Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Деца и мобилни телефони

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.819
33.997
roka.mk
Сакам да започнам една дискусија на тема за која сметам дека е многу важна за времето во кое живееме. Технолошиот развој не доведува во ситуација да сме секојдевно опкружени со интернет и мобилни телефони. Заедницава ја сметам како созреана и секако ИТ писмена па затоа сакам да слушнам ваши размисливања и секако лични искуства за тоа дали на вашите деца им дозволувате да седат на мобилен телефон? Колку долго во текот на денот седат пред мобилен телефон? Дали имате контрола што гледаат? Дали се едуцираат преку мобилен? Дали сте свесни дека долгото седење пред „мал“ екран доведува до поголема акомодација на окото и со само тоа појава на Миопија со високи вредности на астигматизам?

Дали едноставно сте загричени за сдравјето на вашите деца (ментално и физичко)?

Сето ова е увертира за нешто што веќе го имам направено но првин сакам да го испитам теренот.

Поздрав.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.553
3.007
Модерни времиња - модерни проблеми.

Запознати сне дома со значењето на екранот и улогата врз формирањето на малите мозочиња. Се почесто и низ мејнстрим медиумите се појавуваат наслови од некои студии и/или анализи за негативното влијание од прекумерното користење на мобилни и консумација на содржини преку малите екрани кои посочуваат на негативната врска помеѓу когнитивниот развој, односно неможноста за правилен развој на вијугите во сивата мозочна маса на младите главчиња.

Моево дете има мобилен од поодамна.
Има и по некоја игрица (имаше и повеќе, ама, намалив на минимум, бидејќи се заборава пред мобилен).
Користиме Parental control, со рестрикции за апликации, содржини и заклучување по искористувањето на пред-дефинираното време за апликациите.
Не е заклучено само обичното јавување/ѕвонење (за нормални повици и аудио муабети).
Интернет има само по дома (на домашното Wi-Fi), mobile data не му уклучувам.
Социјални мрежи нема (се разбира знај дека постојат, повремено сурфа од мојот мобилен - не многу, пошто и јас немам соц.мрежи, ама го зема мобилниот од мајката, таму има пристап до соц.мрежи преку профилите на мајката, ама не значи дека ги користи).
Моментално (месец-два веќе) користи постар андроид мобилен, на кој ете, од непознати причини не можев да уклучам парентал контрол, и пред некој ден го поправив „поновиот“ андроид уред, ама нешто не сака да го земи сега поновиот, откако ја виде слободата без „временските стеги“ на старава канта :)

Во повеќе наврати му кажувам и објаснувам за„лажноста“ на содржините што ги има по интернетот. За видеата, за сликите, за AI и улогата на сето тоа. И на училиште повремено имаат во програмата по нешто за „медиумска писменост“, лажни вести, онлајн булинг, па понекогаш пробувам да се надоврзам на тоа, да искористам моментумот (не велам дека кузнај колку сум успешен во сево ова).

Во кратки црти - му велам не верувај одма во се што ќе видиш на интернет.

Сега е во pre-teen години. Од понеделник ќе започни пак на школо (да, на 17ти август), во нова средина, со нови (непознати) со-ученици, на јазик кој нема да е мајчиниот македонски.
Не знам како ќе се одвиваат работите натаму - дали таму, во таа нова средина ќе треба да користи „дигитални алатки“ и колку често, дали за таа намена ќе треба да намалам со рестрикциите или да воведам нови (во улога на „заштитни механизми“), времето ќе покажи.
 

road_runner

read-only
30 јули 2026
14
16
Скопје
Имам 2 деца 8 и 13 години, и двајцата имаа стари телефони, и на двата имам инсталирано Family Link и ограничено им е користењето на истите.
На поголемиот дозволено му да користи 2 саати дневно со тоа што во време на часови или после 23:00 има downtime активирано. И самиот андроид чим се внесени датите на раѓање знае колку години се и друга содржина не им прикажува. Исто забрането е и реелс на youtube а социјални мрежи (инста, фејс, тикток) ни самиот не покажал интерес така што нема. Доколку има потреба нешто да учи или сака музика да слуша користи домашен компјутер. Исклучок е коа иде на камп или на одмори преку школо/фудбал па дремат у соба со други деца на телефон, тогаш тие 2 саати му се продолжуваат.
Помалиот има ограничено на 1 саат, и генерално го користи за играње некои детски игри соодветни за возраста, да нема насилство или слични, исто самиот playstore ги прикажува и може да инсталира само за одредена возраст содржини.
Иначе и да немаат тел. нема нешто да заостануваат зад другите бидејќи посекако не ги корситат за нешто паметно, само тепаат време.
 

pecki

read-only
13 август 2026
1
0
Додека се помали, повеќе можеш да рестриктираш. како растат и апетитите им растат па има плачки и расправање. Јас користам ScreenTime преку Apple Family Sharing.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
421
523
Немам свои деца, ама имам внук и кумашинка (предшколска возраст) кои често поминуваат време сами со мене. Секогаш се консултирам со нивните родители околу рестрикциите и што е дозволено.

Најчесто времето е ограничено на вкупно 1-1.5 час, со тоа што е расцепкано во текот на денот. Се обидувам попатно да им објаснам како да научат да читаат време на нормален часовник и да почитуваат договори, со тоа што самите ќе прекинат кога ќе истече времето, со дополнителен механизам за заштита (поврзан е уредот кој го користат на хотспот од мојот телефон, па доколку има потреба го гасам интернетот и им кажувам дека го потрошиле лимитот). Гледаат цртани (кои родителите ги одобриле), едукативни игрици соодветни за моторика или други развојни фази. Користам Xiaomi, поради опцијата за dual space, па имам посебен акаунт/простор за овие цели.

Секако се избегнува и телевизор (во форма на youtube или цртани), со мали исклучоци кога се договараме да гледаат анимиран филм и им создавам кино искуство со проектор.

Од моето лимитирано искуство во пошироката фамилија, доста побрз развој на говор е забележлив кај децата кои не се изложени на телевизија и останати медиуми само за да не плачат.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.646
1.807
Додека се помали, повеќе можеш да рестриктираш. како растат и апетитите им растат па има плачки и расправање. Јас користам ScreenTime преку Apple Family Sharing.
Можеш да ги тренираш од помали, пример денес ќе ги измиеш садовите, ќе ја исчистиш масата, ќе го изнесеш ѓубрето, ќе и помогнеш на мајка ти итн. И ќе добиеш награда, 2,3,4 часа време на Интернет, игра, социјални мрежи (ова може лесно да се контролира, мислам дека плус и во иОС 27 има дополнителни контроли).
 

Tommy P

hello world
4 април 2011
106
108
Засега одолеваме и со двете деца. Синот треба да тргне во прво одделение за 2 недели, па ке видиме како ке биде. Немаат потреба, ниту бараат мобилен. Ке видиме до кога ке издржиме вака.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно