Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Надувани цени на графичките заради mining

xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.806
12.831
Skopje
www.wemaxa.com
Ако цената на струјата била 36Е mW/h,
A цената на струјата сега е до 399-500Е mW/h ( x10, со зборови, над 10 пати поскапа)
А ние произведуваме едвај 20% за нашите потреби интерно, остатокот го увезуваме (80%) и увезеното треба да го плаќаме по пазарна цена (локалното ќе го плаќаме по 41Е mW/h наместо по 36Е),

Тогаш, од чиј ракав излегуваат проценките дека на х10 пати поскапена цена кај нас ќе се зголеми цената 10% ? Или некој ќе се смилува пошто ние сме антички па на нас ќе ни дава субвенционирана струја за да нема социјални немири?

По некоја проста пазарна логика, еве да речеме не се задржи на 399Е туку се стабилизира на 199Е (едно големо АКО), тоа е пак х6 пати поскапување на цената на струјата.

Оптимистичко сценарио би било да се каже дека струјата ќе поскапи 100%, реално некои 200%, песимистичко 300%.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Ако цената на струјата била 36Е mW/h,
A цената на струјата сега е до 399-500Е mW/h ( x10, со зборови, над 10 пати поскапа)
А ние произведуваме едвај 20% за нашите потреби интерно, остатокот го увезуваме (80%) и увезеното треба да го плаќаме по пазарна цена (локалното ќе го плаќаме по 41Е mW/h наместо по 36Е),

Тогаш, од чиј ракав излегуваат проценките дека на х10 пати поскапена цена кај нас ќе се зголеми цената 10% ? Или некој ќе се смилува пошто ние сме антички па на нас ќе ни дава субвенционирана струја за да нема социјални немири?

По некоја проста пазарна логика, еве да речеме не се задржи на 399Е туку се стабилизира на 199Е (едно големо АКО), тоа е пак х6 пати поскапување на цената на струјата.

Оптимистичко сценарио би било да се каже дека струјата ќе поскапи 100%, реално некои 200%, песимистичко 300%.
Економската логика ти е исправна, меѓутоа проблемот е што ти ја базираш цената на таа економска логика (како секој нормален). Проблемот е што не сме нормални, со цената на струјата се води социјална политика, или само политика (популистичка). Ако ја примениш истата економка логика, сите јавни претпријатија, 90% од општините и 90% од државните органи или цела држава треба да е во стечај.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com

За жал се се сведува на политичарите како и да вртиш.

Јас се сеќавам дека се збореше за јагленот во Битола дека ќе го снема до 2035, после се спомна 2030 (ова години години уназад), за сега пак како низ магла да дознаеме дека јаглен во рудникот нема воопшто.

Да се одржуваше РЕК Битола како што треба, 3-те блока стегнати тип-топ, со Осломеј и Неготино, ќе произведувавме околу 80% од потребната енергија.

Зошто им се дозволи на ХЕЦ-ли да ги празнат акумулациите неконтролирано и да ја продаваат таа струја? Неможе природно богатство да трошиш како ќе ти прдне. Мора да има одредена црта на акумулациите под која не смее да се оди, без разлика дали во моментот треба струја или не.

И од новинарите нема ништо конкретно објавено, објаснето и срочено. Се е половично и недокажано. Се прават контактни емисии на ТВ на тема криза со струја, се јавува Трајче од Чучер Сандево и кажува збор два за струјата и ја врти темата накај Мицко/Зајко/Грујко.

Нас ни треба национално обединување за услуги од национална вредност. Како струја и вода. А богами и дигитални услуги интернет/тв/телефон. ПТТ исто како и многу други институции беше изграден со народни пари. Им одбиваа од плата на старите на времето. На крај се продаде друг да ни стопанисува со него, а тоа што остана (пошта) намерно го пропаѓаме.

Убаво си кажа оној германецот. Вие незнаете како да водите држава. И незнаеме.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.593
6.869
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.964
6.061
Skopje
Мислам дека цената на струјата нема многу да смени во процесот на копачење, затоа што сум убеден преку 80% од нив крадат струја...

Испратено од Redmi Note 10s преку IT.mk форум апликација
 
Bate Sase

Баниран/a
27 мај 2021
638
826
Недојдија

Dajman

Баниран/a
19 септември 2020
765
1.205
Значи може да очекуваме половни ефтини графички на пролет-лето, а?
Тиа муабет кружи од декември 2020та, цело време се поместува на наредна пролет-лето. Кога ќе има,ќе има.. шпекулирањето се докажа безкорисно, едино е добар вентил за фрустрација.
 
Да, ама сепак срце ми кажува дека на лето @Pane24 ќе ја оживи темата негова :D
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.325
5.325
Скопје
hackitfree.github.io
Значи може да очекуваме половни ефтини графички на пролет-лето, а?
Бате ние сме тука на темава цела година (најомилена и најпопуларна ни е ;) ) - Земи столче седни си - полека , Ќе тераме уште година две сигурно ако не и повеќе ;)
Мислењето е автоматски споено:

Да се надеваме оптимистички и сонуваме дека летото 2022 ќе си купеме половна копана графичка за да можеме на раат следното зимо да си гејмаме. Надежта последна умира. :D
Аа...
 
Bate Sase

Баниран/a
27 мај 2021
638
826
Недојдија
Бате ние сме тука на темава цела година (најомилена и најпопуларна ни е ;) ) - Земи столче седни си - полека , Ќе тераме уште година две сигурно ако не и повеќе ;)
Си го имам спремано столчето веќе. Само се надевам дека нема да попушти :D
 
Последна промена:

Dajman

Баниран/a
19 септември 2020
765
1.205
Е жива е на апарати со кислородна подршка. Ајде на лето ќе живне.
Зависи до перспектива, темата шо му беше за шиткање 580ки се смени 100 пати годинава во зависност од шо шиткаше, и ништо не остана нешитнато. Тоа шо нас не ни шитна нешо е шитната работа.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.495
7.789
Скопје
www.facebook.com
Спласнат е веќе интересот за купување на нови графички. Пазаров е презаситен осеќам. Сите што копаат целиот профит го вложуваат у нови ригови и графички.
Ко ке му влезе на копач чивија за риг тогај нема лек за тоа..
Само купување и купување на графички карти е.
 
Sancho Sanchez

hello world
12 октомври 2016
272
294
Мене ми се чини последните 2-3 години се произведени повеќе графички отколку гејмери шо има на светот, така да ако не дај боже конечно премине Етереум на POS “послабите“ графички како RX 570/580 ќе одат во канта или по багателна цена од 1000-2000 ден.

Нема да ти се исплати на напојување од 4000 ден да му ставаш графичка од 2000 ден.
 
Bate Sase

Баниран/a
27 мај 2021
638
826
Недојдија
Нема да ти се исплати на напојување од 4000 ден да му ставаш графичка од 2000 ден.
И те како ќе се исплати. Послаба картица, повеќе ќе трае напојувањето.
RX570/580 ќе купуваат децата. Ние ќе си купуваме RTX od po 2-300 евра,
харикирам - RTX 3060 :D
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.495
7.789
Скопје
www.facebook.com
Мене ми се чини последните 2-3 години се произведени повеќе графички отколку гејмери шо има на светот, така да ако не дај боже конечно премине Етереум на POS “послабите“ графички како RX 570/580 ќе одат во канта или по багателна цена од 1000-2000 ден.

Нема да ти се исплати на напојување од 4000 ден да му ставаш графичка од 2000 ден.
Тоа и сакав да кажам. Премногу е презаситен пазаров. У 2017-2018та ако беа пример 200.000 графички влезени у макаронијава. сеа се над Милион и пол. Пример е овоа. Точни бројки не знам али знам сигурно дека на бројката од 2018та сеа е над х7.Народов од што купува цело време цел профит го превложува у ригови само. Кој и да сака да купе нов риг сеа, прво гледа да го продаде стариот риг со 580ките.
У случај на крипто краш овоа ми мириса на гага 3070ки , 6800ки , 6900ки.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.325
5.325
Скопје
hackitfree.github.io
Тоа и сакав да кажам. Премногу е презаситен пазаров. У 2017-2018та ако беа пример 200.000 графички влезени у макаронијава. сеа се над Милион и пол. Пример е овоа. Точни бројки не знам али знам сигурно дека на бројката од 2018та сеа е над х7.Народов од што купува цело време цел профит го превложува у ригови само. Кој и да сака да купе нов риг сеа, прво гледа да го продаде стариот риг со 580ките.
У случај на крипто краш овоа ми мириса на гага 3070ки , 6800ки , 6900ки.
Побарувачка и тоа како има Пане.И не а прашање дали ќе има „крипто краш„ .Прашањето е „кога„. Само сигурно цените на графичките од риговите нема да паднат брзо - има преголема побарувачка - првите што ќе за затрчаат да купат ќе купат поскапо (и по 1.5xMSRP ќе се залетаат и ќе купат без око да им трепне) Да речеме RTX3060Ti по 600усд ко алва ќе се разграба.
(Еве на пример (за проба :p) - огласи десетина 3060Ти по 600усд да видиш како ќе летнат за 5 мин )
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.776
6.484
SK
Aко е точна тезата дека има повеќекратно повеќе картички од гејмери, тогаш првобитната побарувачка откако ќе се засити следно би требало да следи преплавување на пазарот со голема понуда а мала побарувачка (крашот на цените за кој сите сонуваме). :)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно