Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Рецензија Audio-Technica ATH-M20x слушалки

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
На кратко да ги изнесам моите видувања за Audio-Technica M20x слушалките кои ги купив неодамна.

Задачата која ја имав пред себе беа буџет слушалки кои се затворени и течат најмалку можно звук кон средината надвор зашто ми требаа за гледање телевизија во ноќни услови пред се.

Со АКГ К912 кои ги земав претходно најдов добра солуција за се, посебно за безжичност и удобност без кабли, но не и на полето на течење на звук.

Но да не должам многу од неколку опции на нашиот пазар се одлучив да ги земам и пробам Audio-Technica M20x. Мониторинг слушалките на овој производител се пофалени на интернет форумите па се мислев дека е добро да се сретнеме лице во лице.

Според производителот наменети се за мониторинг во студио.

Пакување:

j73g2g.jpg


Непотребно голема кутија во која се само слушалките и кабелот. Заштитени се со картон кој е сличен на оној во кои се продаваат јајца. Внатре ќе најдете и кратко упатство со гарантен лист во кесичка.

За жал Артист од каде се купени слушалките не покрива гаранција. Ако работат работат, ако не никому ништо. Дури не ми дадоа ни кесичка за носење на кутијата надвор од продавницата. Премногу рудиментално за продавница која продава софистицирана аудио опрема.

Цена: 3,900 денари.

Дизајн:

2u54ygl.jpg


Изработени се целосно од пластика со наушници од вештачка кожа која исто така ја прекрива и површината над главата т.е. држачот. Пластиката делува солидно. Не е крцкава и оддава чувство на солидно изработени слушалки за оваа ценовна категорија. Не се свитливи односно немаат таква димензија на портабилност како други затворени слушалки или како нивните поскапи браќа од истиот производител.

Тежината на слушалките без кабел е 190 грама што е импресивно.

Имам прилично голема глава и морам максимално да ги издолжам држачите од рамката за да легнат добро.

Перничињата на ушите се меки и комфорни. Не оставаат силен впечаток дека носите слушалки. Потисокот е одличен и немам чувство дека ќе ми ја сплескаат главата што всушност е и забележливо зашто при подолго носење не создаваат болка кај ушите.

34oohfc.jpg


Типот на слушалка е таков да ушите пропаѓаат целосно во сунгерчињата. Но сепак просторот е ограничен и некој со поголеми уши би имал проблем односно нема да се чувствува комотно.

Затворениот тип на слушалка и ограничениот простор околу ушите создава брзо потење. Јас се потам поприлично по природа и само за 15 минути почнувам да чувствувам пот и загреани уши во климатизирана просторија.

Жиците кои зиркаат од двете страни на слушалките (лева и десна рамка) создаваат некој ретро филинг но истовремено оддаваат впечаток дека овој сегмент е ранлив и при лошо манипулирање може да се оштети/откине жица.

Кабелот е прав т.е. не е намотан и не може да се извади од слушалката. Долг е 3 метри и истиот завршува со позлатен 3.5мм приклучок а доаѓа и со ¼“ адаптер кој е исто позлатен.

Звук:

Да започнеме со нивните карактеристики.

Tип: затворен, динамички
Дијаметар на драјвер: 40 mm Neodymium
Фреквенциски опсег: 15 - 20,000 Hz
Mаксимум влезна моќност: 700 mW при 1 kHz
Сензитивност: 96 dB
Импенданса: 47 ohms

Според фреквенцискиот опсег имаат одлична аудио репродукција со помал импакт кај нискиот бас (оној што создава чувство на тресење) а со многу солиден дури и поизразен бас во повискоите негови фреквенции. Средните тонови се одлично репрезентирани а високите според мое искусво се пренагласени. Во целата комбинација јас овие слушалки ги наоѓам со топол звук кој може да ги плени bassheads.

9ghbnm.jpg


Басот според анализи е зајачан за 2dB што се чувствува но воопшто не е страшно.

Средните тонови се дефинирани скоро во идеални рамки по целиот нивен опсег.

Високите според анализи имаат пад на 5KHz а на 8KHz има голем скок што доведува истите да имаат и светол звук.

Немаат значајна дисторзија се до 90% а и на 100% е скоро незабележителна. Адаптивноста на иквилајзер не им е најјака страна. Реагираат добро но не и идеално на највисок фреквенциски опсег. Едноставно не реагираат исто на движење на потенциометарот за бас во различни негови региони.

Како и кај другите слушалки им треба време да легнат и по 100 часа слушање ќе можам да дадам поточни информации но сега на почеток иако ги наоѓам прецизни во најширокиот дијапазон сепак сметам дека се басести и со поизразен V звук. Како монитори сепак не може да понудат референтен звук во ниските и високите подрачја. Но за возврат на тоа ова може да понуди подобро уживање на слушател кој е мераклија на звук во дискотека.

Сензитивноста и импендансата говорат дека се релативно лесни за возење но сепак се потивки од други слушалки со помала импенданса и може да видат бенефит од засилувач на звук.

Во овој ценовен ранг точноста на репродуцираниот материјал е беспрекорна. Но овие слушалки имаат еден голем проблем. Како затворени слушалки очекував да имаат мала ширина на звукот. Тоа е нормално. Но овие слушалки имаат навистина лош и тесен sound stage. Имате чувство дека звукот доаѓа од вашата глава или е сместен некаде во центар а не дека доаѓа од две страни. Стерео сепарацијата е пренагласена. Многу е очигледно дека имате две страни на звукот. Искрено ова не го очекував.

Заклучок:

За парите слушалките нудат одличен звук со голема прецизност. Иако само пасивно сепак нудат многу добра звучна изолација како од средината така и кон неа. Навечер никој не може да чуе што слушам на гласност од над 50%. Ова за работа во студио е круцијално а слушалките сосема солидно го нудат тоа.

Не може да понудат звучно уживање зашто немаат ширина и некој кој имал подобри или отворени слушалки ќе ги најде како даунгрејд. Едноставно за поистренирано уво се досадни за слушање музика. Од овој аспект јас не можам да го разберам хајпот на интернет за монитор слушалките на аудио техника. Не зажалив што ги купив зашто ги задоволуваат моите потреби. Но не би ги купил поскапите ATH-M50x за цената по која се продаваат во никој случај.

Позитивно:

- Добра дефиниција на звук за овој ценовен ранг на слушалки во скоро сите подрачја
- Солидна изработка
- Добра изолација на звук
- Комфорни и лесни за носење

Негативно:

- Лоша ширина т.е. soundtage (звукот како да доаѓа од главата и е досаден за слушање)
- Наушниците потат за многу кратко време и се создава чувство на жештина

Споредба можам да направам со слушалки кои сум ги имал претходно а се во сличен ценовен ранг:

1. AKG K511/512: Аudio Тechnica се многу поквалитетно изработени и нудат многу подобар / пософистициран звук
2. AKG K514 (полуотворени): Аudio Technica имаат помал soundstage но поголема прецизност.
3. Sennheiser HD 485 (отворени): изработката на Аудио техника е со сличен и можеби за нијанса полош квалитет. Звукот е со километри послободен кај сенхајзер и се покомотни но течат звук и не се воопшто соодветни за во студио.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Одличен текст, без претенциозни дефиниции, чисто искуство. Мерак.
А на тие во Артист може да им порачаш дека за производ кој немаат гаранција, а има скриен недостаток, купувачот може да бара отсранување на истиот во период од шест месеци.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Одличен текст, без претенциозни дефиниции, чисто искуство. Мерак.
А на тие во Артист може да им порачаш дека за производ кој немаат гаранција, а има скриен недостаток, купувачот може да бара отсранување на истиот во период од шест месеци.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk

Одлично да се знае. Баш ја чувам фискалната. Искрено ми се смачи да барам слушалки зашто изгубив многу време а овие беа единствени кои ги имаа и тоа последниот пар. Затоа и премолчив пред фактот што не даваат гаранција. А инаку тие самите се увозници. Оди па разбери ги.
 

dzunko

hello world
26 септември 2007
394
440
Битола
Секоја пофалба за рецензијата, а тие од Артист и самиот ти рече кесичка не ти дале , а тек гаранција бараш. Ги мислев по професионални од Артист ама тоа е . Можеле и кутија да не ти дадат па ти слободно од продавница на глава и си слушаш музиче до дома од мобилен
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Секоја пофалба за рецензијата, а тие од Артист и самиот ти рече кесичка не ти дале , а тек гаранција бараш. Ги мислев по професионални од Артист ама тоа е . Можеле и кутија да не ти дадат па ти слободно од продавница на глава и си слушаш музиче до дома од мобилен

Ха, ха. Да благодарен сум и за кабелот што беше вклучен во пакетот.
 

Tegla

hello world
19 јуни 2014
213
379
Skopje
Tegla's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X + Noctua NH-D15 chrommax.black
Motherboard
Asus ROG Strix B550-F Gaming
Storage
Samsung 990 Pro 1TB + Samsung 860 Evo 500GB + 1TB WD10EZEX
PSU
EVGA Supernova G2 750W
RAM
2x8GB G.Skill Flare X DDR4-3200MHz CL14-14-14-34 1.35V
Video card
Asus TUF Gaming GeForce RTX™ 3060 Ti V2 OC
Case
CM Storm Trooper (Window); 2x Noctua NF-F12 pwm (front); 1x Noctua NF-A14 pwm (rear)
Mouse
Benq Zowie EC2-B
Keyboard
Steelseries Apex M500
Audio
Rotel RA-11; B&W 685 S2; B&W ASW608; Audio Technica ATH-M50, Senhheiser HD 560S
Monitor
LG 27GP850 1440p/180Hz Nano IPS
OS
Windows 11 Pro x64
Но овие слушалки имаат еден голем проблем. Како затворени слушалки очекував да имаат мала ширина на звукот. Тоа е нормално. Но овие слушалки имаат навистина лош и тесен sound stage. Имате чувство дека звукот доаѓа од вашата глава или е сместен некаде во центар а не дека доаѓа од две страни.
Добра рецензија но за болдот јас не се согласувам. Баш тоа и се бара tbh.

Anyway да дополнам само дека перничињата (претпоставувам по сликите се од исти материјал како на ATH-M50), ако се бришат од пот по користење се доста трајни. Моите навлаки се скоро како нови (малку покрути нормално) но не се искинаа како што очекував.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Добра рецензија но за болдот јас не се согласувам. Баш тоа и се бара tbh.

Anyway да дополнам само дека перничињата (претпоставувам по сликите се од исти материјал како на ATH-M50), ако се бришат од пот по користење се доста трајни. Моите навлаки се скоро како нови (малку покрути нормално) но не се искинаа како што очекував.

Благодарам.

Околу болдот јас би се повикал на следниот линк кој објаснува зошто дека е значаен HRTF:

http://interface.cipic.ucdavis.edu/sound/tutorial/hrtf.html

Саундстејџот според мене треба да е контролиран но задолжително поширок дури и на монитор. Звукот не доаѓа од нашата глава туку од некој извор/звучник(макар и монитор)/група/бина, доаѓа кон нас, и тоа слушалките на мозокот треба да му го доловат што е можно пореалистично. Но од монитори кои се од затворен тип и од оваа категорија е сосем доволно. Моето видување го давам како корисник кој слупшалките ги купил да слуша по дома музика/видео итн. како и што многу други ги купуваат овие слушалки а при тоа не сваќаат што пропуштаат и дека други слушалки би им одговарале многу повеќе.

Но секој си има свое мислење и преференци.

Не сум имал можност да ги видам перничињата на претходната генерација. Освен што некои тврдат дека овие новите се малку помеки материјалот треба да е ист. Од пот се бришат лесно.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Пофалби за рецензијата. Во врска со потењето, слушалките кои завчера ги нарачав во доста рецензии ги имаат истите проблеми и затоа нарачав следниве заменски перничиња за уши:
http://www.aliexpress.com/item/Velo...for-AKG-K240-Studio-K240MKII/32605744854.html

Не знам која димензија треба за твоиве слушалки, ама наводно велур перничиња го отварале соундстејџот. Но најверојатно нема да ти се допадне тоа што после зафатот, ќе изгубиш на звучната изолација.

Не те разбрав само зошто за гледање телевизија во ноќни услови ти треба звучна изолација на слушалки. Или можеби се работи за гледање телевизија во спална?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Пофалби за рецензијата. Во врска со потењето, слушалките кои завчера ги нарачав во доста рецензии ги имаат истите проблеми и затоа нарачав следниве заменски перничиња за уши:
http://www.aliexpress.com/item/Velo...for-AKG-K240-Studio-K240MKII/32605744854.html

Не знам која димензија треба за твоиве слушалки, ама наводно велур перничиња го отварале соундстејџот. Но најверојатно нема да ти се допадне тоа што после зафатот, ќе изгубиш на звучната изолација.

Не те разбрав само зошто за гледање телевизија во ноќни услови ти треба звучна изолација на слушалки. Или можеби се работи за гледање телевизија во спална?

Благодарам. Кои слушалки ги нарача? Баш и јас порачав перничиња ама за сеновите.

Инаку да точно, пишав и во некоја од темите претходно па не појаснив тука дека ми требаа за во спална навечер да не се буди невестата а да си гледам филмчиња раат од кревет. Пораат ми е отколку во дневна соба. Се на се два три саати неделно ќе ги користам. Не би ги модувал зашто нема да ги користам за слушање музика.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Се чудев зошто затворени слушалки за по дома, а ти си имал конкретна потреба. Superlux HD668B инаку.
 

Викса

lurker
12 март 2011
573
690
Браво за ривјуто , јас ги имам M40X здравје да ми легнат па ќе кажам и јас што мислам за нив. За разлика од твоите М20Х моите имаат помеки перничиња колку што можев да приметам во салонот.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Браво за ривјуто , јас ги имам M40X здравје да ми легнат па ќе кажам и јас што мислам за нив. За разлика од твоите М20Х моите имаат помеки перничиња колку што можев да приметам во салонот.

Со здравје да си ги служиш. Се надевам ти ќе бидеш задоволен. Ако ти биле за во студио треба да обезбедат доволно неутралност. Ако ти се за музика по дома тогаш си зависи од преференците и твоите очекувања.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно