Имам едно броило во стара куќа во село, не сме биле таму повеќе години, можеби 5 год. ќе да се.
Бушоните се извадени (ги одвртив последниот пат кога сум бил таму), значи нема потрошувачка.
Според твојава констатација, требало одамна да го исклучат броилото.
Ама секој месец редовно си излегува сметката (и редовно ја плаќам - околу 450 до 460 ден.), со по 2-3kW потрошени (веројатно паушално).
Во секој случај, ова е реален начин на кој на ситно ме крадат од EVN.
Имам апдејт по однос на ова - имено од страна на пензионериве беше отидено до КЕЦ на ЕВН (во Скопје, мислам во Аеродром биле), кажале дека сакаат да ја исклучат струјата (во Богомила е куќата), овие им одговориле потврдно (уплатиле некои си околу 800 денари за барањево/постапкава), и по некое време преставници од ЕВН отишле и ја исклучиле струјата.Да, да, ги знам тие ставки (улично осветлување - кое е без ДДВ, пошто самото тоа Е данок, и плус за пристап до мрежа).
Не зборам за нив, туку за неколку измислени киловати секој месец, кои нема како да се потрошат - пошто нема потрошувачи, а осигурачите се одвртени/извадени.
Освен ако не троши самото броило при stand by
Сега го отворив последниот .pdf од ЕВНонлине, гледам 4,1 киловати се потрошени. Во скапата тарифа. Во ефтината има нула
П.С.
Ги отворив и .pdf ф-рите од минатите 5-6 месеци наназад.
И таму по околу 4kW „сум трошел“ (или поточно некој месец 4,1 а во некој друг 4,7kW, но никако 5)
Им се јави? Најверојатно на тој скапиот број нема да знаат да ти кажат ништо, па пат под нозе и во ЕВН... Нема логика да им простувате толку пари зашто они никому не простуваат, па и камата автоматски сметаат. Поразговарај со адвокат - присилно си авансирал услуга што не си ја добил.Ќе се самоцитирам, за да не пишувам наново интро:
Имам апдејт по однос на ова - имено од страна на пензионериве беше отидено до КЕЦ на ЕВН (во Скопје, мислам во Аеродром биле), кажале дека сакаат да ја исклучат струјата (во Богомила е куќата), овие им одговориле потврдно (уплатиле некои си околу 800 денари за барањево/постапкава), и по некое време преставници од ЕВН отишле и ја исклучиле струјата.
По некое време се генерирала и ф-рата на онлајн ЕВН-акаунтот, и најверојатно сме во претплата (и покрај тоа што бројната состојба на потрошувачка во ф-рата не одговара - е повисока од таа што ја имам сликано последниот пат кога сум бил).
Само што, најверојатно нема да има начин како да ни ги вратат парите, нели?
Се надевам дека на некој ќе му бидат од корист овие сознанија, па, во продолжение се скриншоти од ф-рата:
Погледнете го атачментот 163714Погледнете го атачментот 163716Погледнете го атачментот 163717Погледнете го атачментот 163718
Не им се имам јавено.Им се јави? Најверојатно на тој скапиот број нема да знаат да ти кажат ништо, па пат под нозе и во ЕВН... Нема логика да им простувате толку пари зашто они никому не простуваат, па и камата автоматски сметаат. Поразговарај со адвокат - присилно си авансирал услуга што не си ја добил.
Well, мислам дека довербата во судството е два проценти… Ама мислев колку за информација. Или ОПМ?Не им се имам јавено.
А за адвокат....веќе имаме ангажирано адвокат (за друга работа е, легализација на дворно место кај пензионериве), и еве по 5ипол години поминати, никаков напредок нема. Така што, не сум сигурен дека сакаме уште еден "цицач" на пари и енергија![]()
Бесплатна достава
CE ACCESSORIES MI ROBOT VACUUM S20 BATTERY 3200Mah, 14.4v, 46.08Wh
2.950,00 ден
Бесплатна достава
Extralink Soft Sport Bicycle Saddle
850,00 ден
Бесплатна достава
VGA GIGABYTE RTX 5090 AORUS MASTER 32GB GDDR7, 3xDP, 1xHDMI, GV-N5090AORUS M-32GD
244.350,00 ден
Бесплатна достава
NET Switch Ubiquiti 5-port Gigabit 1xPoE/PoE+, USW-Flex-Mini
2.880,00 ден
Бесплатна достава
NET ROUTER MESH SYSTEM AX3000 Dual Band, CUDY M3000 (1-Pack), 2.4/5 GHz, 574 - 2402 Mbps,
2.360,00 ден
Бесплатна достава
EXTRALINK CHAIR SWIVEL OFFICE, PINK
2.180,00 ден