Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Знаете ли како EVN ве краде? Еве како.

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.573
3.043
Ќе се самоцитирам, за да не пишувам наново интро:
Имам едно броило во стара куќа во село, не сме биле таму повеќе години, можеби 5 год. ќе да се.
Бушоните се извадени (ги одвртив последниот пат кога сум бил таму), значи нема потрошувачка.
Според твојава констатација, требало одамна да го исклучат броилото.

Ама секој месец редовно си излегува сметката (и редовно ја плаќам - околу 450 до 460 ден.), со по 2-3kW потрошени (веројатно паушално).

Во секој случај, ова е реален начин на кој на ситно ме крадат од EVN.

Да, да, ги знам тие ставки (улично осветлување - кое е без ДДВ, пошто самото тоа Е данок, и плус за пристап до мрежа).
Не зборам за нив, туку за неколку измислени киловати секој месец, кои нема како да се потрошат - пошто нема потрошувачи, а осигурачите се одвртени/извадени.
Освен ако не троши самото броило при stand by :)
Сега го отворив последниот .pdf од ЕВНонлине, гледам 4,1 киловати се потрошени. Во скапата тарифа. Во ефтината има нула :)

П.С.
Ги отворив и .pdf ф-рите од минатите 5-6 месеци наназад.
И таму по околу 4kW „сум трошел“ (или поточно некој месец 4,1 а во некој друг 4,7kW, но никако 5:) )
Имам апдејт по однос на ова - имено од страна на пензионериве беше отидено до КЕЦ на ЕВН (во Скопје, мислам во Аеродром биле), кажале дека сакаат да ја исклучат струјата (во Богомила е куќата), овие им одговориле потврдно (уплатиле некои си околу 800 денари за барањево/постапкава), и по некое време преставници од ЕВН отишле и ја исклучиле струјата.
По некое време се генерирала и ф-рата на онлајн ЕВН-акаунтот, и најверојатно сме во претплата (и покрај тоа што бројната состојба на потрошувачка во ф-рата не одговара - е повисока од таа што ја имам сликано последниот пат кога сум бил).
Само што, најверојатно нема да има начин како да ни ги вратат парите, нели? :)
Се надевам дека на некој ќе му бидат од корист овие сознанија, па, во продолжение се скриншоти од ф-рата:
1.png 3.png 4.png 5.png
 
Атачменти

  • 1785534248382.png
    1785534248382.png
    75,8 KB · Прегледи: 26

kirev

senior
31 мај 2010
9.098
7.786
Ќе се самоцитирам, за да не пишувам наново интро:

Имам апдејт по однос на ова - имено од страна на пензионериве беше отидено до КЕЦ на ЕВН (во Скопје, мислам во Аеродром биле), кажале дека сакаат да ја исклучат струјата (во Богомила е куќата), овие им одговориле потврдно (уплатиле некои си околу 800 денари за барањево/постапкава), и по некое време преставници од ЕВН отишле и ја исклучиле струјата.
По некое време се генерирала и ф-рата на онлајн ЕВН-акаунтот, и најверојатно сме во претплата (и покрај тоа што бројната состојба на потрошувачка во ф-рата не одговара - е повисока од таа што ја имам сликано последниот пат кога сум бил).
Само што, најверојатно нема да има начин како да ни ги вратат парите, нели? :)
Се надевам дека на некој ќе му бидат од корист овие сознанија, па, во продолжение се скриншоти од ф-рата:
Погледнете го атачментот 163714Погледнете го атачментот 163716Погледнете го атачментот 163717Погледнете го атачментот 163718
Им се јави? Најверојатно на тој скапиот број нема да знаат да ти кажат ништо, па пат под нозе и во ЕВН... Нема логика да им простувате толку пари зашто они никому не простуваат, па и камата автоматски сметаат. Поразговарај со адвокат - присилно си авансирал услуга што не си ја добил.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.573
3.043
Им се јави? Најверојатно на тој скапиот број нема да знаат да ти кажат ништо, па пат под нозе и во ЕВН... Нема логика да им простувате толку пари зашто они никому не простуваат, па и камата автоматски сметаат. Поразговарај со адвокат - присилно си авансирал услуга што не си ја добил.
Не им се имам јавено.

А за адвокат....веќе имаме ангажирано адвокат (за друга работа е, легализација на дворно место кај пензионериве), и еве по 5ипол години поминати, никаков напредок нема. Така што, не сум сигурен дека сакаме уште еден "цицач" на пари и енергија :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.098
7.786
Не им се имам јавено.

А за адвокат....веќе имаме ангажирано адвокат (за друга работа е, легализација на дворно место кај пензионериве), и еве по 5ипол години поминати, никаков напредок нема. Така што, не сум сигурен дека сакаме уште еден "цицач" на пари и енергија :)
Well, мислам дека довербата во судството е два проценти… Ама мислев колку за информација. Или ОПМ?
 
Dile223

read-only
29 ноември 2025
43
53

Aман, до каде ја дотеравте. Од Како не краде ЕВН, а тоа е фантазмогорија, стигнавте до судии и адвокати, колку треба да се плати. Сите и секаде се губиме во темата која е започната во воведот.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.098
7.786
Aман, до каде ја дотеравте. Од Како не краде ЕВН, а тоа е фантазмогорија, стигнавте до судии и адвокати, колку треба да се плати. Сите и секаде се губиме во темата која е започната во воведот.
Да не треба молба со таксена марка да ти поднесеме?
(или само коментираш за да можеш да огласуваш... не можам да го објаснам поинаку мешањето во речиси секоја тема со твоите 40 коментари а ние двајца 10.000)
 
Dile223

read-only
29 ноември 2025
43
53
Да не треба молба со таксена марка да ти поднесеме?
(или само коментираш за да можеш да огласуваш... не можам да го објаснам поинаку мешањето во речиси секоја тема со твоите 40 коментари а ние двајца 10.000)
А зошто ти коментираш мој став. Ниту огласување ми е потребно нити нешто слично. Демек си имал 10.000 коментари и тоа те дава за право секогаш да бидеш во право, или си баба Ванга оти гледам нагаѓаш. Досега имам коментирано на околу 15-20 теми, тие што ме интересираат. Коментатори како тебе овој сајт го прават дебатна емисија. И кога изнесуваш став зборувај во еднина, во спротивно со кое право зборуваш во множина, и кој ти дал такво право, сори имаш 10.000 коментари, изумив.
 
бабај
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.573
3.043
Ќе се самоцитирам, за да не пишувам наново интро:

Имам апдејт по однос на ова - имено од страна на пензионериве беше отидено до КЕЦ на ЕВН (во Скопје, мислам во Аеродром биле), кажале дека сакаат да ја исклучат струјата (во Богомила е куќата), овие им одговориле потврдно (уплатиле некои си околу 800 денари за барањево/постапкава), и по некое време преставници од ЕВН отишле и ја исклучиле струјата.
По некое време се генерирала и ф-рата на онлајн ЕВН-акаунтот, и најверојатно сме во претплата (и покрај тоа што бројната состојба на потрошувачка во ф-рата не одговара - е повисока од таа што ја имам сликано последниот пат кога сум бил).
Само што, најверојатно нема да има начин како да ни ги вратат парите, нели? :)
Се надевам дека на некој ќе му бидат од корист овие сознанија, па, во продолжение се скриншоти од ф-рата:
Погледнете го атачментот 163714Погледнете го атачментот 163716Погледнете го атачментот 163717Погледнете го атачментот 163718
Апдејт 2.0:
Имаме позитивна разврска во врска со предметов. Да, позитивно сне изненадени и ние! :)
Направиле поврат на средствата (1.753 денари) на трансакциска сметка на сопственикот, кои според нивната весела математика ни ги должеле.
Завршивме работа по e-mail (прво телефонски се слушнав со некој оператор, на тел.број од фактурата 02 3205 000 - бесплатен е, и ми објаснија културно како да постапам), испратив/прикачив документи што беа потребни (пратено до [email protected]):

  • барање за раскнижување или враќање на уплатени средства (формулар кој ми го прати по e-mail културната операторка со која зборував по телефон, но веројатно го има негде по нивниот сајт)
  • трансакциска сметка (скен)
  • лична карта (скен)
  • ф-ра (последната сметка) во .pdf

Немаше повратен мејл од нивниот систем, па не знаев дали го добиле барањето или не.
Ама по околу 2 недели (не ме држете за збор) имаше промена во статусот на ф-рата во онлајн системот: претходно стоеше во делот за неплатени, а после отишла во делот на завршени ф-ри.
Па отидов на банкомат, и таму - за чудо, имаше прилив на средства во висина од фамозните 1.753 денари.

Сметав дека е корисно да споделам, можда на некој да му се најди искуствово.

П.С.
Сакам да им се заблагодарам на сите од форумов/темава кои ми помогнале во одисејава.
Фала.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно