gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.059
- 14.150
На кратко да ги изнесам моите видувања за Audio-Technica M20x слушалките кои ги купив неодамна.
Задачата која ја имав пред себе беа буџет слушалки кои се затворени и течат најмалку можно звук кон средината надвор зашто ми требаа за гледање телевизија во ноќни услови пред се.
Со АКГ К912 кои ги земав претходно најдов добра солуција за се, посебно за безжичност и удобност без кабли, но не и на полето на течење на звук.
Но да не должам многу од неколку опции на нашиот пазар се одлучив да ги земам и пробам Audio-Technica M20x. Мониторинг слушалките на овој производител се пофалени на интернет форумите па се мислев дека е добро да се сретнеме лице во лице.
Според производителот наменети се за мониторинг во студио.
Пакување:
Непотребно голема кутија во која се само слушалките и кабелот. Заштитени се со картон кој е сличен на оној во кои се продаваат јајца. Внатре ќе најдете и кратко упатство со гарантен лист во кесичка.
За жал Артист од каде се купени слушалките не покрива гаранција. Ако работат работат, ако не никому ништо. Дури не ми дадоа ни кесичка за носење на кутијата надвор од продавницата. Премногу рудиментално за продавница која продава софистицирана аудио опрема.
Цена: 3,900 денари.
Дизајн:
Изработени се целосно од пластика со наушници од вештачка кожа која исто така ја прекрива и површината над главата т.е. држачот. Пластиката делува солидно. Не е крцкава и оддава чувство на солидно изработени слушалки за оваа ценовна категорија. Не се свитливи односно немаат таква димензија на портабилност како други затворени слушалки или како нивните поскапи браќа од истиот производител.
Тежината на слушалките без кабел е 190 грама што е импресивно.
Имам прилично голема глава и морам максимално да ги издолжам држачите од рамката за да легнат добро.
Перничињата на ушите се меки и комфорни. Не оставаат силен впечаток дека носите слушалки. Потисокот е одличен и немам чувство дека ќе ми ја сплескаат главата што всушност е и забележливо зашто при подолго носење не создаваат болка кај ушите.
Типот на слушалка е таков да ушите пропаѓаат целосно во сунгерчињата. Но сепак просторот е ограничен и некој со поголеми уши би имал проблем односно нема да се чувствува комотно.
Затворениот тип на слушалка и ограничениот простор околу ушите создава брзо потење. Јас се потам поприлично по природа и само за 15 минути почнувам да чувствувам пот и загреани уши во климатизирана просторија.
Жиците кои зиркаат од двете страни на слушалките (лева и десна рамка) создаваат некој ретро филинг но истовремено оддаваат впечаток дека овој сегмент е ранлив и при лошо манипулирање може да се оштети/откине жица.
Кабелот е прав т.е. не е намотан и не може да се извади од слушалката. Долг е 3 метри и истиот завршува со позлатен 3.5мм приклучок а доаѓа и со ¼“ адаптер кој е исто позлатен.
Звук:
Да започнеме со нивните карактеристики.
Tип: затворен, динамички
Дијаметар на драјвер: 40 mm Neodymium
Фреквенциски опсег: 15 - 20,000 Hz
Mаксимум влезна моќност: 700 mW при 1 kHz
Сензитивност: 96 dB
Импенданса: 47 ohms
Според фреквенцискиот опсег имаат одлична аудио репродукција со помал импакт кај нискиот бас (оној што создава чувство на тресење) а со многу солиден дури и поизразен бас во повискоите негови фреквенции. Средните тонови се одлично репрезентирани а високите според мое искусво се пренагласени. Во целата комбинација јас овие слушалки ги наоѓам со топол звук кој може да ги плени bassheads.
Басот според анализи е зајачан за 2dB што се чувствува но воопшто не е страшно.
Средните тонови се дефинирани скоро во идеални рамки по целиот нивен опсег.
Високите според анализи имаат пад на 5KHz а на 8KHz има голем скок што доведува истите да имаат и светол звук.
Немаат значајна дисторзија се до 90% а и на 100% е скоро незабележителна. Адаптивноста на иквилајзер не им е најјака страна. Реагираат добро но не и идеално на највисок фреквенциски опсег. Едноставно не реагираат исто на движење на потенциометарот за бас во различни негови региони.
Како и кај другите слушалки им треба време да легнат и по 100 часа слушање ќе можам да дадам поточни информации но сега на почеток иако ги наоѓам прецизни во најширокиот дијапазон сепак сметам дека се басести и со поизразен V звук. Како монитори сепак не може да понудат референтен звук во ниските и високите подрачја. Но за возврат на тоа ова може да понуди подобро уживање на слушател кој е мераклија на звук во дискотека.
Сензитивноста и импендансата говорат дека се релативно лесни за возење но сепак се потивки од други слушалки со помала импенданса и може да видат бенефит од засилувач на звук.
Во овој ценовен ранг точноста на репродуцираниот материјал е беспрекорна. Но овие слушалки имаат еден голем проблем. Како затворени слушалки очекував да имаат мала ширина на звукот. Тоа е нормално. Но овие слушалки имаат навистина лош и тесен sound stage. Имате чувство дека звукот доаѓа од вашата глава или е сместен некаде во центар а не дека доаѓа од две страни. Стерео сепарацијата е пренагласена. Многу е очигледно дека имате две страни на звукот. Искрено ова не го очекував.
Заклучок:
За парите слушалките нудат одличен звук со голема прецизност. Иако само пасивно сепак нудат многу добра звучна изолација како од средината така и кон неа. Навечер никој не може да чуе што слушам на гласност од над 50%. Ова за работа во студио е круцијално а слушалките сосема солидно го нудат тоа.
Не може да понудат звучно уживање зашто немаат ширина и некој кој имал подобри или отворени слушалки ќе ги најде како даунгрејд. Едноставно за поистренирано уво се досадни за слушање музика. Од овој аспект јас не можам да го разберам хајпот на интернет за монитор слушалките на аудио техника. Не зажалив што ги купив зашто ги задоволуваат моите потреби. Но не би ги купил поскапите ATH-M50x за цената по која се продаваат во никој случај.
Позитивно:
- Добра дефиниција на звук за овој ценовен ранг на слушалки во скоро сите подрачја
- Солидна изработка
- Добра изолација на звук
- Комфорни и лесни за носење
Негативно:
- Лоша ширина т.е. soundtage (звукот како да доаѓа од главата и е досаден за слушање)
- Наушниците потат за многу кратко време и се создава чувство на жештина
Споредба можам да направам со слушалки кои сум ги имал претходно а се во сличен ценовен ранг:
1. AKG K511/512: Аudio Тechnica се многу поквалитетно изработени и нудат многу подобар / пософистициран звук
2. AKG K514 (полуотворени): Аudio Technica имаат помал soundstage но поголема прецизност.
3. Sennheiser HD 485 (отворени): изработката на Аудио техника е со сличен и можеби за нијанса полош квалитет. Звукот е со километри послободен кај сенхајзер и се покомотни но течат звук и не се воопшто соодветни за во студио.