам што сакаш да сите клими ти бидат иста марка. Ќе може да се поврзат на иста апликација.
И јас исто почнав со еден Даикин бев задоволен и зедов уште два, од кои исто сум задоволен.

Mitsubishi Electric тој модел AY е нешто како заменски за AP и по спецификации е многу подобар меѓутоа во реалноста и не е баш така. Поделени се мислењата, некои се фалат некои се жалат. Додека од AP моделот не сум слушнал некој да се пожали.

Тебе најдобро може да ти објасни @zlatko_ti412 и тој има иста комбинација LN35 во дневна и AP25 во спална.

Прави што ќе правиш ако се одлучиш за Mitsubishi мој совет не купувај од увозникот Енерџи Нет Електрик. Тоа се истите увозници на Грее од неодамна увезуваат и Mitsubishi. Тешки, напорни и некултурни луѓе, не би сакал да си фатиш работа со нив.
 
igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.311
1.758
@igor_xxxx немаш место за парапетна?

Долго време се размислував и за таа опција, но во тој случај треба да ги отстранам радијаторите бидејќи таму се единствените места во двете соби за парапетни единици, а сепак не би сакал да останам без радијатори.Комбинацијата од Битола и сињак (магла) знае да е незгодна.

@Goran333 , фала на мислењето.Во однос на AP или AY апсолутно немам преференца или идеја што е разликата, само видов дека AY е наводно наследник на AP?

Ако би одел на AP гледам дека има и повеќе комбинации со мулти сплит опции во една од битолските продавници (Бител).Ќе почекам да видам и Златко ако може да сподели мислење :)

Фала за советот за Енерџи Нет, ќе чекам понуди од Енергосистем и локално да видам што се нуди.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно